Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов. На судењето што почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Васил Јованов призна вина, а адвокатот на семејството Кулакови, побара највисока казна. Јованов е осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во ...

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV во петок (9 мај) ја одржа првата миса во Систинската капела во Ватикан, заедно со кардиналите кои го избраа. Папата Лав XIV ја започна мисата со обраќање на англиски јазик, велејќи дека: „Господ направи чудесни дела“. „Додека денес славиме заедно, ве поканувам да ги славите чудата што ги направи Господ и благословите што тој продолжува да ги излева врз нас“, рече тој. Истакна дека бил повикан ...

Тешките времиња може да бидат можност за да извлечеме вистински лекции, да се посветиме на дела и да ги подобриме работите на долг рок. Токму ова го направија основачите на ЕУ пред 75 години. Токму ова го бараат граѓаните на ЕУ. Токму ова го бараат и граѓаните на Северна Македонија, особено младите. Во првите девет месеци од мојот престој во земјата, се среќавав многу често со млади, каде и да патував. Тие беа едногласни, не гледаат друга иднина ...

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова ера на просперитет, мир, демократија, солидарност и соработка на Стариот континент. На 9 мај се чествуваат две годишнини – завршувањето на Втората светска војна во Европа во 1945 година и промовирањето на планот на тогашниот француски ...

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милијарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по ...

Полицијата ги уапсила напаѓачот од Штип и уште четири лица кои му помогнале да избега. Како што информираат од МВР, вчера во 21.25 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал. По преземени мерки и активности, при што бил употребен и ...

Мерки на претпазливост му се изречени на маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата пред двете малолетни деца. Основното јавно обвинителство од Скопје денеска соопшти дека е поведена постапка против него за кривично дело „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да и се заканува, по што зел ...

Ќе отидам во Белата куќа тогаш кога ќе имаме пакет со решенија за трговските прашања со кој ќе се согласиме со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „За мене е важно ако одам во Белата куќа да имам пакет и сакам да имам решение за кое двајцата можеме да се согласиме, тоа е она на што работиме во моментов во рамки на разговорите со САД“, рече Фон дер Лајен на ...

Косово останува заглавено во политички ќорсокак откако утрово пропадна и 13-тиот обид за конституирање на Собранието, предизвикувајќи загриженост за институционална парализа и прерасна во сериозен тест за државната зрелост на Косово. Косово продолжува да биде без функционално Собрание, бидејќи пратениците повторно не успеаја да конституираат ново Собрание, точно три месеци по одржувањето на парламентарните избори на 9 февруари. Како и на ...

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.4 проценти, а во однос на март минатата година за 7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). На странските пазари, во март 2025 година продажните цени на производителите на индустриски производи се зголемени за 0,5 проценти во однос на претходниот ...

Царинска војна им нанесува штети на сите и во таков вид на војна никој не е победник, порача денеска (9 мај) германскиот канцелар Фридрих Мерц на заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во Брисел. „Ескалацијата на спорот за царините не е добра идеја. Најдоброто нешто би било тие да се сведат на нула за сѐ и за сите, истакна Мерц говорејќи за царините на увозот на стоки од ЕУ воведени од страна на ...

Алехандро Балде, левиот бек на Барселона, ќе биде во составот на тимот и би можел да настапи на престојното „Ел Класико“ против Реал Мадрид, кое ќе се одигра на 11 мај со почеток во 16.15 часот. Според информациите на шпанскиот весник „Ас“, иако не се очекува Балде да започне во стартниот состав, сепак се предвидува дека ќе добие минутажа како замена. Неговиот повраток доаѓа во клучен момент за каталонскиот клуб, кој се наоѓа во трка за ...

Јас не сум мајка која го изгубила своето чедо, туку човек со откорната душа. Јас сум гласот на Фросина оти таа не може да зборува. Таа не беше прегазена, туку убиена на начин кој не може да се замисли, рече Камелија Кулакова, мајка на Фросина Кулакова која на 29 јануари беше прегазена на пешачки премин во Скопје. „Возејќи пијан, без возачка дозвола, одминувајќи возила, ја удрил мојата Фросина со толкава брзина со што таа со главата ја скршила ...

Вредности (комбинирано) за Opel Mokka Hybrid според WLTP: потрошувачка на гориво 4.9 l/100 km, емисија на CO2 110 g/km; CO2 ознака: A Вредности (комбинирано) за Opel Mokka Electric според WLTP: потрошувачка на енергија 15.4-15.6 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A Модерна, компактна и со дополнителен стилски елементи – ова е Opel Mokka. Популарниот SUV на Opel отсекогаш имал моќен карактер, а неодамна е збогатен уште повеќе. Ова ...

Биткоин денес, на 9 мај 2025 година, првпат во историјата ја надмина вредноста од 101.000 американски долари. Главната причина за овој историски скок е одлуката на САД да воспостават „стратешки резерви на биткоин“. Ова значи дека американската влада сега официјално чува дел од своите финансиски средства во биткоини – слично како што чува злато или девизи. Потегот претставува јасна порака дека биткоинот повеќе не се смета за ризичен експеримент, ...

Министрите за надворешни работи на европските земји и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, се во посета на Украина на Денот на Европа, објавија денеска Калас и украинскиот премиер Денис Шмихал на социјалните мрежи. „Денеска заедно со Украина и нејзиниот народ го славиме Денот на Европа. Затоа што во семејството се делат и радостите и тешкотиите. Заедно со министрите за надворешни работи се залагаме за траен мир со Украина. За иднина во ...

Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото. Обвинетиот Васил Јованов, кој е редовен студент и беше спроведен од затворски притвор, пред Судот рече дека го разбира делото за кое е обвинет и ...

Екипата на Челси ќе игра во финалето на Конференциската Лига (28 мај во Вроцлав), каде што ќе се сретне со шпанскиот Бетис, откако оствари убедлив триумф во двомечот со Ѓургарден (вкупни 5-1), со што се најде на чекор од освојување уште еден европски трофеј – и тоа со историско значење. Ако лондонци триумфираат во големото финале во Полска, ќе станат единствени со барем по еден трофеј во сите клупски натпреварувања организирани од европската ...

Антони би можел да испише историја во европскиот фудбал. Бразилецот е на чекор до незапаметен подвиг – освојување на два различни УЕФА трофеи во иста сезона: Лигата Европа и Конференциската лига. Сценариото ќе стане реалност доколку Манчестер Јунајтед триумфира во финалето на Лига Европа, а Бетис го освои трофејот во Конференциската лига. Антони првиот дел од сезоната го мина на „Олд Трафорд“ и одигра доволен број натпревари за да биде дел од ...

Иако се чинеше дека Реал Мадрид е најверојатната опција за неговиот потпис ова лето, Баерн и Манчестер Сити интервенираа во сè и покажаа дека финансиски можат многу добро да се справат со понудата на кралскиот клуб. Фактот дека Чаби Алонсо речиси сигурно ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, а очекувањата дека Флориан Вирц ќе го следи од Леверкузен, очигледно нема да се остварат. Германските медиуми пишуваат дека најверојатната опција е Вирц да ...

Денеска се навршува деценија од оружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во пресрелката ...

Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови на жалост и болка. Во Куманово се одвиваше една од најтрагичните и најмрачни настани по конфликтот – крвава акција која одзеде човечки животи, уништи домови и остави длабоки рани во душата на албанскиот народ, велат од ВЛЕН. Во соопштението се додава: Но, ни таа трагедија не беше доволна причина за ДУИ да се откаже од ...

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со носење на руското знаме и победничкиот транспарент на Црвениот плоштад, придружени со песната „Света војна“. Рускиот претседател Владимир Путин го започна својот говор со зборовите дека должност на Русија е да го брани достоинството на ...

Штитејќи ја природата се штитиме себеси, а генералка викенд треба да прерасне во генералка од 365 дена, порача денеска од Скопскиот аквадукт претседателката Гордана Силјановска Давкова на почетокот на тридневната национална акција за чистење отпад „Генералка викенд“. Забележувајќи дека треба да ја заштитиме природата на надлежните им предочи дека просторот кај Скопскиот Аквадуктот, кој е стар повеќе од 2.000 години треба да биде парк. Таа се ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до новиот папа на Римокатоличката црква по повод неговиот избор. – Во духот на првото обраќање на папата Лав XIV (Leo XIV) до католичките верници, ја изразувам желбата новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот, верската толеранција и меѓусебното разбирање меѓу народите – како единствениот исправен пат за спас и напредок на ...

Безбедноста во државата е целосно нарушена, реагираат од СДСМ по синоќешното убиство во центарот на Штип. Оттаму нагласуваат дека убиства има речиси секоја недела и оти луѓето стравуваат за својата безбедност кога ќе излезат во кафе-бар или ресторан. „За само 10 месеци, во Скопје имаше неколку убиства – во Мавровка, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари. Значително е зголемен бројот на разбојништва и кражби, сè почесто има престрелки со огнено оружје, ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски го потпишал првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. „Со ова се забрануваат 53 портали коишто нелегално приредувале игри на среќа во Македонија и на коишто се прикачени македонски играчи на игри на среќа. Знаеме дека се од Македонија затоа што се приклучуваат од македонски адреси и ги трошат своите пари“, изјави Андоновски во синоќешната емисија „За или ...

Либерално-демократската партија ја поздравува одлуката на Владата за прифаќање на нивната идеја за враќање на можноста за референдумско отповикување на градоначалници. Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, посочи дека е крајно време да се стави крај на заштитата на неефикасни и нетранспарентни функционери. Таа ја поздрави иницијативата за нов закон, кој ќе бара двотретинско мнозинство, како шанса за вградување на силни механизми за отчетност. ...

Полицијата го уапсила напаѓачот кој синоќа во кафуле во центарот на Штип со огнено оружје застрела едно лице кое подоцна во болница им подлегна на повредите. „Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка“, информираа од Обвинителството. Како што претходно информираа оттаму, напаѓачот и жртвата ...

Со фотографија која ја објави на социјалните мрежи, а на која напиша „Јас против корупција“, пратеникот од ВЛЕН, Беќим Ќоку, го иронизираше случајот во кој струшкиот градоначалник Рамиз Мерко го тужи, за клевета и навреда, затоа што Ќоку на фејсбук напипал дека Мерко е корумпиран. Со завршни зборови на двете страни денес продолкжи судскиот процес во Основниот суд во Струга. „Оваa изјава е oд март 2023 кога не бев вклучен во ниедна политичка ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
53%
1011
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
53%
1006
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
0.0
83%
1004
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
53%
1012
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.25
50%
1008
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
5.14
95%
1004
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
46%
1008
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
56%
1009
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
57%
1009
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
52%
1008
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
68%
1004
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
4.12
78%
1010
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15120.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.93

Сребро

1189.48

Злато

107277.33

Бакар

10.07

Паладиум

36426.80

Платина

44823.37

Родиум

176829.11

Цинк

2.71