Скопје во моментов не е подготвено да ги направи уставните измени што ги бара Софија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде последното вакво барање, нагласува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за политичкиот магазин „Политико“, дадено за време на неговата посета на Брисел. – Нашиот страв е: ако ги направиме уставните измени, што ќе се случи ако за шест месеци ...

Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во вториот квартал од годинава во споредба со истиот квартал лани e зголемено за 33.8 проценти, а за 0.6 проценти во железничкиот, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 32.8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во второто тримесечие од годинава во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 984 000, во градско-приградскиот превоз 9023 000, ...

Еден миолион евра Министерството за животна средина и просторно планирање ќе инвестира за изградба на нов водовод во населбата Саат Кула во Општина Чаир. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска при извршениот увид во градежните работи во населбата Саат Кула потенцира дека се работи за целосна изградба на атмосферска и фекална канализација, кој ќе им служи на над 2000 жители од оваа населба. ...

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и директорот на Националниот парк „Маврово“, Харис Ибраими, одржале средба посветена на заштитата на шумите и природните богатства. Како што информираат од ЦУК, главен акцент бил ставен на потребата од модерни системи за рана детекција на пожари – решение кое овозможува навремена реакција, намалување на ризикот и поефикасно справување со пожарите во критичните летни месеци. На ...

За убиството во Кавадарци, лишени од слобода се три лица, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Денеска во 04:56 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во градот, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР – Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т., на ...

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1 135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Според податоците на Државниот завод за статситика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3 741 и во споредба со истиот перид лани е намален за 4.2 %. Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 1.2 % во ...

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé потешко, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче. „Реалните бројки, не оние измислените од премиерот, покажуваат дека платите стагнираат, цените растат, а граѓаните губат. Инфлацијата е 4,8%, секојдневно растат трошоците и реалноста е дека се живее сè потешко“, рече Филипче. ...

Претсдателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека во првиот круг на локалните избори, нема да имаат коалиции со албански партии. Прашан дали разговараат со ДУИ за соработка, Филипче не негираше дека тоа може да се случи по првиот круг. „Во однос на коалициите, во првиот круг на изборите настапуваме со нашата коалиција, а во однос на вториот круг на изборите, ќе разговараме и со другите партии од албанскиот блок“, рече Филипче. Тој рече дека до ...

Во пристаништето во Хамбург синоќа се случија нови експлозии откако вчера беше изгаснат големиот пожар што беснееше повеќе од 40 часа, соопштија властите. Два контејнера се запалија и беа гасени од безбедно растојание со водени топови, изјави портпаролот на противпожарната служба во Хамбург. За да се спречи ширењето на пожарот, службите за итни случаи поставија водени завеси меѓу контејнерите, пренесува ДПА. Утрово, околу 30 пожарникари сè уште ...

Во вториот квартал годинава во патничкиот патен превоз превезени се 10 007 000 патници, што е намалување за 6.3 проценти во однос на истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголемо намалување од 27,7 проценти има во меѓународниот превоз, по што следуваат градскиот превоз со пад од 10,6 проценти, меѓуградскиот со 5,2 проценти, како и приградскиот 3,5 проценти. Вкупниот број на патничките километри во втоорто ...

Тим инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се врати во Иран за првпат по израелските и американските напади врз иранските нуклеарни објекти за време на 12-дневниот конфликт во јуни, објави шефот на МААЕ, Рафаел Гроси. Гроси рече дека инспекторите, по период на прекин на соработката поради војната, повторно влегле во Иран и се подготвуваат да ги продолжат своите активности, објави „Тајмс оф Израел“. Иран претходно ја ...

Коалицијата ВЛЕН поднела пријава во Основното јавно обвинителство Скопје против кандидатот на ДУИ во Општина Чаир, Бујар Османи. Според нив, пријавата се однесува на злоупотреби поврзани со организирањето на Самитот на ОБСЕ во Скопје во ноември 2023 година, додека Османи раководел со Министерството за надворешни работи. „ВЛЕН поднесува пријава во Јавното обвинителство за да се постапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии – Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за европски прашања се Предлог на законот за пристапност на ...

Шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмунсен му нареди на највисокиот дипломат во амбасадата на САД во Копенхаген да се појави на разговор поради извештаите дека американски граѓани спровеле операции за мешање во внатрешните работи на Гренланд, објави денеска данската јавна телевизија ДР, цитирајќи го министерот. Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека сака САД да го преземат богатиот со минерали и стратешки лоциран арктички ...

Околу 400 слободни места од вкупно 1515 веќе се пополнети на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во првиот уписен рок, кој ќе трае до крајот на неделата. Многу од матурантите се свртеа кон Факултетот за општествени науки, а голем е интересот за студиската програма и за Биохемиски инженеринг. Според раководителите на Универзитетот, тоа е поврзано со силното промовирање на средното стручно образование. „Забележан е голем број на Факултетот за ...

Се ближи рокот за замена на регистарските таблички на службените автомобили со регистарски таблички во боја, со цел да се спречи нивна злоупотреба од лични или партиски причини, особено за време на периодот на изборната кампања. Владата нагласува дека до 15 септември сите институции мора да постапат согласно владината одлука од јули. „Почнувајќи од 15 август и до крајот на рокот од 15 септември оваа година, сите државни институции, општини, ...

Од изутринава во 05:00 часот пуштен е за сообраќај регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен, кој неколку дена беше во прекин поради пожар. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...

Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош. – Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот, појасни докторот за ...

Над 130 ученици Албанци од село Нерово, во општина Крушево, ќе ја започнат наставата во старата училишна зграда. Иако процедурите за легализација на новата училишна зграда што самите жители на ова село ја изградија веќе се завршени, завршувањето на преостанатите работи и опремувањето на училиштето со потребната инфраструктура е одложено за по локалните избори. Дашмир Јусуфи, жител на Нерово, вели дека надежите се дека во 2026 година ќе се ...

Неизвесно е како ќе стартува новата учебна година во струшките училишта, откако Општина Струга најави дека ги отстапува надлежностите на министерството за образование за оваа учебна година. Во меѓувреме локалните власти испратиле допис до сите струшки училишта, кои се соочуваат со големи долгови по разни основи, во кое ги известуваат за се понатаму да комуницираат со министерството. Никој од директорите не сака јавно да ја коментира ...

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а ...

Лицата кои за прв пат купуваат стан или куќа за живеење наскоро, веројатно во следните една до две недели, ќе добијат значителни олеснувања при аплицирањето за станбени кредити, изјави Гувернерот на Народната Банка Трајко Славевски. Тој вели дека подготвуваат пакет мерки со кои ќе се подобрат условите за оваа категорија граѓани, додека паралелно ќе се заострат критериумите за купување недвижнини што се користат како инвестиција, односно сите ...

Се уште се истражува случајот со фирмата „АСД Метал ГРУП“, против која минатиот месец Основното јавно обвинителство поведе постапка за загрозување на животната средина, односно за енормно загадување на воздухот преку складирање на отпадни материјали на локација во Шуто Оризари за која фирмата немала ниту соодветна дозвола. Обвинителството нареди и вештачење, а оттаму велат дека истото се уште е во тек. „Во предметот во тек се повеќе истражни ...

Ново одложување – рочиштето против ексдиректорот на клиниката за Геријатрија во Скопје, Мухсин Арифи, обвинет за примање на поткуп, повторно не почна. Десетина минути пред стартот на денешното рочиште образложението од Кривичен за денешното одложување беше дека одбраната побарала увид во доказите. „Предметот “геријатрија” се отповикува по барање на одбраната која треба да направи увид и во доказите обезбедени со ПИ мерки, судењето ќе продолжи ...

Учениците од средното текстилно училиште во Тетово ќе бидат префрлени во основното училиште „БЕСА“ во Голема Речица, бидејќи нивната зграда ќе се гради од почеток Само учениците од прва година ќе посетуваат настава во ова училиште, другите ќе учат „онлајн“. „Раководството на училиштето и одговорните за образование на Општина Тетово го посетија училиштето БЕСА каде што ги запознавме со просториите и заклучивме дека од 1 септември, само учениците ...

Министерството за внатрешни работи соопштува дека е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски (54), поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Според пријавата, Трајковски во 2018 година донел незаконска одлука за вработување на кандидат кој веќе ги исполнувал условите за пензионирање, со што му овозможил противправна имотна корист. -Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице ...

Арбен Таравари проценува дека по локалните избори, коалицијата ВЛЕН ќе се распушти. Според него, атмосферата во ВЛЕН е таква што тие дури и не можат да назначат лидер на партијата. „Мислам дека формацијата ВЛЕН повеќе нема да постои. Зошто? Немаат согласност меѓу себе? Откако АА ја напушти Владата, рекоа дека ќе се обединиме во една партија. Се обединија, но не избраа лидер. Знам и како се поделени позициите. Некои од нив ќе останат без ниту ...

Регенеративната медицина е млада област која се стреми да ги обнови, регенерира или замени оштетените или изгубени ткива и органи. За борба против стареењето, повредите и болестите, истражувачите од „УКЛА хелт“ смислуваат начини за регенерирање на телесните функции на клеточно ниво. Во античката грчка митологија титанот Прометеј го украл огнот од Зевс и му го дал на човештвото. Зевс се одмаздил со тоа што го врзал Прометеј за планина. Секој ден ...

Мајка Тереза е еден од најзначајните ликови на 20. век. Родена е како Гонџа Агнес Бојаџиу во Скопје на 26 август 1910 година, во време кога градот бил под Отоманското царство, како трето дете во римокатоличкото семејство Бојаџиу. Куќата во која е родена се наоѓала кај денешниот плоштад Македонија. Ден по раѓањето, на 27 август, е крстена во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. На 18 години завршената гимназијалка заминува од ...

Чадот што го испуштаат шумските пожари е многу поопасен за здравјето отколку што претходно се мислеше, покажува ново истражување, според кое смртните случаи од краткорочна изложеност на ситни честички PM2.5 се потценети за 93%. Истражувачите откриле дека просечно 535 лица годишно во Европа починале помеѓу 2004 и 2022 година како резултат на вдишување на токсичните честички PM2.5, кои се ослободуваат при шумски пожари. Според стандардните ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
70%
1023
weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
77%
1023
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
86%
1023
weather icon

Софија

11ᴼ / 5ᴼ
1.03
48%
1023
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.1
92%
1025
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
92%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
75%
1019
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1018
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
51%
1020
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
3.13
88%
1023
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
0.0
80%
1023
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
77%
1021
Currency

61.6117

Currency

52.9095

Currency

70.9008

Currency

34.524

Currency

37.7697

Currency

66.3174

Currency

7.42861

Currency

0.66709

Currency

0.35087

Currency

0.52618

Currency

1.2677

Currency

0.59938