Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Папата Лав XIV ќе патува во Турција и Либан во шестдневно патување кое ќе започне кон крајот на ноември, што е негово прво патување откако стана поглавар на Католичката црква, соопшти официјален Ватикан на 7 октомври. Седумдесетгодишниот Американец се очекува во Турција од 27 до 30 ноември, посета која „ќе вклучува поклонение во градот Изник по повод 1700-годишнината од Првиот Никејски собор“, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. ...
Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од ...
Двајца осуденици на отпуст вчеравечер се лишени од слобода, откако се обиделе да избегаат од полициска патрола, по што излетале од патот кај населбата Нова Колонија, во близина на скопско Идризово, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 06.10.2025 година во близина на населбата Нова Колонија, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ги ...
Екипата на Пелистер ќе добие нов тренер по репрезентативната пауза, затоа што се разделија актуелниот предводник Димитар Капинковски и раководството на клубот. Разделбата доаѓа по лошата серија на битолчани, кои немаат победа пет натпревари по ред во лигата. Последниот триумф на клубот е на крајот на август со Шкупи, а оттогаш Пелистер нанижа четири порази и едно реми, што го стави клубот во опасната зона. Така, двете страни нема повеќе да ...
Три лица се во критична состојба откако медицински хеликоптер се урна на автопат во Сакраменто во понеделник вечерта, потврдија пожарникарите, објави Си-Ен-Ен. Според противпожарната служба на Сакраменто, повредените биле во хеликоптерот што се урна на коловозот на автопатот 50 во правец исток, во близина на 59-та улица. OMG! A REACH medical helicopter crashed on eastbound Highway 50 in Sacramento, California, reports of multiple victims. – ...
Нобеловата награда за физика денес им беше доделена на научниците од Универзитетот во Калифорнија, Џон Кларк, Мајкл Деворет и Џон Мартинис, за „откривањето на макроскопското квантно-механичко тунелирање и квантизацијата на енергијата во електрично коло“, објави Кралската шведска академија на науките. Сите тројца се од Универзитетот во Калифорнија – Кларк од Беркли, Деворет од Јеил и Мартинис од Санта Барбара. Се вели дека тие спровеле ...
Експлозии се слушнаа денеска во Париз и се запали комбе во близина на канцеларијата на францускиот премиер во заминување, само еден ден по неговата оставка. Сведоци пријавиле дека слушнале три експлозии во близина на хотелот Матињон, каде што Себастијан Лекорну требало да одржи состаноци по неговата оставка, објави Ле Парисиен. Сликите од местото на настанот го покажуваат комбето во пламен додека службите за итни случаи се обидуваат да го ...
Светот со право се прашува дали, по две години од најбруталната и најтрагична војна во историјата на Блискиот Исток, меѓу Израел и Хамас, конечно ќе има крај на повидок. Иако работите се чини дека одат според планот, сè уште сме далеку од целосен прекин на огнот. Сепак, охрабрувачки вести доаѓаат од Египет. Првата рунда разговори меѓу медијаторите и Хамас во Шарм ел Шеик заврши во понеделник вечерта во, како што објавија египетските медиуми, ...
Се докажа дека поранешниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Зоран Заев ја води партијата, додека актуелниот Венко Филипче е само статист во целата приказна. Ова е денешната реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера поранешниот претседател на СДСМ и експремиер, Зоран Заев, вчера во ретка објава на социјалните мрежи остро и категорично ги негираше тврдењата на актуелниот премиер Христијан Мицкоски за наводните „куферчиња пари од ...
Уапсен е жител на скопско Мирковци, откако вчеравечер е затекнат како од резервоарот на основно училиште во селото Сандево одзема нафта, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 06.10.2025 година во 21:25 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје го лишија од слобода А. Ш. (41) од Скопје, поточно од скопското село Мирковци“, се вели во соопштението од полицијата. Полицијата го затекна во дворот на ...
Уште три дена остануваат за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите, треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање – 10 октомври на полноќ. За да се овозможи лицето да гласа во ...
Дури 1.158 парчиња часовници со потпис на заштитени трговски марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничен премин Богородица. Случајот е откриен од мобилен царински тим, кој поради сомневање изврши детален преглед, при што се пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60.852 денари. Поради основано сомневање за повреда на ...
Клучната океанска струја во Северноатлантскиот Океан слабее и се приближува кон точката на целосен колапс поради климатските промени, предупредува нова студија, објави Дејли Меил. Научниците велат дека Северноатлантскиот субполарен вртлог, масивен систем на ротирачки океански струи јужно од Гренланд, ја губи стабилноста од 1950-тите. Сега се приближува кон пресвртна точка – критичен праг во системот кој, доколку се премине, може да предизвика ...
Секоја одлука на Европската Унија (ЕУ) да користи замрзнати руски државни средства за да ѝ помогне на Украина мора да биде во согласност со меѓународното право, а Европската централна банка (ЕЦБ) е „многу внимателна“ во врска со процесот, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, цитирана од Ројтерс. ЕУ бара начин да ја финансира одбраната и обновата на Украина со дел од руските државни средства во вредност од 210 милијарди евра замрзнати ...
Предлог за промена на процесот на одлучување при пристапувањето на земјите кандидатки за членство во Европската Унија е на маса во извршното тело на ЕУ, Европската комисија. Неговата цел е да се забрза процесот на пристапување, преку употреба на гласање со квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, наместо со консензус на сите земји членки. Гласањето со консензус останува при одлучувањето за почеток и завршување на преговорите со земјите ...
Струшките основни училишта се без нафта и дрва. Поради лошата финансиска состојба во која се наоѓаат и празните жиро сметки, тие сами неможат да распишуваат тендери за нивна набавка. Првите денови од октомври, учениците во поголем дел од училиштата следат настава во ладни училници, а од денес во некои од училиштата часовите се скратени за 5 минути. „Проблемот е во тоа што што секое училиште на ниво на Општина Струга во своите жиро сметки нема ...
Семејствата и пријателите на жртвите од нападот на радикалната палестинска група Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година, утринава им оддадоа почит на втората годишнина од крвопролевањето со што започна војната во Појасот Газа, јавија западните агенции. Според израелските податоци, во нападот беа убиени 370 лица, а 251 лице се земени како заложници. Хамас сè уште држи 48 Израелци, од кои се верува дека 23 се живи. Според ...
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно се соочува со проблем, затоа што предвреме ја заврши сезоната заради повреда. 21-годишниот ас нема да може да продолжи и ќе мора да мирува во следните месеци, за на терените во 2026 година да се врати подготвен. „Ќе го пропуштам остатокот од сезоната поради повреда. Фокусиран сум на заздравување и да се вратам посилен. Благодарност до сите за поддршката“, изјави Калин Ивановски. Македонецот ...
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,2 процента, додека во однос на декември 2024 година за 1,9 отсто. Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година. Цените во угостителството ...
Бројот на жртви од катастрофите поврзани со обилните дождови во Непал достигна 51, соопштија локалните власти во понеделник. Меѓу загинатите, 38 загинаа во лизгање на земјиштето, 10 во поплави и тројца во удари од гром, соопшти Националната агенција за намалување и управување со ризици од катастрофи, објави Синхуа. Шест лица, меѓу кои пет погодени од поплавите, сè уште се водат како исчезнати, а 47 други се повредени, се вели во соопштението. ...
Активистите депортирани од Израел поради учество во хуманитарната флотила кон Појасот Газа, меѓу кои и шведската екоактивистка Грета Тунберг, денеска слетаа на аеродромот во Атина. Депортирани се 160 лица – државјани на Грција, Италија, Франција, Ирска, Шведска, Полска, Германија, Бугарија, Литванија, Австрија, Луксембург, Финска, Данска, Словачка, Швајцарија, Норвешка, Велика Британија, Србија и САД. Активистите се пречекани на меѓународниот ...
Здружението на судии на Република Северна Македонија со најдлабоко жалење и искрено сочувство реагира на трагичниот настан што се случи во соседна Република Албанија, каде што судија беше смртно застрелан при вршење на својата службена должност. – Овој чин претставува сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција и е потсетник дека судиите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, професионално и без страв ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води хибридна војна против Германија. Според него, кампањата на Москва се протега надвор од Украина и е насочена кон цела Европа. Оваа изјава Мерц јададе за германската телевизија НТВ, посочувајќи дека војната што ја води Путин против Украина, всушност е насочена и против Европа. „Путин има за цел да го поткопа политичкиот поредок на Европа. Поддршката на ...
Реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година, од 3 проценти во 2026-та и од 3 отсто во 2027 година се проценките на Светска банка за земјава. Според последниот извештај, разликата во процентни поени од проекциите во пролетниот извештај за 2025 година е во нагорна линија и изнесува 0,4, 0,3 и 0,2 за овие три години. Проценките и прогнозите ги отсликуваат податоците достапни до 20 септември 2025 година. Според Светска банка, економскиот раст во ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја заврши трката за Големата награда на Сингапур на седмата позиција, ама доби казна. Причината за казната беше фактот дека повеќе пати излегуваше надвор од границите на патеката. Хамилтон имаше проблеми со сопирачките и тоа го чинеше губење на една позиција. Нему му се скрши предниот диск на два круга пред крајот, па тоа го натера да крати свиоци и си ја заработи казната од пет секунди. Иако имаше преку 40 ...
Франција се соочува со уште една политичка криза откако новата влада на Себастијан Ле Корнеј падна помалку од 24 часа по преземањето на функцијата, предизвикувајќи немири на пазарите и отворајќи ја можноста за нови избори што би можеле да ја зајакнат крајната десница. Овој развој на настаните доаѓа во време кога Европа веќе се соочува со низа предизвици, од војната во Украина, притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп врз ...
Приватните автобуски превозници во Скопје од денеска ќе сообраќаат по редовен возен ред. Сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски, за МИА потврди дека ЈСП Скопје вчера попладне им уплатило по 6 милиони денари на трите компании. – Добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари и по кординацијата со превозниците се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за ...
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе дува и со брзина од над 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе се движи во интервал од еден до девет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од четири до 13 степени. Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично ...
Индиректните разговори насочени кон постигнување конечен договор за мировниот план на САД за ставање крај на војната во Газа треба да продолжат денеска во египетскиот град Шарм Ел Шеик. Палестински и египетски претставници за Би-би-си изјавиле дека сесиите се фокусирани на „создавање теренски услови“ што би овозможиле ослободување на сите израелски заложници во замена за голем број палестински затвореници, што се држат од затворите во Израел. ...
Починатиот македонски државјанин пронајден во Љубљана е од Кочани, потврди македонското Министерство за надворешни работи. Како што додаваат оттаму, блиските на починатиот веќе се известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. „Ве информираме дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, ...