Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во источните делови од земјата врнежите ќе бидат пообилни (над 25 литри на квадратен метар за 24 часа). „Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени“, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. „Минималната температура ќе се ...

Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина. Како прва точка на дневниот ред е Предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали. Изборот на новите членови на Владата дојде ...

Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по КОВИД-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции. Затоа, улогата на државата е клучна во создавањето соодветни претпоставки за брзо ...

Додека 111 (или 11:11) означува нови почетоци, а 222 се поврзува со креативност и хармонија, ангелскиот број 333 симболизира раст во сите аспекти од животот. Ако често го гледате овој број, тоа може да открие многу за вашиот љубовен живот, кариера и процесот на манифестирање. Што значи ангелскиот број 333? Енергијата на бројот 3 Бројот 333 ве насочува кон поголема љубов кон себе и подобро прифаќање. Најчесто се појавува во моменти кога сте ...

Директорот на Евровизија, Мартин Грин, објави отворено писмо до фановите, бидејќи натпреварот се соочува со сериозна криза пред изданието во 2026 година. Писмото доаѓа по денови дебата и неизвесност предизвикани од потврдата за учество на Израел и повлекувањето на пет европски земји од натпреварот. Акцент на емоциите и правилата на натпреварот Во писмото, Грин признава дека емоциите кај фановите се силни, особено во врска со војната на ...

Заборавете на луксузните хотели и гламурозните одмори. Јужнокорејците се собираат во лажни затвори како начин да се справат со стресот од секојдневниот живот. Од 2013 година Prison Inside Me нуди искуство слично на затвор, каде што гостите плаќаат за да поминат 24 или 48 часа заклучени во затворска ќелија. Условите се ограничени, а учесниците остануваат во целосна тишина. Можеби не звучи како типичен одмор, но токму тоа е поентата. ...

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ги обави 35-те земји кои ќе учествуваат на Песна за Евровизија 2026 година која ќе се одржи во Виена, Австрија. Радиодифузерите членки на ЕБУ, во име на своите земји, имаа рок до средината на декември 2025 година да ги поднесат своите апликации на Евровизија 2026 година, а Македонија повторно ќе ја нема на овој настан. Македонија веќе три години по ред не учествува на оваа манифестација, и ова ќе биде ...

Ноќеска и рано изутринава полицијата спроведе акција на повеќе локации низ државата, при што се приведени повеќе од десет лица. Меѓу нив е и поранешен директор, лице кое во минатото било високо етаблирано во структури поврзани со ДУИ. Неофицијално, станува збор за Бујар Дарлишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги. Акцијата започна во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година од страна на Одеелот за сузбивање на ...

Кој вози пребрзо, пијан или дрогиран, ќе остане без автомобил. Трајно и задолжително ќе им се одземаат возилата на дрските возачи кои значително ја надминуваат дозволената брзина и кои претходно веќе биле осудени за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, предвидуваат измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кои група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги предложија во Собранието. Измените на Кривичниот законик (КЗ) следуваат ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против ексдиректорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, и за управителот на секторот за управување со отпад во скопското комунално претпријатие, Аки Саити, дека како созивршители сториле кривично дело – загрозување на животната средина и природата со смет. Двајцата обвинети, според истрагата спроведена во текот на октомври годинава, со пропуштање на ...

Пет мерни станици во Скопје во последните два дена измериле зголемено присуство на штетните суспендирани честички во воздухот чија големина е до 10 микрометри. Според информациите што ги објави Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), мерните станици во скопски Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат вчера и завчера измериле зголемено присуство на суспендираните честички чија вредност изнесувала над 150 микрограми ...

Имплантацијата на вештачки колк кај дете е една од најселективните и најкомплицирани хируршки одлуки во ортопедијата, особено кога станува збор за пациент во активен раст. Токму затоа случајот на 14-годишниот Михајло претставува пионерски чекор во македонската медицина – за првпат во земјава е изведена замена на колк кај дете на оваа возраст, интервенција што досега се сметала за крајна и исклучително ретка опција. Интервенцијата ја изведе ...

Следната недела треба да се одржи првиот состанок со странските експерти кои ќе бидат ангажирани за случајот за случајот со медицински неоправдани операции на срце кој го обелодени интервентниот кардиолог Сашко Кедев. – Процедурите од наша страна се поминати. Пратени се кај нив. Во моментов се преведуваат сите материјали на англиски јазик. Материјалот е обемен и ценам дека првата средба која ќе биде онлајн ќе се одржи наредната недела. Не ...

За ова денеска информираа од Гинекологија од каде што наведоа дека по добиените резултати од обдукцијата, семејството на новороденчето е повикано за лично да се запознае со сите детали од наодот кој, како што додаваат, покажува дека нема физичка повреда на кој било од органите на бебето. „За понатамошниот тек на случајот Министерството за здравство формираше стручна комисија со цел целосно расчистување на случајот и лоцирање на евентуални ...

До Собранието е доставен Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со цел усогласување со Решението на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година кој утврди дека измените од 2023 година довеле до намалување на казните за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба, како и отстранување на слабостите во постојните одредби. Предлогот го потпишаа девет пратеници, меѓу кои Бојан Стојаноски, Бране Петрушевски, ...

Ако се обидувате да се наспиете квалитетно, но не можете, знајте дека сте еден од многуте со ист или сличен проблем. Американските научници процениле дека околу 16 проценти од светската популација живее со несоница редовно, додека неодамнешна студија на Националната фондација за спиење покажа дека дури 60 проценти од возрасните Американци не спијат доволно. Несоницата е нарушување кое се карактеризира со тешкотии при заспивање и одржување на ...

„Зелените ленти“ овозможуваат непречен проток на стока и се клучни за зајакнување на конкурентноста на компаниите и за градење доверба меѓу соседите. Наша заедничка одговорност е добрите концепти да ги претвориме во целосно функционални системи во пракса, истакна директорот на Царинската управа Бобан Николовски во официјално обраќање на неформалниот состанок на генералните директори на царинските управи, организиран од Секретаријатот на ЦЕФТА ...

Сараево се уште е најзагадениот град во светот, додека Скопје се наоѓа на 15 место, покажуваат најновите податоци собрани од веб-страницата „Ај Кју Ер“ (IQAir). Индексот на загаденост во главниот град во 13 часот достигна 158, што го стави во категоријата „нездрав воздух“. Концентрацијата на ситни честички прашина во воздухот PM 2,5, кои продираат длабоко во белите дробови и можат трајно да го оштетат здравјето, во Скопје е 13 пати над ...

Колабирано белодробно крило, тешко нарушено дишење, едем на мозокот и кардиореспираторна инсуфициенција се причините за смртта на новороденчето на В. И. од Арачиново, кое почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, на 1 октомври. Ова произлегува од медицинската документација што ја обезбеди Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, вчера информираше дека до министерот за здравство е ...

Во земјава еден од петмина (22%) на возраст од 16 до 74 години, годинава користел алатки за генеративна вештачка интелигенција (ВИ). Повеќето ги користеле за лични цели (15,76%), додека 8,55% ги користеле за работа. Речиси еден од десет (9,4%) ја користеле за формално образование. На ниво на ЕУ речиси една третина (32,7%) од луѓето на возраст од 16 до 74 години во ЕУ годинава користеле ВИ алатки. Повеќето ги користеле за лични цели (25,1%), ...

Пиењето кафе наутро за многумина претставува неизоставен ритуал – првиот чекор кон будење, концентрација и енергија пред почетокот на денот. Често се консумира веднаш по будењето, уште пред првиот оброк, но сè почесто се поставува прашањето: дали кафето на празен желудник е навистина штетно? Кофеинот има стимулирачко дејство врз централниот нервен систем, но кафето е и кисел напиток, со pH вредност помеѓу 4,8 и 5,1. Иако поновите истражувања ...

Една од причините зошто некои западни технолошки експерти предупредуваат за опасностите од прекумерна регулација на вештачката интелигенција е стравот дека „другата страна“, т.е. хакерите, терористите или владите на други земји, би можеле да развијат вештачка интелигенција без такви ограничувања. Ова би значело дека тие би можеле да постигнат поголем напредок во оваа област, да создадат подобри алатки, па дури и сајбер, хемиско или друго ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинение и издаде наредба за продолжување на мерката притвор против 43-годишниот маж кој минатата недела насилно упадна во студиото на редакцијата „Инфомакс“ додека се одвиваше програма во живо. Според обвинението, тој се товари за насилство и спречување на службено лице во вршење службено дејствие. Од Обвинителството наведуваат дека обвинетиот извршил грубо насилство кон двајцата новинари и ...

На денешниот настан во тренинг центарот на Министерството за внатрешни работи беше промовиран проект за донација на фотоволтаична централа од страна на ОКТА. Главниот извршен директор на компанијата, Димитрос Пасхос, истакна дека станува збор за инвестиција од 40 киловати во обновливи извори на енергија, со која ќе се намалат трошоците за електрична енергија, ќе се редуцираат емисиите на јаглерод диоксид и ќе се даде значаен придонес кон ...

Некои секојдневни утрински навики можат значајно да го нарушат ноќниот одмор, дури и ако мислите дека правите сè како што треба. Прекумерен внес на кофеин на почетокот од денот Иако утринското кафе за многумина е неопходен ритуал, кофеинот може да влијае на тоа колку лесно ќе заспиете вечерта. Ефектите се чувствуваат веќе по 15 минути, а во телото кофеинот останува активен и до 10 часа. Затоа неколку шолји кафе или енергетски пијалаци наутро ...

Исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Посочи дека исплатата на надоместокот за породилно отсуство тековно се одвива и за ноември се исплатени над 6.600 породолни отсуства. – Правиме анализи и согледувања дали има заостанати, исплати бидејќи бројот на исплатени породилни отсуства ...

Научниците развијаа нов начин на лекување кој кај дел од пациентите успева целосно да ја поништи агресивната и доскорешно неизлечива форма на рак на крвта, акутна лимфобластна Т-клеточна леукемија. Третманот се заснова на прецизно уредување на ДНК во белите крвни клетки, трансформирајќи ги во т.н. „жив лек“ што активно го напаѓа ракот. Првата пациентка што го примила ваквиот третман, девојче со тешка форма на леукемија и денес нема никакви ...

Неинвазивен метод за мерење на нивото на гликоза во крвта, развиен на МИТ, би можел да ги спаси дијабетичарите од боцкање на прстите неколку пати на ден. Тим од Американскиот институт за технологија МИТ користел Раманова спектроскопија, техника што го открива хемискиот состав на ткивото со осветлување со блиска инфрацрвена или видлива светлина, за да развие уред со големина на кутија за чевли што може да ги мери нивоата на гликоза во крвта ...

Посетата на уметнички галерии и изложената уметност може да ја подобри човековата благосостојба, а има и посебен ефект врз менталното здравје на современиот човек. Истражувачите од Кингс колеџот во Лондон, во нивната прва студија од ваков вид, откриваат дека гледањето оригинални уметнички дела може да го намали стресот, да го намали ризикот од срцеви заболувања и да го зајакне имунолошкиот систем. Одењето во уметнички галерии, и уметноста ...

Комитетот за безбедност на вакцините на Светската здравствена организација (СЗО) денес изјави дека најновите прегледи на научните докази потврдуваат дека не постои врска помеѓу вакцините и нарушувањата од аутистичниот спектар. Глобалниот советодавен комитет на СЗО за безбедност на вакцините анализираше два систематски прегледи што опфаќаат студии објавени од 2010 до август 2025 година, објави Ројтерс. Прегледите опфаќаат вакцини воопшто, ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
69%
1026
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
3.09
63%
1025
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
3.6
67%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.67
84%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.83
79%
1024
weather icon

Атина

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
74%
1027
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -1ᴼ
2.68
91%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
2.57
71%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 3ᴼ
5.66
72%
1029
Currency

61.6417

Currency

52.1215

Currency

70.3089

Currency

37.0795

Currency

38.2017

Currency

67.8004

Currency

7.59994

Currency

0.67429

Currency

0.33454

Currency

0.52478

Currency

1.18966

Currency

0.57406

Бакар

12.31

Злато

166739.88

Родиум

380986.35

Паладиум

57839.19

Платина

75972.21

Калај

53.83

Иридиум

212342.22

Цинк

3.34

Рутениум

45750.51

Сребро

2882.64

Алуминиум

3.15

Кобалт

64.04