Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во Коалицијата ВЛЕН сме согласни и го делиме мислењето дека по изборот на Изет Меџити за градоначалник на општина Чаир, на неговото место треба да дојде нашиот предлог – Беким Сали, изјави денеска вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарско прашање за реконструкција на Владата. – Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да ...
Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги и предистраги за пожарот во дискотеката ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има големо мислење за сегашниот капитен на својот тим, Бернардо Силва. По јубилејниот 1.000 натпревар во неговата тренерска кариера, тој зборуваше со пофалби за бројни играчи со кои соработувал во претходните години, но особено го пофали одличниот португалец. „Бернардо Силва е вистински фудбалски мајстор. Темпо, освојување на топката, забрзување и забавување, интуиција за гледање на просторот и ...
Владата на Велика Британија откри план за постепено укинување на тестирањето врз животни, што вклучува замена на тестовите врз животни со алтернативни методи за безбедност до крајот на годината и намалување на употребата на кучиња и мајмуни во тестовите за дрога врз луѓе за најмалку 35% до 2030 година. Министерот за наука Патрик Валанс изјави за Би-Би-Си дека целта е да се заменат животните со напредни лабораториски техники базирани на ...
Во тек е работа за утврдување на изводливоста на спроведување нуклеарни тестови во Русија, но засега нема нови информации, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Засега, се работи на ова прашање, во согласност со упатствата на рускиот претседател (Владимир Путин). Засега нема информации“, изјави Песков пред новинарите, според новинската агенција РИА Новости. Тој нагласи дека Русија засега не добила никакви објаснувања од своите ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој потенцирајќи дека истрагата се продлабочува бидејќи има информации и за претходни злоупотреби на средства. – Не. Напротив. Поздравена е позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија, изјави премиерот Мицкоски, кој утрово беше во посета на фабриката Костал ...
Европската комисија започна со работа на ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави во вторник „Фајненшл тајмс“. Единицата, која ќе биде формирана во рамките на секретаријатот на Комисијата, планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави ...
Се потврди најлошото, ИПАРД 3 програмата е суспендирана поради корупцискиот мега скандал на власта. Земјоделците остануваат без потребната поддршка, поради корупција, партизација и неспособност на кадрите на ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ. Во текстот се додава: Суспендирањето на ИПАРД 3 програмата е тежок удар врз македонското земјоделство, врз илјадници земјоделци и компании кои веќе имаат склучени договори и реализираат инвестиции. ...
СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г. (54) од Прилеп и С.И. (31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека на 25 август годинава во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син ...
Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Јаник Синер успешно ја стартуваше одбраната на завршниот АТП турнир во Торино. Италијанецот го победи Феликс Оже-Алијасим со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-1, заокружувајќи одличен биланс. Тој нема загубено меч во затворено точно две години. Последниот што го победил беше Новак Ѓоковиќ во финалето на истиот турнир во 2023 година. По мечот тој даде интересен одговор на прашањето дали ги следи ...
Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција за борба против групата Исламска држава, што означува промена во надворешната политика на САД на Блискиот Исток, пишува Би-би-си повикувајќи се на потврда од висок функционер на администрацијата на Трамп. Објавата доаѓа откако претседателот Доналд Трамп се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во Белата куќа што е прва таква посета од сириски лидер во историјата на земјата. Во интервју ...
Германските истражители веруваат дека група Украинци кои дејствувале под директна команда на тогашниот Врховен командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, стоеле зад експлозиите на гасоводите „Северен тек 1“ и „2“, објави денес „Волстрит џурнал“ (WSJ). Повикувајќи се на германската полиција, обвинителите и други извори запознаени со ова прашање, американскиот весник објави дека истражителите развиле „јасна слика за тоа ...
Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) апелира граѓаните да не отвораат и да не враќаат на пораки кои се испраќани во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, бидејќи се лажни. Од МВР посочуваат дека до неколку граѓани се пристигнати лажни пораки за наводна тековна истрага против нив, а дека испраќачите лажно се претставуваат во име на директорот на БЈБ. Во лажните пораки се наведува дека примачот на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 Целзиусови степени, а максималната од 8 до 17 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...
Американскиот Сенат доцна синоќа одобри закон за финансирање за ставање крај на блокадата на владата, со што Конгресот е еден чекор поблиску до ставање крај на 41-дневното затворање, објави Си-Би-Ес. Предлог-законот сега се упатува кон Претставничкиот дом, каде што би можел да биде усвоен уште утре, по што ќе треба да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп за конечно да се стави крај на блокадата на владата. Конечната верзија на ...
Македонскиот јазик и македонистиката иако веќе 80 години се проучува и се штити во македонската држава како службен јазик на македонскиот народ и на македонската држава, сепак, секогаш има предизвици. Во овој момент најголем предизвик ни е употребата на странските зборови и желбата на младите, модата да зборуваат на еден од светските јазици, изјави денеска директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје. проф. д-р Елена ...
Информациите за можната суспензија на ИПАРД-3 програмата се покажаа како точни. Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање на ИПАРД-3 програмата, односно одлука за суспендирање на плаќањата во ИПАРД-3, информира денеска на прес-конференција Љупчо Николовски од СДСМ. Одлуката, како што ...
Комисијата за историски прашања е еден вид алиби во моментално комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Ова во интервју во емисијата „Денот започнува“ на бугарската национална телевизија БНТ го изјави професорот Ангел Димитров, претседател на бугарскиот тим и копретседавач со Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. На новинарското прашање до каде ...
Атлетико Отава го освои трофејот во Премиер лигата на Канада, а финалето се одигра во вистински поларни услови. На стадионот во Отава паѓаше сериозна количина на снег, теренот не можеше ниту да се исчисти како што треба и цел меч имаше снежна покривка врз тревата. Домашната екипа со пресврт успеа да го совлада тимот на Кавалри, а херој беше Давид Родригез. Поведоа гостите со голот на Аирд, меѓутоа тогаш на сцена стапи Родригез кој во 40. ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември 2025 година се зголемени за 0,5 отсто во однос на претходниот месец и за 4,5 проценти во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец се намалени во секторот Рударство и вадење на камен за 0.6 %, a се зголемени во ...
Македонските фудбалски репрезентативци денеска се собраа во хотел „Хилтон“ во Скопје во пресрет на двата натпревари кои ги играат оваа година, и тоа пријателскиот меч против Летонија на 13 ноември, но и решавачкиот меч од квалификациите за Светското првенство (СП) на 18 ноември во Кардиф. Македонскиот фудбалер Никола Серафимов кажа дека репрезентацијата треба да го задржи победничкиот дух, а дуелот против Летонија ќе биде одличен тест пред ...
Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка при берба на печурки. Милески вчера околу 13 часот со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за десетина минути. По нападот мечката избегала. Според началникот на хируршкото одделение во прилепската болница, д-р Димитар Иваноски, ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска се сретна со претседателката на Фармацевтската комора Весна Ставрова и претседателката на Здружението на приватни аптеки Џоана Андоноска. На средбата, Алиу ја потенцираше дигитализацијата како еден од главните приоритети во сите сегменти на здравствениот систем, вклучувајќи ја и фармацијата, соопшти Министерството за здравство. – Нашата заложба е континуирано унапредување на условите и воведување ...
РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. – За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија ...
Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Геријатрија” за примање поткуп, против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи и Блерим Амити за примање награда за противзаконито влијание. Во судница беа презентирани докази – фото и видео материјали прибавени со примена на посебни истражни мерки, како извештаи од ...
Дваесет и тригодишна жена од Кавадарци утринава е приведена под сомнение дека го нападнала своето шестмесечно бебе, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Жената, како што додаваат од МВР, се сомничи дека половина час по полноќ во семејниот дом физички го нападнала бебето. Бебето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување ...
Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) објави дека спроведува „голема операција“ заедно со Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата, со цел да се разоткрие корупцијата во која е вклучена „високо рангирана криминална организација“ во енергетскиот сектор. На 10 ноември, Бирото на социјалните мрежи објави дека истрагата трае веќе 15 месеци и дека се собрани околу 1.000 часа аудио снимки. „Документирани ...
Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува, одлучи РКЕ. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг. Според одлуката на Комисијата од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,50 денари за литар, бензинот ЕУРОСУПЕР ...
Според анализата на астролозите, Рак, Шкорпија и Риби ќе доживеат значителен напредок во кариерата, односите и личниот развој. За овие знаци, ноември ќе биде месец во кој се сè почнува да се усогласува – можностите пристигнуваат, пречките исчезнуваат, а самодовербата расте. Рак За припадниците на овој воден знак, ноември ќе донесе олеснување и јаснотија. „Месецот го започнувате свежо, ослободувајќи се од односи и навики кои ве исцрпуваат,“ ...