За разлика од шпанците, италијанците останаа на својата замисла и во февруари ќе го имаат првиот натпревар од Серија А што ќе се игра во Австралија. „Милан-Комо ќе се игра во Перт на 8 февруари како што е планирано. Се сретнавме со Инфантино во Доха, беше многу срдечна средба како и секогаш. Имавме низа сомнежи околу некои од поставените услови, кои ги сметавме за непрактични, на пример, барањето да се користат судии од Азиската федерација, ...

Јетон Беќири има причина да биде горд на својот тим откако со Шкендија испиша историја како прв македонски тим што успеал да обезбеди пласман во нокаут фазата од едно европско натпреварување. Тетовци и покрај поразот од АЕК Ларнака стигнаа до 22. место на табелата, па сега во следната рунда ги очекува двомеч со Лех или со Самсунспор (ждрепката е закажана за јануари). „Остваривме нешто многу важно и секако дека емоциите се крајно позитивни. ...

Во “Куќа на фудбалот”, раководството на ФФМ, претседателот Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Леонид Јандреоски беа домаќини на Елкан Мамедов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани Инфантино. Во ексклузивното интервју за интернет-страницата на ФФМ, тој зборува за значењето на соработката меѓу ФИФА и ФФМ, развојните проекти во македонскиот фудбал, партнерскиот однос со ...

Манчестер Сити е подготвен да го продаде Савињо, а Тотенхем повторно се стреми кон него. Овој трансфер беше актуелен и пред почетокот на сезоната, но потоа Сити сепак одлучи да го задржи и да му даде уште една шанса, но не може да се каже дека Бразилецот ги исполни очекувањата. Савињо е играч кој најчесто почнува од клупата, одигра 13 натпревари во Премиер лигата, иако помина помалку од 500 минути на теренот и нема голови, со две асистенции. ...

Раководството на Реал Мадрид се вклучува во трката за десното крило на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, и ќе му прави конкуренција на Манчестер Сити. Сепак, Баерн веќе јасно ја искажа својата позиција, истакнувајќи дека фудбалерот е недопирлив во нивните планови за обезбедување на долгорочната иднина на „Алијанц Арена“. Олисе ужива во одличен период во Германија, што предизвика внимание и интерес од клубови низ Европа. Според извештаите, интересот ...

Серија А објави дека не постојат пречки, натпреварот меѓу Милан и Комо да се игра во Перт, но синоќа официјално е соопштено дека Австралија нема да ги пречека двата клуба. Првиот човек на Серија А, Ецио Симонели претходно тврдеше дека се е договорено, дури и судиите бидејќи натпреварот требало да го водат арбитри од азиската фудбалска конфедерација. Во меѓувреме, АФЦ, под чии ингеренции е Фудбалската асоцијација на Австралија, издала нови ...

После вчерашното збогување со девет фудбалери, Башкими денеска се раздели и од еден од најдобрите свои фудбалери, Ардит Демири. Играчот кој беше еден од лидерите на екипата која се врати во прволигашката конкуренција, заминува од клубот. Од Башкими порачаа дека нема никогаш да го заборават фудбалерот, кој се сели во Германија, каде ќе продолжи да живее. Башкими вчера се раздели од Џелили, Бихорац, Симоновски, Ајдоган, Адекунле, Јахја, Аскар, ...

Новата среќна ВЛТ локација е во Охрид. На 18.12.2025 година, охриѓанката Б.С. освои фантастични 10.641.052 денари со празничниот РОЈАЛ ЏЕКПОТ. Празнувањето на 2026 година може да започне со насмевка! Б.С. е најновата среќна ВЛТ играчка која ја доживеа празничната магија и освои импресивна џекпот добивка- фантастични 10.641.052 денари со празничниот РОЈАЛ ЏЕКПОТ. „И јас бев меѓу оние кои не веруваат дека ваквите добивки навистина се случуваат, ...

Денеска се очекува да биде одржан состанок на Економско-социјалниот совет (ЕСС), на кој партнерите, Владата, работодавачите и синдикатите треба да разговараат за актуелни прашања поврзани со стандардот на работниците. Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) реагираа дека во најавата за оваа седница, на денвниот ред ја нема точката за зголемување на минималната плата. Тие излегоа со барање за покачување на минималната на 600 евра. Во ...

Опозицијата денеска преку свои соопштенија и изјави се обидува да ја манипулира јавноста. Европската комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). -На состаноците со претставниците на Европската комисија беше најавено преземање дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети. По завршувањето на проверките и контролите ...

Владата не е против зголемување на минималната плата, но зголемувањето мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите, постигната преку социјален дијалог и врз основа на реалните економски можности. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски од денешната седница на Економско-социјалниот совет на која, меѓу другото, стана збор за минималната плата. Според премиерот, паралелено со разговорите за минималната ...

Нема договор за зголемување на минималната плата на 600 евра, како што бараше Сојузот на синдикатите на Македонија. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, изјави дека иако сите лицитирале за зголемување на минималната плата од 600 до дури илјада евра, нема подготвеност за договор. Тој порача Владата и работодавачите да се договорат за износот и предупреди дека ако тоа не се случи наскоро, синдикатите ќе излезат на протести. „Загрижени сме ...

Земјоделците најавуваат блокади со трактори и механизација на главните патишта доколку до петок не се изврши исплатата на заостанатите субвенции. На денешната прес-конференција, сточари и земјоделци од повеќе градови во државата порачаа дека повеќе од една година чекаат исплата на субвенциите, а дел од мерките, како оние за сточарство и органско производство, не биле исплатени ниту две години. Тие ја повикаа Владата, премиерот и надлежните ...

„Во мое лично име и во име на Владата на сите граѓани кои го прославуваат Рождеството Христово – Божиќ според грегоријанскиот календар им го честитам празникот со искрени желби за благосостојба, духовен мир и добро здравје. Овие празнични денови нека ги исполнат домовите со радост, љубов и Божји благослов. Нека раѓањето на Спасителот ни донесе надеж, единство и топлина во срцата, особено во времиња кога ни е потребна заедничка сила и ...

Родителите на загинатите во т.н. кабаре „Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи на надлежните институции за причините за смрт на нивните најмили не се целосни и дека се потребни дополнителни вештачења. Овие наводи пред почетокот на денешното рочиште во изјава за медиумите ги изнесе Александар Наунов, татко на загинато девојче во „Пулс“ и претседател на Здружението „16 Март 2025 Кочани“. Тој искажа сомнеж дека причина за смрт е и ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Венко Филипче лично и во име на партијата им го честита празникот Христово раѓање – Божиќ на католичките верници и на скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, Киро Стојанов. -На сите припадници на Католичката црква и на сите христијани кои денеска го слават Христовото раѓање, им упатувам искрени честитки по повод големиот празник Божиќ. Божиќ е ...

„Вистината, кога е документирана, станува неповратна. Денес, фактите зборуваат погласно од која било пропаганда и од кој било обид да се скрие зад празни зборови. Во Гостивар е извршена една од најсериозните финансиски злоупотреби што локалната самоуправа во Северна Македонија некогаш ги видела. Сала на општинскиот совет, која технички и функционално можеше да се изгради со максимална цена од 50 илјади евра, беше изградена по скандалозна цена ...

Почна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа што ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026 година. Според Роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг на гласањето започнува на 22 декември на полноќ, и трае со 9 јануари, кога започнува молкот пред гласањето. Кандидати за градоначалник на Гостивар ...

Интензивно се работи на изградба на кафилерија во Македонија, но и на решавање на проблемот со немање гробишта за домашни миленици, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов. Тој очекува до средината на идната година да бидат договорени основите за локациите и инфраструктура и за кафилеријата и за гробиштата за миленици, по што треба да почне и практичната реализација на терен. Според Миланов, досега ...

Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството. Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ. Во текстот се додава: „Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа. Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине ...

Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот. Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е ...

Сообраќајот на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја за влез и излез од Грција, во следните денови, до петок ќе се одвива непречено, со оглед на тоа што грчките земјоделци одлучиле привремено, поради Божиќ, да ги стават во мирување блокадите, според грчката новинска агенција АНА-МПА, но тракторите ќе останат паркирани на границите, јави дописничката на МИА од Атина. На граничниот премин Евзони (Богородица) земјоделскиот блок со ...

Судиите и јавните обвинители во последен обид да добијат поголеми плати во 2025 година и покрај најавите на Владата дека ќе нема зголемување на нивните плати поради лошите оценки и малата доверба во правосудството. Иако законски не можат да интервенираат, тие преку Уставниот суд по втор пат се обидуваат да го вратат барем повисокиот коефициент според кој се пресметува нивниот личен доход и со тоа да добијат дополнителни 250 евра месечно. ...

Ние сме технички подготвени, но политички блокиран кандидат за членство во Европската Унија, рече во своето годишно обраќање во Собранието претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Говорејќи за евроинтеграциите, Давкова, меѓудругото, рече: „Ако уставните измена беа причината, ние одамна ќе бевме членка на ЕУ“, рече Давкова додавајќи дека речиси целата нејзина надворешно политичка агенда во изминатиот периот била посветена на ...

Во своето годишно обраќање од Собранието, претседателката Гордана Сиљановска Давкова осврнувајќи се на трагедијата во Кочани, рече дека траумите од трагедијата ќе ги нисиме сите, посочувајќи, меѓу другото, дека со пожарот во кој загинаа 63 лица, на површина излегоа стихијното одлучување, недостигот на системска култура, неказнивост и ја истакна потребата за длабоко преиспитување. „Кочани не беше само трагедија, тој настан нѐ доведе до ѕидот ...

Приведена е жена што е осомничена дека извршила кражба на златен накит во вредност од 9 000 евра во куќа во гостиварското село Градец, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 22.12.2025 година во 10 часот во гостиварско Добридол е лишена од слобода М. С. (45) од селото Калиште. Се сомничи дека претходно истиот ден извршила кражба во куќа во селото Градец во сопственост на Х. А. (49), каде одзела златен накит во вредност од ...

2026 година ќе започне со штрајкови, протести и блокади. Најавите доаѓаат од Сојузот на синдикатите на Македонија. Потпретседателот на ССМ Иван Пешевски, за телевизија Алсат, вели доколку власта не го прифати барањето за покачување на минималната плата на 600 евра работниците ќе излезат на улици. Пешевски додава дека не се согласуваат со никакви предлози како субвенциите да останат исти како за минималната плата. „Исто така видовме префрлање ...

„Сметам дека тие барања на Али Ахмети се само за негово лично политичко поентирање. Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Има луѓе од друга на од другите етнички заедници нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се смени ниту пак се негува на тој начин којшто предлага господинот Ахмети“, рече денеска претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. ...

Градоначалникот на Оштина Новаци Стевче Стевановски во обраќање до јавноста извести за опасности на регионалниот патен правец Новаци – Маково, предизвикани од свлечиште. Деформацијата во моментов ја санираат екипи на РЕК Битола и ЈП за одржување на патишта, информира Стевановски. -Ве информираме дека, согласно информација доставена од РЦУК – Битола, а добиена од РЕК Битола во текот на ноќта значително се влоши состојбата на регионалниот патен ...

Поради политичкиот ќорсокак во Советот на Струга, градоначалникот Мeнди Ќира најавува нови избори за советници. Ова доаѓа откако вчера по трет пат по ред не успеа обидот за избор на претседател на Советот. Ќира денеска обвини за тајна коалиција меѓу АКИ, СДСМ и листата на советници на Рамиз Мерко, со цел, како што рече тој, парализирање на општинските институции, блокирање на развојот на општината и благосостојбата на граѓаните. Според него, ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
69%
1026
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
3.09
63%
1025
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
3.6
67%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.67
84%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.83
79%
1024
weather icon

Атина

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
74%
1027
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -1ᴼ
2.68
91%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
2.57
71%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 3ᴼ
5.66
72%
1029
Currency

61.6417

Currency

52.1215

Currency

70.3089

Currency

37.0795

Currency

38.2017

Currency

67.8004

Currency

7.59994

Currency

0.67429

Currency

0.33454

Currency

0.52478

Currency

1.18966

Currency

0.57406

Рутениум

45750.51

Родиум

380986.35

Алуминиум

3.15

Платина

75972.21

Цинк

3.34

Бакар

12.31

Сребро

2882.64

Иридиум

212342.22

Паладиум

57839.19

Кобалт

64.04

Калај

53.83

Злато

166739.88