До крајот на месецов или почетокот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги соопшти цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски не очекува било какви поместувања во овој дел. – МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не побара зголемување, а Електродистрибуција ...

Русија е подготвена да одржи разговори со украинската страна во Истанбул во секое време, но Киев не одговори на претходните иницијативи, изјави вршителот на должноста амбасадор на Русија во Турција Алексеј Иванов. „Руската страна постојано нагласуваше дека сме подготвени да продолжиме со директните преговори со украинската страна, со украинската делегација. Нашите турски партнери, исто така, постојано нагласуваа дека Истанбулската платформа ...

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен брег и предизвика поплави до рамената на некои места. Бизнисите и училиштата беа затворени во поголемиот дел од јужните области на островот, а 51 лице беше повредено. Телевизиските снимки покажаа силни поплави во делови од претежно руралниот источен округ Јилан, со вода до вратот, додека војниците ...

Париз се подготвува за одбележување на десетгодишнината од масовните терористички напади во 2015 година, на 13 ноември, во кои вкупно беа убиени 132, а имаше 350 повредени на неколку различни локации. Во главниот град ќе се одржат неколку официјални церемонии за да се одбележи смртоносниот напад, а Плоштадот на Републиката ќе биде централното место за сеќавање на жртвите, објави BFMTV. „Тој ден, во Париз се случи ужас. Неколку командоси ...

Во Македонија, бројот на повреди на работа останува висок, а системите за управување со ризици не се доволно развиени, особено во малите и средни претпријатија. Заменик-претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски на претставувањето на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија, изјави дека безбедноста и здравјето при работа не се само технички или административни категории. Тие се основни човекови ...

Украинската влада го суспендираше министерот за правда Герман Галушченко, објави украинската влада во среда. Галушченко е под истрага за корупција во енергетскиот сектор. Украинските власти подигнаа обвинение против седум лица во врска со наводна шема за поткуп од 100 милиони долари во која биле вклучени високи енергетски функционери, што предизвика јавно негодување и го насочи вниманието кон борбата на Киев против корупцијата. Галушченко, ...

Предлог-законот за финансирање на американската федерална администрација во средината на најдолгото затворање на федералната влада во историјата на САД ќе биде испратен до Претставничкиот дом на одобрување денес, откако веќе беше усвоен во Сенатот во понеделник со 60 гласови „за“ и 40 „против“, објавија денес американските медиуми. Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, им порача на пратениците во понеделник да почнат да се ...

СДС е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред да почнат. Никој не сака да биде дел од неговата губитничка, арогантна и компромитирана клика, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: Никој повеќе не сака да се идентификува со политиките на кланот Заеви и Филипче, кои СДС од државотворна партија, ја претворија во симбол на порази, поделби, ...

Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките за првиот од двата дуели што ќе ги одиграме во следниве десет дена. Пред патувањето за Кардиф каде следниот вторник против Велс ќе го одиграме решавачкиот натпревар за освојување на второто место во групата, нашите најдобри фудбалери в четврток ги очекува контролниот меч со Летонија. “Без разлика што натпреварот против Летонија не е во рамките на ...

Македонската фудбалска репрезентација втор ден се подготвува за завршните два натпревари во оваа година. Првиот в четврток против Летонија е контролен и тоа ќе биде одлична можност за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата на играчите кои се во комбинација и за клучниот натпревар во квалификациите против репрезентацијата на Велс. “Секој натпревар има свој важност без разлика дали тој е контролен или квалификациски. Наша примарна ...

Грција најави нов, автоматски систем за контрола на сообраќајни прекршоци, кој нема да им дозволи на странците да ја напуштат земјата доколку имаат неплатена казна. Грчкото Министерство за дигитална администрација објави воведување на нов систем кој директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината. Ова значи дека, штом ќе пристигнете на границата, системот автоматски ќе ги прикажува сите неплатени казни за сообраќајни прекршоци во ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од минус 2 до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 12 до 19 степени. Во одделни делови од Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „обврска“ да ја тужи британската телевизиска мрежа Би-би-си поради начинот на кој дел од неговиот говор бил монтиран во документарецот „Панорама“. Во разговор за „Фокс њуз“, тој рече дека неговиот говор од 6 јануари 2021 година бил „искасапен“ и дека начинот на кој бил презентиран ги „измамил“ гледачите. Ова е негово прво јавно појавување откако адвокатите во негово име побараа отштета ...

Известувањата дека двете американски компании, „Aptiv“ и „Dura“, следната година ќе ги затворат фабриките во индустриската зона во Бунарџик, Скопје, според премиерот Христијан Мицкоски, не треба да се сфатат како крај на светот. „Ќе има компании што ќе се отвораат, ќе има компании што ќе се затвораат, и домашни и странски, и тоа не треба да се гледа како нешто што го претставува крајот на светот. Ние како Влада се обидуваме и сме успешни во ...

Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола, најави вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. -Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогдишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на Новата година. Со тоа конечно Скопје ќе биде украсено како ...

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска истакна дека во извештаите на Европската комисија, државата која се евалуира може технички да напредува, но политички да е блокирана или техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма. Силјановска Давкова за време на работната посета на Општина Ресен, одговорајќи на новинарско прашње да даде коментар за последниот извештај за напредокот на земјава, кој Европската комисија го ...

Австралиските научници открија нов вид пчела со ситни рогови, која ја нарекоа „Луцифер“ (Megachile lucifer). Пчелата е пронајдена додека истражувачите набљудувале редок див цвет кој расте во планините Бремер, во регионот Голдфилдс, околу 470 километри источно од Перт, објавува Би-Би-Си. Роговите, кои ги има само женката, би можело да се користат за одбрана, собирање полен, нектар или материјали како што е смола за градење гнездо. Во ...

На 12 ноември 2025 година, во Националната галерија – Мултимедијален центар Мала станица, ќе биде отворена изложбата на делата создадени во рамките на 35. и 36. издание на меѓународната Ликовна колонија „Галичник“. Биеналниот проект, со наслов „Колективна културна меморија: Постмеморија“, е кураторски концепт на д-р Ана Франговска, кој се фокусира на улогата на личната и колективната меморија во современата уметност. Препознавајќи ја ...

Замислете да спиете на вода, опкружени само со мраз, море и поларна светлина. Најблиската личност? Само преку сателитски повик. Во источен Гренланд постои сместување што не е само „оддалечено“, туку се наоѓа буквално на крајот од светот. И можеби токму затоа е толку привлечно. Колибата наречена „Флоутинг глечер хат“ е целосно изолирана и совршено термоизолирана, со стаклен таван низ кој може да се набљудуваат ѕвездите и поларната светлина. ...

Трошоците за јавни набавки во здравството во последните 10 години се зголемиле два и пол пати, односно од 1261 милиони евра во 2015 на повеќе од 3152 милиони евра во 2024 година, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) од каде што констатираат дека овој раст се случува во услови кога граѓаните постојано изразуваат незадоволство од квалитетот и од достапноста на здравствените услуги. „Очигледната ...

Русија е вознемирена од изјавите на некои американски функционери дека тестовите за нуклеарно оружје ќе имаат геополитички цели, што е значително отстапување од концептот за неприфатливоста на нуклеарната војна, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој оцени дека американската администрација сè уште се формира и дека многу позиции од второ и трето ниво, особено во Пентагон, не се целосно пополнети, пренесува ...

Откако СДСМ го прозва премиерот Христијан Мицкоски дека тој како претседател на влада не може да ја стопира исплатата на средствата од ИПАРД-програмата туку дека тоа го прави ЕУ, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека потврда за тоа дека Владата издејствувала времено стопирање на програмата дала и Делегацијата на ЕУ во земјава. „Во делот на лагите дека ИПАРД е блокирана од ЕУ, нема поголем демант од ставот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од каде што ...

Турски воен транспортен авион Ц-130 се урна денес на границата меѓу Грузија и Азербејџан, соопшти турското Министерство за одбрана. Во објавата на министерството на социјалните мрежи се вели дека авионот полетал од Азербејџан кон Турција и дека веднаш се започнати операции за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти, објави турскиот весник „Хуриет“. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја ...

Повторените нарушувања на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на Русија не треба да се толерираат бесконечно и мора да се реагира со сила, изјави денес чешкиот претседател, Петр Павел. Павел за време на дискусијата со средношколци во регионот Карлови Вари рече дека верува оти е потребен соодветен одговор за нарушувањето на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО и дека на Русија мора да ѝ се покаже сила, објави ...

Околу три четвртини од Французите не сакаат поранешниот претседател на земјата, Никола Саркози, да се врати во политиката по неговата затворска казна и ослободување. Според анкетата на агенцијата Ifop, околу 73 проценти од Французите изјавиле дека не сакаат да го видат Саркози назад во политиката, при што околу 82 проценти од луѓето под 35 години не сакаат да го сторат тоа. Скоро сите општествени категории делат слично мислење, при што ...

Денес, студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот одржуваат протест пред зградата на Генералштабот, со порака дека ќе го бранат со своите тела симболот на Белград од најавеното рушење заради изградба на хотел „Трамп“. „Тука сме да се спротивставиме на самоволието на еден човек, кој одлучи да го даде Генералштабот на истите Американци што го рушеа“, коментираат учесниците во протестниот марш кои ...

Ловџија од Конче вчера починал откако во него друг ловџија од небрежност испукал еден истрел што го погодил во пределот на стомакот и раката. Двајцата заедно со уште неколкумина други ловџии биле во лов на дивеч без да поседуваат дневни дозволи за лов. Како што соопшти МВР, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за лицето што пукало поради сомнение за сторено кривично дело „убиство од небрежност“, од сите инволвирани се одземени ...

Главното јавно обвинителство во Истанбул објави дека подготвило обвинение против 402 осомничени, од кои 105 се приведени, за кои се вели дека се членови на „криминалната организација“ на суспендираниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој беше осуден на 20 месеци затвор во јули оваа година за навреда и заканување на главниот обвинител откако беше уапсен по обвинение за корупција. Обвинението од 3.900 страници бара затворска казна ...

30-тата годишна Конференција на ОН за климатски промени започнува во понеделник во бразилскиот град Белем, во амазонската прашума, а домаќините очекуваат околу 50.000 учесници во текот на речиси две недели тешки преговори. Повеќе од 190 земји ќе разговараат за тоа како да се ограничи климатската криза и нејзините разорни последици, вклучувајќи почести и потешки суши, бури, шумски пожари и поплави. Разговорите на конференцијата, позната како ...

Еден од симболите на американската историја е планината Рашмор. На неа се врежани главите на четирите големи американски претседатели. Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, кралот на земјата, Рафаел Надал беше прашан во Мајами кои четири тенисери, според него, заслужуваат да бидат врежани на тениската планина Рашмор. „Веројатно Род Лејвер, Ѓоковиќ, Федерер и јас, да бидам искрен. Доволно сум скромен, но да бидам јасен морам да се ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
59%
1025
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
75%
1020
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
3.6
70%
1020
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
59%
1024
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
2.22
69%
1023
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 0ᴼ
4.63
81%
1022
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.79
24%
1025
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
53%
1027
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
52%
1027
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -5ᴼ
3.13
71%
1023
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -6ᴼ
2.57
88%
1019
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
60%
1025
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Кобалт

59.52

Платина

74245.83

Родиум

318292.39

Алуминиум

3.17

Калај

48.40

Иридиум

174307.10

Рутениум

44946.74

Бакар

12.02

Сребро

2756.60

Паладиум

57839.19

Злато

147673.55

Цинк

3.15