Од Министерството за надворешни работи на Бугарија наведуваат дека прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците што се очекува од Скопје е внатрешно прашање на С Македонија и оти тоа не е тема на билатералните односиМицкоски во саботата изјави дека Акцискиот план за правата на малцинствата е изготвен, но оти наишол на забелешки, односно не бил прифатен од Бугарија. Вчера, одговарајќи на новинарски прашања даде ...

Министерството за надворешни работи реагираше на изјавите од официјална Софија во врска со Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на заедниците. Од МНР порачаа дека Северна Македонија останува доследна на европските принципи и на меѓусебната почит меѓу соседите и очекуваат истиот пристап да биде применет и од бугарска страна — особено кога станува збор за признавање и уважување на македонскиот јазик. ...

Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 14 степени. Вo среда ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден ...

Бадник – денот пред Божиќ, 6 јануари е денот со кој веќе започнува Божиќната прослава. Рано наутро се оди во шума по бадникови гранчиња (во градовите најчесто се купуваат). Потоа жените ја приготвуваат трпезата за Божиќ. Бадниковите гранчиња обично се од младо дабово дрво кое се сече на Бадник и се носи пред домот, покрај влезната врата, каде што стои до вечерта. Бадниковата вечер практично ги спојува Бадник и Божиќ. Навечер, кога ќе падне ...

Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 34-ти пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи манифестацијата Бадник 2026. Според најавите од организаторите, како и минатата година делењето бадникови гранчиња ќе се одвива во дворот на Храмот од страната на булеварите „Партизански одреди“ и „Св. Климент Охридски“. Кум на годинашното одбележување е бизнисменот Зоран ...

Церебралната парализа е сериозна болест која бара мултидисциплинарен пристап. Каква улога игра физиотерапијата во лекувањето на оваа болест кај децата? Честопати децата имаат грчеви во мускулите, но кога треба навистина да се загрижиме дека нешто не е во ред со здравјето на детето? Како помага масажата во ублажување на мускулните грчеви? Наш гостин е Илија Жежов – физиотерапевт. Церебралната парализа е сериозна болест која бара ...

Инфекциите на горниот респираторен тракт се многу чести, особено во зимскиот период. Најчести причинители се вирусите, но здравствените компликации доаѓаат од бактериите. Како треба да се лекуваат вирусите? Дали постојат природни додатоци, или состојки кои можат да ни помогнат? Колку ни помагаат антибиотиците? Наш гостин е проф. д-р. Дејан Докиќ – пулмоалерголог Инфекциите на горниот респираторен тракт се многу чести, особено во зимскиот ...

Денеска од просториите на клиниката Систина Офталмологија зборуваме за „Аблација на Ретината и Витректомијата како хируршка интервенција“. Во разговорот со др. Илир Османи – спец. офталмолог ќе ги дознаете најчестите симптоми, причините зошто доаѓа до аблација на ретината и кои се ризик факторите? Дали операцијата е секогаш единственото решение? Како и колку редовните посети на офталмолог помагаат за спречување на оваа болест? Денеска од ...

Дуелот меѓу победникот на Копа Америка, Аргентина и европскиот шампион, Шпанија, популарно наречен “Финалисима” конечно го дозна датумот на своето одигрување. По големиот број перипетии се најде слободен термин во календарот за одигрување на овој меч. Дуелот ќе се одигра на 27. март следната година на стадионот “Лусаил” во Катар. Дуелот меѓу победникот на Копа Америка, Аргентина и европскиот шампион, Шпанија, популарно наречен “Финалисима” ...

Вработените во Управата за водење на матични книги за утре најавија бојкот на работата – вработените ќе бидат на своите работни места, но нема да ги извршуваат своите работни обврски. Причината е поради тоа што надлежните не ги потпишуваат колективните договори за покачување на платата, доколку и понатаму нема слух најавија и генерален штрајк. Вработените во Управата за водење на матични книги за утре најавија бојкот на работата – ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг. Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Малопродажните цени на ...

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска при посетата на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември. – Една од точките ...

Русија ќе бара клучни промени во најновиот мировен план на САД за завршување на војната во Украина, вклучително и дополнителни ограничувања за украинските вооружени сили, вели во изјава за „Блумберг“ извор близок до Кремљ. Тој додава дека Москва на документот од 20 точки изготвен од Украина и САД гледа како на почетна точка во натамошните преговори со оглед на тоа што не содржи одредби важни за Русија. Меѓу барањата на Русија се гаранции ...

Администрацијата на американската сојузна држава Калифорнија прогласи вонредна состојба во Лос Анџелес и во неколку окрузи во јужниот дел на државата, поради обилните дождови што предизвикаа поплави. Во јужна Калифорнија е прогласено највисоко ниво на подготвеност за можна евакуација на населението. Во три града во округот Лос Анџелес беше издадено предупредување за појава на торнадо, но подоцна тоа беше укинато. The rain storm in Los Angeles ...

Американските власти открија уште повеќе од еден милион документи потенцијално поврзани со покојниот педофил Џефри Епштајн, кои планираат да ги објават во наредните денови и недели, велат официјални лица. ФБИ и федералните обвинители во Њујорк го информираа Министерството за правда за откритието. „Имаме адвокати кои работат деноноќно за да ги разгледаат и направат законски потребните измени за заштита на жртвите, и ќе ги објавиме документите ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговата ќерка Џу Ае присуствуваа на пробно лансирање на ракета со долг дострел земја-воздух. Како што објави Севернокорејската новинска агенција (КЦНА), ракетата уништила цели во воздухот на растојание од 200 километри. Здружениот генералштаб на Јужна Кореја потврди дека Северна Кореја тестирала ракета. Ким, исто така, посетил градилиште на друга локација, каде што се гради нуклеарна подморница од 8 700 ...

Турските безбедносни сили приведоа 115 осомничени членови на Исламска држава, кои се осомничени дека планирале напади за време на прославите на Божиќ и Нова Година во оваа земја, објави денеска Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул. Истанбулската полиција добила информации дека членови на Исламска држава планираат напади во Турција, особено против немуслимани за време на прославите на Божиќ и Нова Година, објави обвинителството на ...

Во својата прва божиќна порака во четврток, папата Лав XIV ги повика Русија и Украина да најдат „храброст“ за директни разговори и зборуваше за тешката хуманитарна ситуација во Газа. Американскиот понтиф, избран од кардиналите во мај по смртта на неговиот претходник, папата Франциск, исто така ја осуди „бесмисленоста“ на војната и „урнатините и отворените рани“ што ги остава зад себе. Обраќајќи се пред околу 26000 луѓе собрани на плоштадот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека воените сили на земјата извршиле воздушни напади во позиции на милитантите на Исламска држава (ИД) во северозападниот дел на Нигерија, пренесоа светските медиуми. Нападите доаѓаат откако администрацијата на САД изминатите неколку недели упати закани кон групата, обвинувајќи ја дека врши масакри врз претежно христијанско население. Трамп, синоќа, информирајќи за нападите во објава на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека се согласил да одржи средба со американскиот претседател Доналд Трамп во блиска иднина. „Шефот на украинскиот преговарачки тим за мировниот предлог за Украина, Рустем Умеров, извести за своите најнови контакти со американската страна. Не губиме ниту еден ден. Се договоривме за средба на највисоко ниво со американскиот претседател Трамп во блиска иднина. Многу работи може да се ...

Специјализираниот брод „Оушн Инфинити“ се упати кон западниот брег на Австралија за да продолжи со потрагата по патничкиот авион „Боинг 777“ на летот MH370 на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна во 2014 година со 227 патници и 12 членови на екипажот. По прегледот на податоците од поморскиот надзор, 86-метарскиот „Армада 86 05“, кој плови под знамето на Сингапур, го напушти сидрото во близина на пристаништето Квинана и се упатува кон јужниот ...

Некогаш симбол на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата, украинската нуклеарна централа Чернобил повторно се најде во центарот на загриженоста за последиците од војната. Од руската инвазија на Украина во 2022 година, Киев предупреди дека нападите во близина на нуклеарните постројки претставуваат сериозен безбедносен ризик, а ситуацијата во Чернобил покажува колку се оправдани тие стравувања. Во февруари оваа година, руски дрон ја ...

Неодамна, повиците за слабеење или дури и распуштање на Европската Унија се сè почести во делови од американскиот политички спектар, особено оние блиски до администрацијата на претседателот Доналд Трамп. ЕУ е опишана како бирократски проект кој наводно го уништува националниот идентитет и суверенитет на европските држави. Сепак, како што предупредува анализата на порталот Политико, ваквите позиции ги игнорираат историските и политичките ...

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, верува дека Европската Унија не треба да стане целосно независна од САД во одбраната, и покрај ставот што го зазеде администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп по ова прашање. САД очекуваат Европа да преземе поголема одговорност и да троши повеќе пари за одбрана, изјави Руте во интервју за ДПА. „Апсолутно сум убеден дека САД се целосно посветени на НАТО. Нема сомнение за тоа. Очекувањата ...

Професионалната посветеност, научната продуктивност и континуираниот стремеж кон извонредност на д-р Фанка Гилевска, офталмолог во Промедика Офталмологија, се крунисани со високо академско признание – Деканова награда на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Загреб. Д-р Гилевска во 2024 година успешно го одбрани својот докторски труд на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Загреб, на тема “Impact of the postoperative corneal ...

Високите дози на витамин Ц би можеле да им понудат на нашите бели дробови значителна заштита од штетните ефекти на фините честички во воздухот, познати како PM2.5. Овие загадувачи, именувани по нивната големина од само неколку микрометри, се поврзани со сериозни здравствени проблеми како што се астма и рак на белите дробови, а новото истражување нуди надеж за едноставно и ефтино решение. Како витаминот Ц ги штити белите дробови? Научниците од ...

Малолетниците во земјава дневно поминуваат и до пет часа на интернет. Загрижувачките резултати од истражувањето на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) покажаа дека свесноста за безбедноста на децата не е високо ниво. Затоа, Агенцијата повика на конкретни политики, едукација и кампањи за дигитална одговорност. Сите овие заложби се дотолку повеќе потребни, што паметните телефони може да предизвикаат низа здравствени проблеми, а како што ...

Во кумановската болница на детското одделение хоспитализирани се 35 дечиња, информираа денеска педијатрите од установата. Поголем дел се со температура, грип, компликации од респираторни вирози, бронхит и бронхопневмонии. – Најмалото пациентче е доенче, три недели, две деца сè со потешка клиничка слика, едното е на кислородна терапија, другите се стабилни и се надевам дека пред празниците ќе си бидат во домовите, изјави началничката на ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во девет новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни од по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна. – Со контролата спроведена на 22 овој месец, ...

За многу луѓе, вклопувањето на тренингот во текот на денот може да биде тешко, оставајќи ги утрото или вечерта како единствени опции. Меѓутоа, во тој случај, што е подобро за сонот и нивото на енергија? Експертите имаат свое мислење. Според „Здравје“, утринската активност може да ви помогне да останете во распоред. Арсенио Паез, научник и извршен директор на Канадското здружение за спиење, генерално верува дека утринската физичка активност ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
69%
1026
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
3.09
63%
1025
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
3.6
67%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.67
84%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.83
79%
1024
weather icon

Атина

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
74%
1027
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -1ᴼ
2.68
91%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
2.57
71%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 3ᴼ
5.66
72%
1029
Currency

61.6417

Currency

52.1215

Currency

70.3089

Currency

37.0795

Currency

38.2017

Currency

67.8004

Currency

7.59994

Currency

0.67429

Currency

0.33454

Currency

0.52478

Currency

1.18966

Currency

0.57406

Злато

166739.88

Сребро

2882.64

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Родиум

380986.35

Алуминиум

3.15

Паладиум

57839.19

Иридиум

212342.22

Бакар

12.31

Платина

75972.21

Калај

53.83

Цинк

3.34