Белград
2ᴼ /
1ᴼ
Словачкиот парламент усвои амандман на законот за сообраќај со кој ќе се воведе ограничување на брзината од шест километри на час за пешаци, велосипедисти, скејтбордери и тротинети на тротоарите во урбаните средини од 1 јануари 2026 година. „Главната цел е да се зголеми безбедноста со оглед на зголемениот број инциденти со тротинети“, изјави Љубомир Важни од партијата Смер, која е дел од владејачката коалиција на словачкиот премиер Роберт Фицо, ...
Синоќа, околу 20:30 часот, на улицата „Перо Наков“ во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото на настанот, соопшти МВР. Од ударот, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР. На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на ...
Седум лица, меѓу кои и четворица полицајци, беа уапсени во Босна и Херцеговина во среда под сомнение за трговија со луѓе, потврдија полициски извори. Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот округ потврди дека рации и апсења биле извршени во утринските часови во областите Живинице, Бановиќи и Калесија. Седум лица беа уапсени по наредба на окружниот суд, од кои четворица се полицајци во Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот ...
Дигитализацијата е новата енергија на управувањето, создавајќи ефикасност, транспарентност и отпорност во сите сектори, особено во енергетиката, порача денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје. Андоновски ја ...
Најмалку 60 лица, од кои многу деца, беа убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во текот на ноќта, соопштија локални болнички претставници. Нападите се случија откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да изврши „силни напади“ врз Газа, обвинувајќи го Хамас за кршење на прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври, објави АП. Israeli regime violates the ceasefire, carrying out heavy airstrikes ...
Во чест на 80-годишниот јубилеј, Македонската филхармонија синоќа одржа концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена – еден од најзначајните храмови на класичната музика во светот. Касинос Австрија Интернешенал Македонија со гордост ја поддржа оваа исклучителна музичка вечер, потврдувајќи ја својата долгорочна заложба за унапредување на културниот живот и промоција на македонската уметност пред светот. Настапот под диригентство ...
Нема повредени во синоќешната пукотница во населбата Брезје – Жабјак во близина на Ново Место, пренесуваат словенечките медиуми. Полицијата вчера вечерта околу 20:30 часот добила пријави дека има пукање во населбата Брезје – Жабјак. Полициската управа од Ново Место соопшти оти граѓаните пријавиле дека се слушнале неколку поединечни и рафални истрели. На местото на настанот биле испратени неколку полициски единици, како и припадници на ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес повтори дека е „прилично јасно“ дека Уставот на САД не му дозволува да се кандидира за трет претседателски мандат и нагласи дека е „штета што е така“, но дека ќе „види што ќе се случи“. „Врз основа на она што го прочитав, претпоставувам дека не ми е дозволено да се кандидирам, па ќе видиме што ќе се случи“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ на пат кон Јужна Кореја, ...
Зголемувањето на глобалните температури убива по едно лице секоја минута низ целиот свет, а стапката на смртни случаи поврзани со топлината се зголеми за 23% од 1990-тите, дури и откако ќе се земе предвид растот на населението, според извештајот за влијанието на климатската криза врз здравјето, напишан од професори од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) и Универзитетот во Сиднеј. Во извештајот се вели дека зависноста од фосилни горива ...
Ураганот Мелиса стигна до јужниот брег на источна Куба во неделата како ураган од категорија 3, соопшти Националниот центар за урагани на САД (NHC). Мелиса беше околу 95 километри западно-југозападно од Гвантанамо, Куба, со максимални ветрови од 195 километри на час, објави Асошиејтед Прес. Повеќе од 735.000 луѓе се евакуирани, изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел. Тој рече дека бурата ќе донесе „многу тешка ноќ“, но изрази увереност ...
Според договорот меѓу Кина и САД, кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Бусан, Јужна Кореја, утре, 30 октомври, по локално време, соопшти денес кинеското Министерство за надворешни работи. Двајцата претседатели ќе разменат мислења за билатералните односи и прашања од заеднички интерес на средбата, изјави портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи. Трамп, кој денес пристигна во ...
Експерт за сајбер безбедност ги предупреди корисниците да ги проверат своите сметки откако беше откриено масовно протекување на податоци што може да содржи милиони украдени лозинки. Австралискиот експерт Трој Хант откри дека количината на податоци што се вклучени е дури 3,5 терабајти. Хант предупреди дека „огромната колекција“ на компромитирани податоци вклучува е-адреси од „сите главни даватели на услуги“. Во разговор за Mail Online, тој ...
Александар Медарски, директор на брендот Мидеа и Игор Рибески, проект менаџер на Сетек Солар, ги презентираат иновациите што носат заштеда, одржливост и енергетска независност. Компанијата Сетек, долгорочен партнер на брендот Мидеа, ќе се претстави на претстојниот саем Енерго Технома 2025, водејќи се од стратегијата за промоција на енергетската ефикасност и одржливите технологии на македонскиот пазар. На овој водечки настан во регионот, кој ги ...
СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека ништо нема да го загрози примирјето меѓу Израел и палестинската милитантна организација Хамас во Газа, и покрај обновеното насилство на територијата, јави ДПА. Во разговор со новинарите во авионот „Ер форс уан“ на пат од Јапонија кон Јужна Кореја, Трамп рече дека Израел има право да одговори на нападите. „Хамас уби еден израелски војник. Значи, Израелците возвратија удар. И треба да ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на отворањето на осмото издание на Парискиот мировен форум којшто годинава се одржува на тема „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата“. Таа, како што информираат од нејзиниот кабинет, ќе говори на сесијата „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните генерации“, на која ќе се дискутира – како подлабоката регионална соработка може да создаде конкретни можности за ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вчера оствари средба со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори. На состанокот беа разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ги презема во пресрет на изборниот ден. Директорот Јанев нагласи дека обврската на полицијата е јасна – да обезбеди мирен, безбеден и демократски изборен процес, при што се ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, како и против управителот за отпад за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје. Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Против осомничените, како што информира ...
Екипата на Баерн дојде до третата победа во Евролигата откако го победи Реал на домашен терен со 90-84. Германскиот првак одигра одлично второ полувреме во кое на Реал му дозволи само 27 поени и тоа беше клучно за големиот триумф. Гостите во првиот дуел не само што го диктираа темпото, туку имаа предност и од 16 разлика во финишот од вториот период (57-41). Баерн потоа направи две серии од по 8-0, а пред крајот на третата четвртина веќе го ...
Американскиот гигант во онлајн малопродажба „Амазон“ објави дека ќе отпушти околу 14 000 вработени како дел од поширокото реструктуирање, делумно поттикнато од инвестициите на компанијата во вештачка интелигенција. Официјалната причина за овој потег е желбата на компанијата да ги намали трошоците и да работи како најголемиот стартап во светот. Целта на извршниот директор на „Амазон“, Енди Џаси, е компанијата да остане агилна за да може брзо да ...
Едно дете загина, а седум деца и еден маж се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Нови Сад – Белград утрово по три часот. На автопатот Нови Сад – Белград околу 3:30 часот наутро, по наплатната рампа во правец на Белград, се случила тешка сообраќајна несреќа кога комбе излетало од коловозот, пробило заштитна ограда и паднало во канал. Три екипи за итни случаи беа испратени на местото на настанот и интервенираа на ...
Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во учичишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки. – Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се ...
По ведрото и студено утро, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер од јужен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од -4 до 4 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 14 до 20 степени. Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ...
Месечниот хороскоп за ноември 2025 година ве води низ космичките влијанија што го обликуваат вашиот живот во различни области, вклучувајќи ја љубовта, кариерата, здравјето и личниот раст. Истражете што ѕвездите ви подготвуваат во ноември 2025 година. Ноември 2025 година ветува дека ќе биде полн со настани и трансформација за многу хороскопски знаци. Овој месец ќе донесе нови можности, неочекувани откритија и промени што ќе влијаат и на вашиот ...
На 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, министерката за енергетика Сања Божиновска порача дека енергетската отпорност денес значи способност системите да издржат и да се прилагодат на глобалната неизвесност и геополитичките предизвици. Таа истакна дека иднината припаѓа на диверзифицирани, одржливи и сигурни енергетски решенија и дека енергетската транзиција не е само технолошки, туку и општествен процес што бара храброст и ...
Од Општата болница во Охрид велат дека прво ќе се изврши санација, а потоа што побрзо ќе се стави во функција. Станува збор за објект со површина од 690 м², каде ќе се преместат дел од амбулантските одделенија. „Сепак, тука се соочуваме со некои административни проблеми, бидејќи тој објект е евидентиран како привремен, а не како траен објект, и јас веќе сум во напредна фаза заедно со Општина Охрид за да ги надминеме тие административни пречки, ...
Превентивните прегледи се најдобриот начин за рано откривање или спречување на многу заболувања, уште пред појавата на првите знаци или симптоми. Водени од искусен лекар и насочени индивидуално според вашите лични карактеристики, пол, возраст, медицинска и семејна историја, тие можат да откријат ризик- фактори за вашето здравје и да спречат развој на хронични заболувања. Ваквиот пристап овозможува превенција на болести и рано откривање со цел ...
Примероци земени од Кина од далечната страна на Месечината открија седум фрагменти од астероиди кои потекнуваат надвор од земјиниот систем, менувајќи го разбирањето за потеклото на водата и животот во Сончевиот систем. Кинеската мисија Chang-e-6, која ги врати првите примероци од темната и мистериозна далечна страна на Месечината во јуни 2024 година, откри нешто што никогаш порано не е забележано: остатоци од антички вонземјани кои не ...
Образованието е основа за раст и иновации. Јужна Кореја, Финска, Данска, Сингапур, Канада, Германија и Холандија го предводат глобалното образование во 2025 година. Тие комбинираат иновации, пристапност и силно управување за да создадат ученици подготвени за иднината. Дознајте повеќе подолу. Јужна Кореја – Академска извонредност и технолошка интеграција Јужна Кореја е рангирана на прво место во светот по квалитет на образованието во 2025 ...
Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Притворот е изречен за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради ...