Вкупно 27 пожари на отворен простор се регистрирани до 08:00 часот утрово. Од нив активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 24, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, Општина Македонски Брод, каде е зафатена мешана шума, како и во селата Лојане и Табановце, Општина Куманово и Липково, каде гори ниска вегетација и мешана шума. Под контрола е пожарот помеѓу селата ...

Пожарникари, полицајци, војници, вработени во национални шуми, во резерватот Јасен, во Дирекцијата за заштита и спасување и волонтери и денеска се борат со големиот пожар во овој национален парк, најголем по обем од 10-те пожари на отворен простор кои во моментов се активни во земјва. Овие луѓе преживеаја нова драматична ноќ, откако не дозволиле пламените јазици да преминат преку шумски пат, со што за момент е отстранета опасноста пожарот да го ...

Вкупно 10 пожари на отворен простор се регистрирани до 12:00 часот. Од нив активни се шест, еден е под контрола, а изгаснати се три. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во „Јасен“ каде гори мешана шума, во Општина Долнени помеѓу селата Лажани и Кошино каде е зафатена ниска вегетација, во Општина Лозово, село Бекирлија каде гори смрека, во Општина Куманово, серло Романовце каде е зафатена ниска вегетација ...