Јаник Синер не дозволи изненадување на својот прв настап на Мастерсот во Париз, победувајќи го Зизу Бергс со 2:0 во сетови. Италијанскиот тенисер остана деведесет минути на теренот, период во кој без поголема драма славеше над белгискиот ривал и се пласираше во следната рунда на престижниот турнир. Почетокот на мечот донесе неизвесен прв гејм, во кој по долга борба Синер успеа да направи брејк, а таа предност ја задржа до крајот на сетот за 6:4. ...

Јаник Синер беше подобар од Белгиецот Зизу Бергс со 6-4, 6-2 и се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Париз. На Италијанецот му треба да го освои овој турнир од Мастерс АТП 1000 серијата за да се искачи на првото место на светската ранг-листа. Тоа му го овозможни киксот на Карлос Алкарас, кој испадна во првото коло од Камерон Нори. Мастерсот во Париз се игра на тврда подлога во сала, а Синер на ваква подлога во затворено има серија од 22 ...