ДУИ вечерва потврди дека Али Ахмети утре ќе присуствува на лидерската средба што ја свика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. Од партијата засега не го откриваат ставот околу укинувањето на техничката влада што го предлага Мицкоски. Портпаролката на ДУИ, Арта Зендели Биљали, откако заврши состанокот на новиот Генерален совет на ДУИ, кој траеше два и пол часа, соопшти дека едногласно е одлучено Ахмети да оди на ...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска за првпат учествуваше на лидерска средба свикана од премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека партијата ја прифатила поканата бидејќи средбата се одржува во рамки на институциите, а не во „хотели во Маврово или амбасади“. Апасиев нагласи дека главен приоритет на Левица е итна промена на Изборниот законик. Според него, ова е неминовно пред какви било следни избори, бидејќи неговата партија е ...

Попладнево точно во 12 часот започна лидерската средба побарана од страна на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На средбата присуствуваат Христијан Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ), Биљал Касами (Вреди), Димитар Апасиев (Левица), Али Ахмети (ДУИ) и Горан Минчев (ЗНАМ). Главни теми на состанокот се очекува да бидат укинувањето на техничката влада, изборните реформи со фокус на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и изборот на нов Народен ...

По еднонеделна политичка врева околу неочекуваниот повик на премиерот Христијан Мицкоски за лидерска средба на која ќе се разговара за укинувањето на техничката влада, реформските закони и други прашања (промената на уставот не беше спомената) денеска точно напладне во Клубот на пратеници седнаа само петмина политичари. Освен Мицкоски (како претставник на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ), таму беа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, ...

Денешната лидерска средба во Клубот на пратеници послужи и како неофицијална изложба на возниот парк на политичките првенци. Додека дел од лидерите се одлучија за луксуз и моќни машини, други се појавија со значително поскромни возила. Најголемо внимание привлече лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој на средбата пристигна со најстариот автомобил – Пасат од 2021 година. Од друга страна, вистински луксуз демонстрираа лидерот на Беса, Биљал ...

Помеѓу

17 минути - Окно
-