Светиот маченик Тријандафил бил од Проватија, Тракија. По занает бил морнар, едноставен и скромен човек, но со силна вера во Христа. На осумнаесетгодишна возраст бил фатен од Турците и со маки теран да се потурчи. Тој не се поколебал, туку храбро ја исповедал верата во Христа и затоа бил убиен. Својата маченичка смрт ја примил на 8 август (21 август по нов стил). Светиот маченик Анастасиј бил од Родос, а живеел во XVII век. Иако бил мирен ...

Свети Анастасиј Радовишки или свети Спасо Радовишки (Радовиш 1774 – Солун 11 септември 1794) е словенски светител – новомаченик. На дваесет години родителите го испратија во Солун да учи занает. Таму го присилуваа да прими ислам, а откако не се откажа од својата вера, беше жестоко измачуван. Но тој ги поднесе сите страдања и најпосле, одејќи кон за него приготвената бесилка, измачениот Анастасиј падна и ја предаде својата душа на Господа. По ...