Европските лидери сакаат САД, со притисок, да го натераат рускиот претседател, Владимир Путин, да седне на преговарачка маса и да прифати еднаш засекогаш да ги заврши неговите империјалистички амбиции. Ова за француското радио Франс Интер го изјави францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро. Тој изјавата ја даде по одржувањето на самит на европските лидери во Лондон, за завршување на војната во Украина на која прируствуваше и ...

Европа не треба да се откаже од американската помош во нуклеарното одвраќање, изјави денеска во Брисел германскиот канцелар Олаф Шолц. Препорачано Зборувајќи за понудата на Франција за проширување на заштитата што нуклеарниот арсенал на земјата им ја нуди на европските партнери, Шолц рече дека „она што го имаме во однос на нуклеарното учество, мислам дека не треба да се откажеме од тоа“, пренесува Ројтерс. САД претходно рекоа дека Европа мора ...

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот го назначи ветеранот дипломат Александар Дарчиев за амбасадор во Соединетите држави , за да го води зближувањето меѓу двете земји, потег што ги запрепасти Украина и европските сојузници на Вашингтон.Министерството за надворешни работи минатата недела соопшти дека Вашингтон дал зелено светло на состанокот меѓу руските и американските претставници во Турција за назначувањето на Дарчиев , кој сега ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го назначи високиот дипломат од кариера Александар Дарчиев за нов руски амбасадор во САД, со задача да работи на приближување меѓу двете земји. Руското Министерство за надворешни работи минатата недела објави дека на состанокот на руската и американската делегација во Турција, САД го одобриле назначувањето на Дарчиев, кој досега беше шеф на одделот за Северна Америка на руското МНР. Русија нема ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во телевизиско обраќање до нацијата дека следната недела во Париз ќе се одржи состанок на началниците на генералштабовите на европските земји кои се подготвени да гарантираат за идниот мир во Украина. „Без разлика дали мирот во Украина ќе се постигне брзо или не, европските држави мора да бидат способни подобро да се бранат или да одвратат каква било нова акција. Мора да ја зајакнеме нашата одбрана. ...