Поп-пејачката Тамара Тодевска годинава ќе настапи на новогодишниот концерт на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде што заедно со Каролина Гочева и со уште низа домашни изведувачи ќе ги внесе граѓаните во Новата 2026 година. Со Тамара зборувавме за подготовките за новогодишниот настап, празничната магија во Скопје, детските спомени, мајчинството, за подлабокото значење што празниците го носат со себе – радоста, но и за тагата, благодарноста и ...

Во снежната Лапонија, на работ од Арктичкиот круг, Дедо Мраз и неговите џуџиња ги прават последните подготовки за божиќната ноќ. Во селото на Дедо Мраз, близу финскиот град Рованиеми, иако сонцето изгрева дури околу 11 часот, празничната атмосфера е веќе во полн ек. Дедо Мраз вели дека децата во најголем дел биле добри оваа година и порачува дека најважно е сите да се трудат да бидат љубезни. Џуџињата откриваат дека децата и годинава најчесто ...

Дали треба да се верува во ликот на Дедо Mраз или тој изгубил секаква смисла и моќ? Секогаш се сеќаваме со убави спомени и емоции кога како деца верувaвме во симпатичниот Дедо кој вози санка и ги посетува домовите. Кога со нетрпение го очекуваме утрото кога во чизмата на прозорецот, да ни остави подароци. Зошто е важно децата да веруваат во Дедо Мраз? Бајките постојат и одсекогаш постоеле за развивање на фантазијата и имагинацијата. Тие се ...

АУДИО ВЕСТ: Getting your Trinity Audio player ready... Дедо Мраз може да ги обиколи сите христијански деца и да им подели пакетчиња во текот на еден ден, како што се наведува во приказните и филмовите, соопшти физичарот Метин Толан од Дортмунд, повикувајќи се на принципите на квантната физика. Толан во својата книга „Тивка ноќ, света ноќ“ наведува дека Дедо Мраз би морал да извршува 2.708 посети во секунда за да достави подароци во 234 милиони ...

Дали одржувањето на митот за Дедо Мраз е невина празнична игра или свесна измама што ја нарушува довербата меѓу родителите и децата? Ова прашање сè почесто се поставува во современото општество, кое ги преиспитува дури и најдлабоко вкоренетите детски приказни. Во време кога се прави селекција на некои бајки и се забрануваат некои филмски класици, на ред дојде и Дедо Мраз, белобрадиот и добродушен дедо кој им носи подароци на добрите и послушни ...