Скопје, 3 февруари 2025 (МИА) - Во СВР Скопје денеска во 6 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје било опожарено патничко возило „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.В.(45) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 02.02.2025 околу ...
Скопје, 6 февруари 2025 (МИА) - На 05.02.2025 околу 20.00 часот на бензинска пумпа на влезот на Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен пиштол „зораки 917-Т“. Лицето било предадено во Полициска станица Куманово за ...
Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Е.В.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 23.01.2025, со судска ...
Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Вчера во 13:40 часот на место викано Брежјето во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода С.Д.(58) од Делчево поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Имено, околу 12:52 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на местото настанал пожар на трева, грмушки и ниска шума. Полициски службеници на местото го ...
Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - СВР Куманово поднел кривична пријава против Б.И.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. МВР денеска соопшти дека на 16.09.2024, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага. СВР Охрид ...
Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - На 04.02.2025 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново - Облешево. Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип - Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново- Облешево. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Лицето било ...