Билетите за реваншот натпреварот меѓу Работнички и Торпедо-Белаз во квалификациите за Конференциската лига, се пуштени во продажба преку онлајн плафтормата на МК Тикетс, информираа од редовите на „романтичарите“. На денот на натпреварот, четврток (17.07) од 14 часот, ќе можат да се купат и на билетарницата на Арената „Тодор Проески“. Дотогаш, билетите по цена од 200 денари за Северната трибина можат да се купат онлајн. На првата средба во ...

Работнички – Торпедо Белаз 0:1 е исходот од реванш мечот на Арената во Скопје доцна попладнево, во меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Стрелец на голот беше Алфред во 15.минута. Ова значи дека тимот од Градски парк со вкупни 0:4 кусо се задржа во Европа, само едно коло, поточно е елиминиран уште на стартот во Европа. Очекувано ако се знае како беше на првиот меч, ако се знае со каков тим денеска, но и на првиот меч, истрча ...

Да.Ни Ч од чудо од Работнички попладнево, барем во првото полувреме на реваншот со Торпедо Белаз на Арената во Скопје. Водство на гостите од 0:1 со голот на Алфред во 15.минута, иако претходно гостите од Белорусија имаа уште две големи шанси. Сепак на пауза се замина со 0:1, значи со вкупни 0:4. Ова значи дека на Работнички му останува само уште едно полувреме колку толку да го поправи впечатокот зошто она што го одиграа во првиот дел момците ...

Скопје, 16.јули 2025 (МИА) - Негатива од три разлика ќе се обидат да надополнат фудбалерите на Работнички на реваншот со Торпедо Белаз во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Во таборот на скопјани подготвени се да го надполнат минусот. - Нѐ очекува реванш против Торпедо-Белаз, сега имаме комплетна слика за ривалот, а се надеваме дека ние ќе одиграме многу подобро отколку на првиот меч. Нема да размислуваме за резултатот, ...

Македонскиот прволигаш Работнички ги пушти во продажба картите за возвратниот натпревар против Торпедо Белаз, кој се игра во рамки на квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Дебармаалци ја информираат јавноста дека билетите се во продажба преку мрежата на „МК Тикетс“ и истите чинат 200 денари. На денот на натпреварот, влезниците ќе можат да се купат и на билетарата на арената „Тодор Проески“. Продажбата ќе започне во 14:00 часот. ...