Претседателот на САД Доналд Трамп повторно ги вознемири европските сојузници со најава дека од 1 август ќе воведе царини од 30% на увозот од ЕУ, што според еврокомесарот за трговија Марош Шефчович би ја направило трансатлантската трговија речиси невозможна. „Царина од 30% или повеќе би имала огромен ефект – би било речиси невозможно да се продолжи со постојната трговија, која моментално изнесува **4,4 милијарди евра дневно,“ изјави Шефчович во ...

Брисел, 14 јули 2025 (МИА) - Европската Унија подготвува дополнителни контратарифи за увоз од САД во вредност од 72 милијарди евра (84 милијарди долари), изјави денеска комесарот за трговија на ЕУ, Марош Шефчович, по новите тарифи што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп. ЕУ сè уште се надева дека ќе најде договорено решение во спорот со Вашингтон околу наводните трговски нерамнотежи и заканите за зголемување на тарифите и дека ќе ...

Еврокомесарот за трговија, Марош Шефчович, изјави дека американските давачки од 30 проценти за увоз на европски производи, практично ќе ја оневозможат размената меѓу САД и Европската Унија, истакнувајќи дека граѓаните од двете страни на Атлантикот во голема мера ќе бидат засегнати од оваа промена. Тој изјави дека ЕУ со разочарување и жалење го примила писмото од американскиот претседател Доналд Трамп за намерата за воведување на овие давачки, ...