Во текот на денот, семејствата на преживеаните стоеја пред вратите на болницата и чекаа вести за преживеаните. Тие беа повикани во групи да го посетат одделението за хируршка интензивна нега. Во болницата за хирургија „Свети Науми Охридски“ во Скопје се лекуваат 29 пациенти на возраст од 17 до 45 години. На интензивна нега се 7 пациенти, од кои двајца се на респиратор за вештачко дишење. Според директорот Небојша Настов, нивото на изгореници кај ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција изјави дека уште петмина повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе бидат испратени на лекување во Шведска. „Денеска ги испраќаме последните пациенти во странство, двајца одат во Шведска, и после нив уште тројца, и толку завршуваме нема повеќе потреба. Дури очекуваме да почнат да се враќаат од таму“, рече Таравари. Тој напомена дека еден пациент од Клиника денеска си ...

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лекуваат во странство, од трагедијата во Кочани. Како што посочи, во 11.30 часот за Шведска денеска ќе бидат пренесени двајца пациенти, а попладне уште тројца пациенти. Тој напомена дека може да се очекува во текот на следните денови и враќање на одредени пациенти кои се лекуваат надвор од државата. – Последниот транспорт на пациенти е ...

Во текот на изминатата ноќ транспортирани се пациенти во Австрија, Грција, Словенија и Хрватска, а заменик-министерот за здравство Јовица Андоновски, соопшти дека во преговори се за препраќање на уште неколку повредени во пожарот во Кочани во Полска, Шведска, Холандија, Италија, Норвешка. Препорачано На прес-конференција, Андоновски ја соопшти моменталната состојба со повредените – на Пластична хирургија моментално има 17 пациенти, на ...

Кочанските и штипските болници останаа празни – сите пациенти пренесени во Скопје, дел заминуваат на лекување во странство Кочанските и штипските болници останаа празни откако сите 84 пациенти повредени во трагичниот пожар беа пренесени на лекување во скопските клиники, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари. Тој нагласи дека нивната здравствена состојба постојано се менува, а до крајот на денот уште 26 пациенти ќе бидат префрлени во ...