Светителката беше од благороден род. Рано остана вдовица со новороденото дете Кирик. Живееше во Ликаонскиот град Иконија и наполно беше предадена на живот во Христа. Нејзиниот син го крсти веднаш по раѓањето, а кога имаше три години, го научи на верата и на молитва онолку колку што може да прими дете на таа возраст. Кога Диоклецијан нареди да се гонат христијаните, невина крв беше пролеана во градот Иконија во изобилство. Јулита го зеде својот ...

Во времето на Јулијан Отстапник, во тракискиот град Доростол, живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум Римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но, не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот ...

Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабошци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крстна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замрази заради нејзината вера и не ја ...

Охрид, 28. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат споменот на Светите маченици Кирик и Јулита. Дел од моштите на Светите маченици Кирик и Јулита своевремено беа чувани како вредна реликвија во црквата „Света Богородица Болничка“ во стариот дел на Охрид, која датира од 14 век. Во април 2006 година, од оваа црква беа украдени моштите кои биле сместени во сребрен квиот и до денес, не им се знае трагата. Слични случаи на ...

Охрид, 28. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот посветен на „Светите маченици Кирик и Јулита“, во храмот „Света Богородица Болничка“ во Охрид, утрово се служеше утрена богослужба и Света литургија. За време на римскиот цар Диоклецијан кога бил извршен жесток прогон на христијаните настрадала и светата маченица Јулита со својот петгодишен син Кирик. Јулита рано останала вдовица и живеела во градот Иконија. Кога месниот владетел Александар ...

Охрид, 28. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Светата православна црква денес го одбележува поменот на светите маченици Кирик и Јулита. За време на римскиот цар Диоклецијан кога бил извршен жесток прогон на христијаните настрадала и светата маченица Јулита со својот петгодишен син Кирик. Јулита рано останала вдовица и живеела во градот Иконија. Кога месниот владетел Александар разбрал дека Јулита станала христијанка ја повикал и најпрвин со убедување се ...