За состојбата со говорот на омраза во Северна Македонија, денеска ќе се дискутира во рамки на проектот „Борба против говорот на омраза во Република Северна Македонија“, организиран од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, поддржан од Советот на Европа. – Говорот на омраза како малигна општествена појава, е мошне присутен во јавниот дискурс во Република Северна Македонија. Постојаното видоизменување на оваа појава и проникнувањето во ...
Сообраќајката што се се случи меѓу Кичево и селото Трапчин Дол, во непосредна близина на „Сеферов Бунар“ однесе три жртви, а дури осум учесници се повредени. Три лица се загинати, а осум се повредени во сообраќајна несреќа што вечерва во 20:55 часот се случила меѓу три возила на патот Кичево – Гостивар, информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид. Повредените лица се пренесуваат во болницата во Кичево и во комплексот клиники „Мајка ...
Македонските мотоциклисти Синиша Кочоски и Христијан Бузалковски и официјално ќе настапат на една од најтрадиционалните и најпрестижните авто-мото трки во историјата „24 часа Ле Ман“. На денешните квалификации, Кочоски и Бузалковски со својот тим од Чешка, Уни Серв Мото 82“ обезбедија пласман на главниот настан и в сабота ќе возат 24 часа на легендарната авто-мото пакета. Македонците веќе неколку дена се во Франција, каде по неколкуте тренинзи, ...
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, потенцира дека за време на престојот во Обединетите Арапски Емирати ги претставил можностите за инвестирање во нашата земја.„Кога би требало да ја оценам оваа наша посета, би ја оценил со највисока оценка, и во економска и во политичка смисла, бидејќи по долго време, не знам од кои причини, на прекин и пауза во односите што ги имаме со Обединетите Арапски Емирати, ја враќаме таквата блиска, ...
Изминативе денови заедно со тим од Владата и тим од мојот Кабинет, остваривме исклучително квалитетна и успешна посета во Обединетите Арапски Емирати, вели премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи делегацијата. „Посетата ја започнавме со средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати. Следните денови се сретнавме со стопанските комори од Емиратот Шарџа и Дубаи, а потоа имавме исклучително квалитетни состаноци со врвните компании ...
Сподели За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или се дел од организиран криминал и корупција. „Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија на синоќешната седница ја разгледуваше актуелната политичка ситуација во Македонија и случувањата во владиниот партнер, Коалицијата Вреди“, рече портпаролот, Никола Мемов. „Движењето ЗНАМ има конзистентност во ...
Германија ќе го преполови бројот на имигранти од Западен Балкан, според коалицискиот договор на новата демохристијанско-социјалдемократска влада. „Редовната миграција во Германија во рамки на таканареченото Правило за Западен Балкан ќе биде ограничена на 25.000 луѓе годишно“, се вели во коалицискиот договор што Унијата ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) го претставија денеска во Берлин. Правилото со кое им се дозволува на ...
Црвена Звезда направи убав гест и прифати да одигра пријателски натпревар со Вардар среде сезона од хуманитарен карактер поради трагедијата во Кочани. На националната арена „Тодор Проески“ трибините беа одлично пополнети, имаше околу 20.000 фанови и сите средства ќе бидат донирани. По одиграниот натпревар, коментар даде генералниот директор на српскиот тим Звездан Терзиќ. Тој нагласи дека со задоволство ѝ помогнале на Македонија во овие тешки ...
Македонската репрезентација составена од 22 танчари блескаше на Светското првенство во латино танци што се одржа во Варшава, Полска од 11 до 13 април, претставувајќи ја нашата земја со страст, енергија, извонреден талент и танц! На ова високо престижно натпреварување, каде конкуренцијата доаѓа од сите краеви на светот, танчарите на Dancers United освоија вкупно 19 медали – 6 златни, 8 сребрени и 5 бронзени, ставајќи ја нашата земја високо на ...
Вчера во Скопје во една спектакуларна атмосфера пред 25.000 гледачи на Арената “Тодор Проески“, во хуманитарен меч, Вардар и Ц.Звезда одиграа за Кочани. И тоа како имаше што да се види, резултатот од 1:3 веќе е заборавен, најважно беше што беа собрани големи финансиски средства за семејствата на настраданите и повредените лица од катастрофата во Кочани. Генералниот директор на Ц.Звезда, Ѕвездан Терзиќ кој беше со експедицијата на српскиот ...
Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, не го криеше задоволството по фудбалскиот спектакл одржан синоќа во кој српскиот првак муу гостуваше на Вардар во хуманитарен меч од кој сите приходи се наменети за семејствата на жртвите од Кочани. „Горди сме на фактот дека Црвена Звезда беше во можност да помогне на нашата братска Македонија во еден тежок момент, после една така голема трагедија. Посебно ми е мило што стадионот беше ...
Во вечерта кога се играат и реванш натпревари од Лигата на шампионите, очите на македонската фудбалска јавност се насочени кон натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда кој имаше емотивен почеток со минута молк во чест на настраданите во трагедијата. Препорачано По емотивниот почеток навивачите на Вардар на посебен начин и на повеќе јазици се заблагодарија на земјите кои испратија помош за Македонија по трагедијата. ФОТО+ВИДЕО | Eмоции на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, потпиша два меморандуми разбирање во име на македонската влада. Се работи за меморандум за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи. „На средбата беа потврдени добрите билатерални односи и конструктивната ...