Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 20:15 часот во Карловац, животот го загубиле две лица, а три се повредени, соопшти Секторот за внатрешни работи Карловац. Несреќата се случила на обиколницата кај Турањ, при судир на четири патнички возила. Повредените се пренесени со возила на Итната медицинска помош во здравствена установа, каде им се укажува лекарска помош. „На ден 18.04.2025 година, околу 20:15 часот, во Карловац ...
Шок владее вечерва во Хрватска откако во тешка сообраќајна несреќа во близина на Карловац животот го загуби поранешниот фудбалски репрезентативец на оваа земја, Никола Покривач. Првите информации од Хрватска говорат дека станувало збор за верижен судир на четири автомобили, при што две лица починале, а уште три се сериозно повредени. Според неофицијалните информции, тројцата повредени исто така се фудбалери, од кои двајца се наоѓаат во критична ...