Скопје, 20 октомври 2024 (МИА) - Во Скопје денеска во 01.10 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле лицата М.Ј. (55), С.Ј. (51), М.С. (52) и М.Ј. (29) сите од Скопје и Б.Ј. (19) од село Петровец, скопско, поради тоа што во 01.00 часот на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, додека ...
Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - Во СВР Битола на 22.10.2024 во било пријавено дека околу 02 часот во РЕК Битола- рудник Брод-Гнеотино, Е.С.(37) од село Будаково, општина Могила, додека извршувал работни активности како возач на камион за транспорт на јаглен, удрил во мост на транспортна лента, при што се здобил со повреди. За настанот е известен трудов инспектор, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола. На 22.10.2024 во 12:45 часот во СВР ...
Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово денеска во 08.50 часот во Тетово го привеле А.Б.(41) од Тетово. Тој бил осуден на осум години казна затвор за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба заради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје, каде што имал за доиздржување една година и шест месеци од казната. Лицето ...
Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - На 21.10.2024 во атар на с.Белушино, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода Х.И.(57) од с.Борино, крушевско и А.И.(46) од с.Житоше, крушевско. Тие биле затекнати како со трактори без регистарски ознаки превезуваат огревно дрво без документација. Од нив биле одземени два трактори, две приколки натоварени со огревни дрва и моторни пили. По документирање на настанот против нив ќе следува ...
Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со СВР Скопје- Единица за недозволена трговија завчера го лишиле од слобода М.Л.(27) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, а во кој било употребено и службено куче, биле пронајдени и одземени две ...