Повеќето проценки ја ставаат популацијата на Земјата на околу 8,2 милијарди, но Јосиас Ланг-Ритер, постдокторски истражувач на Универзитетот Алто во Финска и главен автор на студија објавена во списанието Nature Communications, тврди дека овие проценки може значително да го потценат бројот на луѓе што живеат во руралните средини- пишува Нова.рс. Препорачано „Бевме изненадени кога откривме дека вистинското население во руралните средини е ...

Иако официјалниот конечен резултат од изборите во Холандија сè уште не е достапен, тој има целосна доверба во пресметките објавени од холандската новинска агенција АНП, изјави главниот кандидат на левичарско-либералната партија Д66 Роб Јетен. Според нив, рече тој, Партијата за слободанаГерт Вилдерс повеќе не може да ја стигне Д66. За прв пат во својата речиси 60-годишна историја, партијата е на пат да победи на парламентарните избори - ...

Европската Унија засега ги повлече контроверзните планови за воведување задолжителен надзор врз содржината на онлајн комуникацијата на платформите и апликациите за разговор како што се Ватсап и Сигнал. Планот не доби поддршка од земјите-членки на ЕУ. Новиот, компромисен предлог ќе се заснова на принципот на доброволност. Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи ја поздрави ваквата одлука. Министерката за правда, Штефани Хубиг, ...

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, официјално потврди оваа недела дека има нова девојка, а станува збор за една од најпознатите инфлуенсери во Латинска Америка. 25-годишниот бразилски фудбалер и 26-годишната Вирџинија Фонсека ја потврдија својата врска со заедничка фотографија на Инстаграм, на која позираат прегрнати покрај натпис „љубов“. Вирџинија Фонсека е познато име во Бразил, со импресивни 53 милиони следбеници на Инстаграм и ...

Концертот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, одржан вечерва во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, заврши со инцидент кој предизвика бурни реакции во публиката и на социјалните мрежи. Според видеата што кружат онлајн, за време на настапот Цеца во еден момент подигнала бугарско знаме, потег кој веднаш ја подели публиката. Дел од присутните ја исвиркале и реагирале бурно, додека други го напуштиле концертот во знак на протест. Настанот, кој ...

Пател се појавил со својата партнерка, кантри пејачката Алексис Вилкинс (26), на универзитетскиот настан „Вистински американски фристајл“, што ги натерало некои интернет-истражувачи да се запрашаат како стигнал таму. Алексис Вилкинс објави фотографии од себе со своето момче од настанот на социјалните мрежи, објавува „Индипендент“. Авионот регистриран во Министерството за правда наводно направил лет од околу 40 минути од регионалниот аеродром ...

Аеродромот ЏФК во Њујорк беше принуден да ги приземји сите авиони во петокот поради силни ветрови, како и два други големи аеродроми во градот, објави Њујорк пост. Авионите беа приземјени во време кога бројот на персоналот на контролата на воздушниот сообраќај беше намален поради моменталната финансиска блокада на американската влада, објави весникот. Препорачано Според Федералната администрација за воздухопловство, на аеродромите Ла Гвардија и ...

Паравоените Сили за брза поддршка (RSF) во Судан во четврток објавија дека уапсиле неколку лица осомничени за злосторства извршени за време на заземањето на градот Ел-Фашер, главниот град на државата Северен Дарфур, вклучувајќи го и озлогласениот командант познат како Абу Лулу, воен злосторник опишан од меѓународните медиуми како „крвожеден на векот“. Во соопштение објавено на Телеграм, RSF, кои се борат против редовната армија на Судан од ...

Британскиот режисер Питер Ваткинс, познат по „The War Game“ и „Punishment Park“, почина на 89-годишна возраст, оставајќи зад себе наследство што засекогаш го промени односот меѓу уметноста, политиката и медиумите. Британскиот режисер Питер Ваткинс, еден од најреволуционерните автори во историјата на документарниот и политички филм, почина на 89-годишна возраст. Ваткинс е најпознат по своите филмови „The War Game“ (1965) и „Punishment Park“ ...

Марио Драги поранешен италијански премиер, и претседател на Европската Централна Банка (ЕЦБ), за Европа по „Извештајот Драги„! Обработка: Љупчо Зиков На државите од ЕУ им требаат САД. Но, и некаква близина со Кина. Се поставува прашањето дали ЕУ треба да избира и избере? Прво, што се однесува до Украина. Сосема е јасно дека да се продолжи понатаму во група од 27 земји-членки (колку што сега брои Европската Унија) нема да функционира, бидејќи ...

Француски суд во петокот затвори четворица Бугари за осквернавување на еврејски споменик со црвени отпечатоци од раце минатата година, во она што обвинителите сметаат дека можеби било странско мешање поврзано со Русија. Парискиот кривичен суд им изрече двегодишни казни на Георги Филипов и Кирил Милушев, опишани како сторители, и четири години и три години соодветно на Николај Иванов и Мирчо Ангелов, кои се сметаат за „мозоци на операцијата“. ...

Законите за абортус низ Европската Унија се крајно различни: некои се вбројуваат во најслободоумните на целиот свет, а некои во најстрогите. Според застапничката група Центар за репродуктивни права, само 34% од жените на репродуктивна возраст живеат во земји (77) каде што им е овозможен пристап до абортус. Велат дека абортусите „на диво“ предизвикуваат 39.000 смртни случаи годишно. Европскиот парламент бара правото на абортус да биде вметнато ...

По привременото затворање поради забележување дрон во петокот вечерта (31.10.2025), главниот аеродром во Берлин, БЕР, денеска ги продолжи редовните операции. Повеќе нема никакви пречки, изјави портпаролот на аеродромот за германската новинска агенција ДПА. Летањето вечерта беше суспендирано речиси два часа. Одреден број летови беа пренасочени. Според портпаролот на аеродромот, летовите биле суспендирани помеѓу 20 часот и малку пред 22 часот. ...

Белата куќа синоќа објави ново правило со кое се ограничува можноста на акредитираните новинари да имаат слободен пристап до канцеларијата на портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит и други високи службеници за комуникации во Западното крило, во близина на Овалната соба. Во меморандум објавен доцна синоќа се вели дека на новинарите ќе им биде забрането да влегуваат во просторијата без претходно закажување, наведувајќи ја потребата од ...

Долгоочекуваното официјално отворање на Големиот египетски музеј (ГЕМ) во Гиза ќе се одржи денеска со учество на високи делегации од 79 земји, од кои 39 ќе бидат предводени од кралеви, принцови, шефови на држави и шефови на влади, објави онлајн изданието на списанието „Египет тудеј“, повикувајќи се на египетското претседателство. На отворањето на музејот ќе присуствуваат и претседателите на Албанија, Бугарија, Ерменија, Колумбија, Хрватска, ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека економиите на Азиско-пацифичкиот регион треба дополнително да ја промовираат корисната соработка, да ги искористат новите можности за развој, да одговорат на глобалните предизвици и заеднички да изградат одржлива иднина. Зборувајќи на друга сесија од 32-от состанок на економските лидери на АПЕК, насловен „Заедничко создавање одржливост и посветла иднина“, тој инсистираше дека светот денес ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен сектор, но дека тоа барање било одбиено, пренесе Индекс повикувајќи се на изјавата на Трамп во авионот „Ер форс уан“. „Премиерот побара изземање. Не го одобривме, но тој е мој пријател“, изјави Трамп. Санкциите, насочени кон руските компании „Роснефт“ и „Лукоил“, предвидуваат и секундарни ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија распоредила околу 170.000 војници во источната украинска област Доњецк, каде што се обидува да го заземе градот Покровск, пренесе „АП њуз“. „Ситуацијата во Покровск е тешка“, рече Зеленски, додавајќи дека иако некои руски единици навлегле во градот, украинските сили ги уништуваат. „Во Покровск има Руси. Тие се уништуваат, постепено се уништуваат, бидејќи мораме да го зачуваме нашиот ...

Кризи, катастрофи, војна. Темите одамна се присутни и во германските училишта. Но, колку учениците се спремни за реални кризни ситуации? Дали знаат што би требало да прават во случај на војна или кризна состојба? Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт е скептичен и сака таквите сценарија да се вежбаат на училиште. Во интервју со „Ханделсблат“, Добринт вели дека неговиот предлог е „во една учебна година, два часа со ...

Најголемата американска банка „Џеј-Пи-Еј Морган“ ја известила американската влада за трансакции поврзани со Џефри Епштајн во вредност од повеќе од една милијарда долари, кои потенцијално биле поврзани со трговија со луѓе, откриваат нови судски документи. Банката поднела извештај за сомнителна активност во 2019 година, само неколку недели откако Епштајн бил пронајден мртов во неговата затворска ќелија во Њујорк, пишува „Гардијан“. Во ...

Девојчето починало во недела, 26 октомври, по 12-дневна борба за живот. Девојчето првично било хоспитализирано во Родос, потоа префрлено со хеликоптер во болница на Крит, а потоа во Велика Британија, каде што починало. Според извештаите на медиумите, лекарите на Крит им рекле на семејството на девојчето дека нема да преживее и дека претрпела сериозни повреди, по што семејството одлучило да ја однесе со авион во Велика Британија, надевајќи се ...

Нова истрага откри шокантна вистина: американската влада не само што дозволувала, туку и активно помагала американски технолошки гиганти да им продаваат опрема за масовен надзор на кинеските полициски сили и разузнавачки служби. Оваа пракса трае повеќе од три децении, преку пет претседателски администрации, и покрај упатства за ризикот од злоупотреба за човекови права и национална безбедност. Истрагата на Associated Press, базирана на илјадници ...

Добивај вести на Viber Денеска се одбележува една година од падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад – несреќа што однесе 16 животи и повреди повеќе од 200 лица. Настанот силно ја потресе јавноста и го отвори прашањето за безбедноста и одговорноста на надлежните институции. По повод годишнината, прогласен ден на жалост, а од вчера, реки народ - студенти и граѓани од повеќе градови во Србија и регионот пристигнуваат во Нови ...

Американскиот музички продуцент и рапер Шон – „Диди“ Комбс е осуден на 50 месеци затвор за подведување. Но, ќе треба да биде в затвор околу три години, земајќи го предвид и времето минато во притвор пред пресудата, според евиденцијата на федералните власти во САД. Следствено, Комбс треба да биде ослободен на 8 мај 2028., објави денес „Ен-би-си њуз“ (NBC News). Музичарот беше прогласен за виновен претходно овој месец по две точки од обвинението ...

Владата на Албанија донесе одлука за исплата на новогодишен бонус на пензионерите, со вкупен фонд од 9,4 милијарди леки, што е околу 97 милиони евра. Оваа финансиска поддршка ќе им биде исплатена на околу 765.000 пензионери, кои се поделени во две категории според висината на нивната пензија. Пензионерите со пензија повисока од 20.000 леки ќе добијат бонус од 10.000 леки, додека оние со пензија под 20.000 леки ќе бидат наградени со 15.000 леки. ...

За многумина, смутијата се вкусен и практичен начин да се внесат овошје и зеленчук неопходни за здрава исхрана. Сепак, дали бананите и боровинките се најдобрата комбинација? Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, тврдат дека мешањето на одредени состојки во смутијата може да влијае на тоа дали вашето тело го добива вистинскиот нутритивен поттик. Студијата, објавена во списанието „ Food and Function“ , користела смутија за да ...

Авиони со хуманитарна помош, заедно со американски хеликоптери, пристигнуваат денес во Јамајка, три дена откако ураганот Мелиса го погоди карипскиот остров како еден од најмоќните урагани некогаш регистрирани. Во нападот на ураганот настрадаа 19 лица. Тринаесет товарни авиони со хуманитарна помош слетаа на аеродромот Кингстон, кој е во функција од вчера, а помош пристигна и со комерцијални летови и бројни приватни авиони, соопштија локалните ...

Посветеноста на Чешка кон прозападна ориентација и членство во ЕУ и НАТО, како и отфрлањето на земјата од усвојување на еврото, се клучни за надворешната политика на новата влада, формирана по парламентарните избори одржани на 3 и 4 октомври, пренесе „Танјуг“. Партиите во новата владејачка коалиција, во која се вклучени победничката АНО (Акција на незадоволни граѓани), движењето СПД (Слобода и директна демократија) и партијата „Мотористи“, денес ...

Романската полиција трага по двајца млади, на возраст од 18 и 21 година, кои се осомничени дека во текот на летото го продале своето бебе, старо само три недели, за 7.000 евра. Се сомнева дека парите ги искористиле за купување автомобил. Судот во Горж издал налог за апсење и на 47-годишен маж кој, според наводите на обвинителството, го купил бебето и лажно се претставил како негов татко. Според пишувањата на медиумите, детето било продадено на ...

Нападот се случил во вторник вечерта, а на грозоморното злосторство му претходела вербална расправија меѓу жртвата и тинејџерите. Полицијата добила повик од граѓанин во вторник, околу 22 часот, за физичка пресметка меѓу маж и двајца тинејџери на автобуска станица. Кога патролата пристигнала на местото на настанот, го пронашла мажот како лежи во несвест на тротоарот. Брзата помош брзо пристигнала на местото на настанот, но жртвата (44) им ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1016
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
93%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
66%
1017
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
95%
1016
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.09
89%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
83%
1016
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
100%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
0.83
92%
1018
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
100%
1018
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.59948

Currency

1.25929