Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Првиот што јавно го потврди ваквиот чекор беше Рафаел Леао, чија ера во дресот на Милан очигледно се приближува кон крајот. По седум години во клубот, португалскиот офанзивец порача дека сака промена на средината и нови предизвици, што отвора период на голема неизвесност на „Сан Сиро“. По комплицирана сезона во која дел од навивачите му свртеа грб и имаше и свирежи од трибините, Леао донел одлука да се раздели со клубот. Според информациите, ...
Секоја година, илјадници возачи од Maкедонија ги возат своите автомобили до Грција, но многумина не знаат дека казните за одредени прекршоци денес се многу построги отколку порано. Една навидум безопасна навика зад воланот сега може да ве чини и до 4.000 евра. Важно е да знаете дека овие правила важат и за туристите, без никакви исклучоци. Затоа е добро да проверите што се променило и како да избегнете непријатности на патот пред поаѓање. ...
Матвеј Сафонов доби шанса да биде прв голман на ПСЖ и извонредно го искористи тоа во изминатите неколку месеци, па сега втора година по ред го има приматот на европски шампион. Ако лани немаше шанса во конкуренција на Џиџио Донарума, Сафонов оваа сезона се избори за стартерски статус пред Шевалие, а иако немаше некое позначајно издание во финалето, неговите соиграчи ја завршија работата во дуелот со Арсенал. Сафонов го заврши финалето без ...
Спартак Суботица е изненадувачки нов шампион во кошаркарска Србија откако тимот предводен од Влада Јовановиќ триумфираше на фајналфор турнирот што изминатиот викенд се одржуваше во Ниш. Со тоа, Спартак стана прв тим по 1973 година што се искачува на тронот на српската кошарка, а тоа да не се великаните Црвена Звезда или Партизан. Спартак во полуфиналето во драматична завршница ја совлада Црвена Звезда, а потоа во суперинтересното финале ...
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, зборуваше за односот со најголемиот ривал Барселона, но и за уште една разочарувачка сезона. Реал не освои трофеј втора сезона по ред, последниот пат тоа се случи кога Пеп Гвардиола ја презеде Барселона, кога од 2008 до 2011 година, „кралскиот клуб“ не успеа да освои трифеј. Цехот го платија двајца тренери, а покрај нив, според претседателот Флорентино Перез, и други се виновни. „Светското ...
По ремито против Босна и Херцеговина, избраниците на Гоце Седлоски ги очекува нов сериозен тест против учесник на претстојното Светско првенство. Турците обезбедија место на Мундијалот преку плејофот и со големи амбиции го очекуваат настапот на најголемата светска сцена. За Македонија ова ќе биде добра можност за дополнителна проверка на силите и ново воигрување на тимот пред обврските во Б дивизијата од Лигата на нации. Во таборот на ...
Познати се официјалните лица за пријателскиот натпревар меѓу Турција и Македонија, кој ќе се одигра во Истанбул. Правдата на теренот ќе ја дели елитнот шпански судија кој секоје коло е делегиран во Ла Лига, Хосе Луис Мунера Монтеро. Негови помошници ќе бидат сонародниците Диего Барберо Севиља и Алфредо Родригез Морено. Улогата на четврти судија ќе ја има Алехандро Кинтеро Гонзалес. Овој контролен натпревар ќе биде втор тест за избраниците на ...
Борис Ројевиќ успеа да стигне до трофејот во ЕХФ Европскиот куп со два различни клубови, најпрвин со Војводна, за синоќа истиот огромен успех да го повтори и како предводник на Охрид. Српскиот стручњак не го криеше воодушевувањето од огромниот успех на својот тим, упатувајќи искрени честитки до најверните навивачи за дадената поддршка. „Што да кажам, историски момент за нас… во првата сезона на нашата заедничка сезона стигнавме до европски ...
Борис Ројевиќ пристигна во Охрид за да гради еден сосема нов и амбициозен проект, а една година подоцна, српскиот стручњак се огласи пред македонската јавност со златен медал на своите гради. Охрид испиша историја вчера во „Билјанини Извори“ и со втора победа над Татабања стигна до трофејот во ЕФХ Купот, натпреварување кое втора година по ред го освојува македонски тим. После Алкалоид, најуспешни во третото по ранг европско натпреварување беа ...
Екипата на ГРК Охрид дојде до трофејот во Европскиот Куп на ЕХФ, а со тоа еден од македонските репрезентативци испиша историја во својата лична биографија. Десниот бек Давид Савревски се закити со втората европска титула во третото по ранг натпреварување во европскиот ракомет, откако со екипата на Борис Ројевиќ во двомеч ја победи Татабања од Унгарија. 23-годишниот репрезентативец на Македонија претходно успеа да го направи истиот подвиг со ...
Коди Милер Мекинтаер токму на денот во кој го прославува својот 32. роденден реши да се збогува од Црвена Звезда, откако одличниот плејмејкер веќе ги договори деталите од својот трансфер во Олимпијакос. Коди пристигна од редовите на Басконија и се наметна како еден од лидерите на „црвено-белите“ од Белград, но не успеа да ги реализира зацртаните цели и со Звезда да се вмеша во трката за највисок пласман во Евролигата. „Овој роденден го ...
Жоао Фонсека и Каспер Руд одиграа извонредно осминафинале на Ролан Гарос, а поради големиот труд кој го вложија двајцата, мечот заврши нешто после полноќ во Париз. Младиот Бразилец потврди дека неслучајно се врати од два сета негатива и го победи Новак Ѓоковиќ, па рано утрово стана првиот Бразилец кој се пласирал во четвртфинале на Ролан Гарос после легендарниот Густаво Гуертен. За да биде уште подобро за него, Фонсека го направи тоа пред ...
Бразил покажа сила и ја декласираше Панама на првата контролка за Светско првенство, натпревар кој се одигра на славната „Маракана“ во Рио Де Жанеиро како увертира за мундијалот. Тимот на Карло Анчелоти поведе уште во првата минута со фантастичен гол на Винисиус Жуниор, а тоа им даде крилја на „кариоките“ кои на крајот броеја до шест. Бразилците славеа со 6:2 во исклучително возбудлив натпревар за домашните фанови, но во импресивната ...
Фудбалската репрезентација на Бразил ја декласира Панама со 6:2, во подготвителниот натпревар одигран во Рио де Жанеиро. Домашните поведоа практично од првиот напад. Во првата минута, Винисиус Жуниор го искористи додавањето на Касемиро испрати проектил во голот на Панама. Панама се надеваше на подобар резултат кога, во 14-та минута, Амир Муриљо изведе слободен удар, а топката се одби од Матеус Куња го смени правецот и заврши во голот. До ...
УЕФА го официјализираше изборот на Кварацхелија за МВП на сезоната, а беше избран и идеалниот тим за 2025/26 во Лигата на Шампионите, избор во кој неочекувано не се најде место и за Килијан Мбапе. Французинот играше импресивно во ЛШ, со 15 постигнати погодоци беше најдобар стрелец, но предност пред него во изборот за „дрим-тимот“ добија Хари Кејн и Усман Дембеле. Давид Раја е избран за најдобар голман, во одбраната се најдоа Љоренте, ...
Бразил убедливо ја совлада Панама со 6-2 во првиот од двата пријателски натпревари кои ќе ги одигра пред почетокот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Кариоките приредија вистинско шоу пред навивачите на „Маракана“, демонстрирајќи атрактивен и ефикасен фудбал. Стрелци за Бразил беа Винисиус јуниор, Каземиро, Рајан, Лукас Пакета, Игор Тијаго и Данило Оливеира. Панама до првиот погодок стигна благодарение на автоголот на Матеус ...
Репрезентацијата на Бразил одигра моќно и славеше убедливо на домашен терен над Панама (6-2), покажувајќи дека се наоѓа во топ-форма на 13 дена пред првиот мундијалски натпревар против Мароко. „Кариоките“ настапија без Нејмар, Маркињос, Габриел и Мартинели, но сите оние кои добија шанса се покажаа во одлично светло, потврдувајќи дека селекторот Анчелоти не погрешил што ги вклучил во својот мундијалски список. Винисиус беше играчот што го ...
Жозе Мурињо веќе подготвува детален план за летниот преоден рок во пресрет на својот втор мандат на клупата на Реал Мадрид. Португалскиот стратег наводно идентификувал четири клучни позиции во тимот кои бараат итни засилувања со цел да се стави крај на двегодишниот период без освоен трофеј. Според информациите од Шпанија, тој го известил раководството на клубот дека секој сериозен поход кон шампионската титула мора да започне со зајакнување ...
Кристиан Пилиповиќ пристигна во Охрид во месец ноември минатата година, а после неполни седум месеци, си заминува како голем херој и со освоена титула. Краткиот престон во Охрид дефинитивно ќе го памети уште долго во својата играчка кариера, која по оваа извонредна авантура во Македонија, продолжува во Швајцарија, или поточно Луцерн. Фантастичниот голман си обезбеди трансфер уште пред неколку месеци, но на крајот реши да се одјави онака ...
Македонскиот интернационалец, Мартин Карапалевски се израдува на победа на Атлетико Валјадолид во неговиот последен меч за оваа екипа во АСОБАЛ лигата. Валјадолид славеше над Нава со 36:35 и со вкупно 33 бодови ја комплетираше сезонава и тоа на шестата позиција во најсилната шпанска конкуренција што не беше доволно за излезе во Европа. Карапалевски кој во натпреварувачката 2026/2027 се враќа во Македонија во редовите на ГРК Охрид беше автор ...
Пари Сен Жермен е старо-нов шампион на Европа и тоа откако во саботното финале славеше над Арсенал. „Светците“ за разлика од претходното финале со Интер кое го добија со убедливи 5-0 мораа добро да се потрудат, испотат да го „нокаутираат“ премиерлигашот и тоа во пенал серијата. Промашените пенали на Езе и Габриел се покажаа како кобни за клубот од Лондон во обидот да испише нова страница од клупската историја. „Фор-фор-тунс“ ја одбележаа оваа ...
Кристијан Пилиповиќ го одигра последниот натпревар за ГРК Охрид и ја напушта Македонија, а следна дестинација ќе му биде Швајцарија во екипата на Луцерн. „Не можам да опишам, ова е најлудиот меч кој јас сум го играл. Пред меч се простив и не можев да се радувам затоа што знаев дека е крај на една приказна. Ова беше сонот кој го сонував седум месеци и нереално е, на најубав можен начин се простувам од клубот. Благодарност до играчите, до ...
Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа официјалниот тренинг на стадионот “Шукру Сарачоглу”, домот на Фенербахче. Селекторот Гоце Седлоски најави дека Македонија нема лесно да се предаде и сака да остане непоразена против силната Турција која ќе биде дел од Светското првенство. Натпреварот ќе се одигра денес во 18.30 минути. Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа официјалниот тренинг на стадионот “Шукру Сарачоглу”, домот ...
На 7 јуни ќе се одржат изборите за претседател на Реал Мадрид. Флорентино Перез по долго време има сериозна конкуренција во младиот 37-годишен милијардер и бизнисмен Енрике Рикелме. Јасно е дека Флорентино Перез е фаворит за победа и за нов мандат, сепак треба да се почека до 7 јуни. А дека Рикелме сериозна влегува во трката доказ се последните вести од Мадри кои велат дека тој ветува големи работи на избирачите. Имено ветува дека ќе ги ...
Сан Антонио ноќеска ја победи Оклахома Сити (111:103) во седмиот натпревар од полуфиналето на плејофот на НБА. Центарот на Спарс, Виктор Вембањама, е прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалето на Западната конференција. Во серијата против Тандер, 22-годишниот француски кошаркар имаше просек од 27,3 поени, 10,9 скока, 3,1 асистенции, 1,4 украдени топки и 2,7 блокади за 37,7 минути. Тој заврши трет во гласањето за најкорисен играч во НБА ...
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ги искажа впечатоците по синоќешната победа над Арсенал (1:1, 4:3 на пенали) во финалето на Лигата на шампионите. -Мислам дека беше финале на високо ниво против еден од најтешките противници, особено откако примивме гол во првите десет минути. Нивниот план беше совршен – нè ставија во тешка позиција. Почнавме да играме подобро во второто полувреме, но кога се соочувате со Арсенал, со нивниот низок блок, нивната ...
Табелата на коефициенти на УЕФА е ажурирана по завршувањето на сезоната 2025/26. Англија го задржува водството шеста сезона по ред, со 119,519 поени. Девет англиски клубови се натпреваруваа во европските натпреварувања оваа сезона, освојувајќи два од трите трофеи: Астон Вила ја освои Лигата на Европа, а Кристал Палас ја освои Конференциската лига. Во финалето на Лигата на шампионите, Арсенал загуби од ПСЖ. Топ 5 по ажурирањето: Англија — ...
Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, ги откри своите намери да го промени клубот. -Горд сум што го напишав моето име во историјата на Милан, но сакам ново поглавје. Се чувствувам подготвен да играм во друга лига. Направив сè што можев за Милан, но време е да пробам нов предизвик, изјави 26-годишниот Португалец за „Спорт ТВ“. Фудбалската вредност н аЛеао се проценува на 50 милиони евра. Сепак, засега нема информации каде би можел да се пресели. ...
Како дел од 62-ите Рацинови Средби, и оваа, четврта година по ред, денеска беше организирана атлетската трка „Трчаме за Рацин“ на 5 и 10 километри низ улиците на Велес. Низ улиците на Велес трчаа речиси 400 учесници, најмногу интерес привлече машката трка на 5 км. Организатор беше Општина Велес со Атлетската федерација на Македонија. Ова е листата на победници и истрачаните времиња. Браќата Иво и Мартин Балабанов од градот Мездра Бугарија ...
Охрид ја живее најубавата спортска приказна во својата историја. Освојувањето на Европскиот Куп донесе голема радост кај сите што беа дел од создавањето и развојот на клубот, а меѓу нив е и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој беше дел од ракометната приказна уште од самите почетоци. Во изјава за Спортска Мрежа, градоначалникот Пецаков, не го криеше задоволството по историскиот успех, истакнувајќи дека пред петнаесет години тешко ...