Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
На денешната промоција на Лино Червар за нов тренер на Еурофарм Пелистер, претседателот на македонскиот вицешампион, Зоран Стерјев, истакна дека клубот е во преговори со уште две засилувања, а потврди и дека капитенот Филип Кузмановски и Дејан Манасков имаат отворена понуда да останат во клубот. „Се очекува да пристигнат уште едно до две засилување. Еден ќе биде десен бек, а за другиот се уште немаме одлучено – може ќе биде среден, а може лев ...
Прославата на титулата во Премиерлигата на Арсенал се претвори во вистински хаос, во кој еден навивач беше избоден со нож, а 16 лица беа уапсени. Лондонската полиција потврди дека во 21.33 часот ја опколила областа на улицата Хорнзи, на 15 минути пешачење од стадионот „Емирати“ на Арсенал, по пријавите за напад со нож. Човекот кој беше избоден со нож беше однесен во болница. Вкупно 16 лица беа уапсени за време на прославата за низа прекршоци, ...
Вечерва, со свечено отворање во 20:00 часот, официјално започнува јубилејното петто издание на Спортски Игри Велес 2026, спортски настан кој од година во година прераснува во една од најмасовните и најпрепознатливи манифестации во Македонија. Од 1 до 6 јуни, Градски парк Велес ќе биде центар на спортот, дружењето, натпреварувачкиот дух и позитивната енергија. Оваа година се очекува рекордно издание со голем број натпреварувачи, силна ...
По историскиот успех и искачувањето на тронот во ЕХФ европскиот куп, градот Охрид се подготвува за спектакуларна и достоинствена прослава. Локалните власти и спортските ентузијасти упатија масовен повик до сите охриѓани, но и до сите искрени љубители на спортот, вечерва заедно да им оддадат признание на новите спортски херои вечерва од 19 часот на градскиот плоштад во Охрид. „Ги повикувам сите охриѓани и љубители на спортот вечерва заедно да ...
Оксана Чусовитина не е само една од најголемите гимнастичарки во историјата, туку и жена чија животна приказна го расплака светот на спортот. Во спорт каде кариерата најчесто завршува во раните дваесетти години, таа настапуваше на Олимписки игри и во петтата деценија од животот, но причината поради која остана толку долго во гимнастиката беше многу потешка од желбата за медали. Родена во 1975 година во Бухара, денешен Узбекистан, Оксана уште ...
По поразот во финалето на Лигата на шампионите, Арсенал се подготвува за летниот преоден рок, во кој има намера да го засили тимот на најмалку четири позиции, а менаџерот Микел Артета побарал од управата „многу амбициозен“ пристап. Шпанскиот стратег е свесен дека му се потребни засилувања на левото крило, во нападот, на позицијата десен бек, како и дополнителна конкуренција во средниот ред, пишуваат британските медиуми. Иако приходите на ...
Голманот на Шкендија Арачиново, прилепчанецот Антонио Столевски е најзаслужен за промоцијата на „црвено-црните“ во прволигашкото друштво откако во пенал рулетот со Пелистер одбрани пет удари од белата точка. Со одбраните кој значеа пласман во повисок ранг, арачиновци „збеснаа“ по 23-годишниот Столевски, додека пак админот на фејсбук страната на арачиновска Шендија го нарече „иконата на Арачиново“. Инаку Столевски, во последните три сезони ...
Легендарниот хрватски ракометен стратег, Лино Червар, денеска и официјално беше промовиран како нов шеф на стручниот штаб на Е. Пелистер. Свечената промоција се одржа во Офицерскиот дом во Битола. Червар пред присутните ги презентираше својата визија и долгорочните планови за работа со клубот. „Чест ми е да работам во Битола, град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата втора татковина и тука ќе биде крај на мојата ...
Историската титула во Европскиот Куп донесе голема радост во редовите на Охрид, а еден од ракометарите кои дадоа значаен придонес во европскиот успех, столбот во одбраната на Охрид, Ориол Реј Моралес, не го криеше задоволството по освоениот трофеј. Во изјава за Спортска Мрежа, тој истакна дека важноста на натпреварот и огромните очекувања влијаеле врз емоциите на екипата во почетните минути од финалето. Моралес смета дека тимот го започнал ...
Зоран Стерјев, првиот човек на Еурофарм Пелистер, изрази задоволство од постигнатата соработка со Лино Червар, хрватскиот трофеен стручњак кој по осум години се враќа во Македонија. Поранешниот селектор и тренер на Металург, пак ќе има авантура во нашата земја, во град со богата ракометна историја. Очекувањата со Лино се високи, што потврдува и раководството. „Отвораме ново поглавје во длабоката и голема историја на овој клуб, со кое што ќе ...
Радовиш изминатиот викенд живееше во ритамот на борењето. Повеќе од 70 натпреварувачи од 10 држави, бројни спортски делегации, гости и љубители на спортот беа дел од јубилејното 50-то издание на Меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер”, настан кој уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најзначајните и најреномирани боречки турнири во регионот. Турнирот официјално го отвори министерот за спорт Борко Ристовски, со што беше ...
Столбот на одбраната на Арсенал и француската репрезентација, Вилијам Салиба, би можел да биде надвор од терените неколку недели. Француските медиуми денес открија дека Салиба чувствувал непријатност пред финалето на Лигата на шампионите, но сакал да игра по секоја цена и со тоа ја влошил ситуацијата. Според последните информации, Салиба се соочува со неколку неделна пауза, поради што неговиот настап на Светското првенство е под знак ...
Точно уште 10 дена има до почетокот на Светското фудбалско првенство, а Мундијалското лудило во Sport Life започнува од денеска. Како и секогаш, најдобрата спортска обложувалница во Македонија за уникатни настани нуди уникатни понуди, па така е и за најголемиот планетарен фудбалски собир. Популарната Среќна 13-ка е многу добро позната акциска игра во Sport Life која траеше во текот на сите месеци во сезоната која што заврши со финалето на ...
Охрид ја испиша најубавата страница во својата клупска историја со освојувањето на Европскиот Куп, а по историскиот успех емоциите не ги криеше ниту тренерот Борис Ројевиќ. Стратегот кој го предводеше тимот до европскиот трофеј зборуваше за предизвиците во финалето, поддршката од навивачите и значењето на овој успех за клубот и градот. Во изјава за Спортска Мрежа, веднаш по финалето, Ројевиќ призна дека раниот црвен картон на Анте Иванковиќ ...
Да се тргнат партиите од клубот, а градот да најде сериозен бизнисмен и луѓе кои ќе го спасат клубот, користејќи ја формулата со ракометниот клуб Пелистер. Друг спас за клубот од Битола нема, со оглед на тоа што „зелените“, како и во минатото, така и сега, се натпреваруваат кој е полош и која управа потрошила повеќе пари од претходната. Оваа сегашната управа е дно! Поднеле оставки, имале образ, се срамеле…!? Малку е тоа од битолските ...
Јан Облак би можел да го напушти Атлетико Мадрид, во текот на летниот преоден рок. Словенецот, еден од најдобрите голмани во изминатата деценија, 12 години е член на Атлетико. „Марка“, откри дека Атлетико ќе ја почитува секоја одлука на словенечкиот голман, кој заслужи да го избере најдоброто решение за продолжување на кариерата. Овој извор, истакнува дека Облак има договор до летото 2028 година, тој е еден од најплатените со годишна нето ...
Џејмс Милнер постави апсолутен рекорд во Премиер лигата оваа сезона и стана играчот со најмногу настапи во историјата на англиската елита, а со крајот на сезоната, стигна до бројката од 658 настапи. Оваа бројка најдобро ја отсликува долговечноста на неуморниот играч за врска, кој сега после 24 сезони во елитата, реши да стави крај на незаборавното патување. Милнер денеска објави дека заминува во пензија и дека нема да го продолжи договорот со ...
Македонскиот борач Омер Мемеди (92 кг) го освои трофејот „Македонски бисер“ на јубилејниот 50 турнир што се одржа во Радовиш. Признанието за најдобар домашен борец му припадна на репрезентативецот Расул Шапиев за неговиот извонреден настап во категоријата до 74 кг. Со епитетот најдобар странски борец се закити репрезентативецот на Молдавија, Раду Лефтер, (до 125 кг). Победници по категории: До 57 кг: 1-во место: Јон Булгари – Молдавија, 2-ро ...
Арсенал се закити со титулата во Премиер-лигата, се лизна на последната пречка пред трофејот во Лигата на Шампионите, по што „топчиите“ ќе го продолжат трендот на купување скапи засилувања за да ја нападнат двојната круна во наредната сезона. Микел Артета носи најмалку по едно супер-скапо засилување секое лето, тренд што ќе продолжи и летово. А на врвот на листата со желби на Шпанецот е англискиот репрезентативец Морган Роџерс од Астон Вила. ...
Хавиер Агире, селекторот на една од репрезентациите домаќини на Светското првенство го објави списокот на фудбалери за претстојниот Мундијал. На списокот се најде и 17-годишниот Гилберто Мора, кој би можел да стане најмладиот мексикански играч кој играл на Светско првенство. Тој веќе одигра седум натпревари за мексиканската репрезентација. Агире го вклучи и голманот Гилермо Очоа (40), кој ќе игра на своето шесто Светско првенство. Список на ...
Во пресрет на вечерашниот пријателски меч во Истанбул меѓу Турција и Македонија, убаво ќе биде да се потсетиме на историјатот, на досегашните натпревари на Македонија со оваа селекција. Досега се одигра осум средби на кои имаме само една победа, пет порази и два меча завршиле без победник. Таа победа сме ја извојувале на 4 јуни 2006 година во пријателски меч, и тоа со 1:0, одиграна во Крефелд (Германија). Пријателски сме одиграле и дома во ...
Хулијан Алварез е идеалното засилување за Барселона кога станува збор за потрагата за наследник на Роберт Левандовски, но последните информации говорат дека каталонците ќе останат со празни раце во трката по Аргентинецот. Европскиот првак ПСЖ е главен фаворит за потписот на аргентинскиот голгетер откако „светците“ веќе имале разговори и со агентот на Алварез и со раководството на Атлетико на оваа тема. Мадридскиот клуб не сака да го продаде ...
Кариерата на Леброн Џејмс полека влегува во самата завршница, а претстојното лето би можело да биде едно од најважните во неговата блескава кариера. Иако и понатаму е еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, сè повеќе се поставува прашањето каде ќе ја продолжи кариерата и дали следната сезона можеби ќе биде неговата последна. Според американскиот новинар Марк Штајн, интерес за Леброн и понатаму има од повеќе франшизи, но реалноста е дека ...
Ракометарките на хрватска Подравка продолжуваат да испишуваат историја во хрватскиот ракомет. Тимот веќе надмина 100 последователни натпревари без пораз во домашните натпреварувања. Последниот пораз на Подравка во хрватскиот шампионат датира од 8 февруари 2023 година, кога Дуго Село приреди изненадување и славеше со 26-25. Тоа беше и последната сезона во која Подравка не ја освои шампионската титула, која тогаш заврши во рацете на најголемиот ...
Вечерва од 19:30 часот на стадионот “Шукру Сарачоглу“ во Истанбул, нашата најдобра фудбалска репрезентација во пријателски натпревар ќе ги одмери силите против домашната селекција на Турција. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на оваа контрола и доаѓаат од Шпанија. За главен судија одреден е Хозе Луис Мунуера, кој важи за еден од најпознатите судии во Шпанија кој редовно суди во Ла Лига, но и во Европа. Негови помошници се Диего ...
Македонската кикбокс репрезентација оствари извонреден настап на ВАКО Балканското првенство кое се одржа од 29 до 31 мај во Нови Сад, Србија, освојувајќи вкупно 66 медали – 13 златни, 25 сребрени и 28 бронзени одличја. Македонија на шампионатот настапи со делегација од 108 лица, составена од 75 натпреварувачи, 27 тренери, 4 судии и 2 официјални лица, претставувајќи една од најбројните национални селекции на првенството. Во силна конкуренција ...
Рафаел Леао најави заминување од Милан и тоа го направи пред да почне со главните подготовки за Светското првенство, тајминг кој за Фабио Капело е доста впечатлив и за него привлекува многу внимание. Легендарниот италијански стручњак е уверен дека Леао го направил ова со јасна намера да го стави Милан во полоша ситуација на трансфер пазарот, бидејќи клубовите секогаш губат подобра почетна позиција кога нивните играчи искажуваат желба да си ...
Пелистер и Брера се преселија во понизок ранг и од следната сезона ќе играат во Втората фудбалска лига откако вчера беа елиминирани во баражите за пополнување на елитното друштво од Шкендија Арачиново и од ФК Скопје. Пелистер загуби по голема драма на пенали (4-3) во Кавадарци, а Брера беше поразена со 0-1 на мечот во Битола. Ова е само потврда дека прволигашкото друштво и не е толку квалитетно, дека освен првите четири екипи кои се борат за ...
ФИФА воведе неколку нови правила во пресрет на СП 2026, а едно од нив видовме на дело на вчерашниот пријателски натпревар меѓу Јапонија и Исланд. За што станува збор? Исландскиот репрезентативец Кристијан Хлинсон се влечкаше при излегувањето од терен, а согласно новите правила фудбалерите мора да излезат за максимум десет секунди. Хлинсон ја надмина оваа граница, па според правилата – играчот што требаше да влезе на негово место мораше да ...
Денеска со почеток од 18.30 часот на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Турција. По ремито во Сараево против Босна и Херцеговина (0:0), избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе играат против уште еден национален тим кој ќе учествува на претстојното Светско првенство. Македонија и Турција се среќаваат по деветти пат, во меѓусебните дуели имаме една ...