Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Македонските репрезентативци вечерва го одржаа официјалниот тренинг на стадионот во Истанбул, каде утре против Турција ќе одиграме уште еден пријателски меч. По ремито во Сараево, момците на Гоце Седлоски сега имаат уште еден ривал кој се подготвува за Мундијалот. За нашата репрезентација ова е одлична можност да ги потврдиме квалитетите на тимот за есенскиот старт на Лигата на нации. Македонските репрезентативци вечерва го одржаа ...
Еден ден по големото финале во Будимпешта, УЕФА ги издвои најдобрите поединци во сезоната на која вчера официјално и беше спуштена завеса, но ги избра и идеалните 11 кои ги одбележаа изминатите девет месеци. Сосема очекувано, ПСЖ доминира во тимот на сезоната и има пет претставници меѓу идеалните 11 во Маркињос, Мендеш Витиња, Кварацхелија и Дембеле, три претставници има Арсенал во Раја, Габриел и Рајс, Арсенал следи со два (Олисе и Кејн), ...
ЕКИПА во Истанбул, Горан Бошев Македонските фудбалери го одржаа денешниот тренинг на стадионот каде што нашата национална селекција утре ќе излезе на мегдан против Турција, во „генералката“ што овој ривал ќе ја има во пресрет на СП 2026. Уште еден меч со квалитетен ривал, можност за новиот селектор да види на дело потенцијални репрезентативци и да добие појасна слика пред предизвиците во Лигата на Нации закажана за претстојната есен. ...
Истражувачите за сајбер безбедност забележаа значително зголемување на лажните домени што се претставуваат како страници на ФИФА пред Светското првенство во 2026 година. Идентификувани се повеќе од 4.300 лажни интернет адреси што користат визуелни елементи слични на официјалните платформи. Нивната цел е да привлечат корисници кои бараат информации или да купат билети. Овие страници се внимателно изработени за да создадат впечаток за ...
Катастрофалната сезона на Пелистер доведе до тоа со денешниот пораз во баражот во Кавадарци битолските „зелено-бели“ да испаднат од елитното македонско фудбалско друштво. Причини за фијаското има многу, а од Битола пристигнува информација за колективна оставка од целокупното раководство на ФК Пелистер, како чин на морална одговорност за оваа катастрофа. ФК Пелистер ја известува јавноста дека, по денешниот пораз и испаѓањето на клубот од ...
Струмица од следната сезона повторно ќе има градско фудбалско дерби, но во рамките на Втората македонска фудбалска лига. Екипата на Брера Струмица не успеа да го задржи прволигашкиот статус, откако во бараж натпреварот загуби од Скопје со минимални 0:1. Со оваа победа, „пиратите“ од Автокоманда обезбедија враќање во елитното друштво, додека струмичани се преселија во второлигашката конкуренција. Така, по неколкугодишна пауза, љубителите на ...
Александер Зверев без поголеми проблеми обезбеди пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако во осминафиналето го совлада Холанѓанецот Јеспер де Јонг со 3-0 во сетови (7-6, 6-4, 6-1). Германецот најголем отпор имаше во првиот сет, кој траеше повеќе од еден час. Де Јонг поведе со 3-0 по раниот брејк, но не успеа да ја задржи предноста. Зверев возврати, а потоа во тај-брејкот сигурно ја заврши работата. Во продолжението најдоброрангираниот ...
Грузискиот репрезентативец Квича Кварацкелија и официјално е прогласен за играч на сезоната во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26, по фантастичните игри во дресот на Пари Сен Жермен. Грузискиот репрезентативец беше еден од клучните играчи во походот на ПСЖ кон втората последователна европска титула. Во текот на турнирот одигра 16 натпревари и забележа импресивен учинок од 10 голови и 6 асистенции, односно вкупно 16 директни придонеси за ...
Фудбалската репрезентација на Србија доживеа нов дебакл откако попладнево загуби со 3-0 на дуелот со Зеленортските острови, селекција од држава со нешто повеќе од 500.000 жители. Селекторот Пауновиќ пред мечот се жалеше на односот на дел од фудбалерите кои одбивале повици за овој прозорец, но никој не очекуваше Србите да се претстават во така бледо издание и убедливо да загубат од дебитантот на фудбалските мундијали. Кевин Ленини го отвори ...
Објавен е конечниот состав на уругвајската фудбалска репрезентација за претстојното Светско првенство, а на списокот од 26 играчи не се наоѓаат најдобриот стрелец во нивната историја, Луис Суарес, и уште еден легендарен напаѓач на националниот тим, Единсон Кавани. Суарес и Кавани играа на сите Светски првенства од 2010 година наваму, па првпат после 20 години на СП ќе ги нема во тимот. Голманот Фернандо Муслера ќе влезе во историјата на ...
Вистинска еуфорија владееше во салата „Билјанини Извори“ во Охрид непосредно пред почетокот на големото финале во ЕХФ Купот. Над две илјади навивачи во еден глас ја испеаја химната на домашниот тим „Лихнида“, создавајќи неверојатна атмосфера и силна поддршка за ракометарите на Охрид. Одекнувањето на химната ја „запали“ салата и беше јасна најава за спектаклот кој следува на теренот. Со ваква поддршка од трибините, охридските „гладијатори“ ...
НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – Со две имиња кои повеќе од 20 години се незаборавен дел од македонската кошарка – НЕНАД ЗИВЧЕВИЌ и ТОНИ ГРНЧАРОВ. Многу смеа, многу анегдоти, многу иронични прозивки но максимално сериозно извлечени поенти кога е во прашање македонската кошарка – и за онаа од минатото но и за онаа која во иднина не очекува. РАЗГОВОРИ ЗА… Како Ненад Зивчевиќ сега се чувствува како кошаркарски пензионер? ...
Второлигашите Шкендија од Арачиново и Скопје од Автокоманда станаа дел од најелитната фудбалска македонска лига. Во Битола екипата на Скопје беше поуспешна од Брера од Струмица и со резултат од 1:0 екипата од Автокоманда после многу години повторно се врати во првата лига. Многу поинтересно беше во Кавадарци каде екипата на Шкендија направи изненадување и го победи фаворизираниот Пелистер од Битола. Откако регуларниот дел заврши со резултат ...
Фудаблската репрезентација на Србија доживеа еден од најголемите дебакли во својата историја, откако денеска загуби од селекцијата на Зеленортски Острови. Дебитантот на Светското првенство кое следи покажа голема желба за надигрување на денешниот меч во Лисабон, па иако Србија играше со комбиниран тим, селекторот Велјко Пауновиќ доби сигнал дека тимот не е на посакуваното ниво. Малата афринаксна селекција го надигра фаворизираниот европски ...
По комплетирањето на баражите, познати се екипите кои ќе играат во Првата и во Втората македонска фудбалска лига. Интересно е што во второлигашкиот шампионат, скоро сите екипи се поранешни прволигаши. Во баражот испаднаа два прволигаши, така што плус со трите кои испаднаа директно, вкупно пет екипи од ПМФЛ се селат во ВМФЛ. Елитата остана без екипи од фудбалските центри како Струмица и Битола, а истовремено е посиромашна и за Работнички, клуб ...
Над 100.000 фанови на Арсенал ги преплавија улиците во северен Лондон за да ги поздрават Микел Артета и неговите избраници, за заедничката прослава на титулата во Премиер-лигата. „Топчиите“ немаа многу време, експресно ги избришаа солзите по разочарувачкиот пораз во финалето на ЛШ од ПСЖ, рано утрово се вратија од Будимпешта назад во Лондон, а попладнево во голем стил ја прославија титулата, прва во Премиер-лигата по пауза од цели 22 години. ...
Еуфорија владееше денеска во северен Лондон, каде што илјадници навивачи на Арсенал излегоа на улиците за да го прослават освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата, прва за клубот по пауза од 22 години. Свечената парада започна во попладневните часови, а фудбалерите и стручниот штаб на „топчиите“ на отворени автобуси продефилираа низ градските улици, поздравувани од огромна маса приврзаници. Голем дел од навивачите уште од рано ...
Деклан Рајс до ден денеска е најскапо платен фудбалер во историјата на Арсенал со трансфер висок повеќе од 100 милиони фунти, а како човек кој прерасна во вистински лидер во изминатите три сезони, дава такви изјави и по големите разочарувања. Рајс беше оној кој го подигна тимот по болниот пораз на „Итихад“ и неговите зборови се претворија во реалност еден месец подоцна со освоена титула во Премиер лигата, а сега останува најголем оптимист ...
Попладнево во Ѓорче се одигра и четвртиот бараж меч за пополнување на ВМФЛ за следната сезона. Тетекс успеа со неверојатни 9:0 да го победи Влазними од Струга и со тоа дефинитивно да го задржи статусот на второлигаш. Па така сега познати се сите 14 клубови кои следната сезона ќе бидат дел од ВМФЛ. Тоа се: Работнички, Пелистер, Македонија ЃП, Шкупи, Брера, Охрид, Беласица, Осогово, Новаци, Детонит, Еуромилк, Кожув, Камјани и Тетекс. Интересно ...
Грузискиот фудбалер Хвича Кваратцхелија беше прогласен за најдобар играч на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Ѕвездата на Пари Сен Жермен беше еден од клучните играчи во кампањата на својот тим за втората последователна титула европски шампион. ПСЖ успешно ја одбрани титулата, подвиг што многу великани не успеаја да го постигнат во последните години. Тимот на Луис Енрике го победи Арсенал во финалето на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Уругвај, Марсело Биелса, го објави конечниот состав за Светското првенство, во кој, за прв пат по 16 години, не е вклучен легендарниот напаѓач Луис Суарез. Одлуката на аргентинскиот стручњак стави крај на месеците шпекулации за статусот на најдобриот стрелец во историјата на уругвајската репрезентација. На списокот на патници за Светското првенство во САД, Мексико и Канада се наоѓаат играчи од ...
Пелистер се враќа назад во Втората лига откако битолчани претрпеа пораз во денешниот бараж во кој во Кавадарци за противник го имаа тимот на Шкендија Арачиново. „Зелено-белите“ се вратија од работ на амбисот со гол во 97. минута, но во пенал-рулетот немаа одговор за извонредниот Столевски, голманот кој ги одведе арачиновци наззад во македонската фудбалска елита. Возбудувањата кулминираа во второто полувреме кога тимот од Арачиново прв поведе ...
Играчите на Реал Мадрид заминаа на репрезентативни обврски во најлошо можно распложение, а дел од нив извисија и не добија ниту повици за Светското првенство поради разочарувачката сезона на тимско и индивидуално ниво. Орелијан Чуамени не е дел од тој круг на играчи и Французинот доби повик од Дидие Дешамп за најголемиот фудбалски настан, но сега за време на првото обраќање кое го имаше од репрезентативниот камп, мораше да се огласи на тема ...
Во името на нашиот национален тим пред пријателскиот натпревар со Турција зборуваше Езѓан Алиоски. „Секогаш е убаво да се вратиш некаде каде што си играч. Тоа не значи многу, утре не очекува нов натпревар. Треба да уживаме во овој дуел пред полни трибини. Мора да учиме повеќе од секој нов натпревар. Одигравме добро против Босанците, но јасно е дека е потребно време. Ќе видиме понатаму, ама овие два квалитетни теста се одлични за нас. Многу се ...
Повеќегодишниот престој на АП Брера во елитното друштво на мак-фудбалот заврши неславно откако струмичкиот тим го загуби денешниот бараж со Скопје со минимални 0-1, што значи и преселба во Втората лига од наредната сезона. Дуелот беше максимално израмнет, а највозбудливо беше во самата завршница. Најпрвин Ангелов во 86. минута не реализираше пенал за Скопје, но веќе во следниот напад тимот од главниот град се радуваше во Битола, Трајчевски се ...
Брера Струмица е нов второлигаш откако беше поразена во баражот за опстанок од тимот на Скопје, кој се враќа во Првата македонска фудбалска лига. Херој на мечот во Битола беше Душко Трајчевски кој во финишот постигна гол вреден влез на „пиратите“ од Автокоманда во Прва лига. Претходно, тимот од Автокоманда кој го води Александар Таневски не реализираше пенал, откако на Виктор Ангелов му беше прочитан ударот од белата точка. Брера Струмица е ...
Македонската фудбалска експедиција веќе е стационирана во Истанбул, каде ги „впива“ условите за претстојниот голем тест против моќната Турција. По ремито со Босна, атмосферата во таборот е на високо ниво, а пред новинарите излезе миленикот на навивачите, Езѓан Алиоски, кој испрати моќни пораки. Алиоски не го криеше задоволството што се враќа на местото каде што остави силна трага, но веднаш ги „спушти топката“ и предупреди дека утре пред ...
Екипата на Тетекс ги комплетира учесниците во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) во следната сезона, откако славеше убедливо во баражот со Влазрими. „Штофарите“ на стадионот во Ѓорче Петров одиграа доминантно и со убедлив триумф од 9-0 го задржаа второлигашкиот статус и во новото издание на ВМФЛ. По првото полувреме, Тетекс имаше убедливи 3-0, па вториот дел беше само рутина. Покрај Тетекс, преку баражите место во ВМФЛ обезбедија и ...
Екипата на Скопје пак по 2023 година ќе игра Прва лига, откако во баражот одигран на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, славаше со резултат 1-0 во дуелот со Брера Струмица. „Пиратите“ од Автокоманда беа поконкретни во првиот дел, имаа четири обиди за гол, додека Брера имаше само една прилика преку Петровиќ, кога направи контра, но откако излезе еден на еден со голманот Наумовски, направи прекршок во напад откако го згазна ривалот ...
Фудбалскиот клуб Кожуф продолжува да ја потврдува квалитетната работа со младите категории, откако генерацијата 2018 освои пехар на завршниот турнир во Детската лига на Фудбалската федерација на Македонија и сезоната ја заврши меѓу четирите најдобри екипи во државата. Младите фудбалери од Гевгелија, предводени од тренерот Бојана Танова, имаа одличен настап на завршницата и покажаа голем потенцијал, талент и фудбалска зрелост и покрај нивната ...