Сан Антонио ноќеска ја победи Оклахома Сити (111:103) во седмиот натпревар од полуфиналето на плејофот на НБА. Центарот на Спарс, Виктор Вембањама, е прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалето на Западната конференција. Во серијата против Тандер, 22-годишниот француски кошаркар имаше просек од 27,3 поени, 10,9 скока, 3,1 асистенции, 1,4 украдени топки и 2,7 блокади за 37,7 минути. Тој заврши трет во гласањето за најкорисен играч во НБА ...

Сан Антонио се пласираше во големото НБА финале, откако во решавачкиот седми натпревар од финалето на Западната конференција славеше на гостувањето кај Оклахома со 111-103 и со вкупни 4-3 во серијата стигна до местото во битката за шампионскиот трофеј. За Сапрси ова е првпат по 2014 година да играат финале на НБА, тогаш и последен пат се искачија на врвот предводени од легендарните Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили. Во центарот на ...

Францускиот кошаркарски центар, Виктор Вембањама ги предводеше Сан Антонио Спарс до финалето на НБА, па поради тоа летово ќе биде награден со најголемиот договор во историјата на франшизата. Вембањама има уште една спектакуларна сезона зад себе и според американските медиуми ќе добие максимален договор во вредност од 251 милион долари за пет години. Како што пренесува ESPN, договорот ќе биде „побогат“ и ќе вклучи специјални бонуси поврзани ...

Финалето во НБА носи спектакл не само на теренот туку и во светот на обложувањето. Според податоците од „Драфт кингс“, Њујорк никс привлекол речиси половина од сите уплати за шампионската титула оваа сезона, што го прави убедливо најпопуларен избор меѓу обложувачите. Сепак, на патот до шампионскиот прстен им стои Сан Антонио Спарс, предводен од феноменалниот Виктор Вембањама. Иако Спарс е фаворит пред стартот на серијата, пазарот покажа ...

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама е на пат да стане еден од најплатените спортисти во историјата на НБА лигата. Според пресметките на американските медиуми, доколку продолжи да напредува со сегашното темпо и ги исполни условите за таканаречениот „супермакс“ договор, ѕвездата на Сан Антонио Спарс би можел да потпише нова соработка вредна повеќе од 300 милиони долари. Вембањама уште во своите први сезони во најсилната кошаркарска лига на ...