Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Црвена Звезда е на добар пат да го реши тренерското прашање за следната сезона, но не се Василис Спанулис како што беше најавувано во изминатиот период. Грчката легендаа е многу блиску до преземање на Арис во татковината, а планот на белградските црвено-бели е за нов тренер да именуваат шпански стратег. Ибон Наваро е „избраниот“ за оваа одговорна функција, преговорите веќе се во завршна фаза и актуелниот тренер на Уникаха во следните денови ...
Трагичарот на Арсенал од финалето во Лигата на шампионите, Габриел Магаљаеш, испрати емотивно обраќање преку социјалните мрежи. Бразилскиот дефанзивец, кој зад себе имаше извонредна сезона, се претвори во трагичар за Топчиите откако го промаши клучниот петти пенал против ПСЖ, промашување со кое трофејот замина за Париз по втора година по ред. И покрај огромното разочарување, столбот во одбраната на лондонскиот клуб го искористи својот ...
Ракометарите на Флензбург го освоија бронзениот медал во Европската лига на ЕХФ, откако во натпреварот за третото место беа поуспешни од екипата на Монпелје со конечни 30-32. Бевме сведоци на целосно израмнета игра во првото полувреме, ниту еден од ривалите не успеа да создаде поголема предност, па така на паузата екипите заминаа со резултат 16-16. Конечниот удар Флензбург го зададе во завршницата од мечот, кога првпат „побегна“ на четири ...
Така прават големите клубови, оние кои знаат добро што е тага. Па така и ФК Пелистер непосредно пред стартот на бараж мечот со Шкендија (Аарачиново) во Кавадарци направи голем гест за кој треба да се каже едно големо -БРАВО. Има разлика и тоа како кој тоа како го прави. Имено фудбалерите на Пелистер искочија со маички на кои пишуваше – ПОЧИВАЈ ВО МИР АГАН. Ова е посветено на младиот фудбалер на ФК Куманово, кој пред неколку дена на само 13 ...
Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао потврди дека има намера да го напушти Милан по претстојното Светско првенство, нагласувајќи дека сака нов предизвик и продолжување на кариерата во некоја друга лига. 26-годишниот напаѓач за португалските медиуми изјави дека верува дека дал сè од себе за време на седумгодишниот престој во италијанскиот гигант. „Лично, дадов сè за Милан. Тоа е клуб кој многу ми помогна да напредувам и ме поддржуваше во ...
Македонскиот репрезентативец, Тихомир Костадинов стрелаше за Словацко против Артис Брно во мечот во кој домаќините со победа го потврдија статусот на прволигаш за натпреварувачката 2026/2027. Словацко славеше на првиот меч како гостин со 4-1, а денеска исто обезбеди триумф од три разлика (3-0) и со вкупно 7-1 го заокружи овој бараж. Костадинов како и дефанзивецот Андреј Стојчевски ги одиграа сите 90 минути во таборот на домаќините, Тихо ...
Челси успеа да го убеди Чаби Алонсо да го преземе лондонскиот клуб по разочарувачката сезона со која „сините“ останааа без излез во фудбалска Европа, а управата веќе најави дека ќе ги исполни сите желби на шпанскиот стратег, се со цел лондонскиот клуб што поскоро да се врати во борбта за трофеи. Алонсо е максимално амбициозен, па како прва желба го навел својот миленик од времето минато во Баер Леверкузен, германскиот генијалец Флоријан Вирц. ...
Екипата и навивачите на Арсенал денес масовно слават, без оглед на тоа што вчера претрпеа пораз во финалето на Лигата на шампионите. Тимот од Северен Лондон го одбележува својот голем триумф и освојувањето на титулата во Премиер лигата со спектакуларен парад низ улиците на англиската престолнина. По цели 22 години шампионскиот трофеј е повторно во витрините на Арсенал. Илјадници фанови со овации ги поздравуваат избраниците на Микел Артета, ...
Пеп Гвардиола одлучи да ја заврши приказната со Манчестер Сити и тоа една година пред истекот на договорот кој му беше со важност до 2027. Шпанецот долго време беше прашуван за неговата иднина, тој долго време порачуваше, одговараше дека планира тоа што го потпишал на хартија да го одработи до самиот крај, ама нешто се промени во меѓувреме и со освоените два трофеи во англискиот Лига и ФА Купот стратегот одлучи да се збогува со „Итихад“. Тој ...
Иако вчера беа поразени од ПСЖ во финалето во Лигата на Шампионите, како што и беше најавено, Арсенал попладнево е на шампионска парада по улиците на Лондон. Причината е освојувањето на титулата во Премиерлигата по пауза од 22 години. In the heart of north London ❤️🔥 Enjoy all of our parade celebrations with Live From N5 🏆 https://t.co/LJg5ph2nIZ — Arsenal (@Arsenal) May 31, 2026 Покрај тренерот Артета и играчите на Арсенал, тука се и ...
Салата „Билјанини Извори“ вечерва ќе биде исполнета до последното место, а атмосферата одамна ја надмина рамката на обичен натпревар – Охрид живее ракометна европска приказна што може да заврши со историски трофеј. Пред ГРК Охрид стои најголемиот испит досега – реванш финалето од ЕХФ Европскиот Куп против унгарска Татабања, дуел во кој секоја секунда може да ја смени историјата на клубот. Охриѓани влегуваат со предност од првиот меч, откако ...
Пари Сен Жермен вчера по вторпат во својата историја се искачи на европскиот фудбалски врв, но покрај славјето и еуфоријата по освојувањето на трофејот, вниманието го привлече и еден спортски гест на капитенот Маркињос. Искусниот бразилски дефанзивец, наместо веднаш да се приклучи на прославата со соиграчите, најпрво се упати кон Габриел, кој го понесе товарот на поразот откако не успеа да реализира во пенал-серијата. Маркињос му пријде на ...
Украинската тенисерка Марта Костјук оствари голема победа на Ролан Гарос, откако ја елиминираше Полјачката Ига Швјонтек со 2-0 во сетови (7-5 и 6-1). Костјук со овој триумф се пласираше во четвртфиналето, приредувајќи големо изненадување на престижниот француски Грен-Слем. Мечот траеше еден час и 40 минути, а Швјонтек немаше свој ден и мораше да се помири со болен пораз во раната фаза на турнирот. За Украинката Костјук ова е второ ...
Во понеделник, 01.07.2026 г., започнува пинг понг натпреварот од серијата World Table Tennis Contender Skopje 2026. Натпреварот ќе трае до 7-ми Јуни, а натпреварите се играат во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Фондот на награди изнесува 100 000 америкаски долари, а најпознати имиња кои ќе настапат се Дарко Јоргиќ од Словенија, рангиран на 14-то место во Светот, и Јапонката Сацуки Одо, 12-та во Светот. Натпреварите се играат во ...
Старо-новиот европски шампион, ПСЖ, со освојувањето на втората титула во Лигата на шампионите, обезбеди учество и во Суперкупот на УЕФА, каде ќе ги одмери силите со победникот во Лига Европа, Астон Вила. Двете екипи ги кренаа двата најважни трофеи во клупските натпреварувања на УЕФА, а нивната пресметка ќе се случи на 12 август, на „Ред Бул Арена“ во Салцбург. Австрискиот град ќе биде домаќин на овој спектакуларен натпревар, каде се очекува ...
Арсенал и ПСЖ синоќа ги одмерија силите во големото финале од Лигата на шампионите во Будимпешта, во кое не крајот парижаните по пеналите славеа нов европски трофеј. ПСЖ славеше на крај благодарение на фудбалерот на „топчиите“, Габриел, кој го промаши пеналот во петтата серија. Бразилецот беше трагичната фигура на Арсенал па по промашувањето почна неутешно да плаче, добивајќи поддршка од соиграчите и навивачите на Арсенал. „Болно е, но сум ...
На гренслем турнирот Ролан Гарос се случи драматичен момент кој за малку ќе прераснеше во физичка пресметка меѓу двајца тенисери. Во исклучително напнат меч исполнет со долги поени и пресврти, емоциите кулминираа во петтиот сет од дуелот меѓу Френсис Тиафо и Жаиме Фарија. Во еден момент, тензијата меѓу играчите достигна ниво кога ситуацијата речиси излезе од контрола. Интервенција мораше да направи српската судијка Маријана Вељовиќ, која брзо ...
Само шест месеци по ребрендирањето и добивањето на новото име, ФК Марадона од Штип веќе бележи резултати кои го потврдуваат сериозниот пристап, посветеноста и амбициите на клубот во работата со младите фудбалери. Од клубот истакнуваат дека уште од самиот почеток останале верни на својата визија – да создадат средина во која децата не само што ќе ги развиваат своите фудбалски вештини, туку и ќе растат како спортисти и личности преку вредности ...
Репрезентацијата на Јапонија го совлада Исланд со минимални 1-0 (0-0) во пријателскиот натпревар одигран во рамки на подготовките за Светското фудбалско првенство. „Самураите“ го впишаа триумфот со само еден погодок, кој беше дело на Коки Огава во 87. минута. Исланд имаше свои шанси, но не успеа да ја затресе мрежата на домаќинот кој ги пречека „рибарите“ на националниот стадион во Токио. Мексико со истиот резултат оствари победа над ...
Поранешниот македонски репрезентативец Ердал Ракип ќе има нов клуб, затоа што полска Миеџ Легница не ја искористи опцијата да го продолжи договорот на уште една сезона по крајот на актуелната. Ракип во својата кариера шест пати ја освојуваше шампионската титула во Шведска и има настапи во Лигата на шампионите, а зад себе има и бронзен медал од Светското првенство за играчи до 17 години. Пред да потпише за Миеџ Легница, во изминатите три ...
Ајнтрахт Франкфурт соопшти дека за нов тренер го именуваше Ади Хитер, кој по пет години се враќа на клупата на германскиот бундеслигаш. Австрискиот стручњак потпиша тригодишен договор и на таа функција го наследи Алберт Риера, кој минатиот месец спогодбено го напушти клубот по краткиот мандат. Ајнтрахт претходната сезона ја заврши на осмото место во Бундеслигата, веднаш под позициите кои водат во европските натпреварувања. „За мене е многу ...
Откако не успеаја да го договорат Андони Ираола, кој, како што стојат работите, ќе го преземе Ливерпул, во Милан се насочија кон други опции за тренерската позиција. Сега Австриецот Оливер Гласнер, свежо крунисан во Конференциската лига со Кристал Палас, е мета на Милан. Човекот кој донесе три трофеи (ФА Куп и Комјунити Шилд, покрај Конференциската лига) во витрините на клубот од Лондон за само две години, едноставно е интересен за ...
Килијан Мбапе сè уште чека на трофејот од Лигата на шампионите. Во текот на претходните пет сезони, клубовите за кои играше или за кои игра освоија четири титули. И покрај ова, Мбапе не бил дел од тие прослави. Реал славеше во 2022 и 2024 година, додека Килијан пристигна во Мадрид една година потоа, токму од Париз. Пари Сен Жермен триумфираше во 2025 и 2026 година, па Мбапе не ги „фати“ ниту тие трофеи. Многу навивачи на ПСЖ сè уште не му ...
Прославата на новата европска титула на ПСЖ беше засенета од сериозни инциденти низ Франција, при што полицијата уапси повеќе од 400 лица по финалето на Лигата на шампионите. Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, приведени биле 416 лица, од кои 280 во Париз. Нередите избувнаа веднаш по победата на ПСЖ над Арсенал во финалето, а во повеќе делови од француската престолнина дојде до судири меѓу навивачите и ...
Екипата на Толука од Мексико стана шампион на Северна и Централна Америка, откако во финалето беше подобра од Тигрес со конечни 6-5 во пенал-рулетот. Натпреварот во регуларното време не понуди голови, а по продолженијата, конечниот резултат гласеше 1-1. Хорхе Дијаз ја доведе Толука во водство во 104. минута, но Тигрес успеа да израмни десет минути подоцна со голот на Жоакин. Од единаесетте удари во пенал серијата, Толука искористи шест, а ...
Арсенал не успеа на идеален начин да ја затвори, круниса оваа сезона и доживеа болен пораз од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. Англискиот првак постигна гол во раната фаза од мечот и потоа се обиде на свој начин со цврстина, заеднишство, дефанзивна компактност да ја одбрани преднота, меѓутоа не успеа во тоа прими гол во вториот дел (1-1) и потоа скоро и да не создаде ниту една шанса за победа. На крајот се дојде до удари ...
Ига Свјатек неочекувано загуби во осминафиналето на Ролан Гарос од Марта Костјук со 7:5, 6:1. Полјачката беше една од главните фаворитки за освојување на вториот Гренд слем во сезоната, но немаше решение за Костјук. Свјатек направи брејк по втор пат во првиот сет за да поведе со 5:4 и сервираше за сетот, но загуби три гема по ред и се најде во неволја. Полјачката направи брејк во првиот гем од вториот сет и се чинеше дека е во тек пресврт. ...
Интересна изјава на селекторот на Турција, Винченцо Монтела пред утрешниот пријателски натпревар со Македонија кој е всушност испраќање на турската селекција на СП 2026 во САД, Канада и Мексико. Италијанецот Монтела со максимален респект зборуваше за македонската селекција, нагласувајќи дека ќе имаат одличен тест пред заминувањето за САД. „Да бидам искрен, ја избравме Македонија за пријателскиот натпревар бидејќи играат сличен фудбал како ...
Српскиот тенисер не го искористи отсуството на Алкараз и елиминацијата на Синер за да дојде до нов грен-слем трофеј. Се чини дека ова му беше шанса каква што ќе нема веќе. Новак добро го почна натпреварот, ги доби првите два сета со 6-4 и 6-4, но потоа се променија работите. Фонсека почна да игра подобро ги доби следните сетови со 6-3, 7-5 и 7-5 и го доби мечот со 3-2. Српскиот тенисер не го искористи отсуството на Алкараз и елиминацијата на ...
Арсенал повторно не успеа да стигне до европскиот врв, откако во финалето на Лигата на шампионите загуби од ПСЖ по изведување пенали (4-3). Натпреварот по 90 минути и по двете продолженија заврши без победник, 1-1. Одлучувачки во пенал-серијата беа промашувањата на Езе и Габриел, што им овозможи на парижаните да стигнат до престижниот трофеј и да ја прослават европската титула. Сепак, фудбалерот за врска на ПСЖ, Жоао Невеш, вели дека во ...