Во пресрет на вечерашниот пријателски меч во Истанбул меѓу Турција и Македонија, убаво ќе биде да се потсетиме на историјатот, на досегашните натпревари на Македонија со оваа селекција. Досега се одигра осум средби на кои имаме само една победа, пет порази и два меча завршиле без победник. Таа победа сме ја извојувале на 4 јуни 2006 година во пријателски меч, и тоа со 1:0, одиграна во Крефелд (Германија). Пријателски сме одиграле и дома во ...

Хулијан Алварез е идеалното засилување за Барселона кога станува збор за потрагата за наследник на Роберт Левандовски, но последните информации говорат дека каталонците ќе останат со празни раце во трката по Аргентинецот. Европскиот првак ПСЖ е главен фаворит за потписот на аргентинскиот голгетер откако „светците“ веќе имале разговори и со агентот на Алварез и со раководството на Атлетико на оваа тема. Мадридскиот клуб не сака да го продаде ...

Кариерата на Леброн Џејмс полека влегува во самата завршница, а претстојното лето би можело да биде едно од најважните во неговата блескава кариера. Иако и понатаму е еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, сè повеќе се поставува прашањето каде ќе ја продолжи кариерата и дали следната сезона можеби ќе биде неговата последна. Според американскиот новинар Марк Штајн, интерес за Леброн и понатаму има од повеќе франшизи, но реалноста е дека ...

Ракометарките на хрватска Подравка продолжуваат да испишуваат историја во хрватскиот ракомет. Тимот веќе надмина 100 последователни натпревари без пораз во домашните натпреварувања. Последниот пораз на Подравка во хрватскиот шампионат датира од 8 февруари 2023 година, кога Дуго Село приреди изненадување и славеше со 26-25. Тоа беше и последната сезона во која Подравка не ја освои шампионската титула, која тогаш заврши во рацете на најголемиот ...

Вечерва од 19:30 часот на стадионот “Шукру Сарачоглу“ во Истанбул, нашата најдобра фудбалска репрезентација во пријателски натпревар ќе ги одмери силите против домашната селекција на Турција. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на оваа контрола и доаѓаат од Шпанија. За главен судија одреден е Хозе Луис Мунуера, кој важи за еден од најпознатите судии во Шпанија кој редовно суди во Ла Лига, но и во Европа. Негови помошници се Диего ...

Македонската кикбокс репрезентација оствари извонреден настап на ВАКО Балканското првенство кое се одржа од 29 до 31 мај во Нови Сад, Србија, освојувајќи вкупно 66 медали – 13 златни, 25 сребрени и 28 бронзени одличја. Македонија на шампионатот настапи со делегација од 108 лица, составена од 75 натпреварувачи, 27 тренери, 4 судии и 2 официјални лица, претставувајќи една од најбројните национални селекции на првенството. Во силна конкуренција ...

Рафаел Леао најави заминување од Милан и тоа го направи пред да почне со главните подготовки за Светското првенство, тајминг кој за Фабио Капело е доста впечатлив и за него привлекува многу внимание. Легендарниот италијански стручњак е уверен дека Леао го направил ова со јасна намера да го стави Милан во полоша ситуација на трансфер пазарот, бидејќи клубовите секогаш губат подобра почетна позиција кога нивните играчи искажуваат желба да си ...

Пелистер и Брера се преселија во понизок ранг и од следната сезона ќе играат во Втората фудбалска лига откако вчера беа елиминирани во баражите за пополнување на елитното друштво од Шкендија Арачиново и од ФК Скопје. Пелистер загуби по голема драма на пенали (4-3) во Кавадарци, а Брера беше поразена со 0-1 на мечот во Битола. Ова е само потврда дека прволигашкото друштво и не е толку квалитетно, дека освен првите четири екипи кои се борат за ...

ФИФА воведе неколку нови правила во пресрет на СП 2026, а едно од нив видовме на дело на вчерашниот пријателски натпревар меѓу Јапонија и Исланд. За што станува збор? Исландскиот репрезентативец Кристијан Хлинсон се влечкаше при излегувањето од терен, а согласно новите правила фудбалерите мора да излезат за максимум десет секунди. Хлинсон ја надмина оваа граница, па според правилата – играчот што требаше да влезе на негово место мораше да ...

Денеска со почеток од 18.30 часот на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Турција. По ремито во Сараево против Босна и Херцеговина (0:0), избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе играат против уште еден национален тим кој ќе учествува на претстојното Светско првенство. Македонија и Турција се среќаваат по деветти пат, во меѓусебните дуели имаме една ...

На мечот меѓу Ел Насионал и Лига де Портовијехо во втората лига на Еквадор се случи еден бизарен инцидент, а во главна „улога“ беше медицинското возило. Се играше 71-вата минута кога еден гостински играч се жалеше на повреда, па мораше да биде изнесен од теренот. Затоа на теренот се појави медицинско возило, кое додека излегуваше од теренот, неочекувано направи инцидент. Гостинскиот фудбалер Едисон Каиседо ноншалантно си одеше по теренот, но ...

Излегоа детали од документарецот на Рафаел Надар. Шпанецот е еден од најголемите тенисери на сите времиња, а неговата приказна наскоро ќе биде прикажана на „Нетфликс“. Пред објавувањето, се појави дел кој се занимава со бројните проблеми што ги имал Рафаел Надал уште од самиот почеток на неговата кариера. Имено, тој страдал од синдромот Милер-Вајс, деформација на левото стапало, уште од мал. Поради тоа користел специјални чевли за играње. ...

Бразил се прикажа во фуриозно издание на првиот од двата предвидени теста пред стартот на Светското првенство, бидејќи рано утрово на домашен терен ја декласираше Панама со 6:2. Тимот на Карло Анчелоти беше мотивиран да се покаже во добро светло пред преполната „Маракана“, а покрај осумте гола кои беа видени на теренот, интересни ситуации имаше и по крајот на истиот. Шесте погодоци во мрежата на ривалот се добра увертира во пресрет на ...

Аргентинската фудбалска репрезентација вчера попладне слета во Канзас сити, каде ќе биде базата на „гаучосите“ за време на претстојниот мундијал. Сите беа во исчекување на Лео Меси, кој од синоќа се приклучи на националниот тим откако пристигна со приватен авион во Канзас сити. Крај себе Лео го имаше Родриго де Пол, Аргентинецот кој му е соиграч и во Интер Мајами, по што двајцата веднаш се упатија во тренинг-комплексот на аргентинската ...

Откако го загубија финалето на Лигата на шампионите, Арсенал е подготвен да го направи следниот чекор и се стреми да потпише четири нови ѕвезди ова лето. Трошоците би можеле да ги надминат оние од последниот преоден рок, кога беа потрошени рекордни 280 милиони евра. Арсенал го загуби финалето на Лигата на шампионите од ПСЖ на пенали. Сепак, тимот на Микел Артета имаше неверојатна сезона, завршувајќи со освојување на Премиер лигата за прв пат ...

Џејмс Милнер објави дека ја завршува својата професионална кариера на 40-годишна возраст. Брилијантниот играч од средниот ред е рекордер во Премиер лигата по бројот на одиграни натпревари. Одигра 658 натпревари во најсилната лига во светот. Во кариерата играше за Ливерпул, Манчестер Сити, Лидс, Њукасл, Астон Вила и Брајтон. BREAKING: James Milner has announced his retirement from football after 24 years and the most appearances in Premier ...

Историската европска титула донесе незаборавни моменти за сите во таборот на Охрид, а посебни емоции имаше кај капитенот Гоце Ојлески. Како еден од лидерите на тимот, тој не го криеше задоволството по освоениот Европски Куп и успехот кој засекогаш ќе остане запишан во историјата на клубот и градот. Во изјава за Спортска Мрежа, капитенот Ојлески, истакна дека триумфот е целосно заслужен, нагласувајќи дека Охрид одиграл на високо ниво во двата ...

6800 Словачка – Малта (18 часот) Словаците се големи фаворити на овој меч, се очекува победа и најмалку три гола на натпреварот. Предлог тип: 1 & 3+ (1.85) 6801 Турција – Македонија (19.30 часот) Ова ќе биде нов голем предизвик за Македонија, типуваме на голови, од три до пет гола на мечот на стадионот на Фенербахче. Предлог тип: 3-5 гола (1.85) 2433 Волунтари – Херманштат (19.30 часот) На овој дуел не се очекуваат многу погодоци. ...

Аргентинската полиција уапси двајца чилеански државјани осомничени дека биле дел од организирана криминална група што стои зад серија кражби во домовите на познатите спортисти во САД и во Аргентина. Апсењето било извршено на автобуска станица во Буенос Аирес, а двајцата остануваат во притвор додека се чека постапката за нивна екстрадиција во САД. Според истрагата, групата со месеци ги следела движењето и навиките на оние што ѝ биле цел, ...

Тимот на Мекларен испрати силна порака до светот на Формула 1 и отвори тема што веднаш предизвика големо внимание. Британскиот тим за првпат јавно наговести дека во иднина би можел да стане производител на сопствени мотори. Во моментов, Мекларен настапува со погонски единици на Мерцедес, а соработката меѓу двете страни трае од 2021 година. Според актуелниот договор, партнерството треба да продолжи најмалку до 2030 година. Сепак, последните ...

Градот Охрид вечерва ќе ги поздрави своите европски шампиони. Прославата по повод историскиот успех на ГРК Охрид и освојувањето на Европскиот куп на ЕХФ започнува во 19:00 часот на градскиот плоштад. Според најавите, шампионите ќе пристигнат во 20:00 часот, кога охриѓани ќе имаат можност да ги поздрават ракометарите кои испишаа нова страница во историјата на клубот и македонскиот ракомет. Се очекува голем број навивачи и граѓани да ...

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) усвои серија значајни промени во правилата на играта што ќе бидат имплементирани на претстојното Светско првенство. Новитетите вклучуваат проширени овластувања на ВАР технологијата, построги казни за недолично однесување на играчите и цел сет мерки насочени кон намалување на непотребното губење на времето. Целта на промените е да се зголеми ефективното време за играње, побрзо донесување ...

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги затвори овосезонските предизвици на меѓународната сцена со пријателски натпревар против Турција во Истанбул. По дуелот со Босна и Херцеговина на стадионот „Кошево“ кој заврши без голови, избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги очекува уште еден сериозен тест, овојпат против селекција која ќе настапи на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада. >>> Сите квоти на мечот ...

Српската јавност со неверување го прифати изданието на фудбалската репрезентација и убедливиот пораз од 3-0 од Зеленортските острови претрпен на пријателскиот меч во Лисабон. Селекторот Вељко Пауновиќ за првпат се соочи со притисок и критики, без оглед на фактот што настапи без голем дел стандардни првотимци, српскиот кормилар ја призна немоќта на својот тим, но истовремено и порача дека нема причина за кревање паника. „Ова беше натпревар за ...

Охрид успеа да се надмине себеси и ја комплелтираше неверојатната сезона во Европа со 11 победи на 12 натпревари, а последната значеше дека се освојува трофејот во ЕХФ Купот. Амбициозниот проект на Охрид кој стартуваше пред само една година, многу брзо даде резултат во вид на европски трофеј, па на овој успех се радува буквално цел град крај Охридското езеро. Борис Ројевиќ состави чета која славеше над далеку поскапи тимови и клубови со ...

Информацијата која изминатите денови циркулираше во јавноста, доби официјална потврда, Ибрахима Конате го напушта Ливерпул. И покрај разните шпекулации, Французинот го напушта „Енфилд“ како слободен играч, откако му истече договорот. Тој сакаше да остане, но раководството на клубот очигледно сакаше нешто друго. Врз одлуката влијание имаше и лошата сезона што ја одигра францускиот дефанзивец. Ова е четврто потврдено заминување од клубот по ...

Кошаркарите на Вардар се нови шампиони во М16 лигата, откако во возбудливо и неизвесно финале го совладаа Водно Санс со 90:86 и ја освоија титулата државен првак. Финалниот натпревар понуди одлична кошарка и многу пресврти. Подобар старт имаа младите кошаркари на Водно Санс, кои во првата четвртина постигнаа дури 30 поени и поведоа со осум поени разлика. Вардар успеа делумно да ја намали негативата во втората четвртина, но на полувремето ...

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски додаде европски трофеј во својата биографија. По освоените трофеи со Металург и со Вардар 1961 на домашната сцена, дојде до најпрестижниот трофеј во кариерата, тоа е Европскиот Куп на ЕХФ. „Пред се, сакам да им честитам на соиграчите за успешната и извонредна сезона. Дуелот со Татабања беше многу тежок, но ние игравме добро, иако доста промашивме. Одигравме вистинско финале, трофејот го ...

Охрид повеќе од една седмица живееше за ракометот. Победата во Татабања во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Купот само дополнително ја подигна атмосферата кај охриѓани, но она што се случуваше на денот на реваншот беше вистинска еуфорија. Салата „Билјанини Извори“ беше центарот на сите случувања во градот покрај езерото. Уште два часа пред почетокот на натпреварот, просторот околу салата беше исполнет со навивачи, а фан-зоната обоена во ...

ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Турција ќе ја тестира силата на Македонија вечерва на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. Арената на која игра гигантот Фенербахче, ќе биде преполна во мечот во кој Турците ја имаат првата „проба“ пред настапот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Македонија ќе треба да ја „глуми“ Австралија. Барем така најавија Турците вчера на прес-конференцијата. Вечерва селекторот Гоце Седлоски ќе направи ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.86
59%
1017
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
1.36
48%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.26
67%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.68
67%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.85
43%
1017
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
0.98
81%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.79
54%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.4
67%
1017
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.14
74%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
1.9
49%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
2.24
37%
1017
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
5.0
93%
1018
Currency

61.6417

Currency

53.0919

Currency

71.3519

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.35

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Калај

54.89

Бакар

13.02

Злато

139701.84

Сребро

2263.61

Иридиум

253540.09

Платина

57581.99

Паладиум

42889.10