Уште една потврда дека во ГФК Неготино се работи посветено, стручно и со многу љубов кон фудбалот и децата. Генерацијата 2018 на клубот испиша нова успешна страница во својата приказна, освојувајќи го сребрениот медал и титулата вицешампион на Македонија во Детската лига на ФФМ. Младите фудбалери од Неготино покажаа огромно срце, талент и борбен дух на патот до големото финале, каде достојно го претставуваа својот град и клуб. Сребрениот ...

Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња официјално е избран за најкорисен играч (МВП) на шпанскиот кошаркарски шампионат. Крилниот играч на Реал Мадрид во Ендеса лигата просечно бележи 17,4 поени, 4,9 скокови и 1,9 асистенции, со што остави најдобар впечаток од целата најтесна конкуренција. Покрај Хезоња, во идеалниот тим се најдоа уште Лука Божиќ од Гранада, Жан Монтеро од Валенсија, Тимоти Луваву-Кабаро од Басконија и Давид Деџулиус од ...

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинес, не ја исклучува можноста Кристијано Роналдо да игра и на Светското првенство во 2030 година. Иако суперѕвездата тогаш ќе има 45 години, Мартинез верува дека неговата ментална сила би можела да го наведе Роналдо да игра на турнирот, на кој еден од главните домачини ќе биде неговата Португалија. Мартинес верува дека внатрешниот поттик на Роналдо е она што го издвојува од другите фудбалери. Додека ...

Филип Глигоров повторно е слободен играч откако македонскиот дефанзивец реши да си замине од косовскиот прволигаш Феризај чии бои ги бранеше во последните три сезони. Нашиот интернационалец беше меѓу најзаслужните што Феризај успеа да се врати во елитното друштво, Глигоров сезонава беше дел од овој тим во Првата лига, но сепак реши на крајот од сезонава да се раздели од косовскиот клуб. Неофицијално, за услугите на овој квалитетен и искусен ...

Манчестер Сити ја заврши оваа сезона со две освоени титули, но главната вест дефинитивно е заминувањето на Пеп Гвардиола кој реши да стави крај на престојот на „Итихад“ по десет години. Меѓутоа не треба да се заборави дека клубот од Манчестер исто така го напуштаат капитенот Бернардо Силва и дефанзивецот Џон Стоунс како слободни фудбалери, но таа листа може да биде проширена за уште некое име. Имено Јошко Гвардиола и Родри ја оставија ...

Турција мошне рано поведе со 1-0 против Македонија на пријателскиот натпревар во Истанбул. Турците се заканија уште во првиот напад, во 10-та секунда ја погодија пречката од нашиот гол, а само што измина една минута, во 62-секунда, Оркун Кокчу даде гол за водство. Истиот играч ја затресе и пречката. Ова е еден од најбрзите голови кои ги има примено Македонија. Кокчу сезонава го носеше дресот на Бешикташ каде настапуваше како позајмен од ...

Како што и беше најавено така и се случи. Винченцо Монтела со „резервите“ вечерва ќе и се спротивстави на Македонија во пријателскиот меч со Турција кој се игра на стадионот на Фенербахче од 19.30 часот. Капацитетот на стадионот изнесува 50.530 седишта и истиот е распродаден, а навивачите на Турција на оваа средба ќе ги испратат своите миленици на пат за Америка каде ќе настапат на престојниот Мундијал. Иако ги нема во записникот, капитенот ...

Ни следува ли катастрофа? Турција за 20 минути веќе води со 2-0 против македонската репрезентација. Македонија игра очајно на овој меч и Турците веќе имаат водство од два гола откако претходно ја погодија и пречката на Столе Димитриевски. Македонската реперезентација има проблеми да ја изнесе топката од својата половина а Турците вршат силен притисок. Ни следува ли катастрофа? Турција за 20 минути веќе води со 2-0 против македонската ...

Вилјареал ја заврши минатава сезона на третото место во Примера, но и тоа не беше доволно за клубот и тренерот Марселино Гарсија Торал да ја продолжат соработката, поточно шпанскиот прволигаш побара нов предводник. Таа потрага е завршена и „жолтата подморница“ ќе биде водена од некогашниот тренер на Столе Димитриевски, Ињиго Перез. Перез и Димитриевски соработуваа во Рајо Валјекано, тим во кој Ињиго прво работеше како асистент на Андони ...

Иако е еден од најдобрите играчи на Иран со години, Сердар Азмун нема да игра за фудбалската репрезентација на претстојното Светско првенство. Селекторот на Иран, Амир Галеноеи, одлучи да не го вклучи напаѓачот на Шабаб Ал-Ахли од Обединетите Арапски Емирати во составот само затоа што се фотографирал со владетелот на ОАЕ и ја објавил на социјалните мрежи, предизвикувајќи гнев кај Иранците, пренесува „Би-би-си Спорт“. Азмун е третиот најдобар ...

Освојувачот на Златната топка за 2024 година, Родри, и понатаму се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид, но самиот фудбалер избегнува да зборува за таквите шпекулации. Шпанскиот репрезентативец моментално е со националниот тим во пресрет на Светското првенство. Дваесет и деветодишниот играч на Манчестер сити се осврна на својата иднина и интересот од мадридскиот гигант. „Нормално е имињата на играчите да се поврзуваат со различни ...

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш покажа зошто многумина го сметаат не само за еден од најголемите во историјата туку и за голем човек надвор од терените. Иако неговиот настап на годинашниот Ролан Гарос заврши порано од очекувањата, Србинот привлече внимание со гест што трогна многумина ширум светот. Во центарот на вниманието беше младиот американски тенисер Закари Свајда, кој го постигна најголемиот успех во кариерата со ...

Елиминацијата на Јаник Синер на Ролан Гарос е сè уште главна тема во спортските медиуми. Првиот светски рекет беше апсолутен фаворит за титулата, но доживеа неочекувана елиминација уште во раната фаза од турнирот, откако Аргентинецот Хуан Мануел Церундоло беше подобар од него. Синер пристигна во Париз во фантастична форма и со серија од 30 последователни победи. Дејствуваше сигурно и на добар пат да стигне до уште еден триумф, но во текот на ...

Фудбалерите на Турција уште од стартот тргнаа фуриозно против Македонија и стигнаа до предност во втората минута. Уште во првата акција Турците ја стресоа пречката од македонскиот гол по една грешка на средината, а потоа со агресивна игра одново одзедоа топка и најдоа начин до рана предност. Откако остана подзаборавен во срцето на шеснаесетникот патот до мрежата го пронајде Оркан Кокчу. За да дојде до водство на Турција ѝ беше потребно само ...

ЕКИПА во Истанбул, Горан Бошев Не минаа ниту две минути игра, а Македонија веќе губи со 1-0 на гостувањето против Турција на пријателскиот меч што се игра на стадионот во Истанбул. Нашите избраници имаат катастрофален почеток, по само десетина секунди домаќините ја затресоа гредата од голот на Димитриевски. Акцијата продолжи, ние ја добивме, па ја загубивме топката, по што Кокчу одлично се снајде и по додавање од десната страна рутински го ...

Сабаленка, Осака и Зверев денеска го преземаат центарот на Ролан Гарос, откако 31 мај го претвори турнирот во Париз во една од најотворените гренслем трки во последните години. По претходните елиминации на Јаник Синер, Новак Ѓоковиќ и Коко Гоф, вчера падна и Ига Швјонтек, па земјената класика остана без дел од најголемите имиња уште пред четвртфиналната фаза. Најголемиот шок на денот беше поразот на Швјонтек. Четирикратната шампионка на Ролан ...

Денеска од 19.30 часот во Истанбул најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Турција, еден од учесниците на Светското првенство 2026. По ремито со Босна и Херцеговина (0:0) во Сараево, нашите најдобри фудбалери ќе имаат уште еден контролен меч што ќе биде добра подготовка пред новиот настап во Лигата на нации. Селекторот Гоце Седлоски се одлучи со кои 11 играчи ќе го стартува дуелот против Турците. – ...

Вистински МАСАКР се случи вчера а и пред неколку недели кога се виде кој се испаѓа од ПМФЛ. Нестварно, од 12 екипи во елитата во сезоната 2025/26 испаднаа вкупно дури пет. И тоа не било кој, туку звучни имиња кои нешто и тоа како значеле во мак – фудбалот. Па така во следната 2026/27 сезона во ВМФЛ ќе играат и Работнички, Пелистер, Македонија ЃП, Шкупи, Брера. Тоа се тимови кои оваа сезона испаднаа од елитата директно или по празите во ...

Спортската јавно во Грција е во шок откако денеска пристигна трагична вест – во сообраќајна несреќа животот го загуби поранешниот фудбалски репрезентативец на нашиот јужен сосед, 33-годишниот Мариос Оиконому. Трагедијата се случила додека возел мотоцикл и се судрил во аввтомобил што вртел полукружно. Брзата помош стигнала експресно на местото на несреќата, но за жал не успеала да го спаси животот на грчкиот фудбалер. Оиконому во кариерата ...

Во вечерните часови на 31 мај 2026 година, околу 20:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово привеле две лица на возраст од 23 години, двајцата жители на Тетово. Настанот се случил десетина минути претходно на улицата „Илинденска“, кога полицијата извршила контрола на патничко возило од марката BMW со тетовски таблички. Автомобилот го управувал едното лице, додека другото било сопатник. За време на проверката, ситуацијата се ...

Поранешниот италијански репрезентативец, Фабрицио Раванели подбра еден играч од актуелниот состав на Јувентус, клуб за кој тој настапуваше во кариерата. Раванели беше дел од генерацијата на „бјанконерите“ која ги освои сите титули во Италија, славеше во Лигата на шампионите и Купот на УЕФА (Лига Европа), успеси од кои е далеку овој сегашен тим на Јувентус кој не успеа и да се пласира во елитното натпреварување. Фабрицио дефинитивно е ...

ПСЖ веќе го одреди својот прв приоритет за летниот преоден рок, а таа одлука не е добра вест за еден премиерлигаш. Откако по драматично финале и изведување пенали го совлада Арсенал и ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, тренерот Луис Енрике веќе ги крои плановите за следната сезона. Со играчи како Усман Дембеле, Витиња, Хвича Кварацхелија и Ашраф Хакими, кои се носители на играта, не е изненадување што ПСЖ се смета за еден од ...

Време е уште една фудбалска легенда да се обиде како тренер. На 42-годишна возраст, Андрес Иниеста ја најде својата прва работа во тренерските води и ќе го води Галф јунајтед, клуб во близина на Дубаи од Обединети Арапски Емирати. Ова е тим од втората лига кој постои само седум години, односно основан во 2019 година. Поранешниот играч на Барселона заврши курс за тренерска лиценца од категоријата „А“. -Галф јунајтед изгледа како идеално место ...

Татабања беше два пати надиграна од Охрид и трофејот во ЕХФ Европскиот куп заслужено заврши кај македонскиот тим, но од унгарскиот табор стигнуваат сериозни обвинувања – за расизам од охридската публика кон еден од ракометарите на противникот. Станува збор за Баптист Дамартин, кој на десетина минути до крајот мораше да биде смируван од соиграчите, но и од официјалните лица во салата „Билјанини извори“, а поранешното крило на Нант обелодени ...

Гоце Седоски ги избра единаесетмината што ќе го стартуваат пријателскиот меч што Македонија денеска со почеток во 19.30 часот го игра против селекцијата на Турција. Македонскиот селектор се реши за неколку промени во однос на претходниот дуел со БиХ, па така Омерагиќ ќе добие шанса од првата минута на местото на Растодер, како партнер на Миовски во нападот на „црвено-жолтите“. Алиоски се враќа меѓу стартерите откако поради повреда ги пропушти ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, направи пет измени во однос на стартната постава која ѝ се спротивстави на Босна и Херцеговина. За разлика од тој меч, против Турција стартери ќе бидат Имран Фетаи, Езџан Алиоски, Агон Елези, Стефан Деспотовски и Азер Омерагиќ. На спротивната страна, Винченцо Монтела, одлучи да ја остави на клупа најголемата ѕвезда на Турција, Арда Ѓулер. Селекторот на фудбалската ...

Винченцо Монтела и Гоце Седлоски, селекторите на Турција и Македонија, ги открија картите за пријателскиот натпревар на двете селекции кој ќе се одигра на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. За разлика од претходниот дуел со БиХ, Седлоски направи неколку измени како новитети. Фетаи е новост во одбраната, на бековските странични линии се Алиоски и Деспотовски, во средниот ред се најде Елези, додека во нападот стартер е Омерагиќ. Кај ...

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија доживеа порази на двете пријателски натпревари од Косово кои беа загревање, тест за настапот во Европската лига 2026. Ова беа први контролни натпревари за екипата откако пред 15-тина дена ја превзема новиот селектор Милош Гавриловиќ, за кого овие средби беа и тоа како добредојдени и кои на комплетниот стручен штаб, но и на репрезентативките им дадоа слика и насоки за текот на ...

Легендарниот фудбалерм Предраг Мијатовиќм се повлече од функцијата потпретседател на ФК Партизан, по повеќемесечни несогласувања со дел од раководството на клубот. Според српските медиуми, Мијатовиќ поднел неотповиклива оставка по седницата на собранието на клубот, на која кулминирале конфликтите во управата. Во изминатиот период тој јавно влегуваше во судир со поединци од раководството, особено околу спортската политика и начинот на ...

Во женска конкуренција на грен слем тенискиот турнир Ролан Гарос, Ана Калинскаја денеска се пласираше во четвртфиналето откако ја победи Австријката Анастасија Потапова со 2:1 во сетови во осминафиналето. Мечот траеше два часа и 50 минути, а Калинскаја победи во сетови 6:4, 2:6, 7:6 (7). Калинскаја ќе игра во четвртфиналето против Маја Хвалинска од Полска која ја елиминираше Французинката Дајан Пери со 6:3 и 6:2. Диана Шнајдер е исто така во ...

Мвр билтен

52 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.97
38%
1016
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
45%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.26
48%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.49
48%
1017
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
0.74
42%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
2.73
64%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
2.24
54%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.0
51%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.31
72%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
1.34
39%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
33%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
5.37
69%
1018
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.2988

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Сребро

2263.61

Алуминиум

3.35

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Бакар

13.02

Платина

57581.99

Калај

54.89

Паладиум

42889.10

Злато

139701.84

Кобалт

45.39