Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Деклан Рајс до ден денеска е најскапо платен фудбалер во историјата на Арсенал со трансфер висок повеќе од 100 милиони фунти, а како човек кој прерасна во вистински лидер во изминатите три сезони, дава такви изјави и по големите разочарувања. Рајс беше оној кој го подигна тимот по болниот пораз на „Итихад“ и неговите зборови се претворија во реалност еден месец подоцна со освоена титула во Премиер лигата, а сега останува најголем оптимист ...
Попладнево во Ѓорче се одигра и четвртиот бараж меч за пополнување на ВМФЛ за следната сезона. Тетекс успеа со неверојатни 9:0 да го победи Влазними од Струга и со тоа дефинитивно да го задржи статусот на второлигаш. Па така сега познати се сите 14 клубови кои следната сезона ќе бидат дел од ВМФЛ. Тоа се: Работнички, Пелистер, Македонија ЃП, Шкупи, Брера, Охрид, Беласица, Осогово, Новаци, Детонит, Еуромилк, Кожув, Камјани и Тетекс. Интересно ...
Грузискиот фудбалер Хвича Кваратцхелија беше прогласен за најдобар играч на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Ѕвездата на Пари Сен Жермен беше еден од клучните играчи во кампањата на својот тим за втората последователна титула европски шампион. ПСЖ успешно ја одбрани титулата, подвиг што многу великани не успеаја да го постигнат во последните години. Тимот на Луис Енрике го победи Арсенал во финалето на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Уругвај, Марсело Биелса, го објави конечниот состав за Светското првенство, во кој, за прв пат по 16 години, не е вклучен легендарниот напаѓач Луис Суарез. Одлуката на аргентинскиот стручњак стави крај на месеците шпекулации за статусот на најдобриот стрелец во историјата на уругвајската репрезентација. На списокот на патници за Светското првенство во САД, Мексико и Канада се наоѓаат играчи од ...
Пелистер се враќа назад во Втората лига откако битолчани претрпеа пораз во денешниот бараж во кој во Кавадарци за противник го имаа тимот на Шкендија Арачиново. „Зелено-белите“ се вратија од работ на амбисот со гол во 97. минута, но во пенал-рулетот немаа одговор за извонредниот Столевски, голманот кој ги одведе арачиновци наззад во македонската фудбалска елита. Возбудувањата кулминираа во второто полувреме кога тимот од Арачиново прв поведе ...
Играчите на Реал Мадрид заминаа на репрезентативни обврски во најлошо можно распложение, а дел од нив извисија и не добија ниту повици за Светското првенство поради разочарувачката сезона на тимско и индивидуално ниво. Орелијан Чуамени не е дел од тој круг на играчи и Французинот доби повик од Дидие Дешамп за најголемиот фудбалски настан, но сега за време на првото обраќање кое го имаше од репрезентативниот камп, мораше да се огласи на тема ...
Во името на нашиот национален тим пред пријателскиот натпревар со Турција зборуваше Езѓан Алиоски. „Секогаш е убаво да се вратиш некаде каде што си играч. Тоа не значи многу, утре не очекува нов натпревар. Треба да уживаме во овој дуел пред полни трибини. Мора да учиме повеќе од секој нов натпревар. Одигравме добро против Босанците, но јасно е дека е потребно време. Ќе видиме понатаму, ама овие два квалитетни теста се одлични за нас. Многу се ...
Повеќегодишниот престој на АП Брера во елитното друштво на мак-фудбалот заврши неславно откако струмичкиот тим го загуби денешниот бараж со Скопје со минимални 0-1, што значи и преселба во Втората лига од наредната сезона. Дуелот беше максимално израмнет, а највозбудливо беше во самата завршница. Најпрвин Ангелов во 86. минута не реализираше пенал за Скопје, но веќе во следниот напад тимот од главниот град се радуваше во Битола, Трајчевски се ...
Брера Струмица е нов второлигаш откако беше поразена во баражот за опстанок од тимот на Скопје, кој се враќа во Првата македонска фудбалска лига. Херој на мечот во Битола беше Душко Трајчевски кој во финишот постигна гол вреден влез на „пиратите“ од Автокоманда во Прва лига. Претходно, тимот од Автокоманда кој го води Александар Таневски не реализираше пенал, откако на Виктор Ангелов му беше прочитан ударот од белата точка. Брера Струмица е ...
Македонската фудбалска експедиција веќе е стационирана во Истанбул, каде ги „впива“ условите за претстојниот голем тест против моќната Турција. По ремито со Босна, атмосферата во таборот е на високо ниво, а пред новинарите излезе миленикот на навивачите, Езѓан Алиоски, кој испрати моќни пораки. Алиоски не го криеше задоволството што се враќа на местото каде што остави силна трага, но веднаш ги „спушти топката“ и предупреди дека утре пред ...
Екипата на Тетекс ги комплетира учесниците во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) во следната сезона, откако славеше убедливо во баражот со Влазрими. „Штофарите“ на стадионот во Ѓорче Петров одиграа доминантно и со убедлив триумф од 9-0 го задржаа второлигашкиот статус и во новото издание на ВМФЛ. По првото полувреме, Тетекс имаше убедливи 3-0, па вториот дел беше само рутина. Покрај Тетекс, преку баражите место во ВМФЛ обезбедија и ...
Екипата на Скопје пак по 2023 година ќе игра Прва лига, откако во баражот одигран на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, славаше со резултат 1-0 во дуелот со Брера Струмица. „Пиратите“ од Автокоманда беа поконкретни во првиот дел, имаа четири обиди за гол, додека Брера имаше само една прилика преку Петровиќ, кога направи контра, но откако излезе еден на еден со голманот Наумовски, направи прекршок во напад откако го згазна ривалот ...
Фудбалскиот клуб Кожуф продолжува да ја потврдува квалитетната работа со младите категории, откако генерацијата 2018 освои пехар на завршниот турнир во Детската лига на Фудбалската федерација на Македонија и сезоната ја заврши меѓу четирите најдобри екипи во државата. Младите фудбалери од Гевгелија, предводени од тренерот Бојана Танова, имаа одличен настап на завршницата и покажаа голем потенцијал, талент и фудбалска зрелост и покрај нивната ...
ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Турција е следниот тест за Македонија во овој прозорец. Додека домаќинот се подготвува за настап на Мундијалот, нашата репрезентација го подготвува тимот за предизвиците во Лигата на Нации. Езцјан Алиоски смета дека и оаа селекција иако подмладена, има квалитет да се носи со силни репрезентација како што е Турција. Тој е задоволен од настапот против БиХ, и сега се надева на позитивен резултат и против ...
Европската сезона заврши со финалето на Лигата на шампионите, кое го доби ПСЖ по изведувањето на пенали против Арсенал. Парижаните ќе се сретнат со друг англиски тим, Астон Вила, во Европскиот Суперкуп. Бирмингем триумфираше во Лигата на Европа. Натпреварот ќе се одржи во австрискиот град Салцбург на 12 август во 22:00 часот. Што се однесува до финансискиот аспект, двата тима ќе добијат по 4 милиони евра, а победникот ќе добие уште еден ...
На денешната прес-конференција покрај селекторот беше присутен и Езѓан Алиоски кој расположено одговараше на новинарските прашања. Алиоски има играно на истиот стадион во дресот на Фенербахче. „Секогаш е убаво да се вратиш каде што си играл. Но, тоа не значи ништо, имаме меч со репрезентацијата, ќе има публика, треба да уживаме. Секој меч е ново искуство, пред сѐ за младите. Со Босна одигравме добро. Горд сум што ја носам 10-ката, но бројката ...
Екипата на Пелистер се соочува со голем проблем, затоа што во баражот за опстанок, тимот на Шкендија Арачиново дојде до предност (0-1). По еден спринт во воведните минути од второто полувреме, стрелец за Шкендија Арачиново беше Зани Назифи. Шутираше откосо, убаво успеа да го совлада голманот на „зелените“. Дуелот меѓу Пелистер и Шкендија Арачиново се игра за место во Првата лига во новата сезона. Екипата на Пелистер се соочува со голем ...
Селекторот Гоце Седлоски на официјална прес-конференција ги кажа своите очекувања од утрешниот пријателски меч против Турција. „Играме со една силна репрезентација како Турција, ние сме пред нов процес, создавање на нов тим, не е лесно за таков краток период да се направи игра и сѐ. За деновите минати со моите играчи презадоволен сум од она што го прикажуваат. Што се однесува до тоа дека имаме сличен стил на Австралија, тоа е мислење на ...
Фудбалската школа Јанг Тим од Струга уште еднаш потврди дека е една од најквалитетните и најорганизираните школи во Македонија, откако генерацијата 2014 стана шампион во ФФМ Детската лига. Младите стружани до шампионскиот трофеј стигнаа по одлични настапи во нокаут фазата, покажувајќи карактер, квалитет и победнички менталитет во секој натпревар. На патот до титулата, Јанг Тим во осминафиналето го совлада Атлетико со убедливи 5:1, а во ...
Ова е спортска традиција која трае многу години и треба да ја чуваме – порача министерот за спорт Борко Ристовски на одбележувањето на јубилејното 50.издание на Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“ во Радовиш на кое присуствуваа и градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов како и бројни поддржувачи на борењето и вљубеници во овој спорт. Турнирот,на кој ...
РК Младост 1977 од Богданци влегува максимално подготвен во најважниот натпревар сезонава. Во пресрет на баражот за пласман во Супер лигата, клубот го засили својот играчки кадар со двајца искусни ракометари кои треба да донесат дополнителен квалитет и сигурност во клучниот меч за враќање меѓу македонската ракометна елита. Нови членови на тимот се црногорскиот лев бек Богдан Николиќ и српскиот голман Живојин Илиќ, двајца ракометари со богато ...
Италијанецот Марко Безеки ја оствари најемотивната победа во својата МотоГП кариера, откако триумфираше на домашната Голема награда на Италија на легендарната патека Муџело. Возачот на Априлија Рејсинг поголемиот дел од трката го мина на втората позиција зад двократниот светски шампион Франческо Бањаја. Решавачкиот потег го направи на почетокот од 14. круг кога го презеде водството, по што сигурно ја контролираше трката до самиот финиш и ...
Ракометниот клуб Партизан соопшти дека доведе ново звучно засилување за следната сезона. Се работи за голманот Бекир Чордалија, кој доаѓа од редовите на полскиот Киелце. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина потпиша договор во траење од една година, со можност истиот да биде продолжен за уште една сезона. Golman Bekir Čordalija iz Kjelcea prelazi u Partizan AdmiralBet! Polako se sklapaju delovi slagalice za narednu sezonu, a čuvar mreže ...
Фудбалската репрезентација на Швајцарија им се врати на победите во вистински момент пред почетокот на Светското првенство, откако убедливо ја совлада Јордан со 4-1 во пријателски натпревар одигран во Санкт Гален. По серија од три меча без триумф, Швајцарците испратија јасна порака дека подготвени го дочекуваат Мундијалот. Средбата беше прекината во 87. минута поради силно невреме и бура над стадионот, но победникот веќе беше решен. ...
Иако има само 16 години, Лука Трпески се најде на списокот на фудбалери на Црвена Звезда кои одат на подготовки пред стартот на новата сезона. Тренерот Дејан Станковиќ на 15 јуни тргнува со тренинзите а дел од ѕвездите на Звезда ќе биде и нашиот мега талент. Тој минатата година потпиша професионален договор со најголемиот клуб во регионов и веќе има неколку тренинзи со првата екипа, но на тренинзите во Белград. Лука Трпески кој претходно ...
Пелистер – Шкендија (А) 0:0 и Брера – Скопје 0:0 по првите полувремиња на двата баражи за пополнување на ПМФЛ. На Градскиот стадион во Кавдарци пред исполнети трибини и фанови на двата тима, Пелистер ја имаше иницијативата и имаше две шанси преку Мирко Ивановски во 20. и 35.минута, но немаше гол. Во 38.минута “бомба“ на Нухија од 30 метри која заврши во пречката на битолчани, малку недостигаше тимот од Арачиново да поведе. Без голови по ...
Поранешниот легендарен менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, му честиташе на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, по победата на Парижаните над Арсенал по изведувањето на пенали со 1-1 и 4-3 во финалето на Лигата на шампионите, а воедно ги критикуваше и „топџиите“. По триумфот на ПСЖ во саботата навечер, Сер Алекс Фергусон, кој го освои турнирот двапати во 1999 и 2008 година, му испрати порака на Насер Ал-Келаифи. Во неа, ...
Наполи се пласира во Лигата на шампионите, но, сепак, има многу незадоволство во Неапол од сезоната што измина. Белгискиот интернационалец Кевин де Бројне размислува и да го напушти стадионот “Диего Армандо Марадона” една година порано, уште ова лето „Имам уште една година до крајот на договорот, но сакам да разговарам со Наполи“, призна Де Бројне. „Минатата година исто така беа кажани одредени работи: ‘Ќе играме на одреден начин, ќе го ...
Ливерпул се одлучи да ја прекине соработката со Арне Слот, потег кој беше големо изненадување затоа што стартегот имаше максимална поддршка низ целата сезона и пораката беше дека останува на клупата и во натпреварувачката 2026/2027. Сепак неште се промени во меѓувреме и англискиот великан се збогуваше со Холанѓанецот и сега е во потрага по ново име за жешкото столче. Информациите се дека главен кандидат за испразнетото место е Андони Ираола, ...
Не само Челзи уживаше во европските маки на Арсенал. Имено, лондонските „сини“ ги објавија трофеите од Лигата на шампионите на социјалните мрежи и ги поканија сите да дојдат на Стемфорд Бриџ. „Дојдете и посетете го домот на трофеите во Лондон. Резервирајте ја вашата тура низ стадионот „Стемфорд Бриџ“ сега“, објави Челзи. Освен Челзи, неколку други клубови се шегуваа на сметка на „топџиите“. Кристал Палас, кој неодамна ја освои Конференциската ...