Младиот 18-годишен фудбалер на Баерн Минхен и на германската репрезентација Ленарт Карл, се повреди за време на тренинг ан својот национален тим, и дефинитивно отпадна за настап на Мундијалот. Играчот од средниот ред се повреди за време на тренинг во петокот, и беше однесен во болница каде му беа извршени прегледи каде е констатирано дека ќе мора да паузира. Тој требаше да биде еден од адутите на Германија за добар резултат на првенството. ...

Причината за ваквата одлука наводно е неговата желба да ја преземе репрезентацијата на Холандија. Актуелниот селектор Роналд Куман има договор до крајот на Светското првенство, а засега нема најава дека соработката ќе биде продолжена. Токму затоа Слот се смета за еден од најсериозните кандидати за оваа позиција. Во својата кариера, Слот работеше во Камбур и АЗ Алкмар, но најголемите успеси ги оствари на клупата на Феенорд, каде што се ...

Бразилскиот репрезентативец Нејмар и натаму има проблем со повредата и нема да биде на располагање на селекторот Карло Анчелоти. Бразил пријателски натпревар со Египет ќе одигра во сабота во Кливленд, а Нејмар ќе остане во тренинг кампот во Њу Џерси. Нејмар нема да патува со репрезентацијата во Кливленд. Воедно ќе продолжи со физикална терапија и ќе ја зголемува програмата за заздравување, се наведува во соопштението на бразилската ...

Американецот Џастин Робинсон ќе биде ново засилување на белградска Црвена Звезда, јавија повеќе кошаркарски извори од стариот континент. Минатата сезона настапуваше за екипата на Париз Баскет и бележеше просек од 14,6 поени, 1,5 скокови и 4,5 асистенции по натпревар. Со заминувањето на Коди Милер-Мекинтаер се отвори место во ростерот, а во игра за премин во Белград е и нашиот Ти Џеј Шортс. Според неколку доброупатени медиуми, Звезда веќе се ...

Заминувањето на Ибон Наваро во Црвена Звезда ја отвори тренерската позиција во Уникаха, а шпанските медиуми веќе шпекулираат со звучно име како негов можен наследник. Станува збор за Пабло Ласо, еден од најтрофејните европски тренери во последната деценија, кој во моментов го предводи турски Ефес. Според најавите, искусниот стратег би можел да се врати во Шпанија и да ја преземе екипата од Малага по крајот на сезоната. Наваро зад себе остави ...

Македонија вечерва славеше со минимални 0:1 над Андора во гости, а херој на мечот беше Павлинка Николовска, откако постигна гол „бомба“ од 40-тина метри директно од слободен удар. Голманката на Андора беше немоќна на својот гол и мораше да ја вади топката од својата мрежа. ГОЛОТ НА ПАВЛИНКА НИКОЛОВСКА: Комплетниот извештај од овој натпревар кој го објави Спортска Мрежа можете да го прочитате овде. Македонија вечерва славеше со минимални ...

Вториот ден од Европската минибаскет конвенција, која се одржува во Скопје, беше во знакот на практичната работа и едукацијата, под водство на реномирани меѓународни експерти од областа на развојот на младинската кошарка. Учесниците имаа можност да стекнат нови знаења, методи и алатки за поефикасно воведување на кошарката кај најмладите категории, како и за промовирање на здрави животни навики, спортски вредности и правилен развој на децата ...

Легендарната американска тенисерка, Серена Вилијамс, ќе учествува на турнирот во Берлин, каде ќе настапи во конкуренција на двојки, со што ќе се врати на терените на 44-годишна возраст. Организаторите соопштија дека Американката ќе игра во пар со Канаѓанката Викторија Мбоко. Вилијамс е 23-кратна Грен-Слем шампионка и важи за една од најдобрите тенисерки во историјата. „Секој турнир што ќе се најде во мојот распоред, ќе биде специјален, а ...

Македонската одбојкарска репрезентација по три скоро израмнети сета со пораз против фаворитот Холандија го започна првиот турнир од годинешната Европска Лига 2026. Иако бевме блиску барем до еден сет, сепак, моќната репрезентација на „лалињата“ одигра квалитетно во дуелот во спортската сала „Парк“ во Струмица и на крајот успеа да ја исполни целта. Ослабениот состав на Македонија поради повредата на Љафтов, одговори сосема солидно во трите ...

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски го одреди списокот од 14 одбојкари на кои ќе смета за дуелите со Холандија и Луксембург во првиот турнир од годинешното издание во Европската лига 2026 што се игра во Струмица. По повредата на Александар Љафтов, селекторот беше принуден да ги остави сите комбинации во игра. На последниот пресек за овој турнир на трибините ќе остане младиот техничар Лука Ристоски, додека ...

Ливерпул ќе ја започне сезоната под водство на нов менаџер, летово останува и без неколку искусни фудбалери, но дел од медиумите тврдат дека е во опасност да загуби и еден свој голем талент. Се работи за Рио Енгумоа, кој наводно е трансфер цел на Баерн Минхен и за кого германскиот состав е подготвен да плати солидна сума. 17-годишниот Енгумоа се смета за иднина на „црвените“ и веќе доби шанса да го потврди својот потенцијал, па очекувано е ...

Доколку Енрике Рикелме биде избран за нов претседател на Реал Мадрид, клубот би можел да влезе во нова ера со амбициозни планови за спортската инфраструктура и нефудбалските секции. Иако засега нема официјална најава за ракометен проект, дел од навивачите веќе се прашуваат дали во иднина е можно враќање на ракометот во клубот. Реал Мадрид претходно имал ракометна секција во периодот од 1952 до 1959 година, при што го освои шпанското ...

Кога Арне Слот во својата прва сезона го одведе Ливерпул до титулата во Премиер лигата, изгледаше дека клубот безболно го пребродил заминувањето на легендарниот Јирген Клоп. Холандскиот стратег донесе нова енергија, атрактивен фудбал и шампионски трофеј, па многумина веруваа дека пред клубот е нова успешна ера. Сепак, само една година подоцна приказната доби сосема поинаков тек. Ливерпул не успеа да ја одбрани титулата, остана без трофеј во ...

По 14 години, Ансу Фати повеќе не е играч на Барселона. Монако го откупи неговиот договор за 11 милиони евра. Барселона и Монако вечерва го завршија долгонајавуваниот договор и Ансу Фати и официјално е играч на францускиот тим. По 14 долги години во Барселона, каде што помина низ сите младински категории и ја доби „десетката“ како наследник на Лионел Меси, дојде болен момент кога Фати повеќе не е член на каталонскиот клуб. Членот на ...

Во новиот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство денеска најдобрата македонска фудбалска женска репрезентација триумфираше над Андора во Ла Вела со 1:0. Стрелец на единствениот погодок за триумф на нашата селекција беше Павлина Николовска во 86 минута од мечот. Тоа беше втората победа за македонската репрезентација во групата 3 каде по пет кола се наоѓа на третото место со шест бодови. На врвот е Унгарија со 13 бодови, ...

Организаторот рече и дека ќе им бидат вратени парите на навивачите кои платија за да го гледаат италијанскиот меч меѓу Арналди и Флавио Коболи. Претходно Александер Зверев со 3-1 го победи Јакуб Меншик. Финалето на програмата е во недела од 15 часот. Due to a viral illness, Arnaldi has been forced to withdraw from his semi-final match against Cobolli. Get well soon, Matteo 🧡#RolandGarros pic.twitter.com/SHlbOZvY3i — Roland-Garros ...

Женската репрезентација на Македонија триумфираше со 0-1 на гостувањето против Андора во Ла Вела во квалификациите за СП. На дуелот од 5. коло во Групата 3, Македонија победи благодарание на голот на Николовска во 86. минута од средбата. Ова е втора победа за составот на Александар Андов по триумфот во Скопје над истата селекција. Македонија а во Ла Вела настапи со: Панчурова, Ѓорѓиева, Николовска, Петкова, Коловска, Галабовска, Максути, ...

Одличниот бек на Њујорк Никс, Џош Харт, изненади со својата реакција на новинар кој носеше ознаки на англискиот фудбалски клуб Арсенал. „Знаете дека Арсенал го загуби финалето на Лигата на шампионите? Тогаш зошто го носите тоа ѓубре на себе? Арсенал ја освои Премиер-лигата на среќа. Тие имаа ВАР на своја страна. Арсенал не е скромен. Тие никогаш не ја освоиле Премиер-лигата. Лондон е син, никогаш нема да биде црвен. Само напред, Челзи“, рече ...

Македонската машка одбојкарска репрезентација загуби на премиерата во Европската лига и тоа на натпревар на кој не можеше целосно да и парира на поквалитетната Холандија. Натпреварот во Струмица започна израмнето, но откако Холанѓаните се одлепија во првиот сет, подоцна не дозволија неизвесност, обезбедувајќи си победа со 3:0 во сетови и на посакуван начин го започнаа настапот во ова натпреварување. Македонските одбојкари освоија 19, 21 и 22 ...

Како што се приближува почетокот на Светското фудбалско првенство, се повеќе се зборува за екстремни временски услови во САД, Канада и Мексико. Високите температури би можеле да влијаат на бројни национални тимови, првенствено од Европа, а според информациите што доаѓаат од САД, Норвешка била принудена да ги скрати тренинзите поради екстремна топлина и влажност. Скандинавците тешко се прилагодуваат на условите што ги очекуваат за време на ...

Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, но има сè помалку фанови кои го поддржуваат. Французинот успеа да привлече огромен број фанатици против себе. Долго време е омразена фигура во Париз, не е омилен ниту во Мадрид, каде што често е испраќан со свирежи, а арогантниот егоист се потруди да ги изгуби дури и малкуте навивачи кои го поддржуваат. Она што му го направи на Н’Гола Канте пред натпреварот против Брегот на Слоновата ...

Со убавиот гол на Павлинка Николовска во 86-та минута, македонската женска репрезентација на Македонија славеше со 1-0 на гостувањето кај Андора во квалификациите за СП, во Лигата Ц. Пред три месеци, ја победивме Андора со 3-0, а сега минимално и со многу мака, но најважно е дека се освоени трите бода. Во последното коло, за четири дена, Македонија игра дома со Азербејџан, кога нашиот тим ќе биде покомплетен отколку вечерва. Со убавиот ...

Светското првенство започнува на 11 јуни, а во пресрет на најголемиот фудбалски спектакл статистичарите составија интересен идеален тим од највозрасните фудбалери кои ќе настапат на турнирот. На голот се најде највозрасниот учесник на Светското првенство – шкотскиот чувар на мрежата Крег Гордон. Со 43 години и 162 дена тој е постар и од легендарните Мануел Нојер и Гиљермо Очоа, кои исто така ќе настапат на Мундијалот. Одбранбената линија ја ...

На многу репрезентации им е тешко да се навикнат на екстремните горештини и спарното време во Америка за време на подготовките за Светското првенство. Англичаните, предводени од Томас Тухел, заминаа на Флорида за преку тренинзи и пријателски натпревари да се адаптираат на условите што ги очекуваат на самиот Мундијал, додека нешто посеверно, во Северна Каролина, се сместени Норвежаните – на кои ништо не им е полесно. На социјалните мрежи се ...

Шпанскиот кошаркарски стручњак Жоан Пењароја го продолжи договорот со Партизан до 2028 година. Многумина со скептицизам гледаа кон аквизацијата на Пењароја, особено по заминувањето на Жељко Обрадовиќ, но шпанскиот тренер успеа да ги стабилиза „црно-белите“. Поранешниот тренер на Барселона ја купи довербата на оние кои не му веруваа кога пристигна, а клубот одлучи да ги награди добрите резултати и да го „заклучи“ Шпанецот на клупата. Дубаи го ...

Доколку ги погледнеме поединечните светски фудбалски првенства од првото во 1930 година во Уругвај до последното во 2022 година во Катар, најдобар стрелец е сè уште легендарниот француски напаѓач Жист Фонтен со 13 гола од СП во Шведска во 1958 година, а збирно најдобар е Германецот Мирослав Клозе. Жист Фонтен е сè уште крал на голгетерите на поединечните Мундијали. Францускиот напаѓач постигна 13 гола на Светското првенство во Шведска во ...

Германската фудбалска репрезентација располага со состав со кој може да се надева на пласман во завршницата на светското првенство, но Јулијан Нагелсман очигледно загуби еден важен фудбалер. Селекторот денеска ги информирал медиумите дека Ленарт Карл заработил повреда на последниот тренинг и итно бил испратен во болница за да му бидат направени детални прегледи. Иако Нагелсман не сакал веднаш да го елиминира од мундијалот, медиумите тврдат ...

Ѕвездата на Барселона, Ламине Јамал, е прогласен за играч на сезоната во Ла Лига, објави шпанската лига. 18-годишникот им помогна на каталонските гиганти да ја одбранат титулата и стана првиот играч што ја освои наградата за играч на месецот во лигата три пати во една сезона. Тој заврши како најдобар стрелец на Барселона во Ла Лига со 16 гола и 11 асистенции. Менаџерот на Барселона, Ханси Флик, беше прогласен за тренер на годината во ...

Раководството на Фиорентиа и Паоло Ваноли не се договориле за продолжување на соработката и „виолетовите“ ќе бараат нов тренет за следната сезона. Ваноли беше доведен да избори опстанок по катастрофалните резултати на почетокот на сезоната, успеа да спречи драматичен финиш за составот од Фиренца, но сепак не доби нов договор. Искусниот стручњак ја презема екипата во ноември кога немаше ниту една победа во првенството, а Фиорентина стана ...

Можеби Кристијано Роналдо своевремено предизвика медиумска бура со поместувањето на шишето Кока-кола од масата за време на прес-конференција на Европското првенство 2021 година, но слободно можеме да констатираме дека Виктор Вембанјама отиде чекор понатаму. Имено, медиумскиот тим на францускиот кошаркар, предводен од Џереми Меџан, соопшти дека популарниот Вемби не сака да учествува во рекламирање газирани пијалаци од едноставна причина – не ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.7
56%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
1.22
62%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.61
73%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.93
50%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.68
60%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.89
84%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.89
47%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.57
42%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.82
47%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
52%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
61%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
1.46
60%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.3183

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Родиум

257205.97

Бакар

13.10

Сребро

2269.46

Паладиум

42535.44

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Платина

57324.78

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.46

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Злато

139690.59