Манчестер јунајтед е сериозно заинтересиран за италијанскиот играч за врска Сандро Тонали, но Чавките порачаа дека ако сакаат да го купат, ќе треба да им платат дури 115 милиони евра. И Арсенал и Манчестер сити го имаат Тонали на листата на желби. Тонали пред три години од Милан се пресели во Њукасл за 60 милиони, а Росонерите имаат право на 10 проценти од сумата на наредниот трансфер, па и Милан би заработил ако Тонали биде продаден од ...

Фотографија на норвешката репрезентација предизвика реакции и полемики на социјалните мрежи, откако дел од јавноста ја протолкува како претерана симболика и „враќање на викиншкиот имиџ“ на Норвежаните. На фотографијата, фудбалерите се претставени на начин што потсетува на викиншки воини - со став, изглед и сценографија што дел од навивачите ја сметаат за мотивирачка и оригинална, додека други ја оценуваат како непотребна театралност или ...

Би можел Бојан Миовски идната сезона да го смени клубот, но не и државата. Македонскиот репрезентативец на крајот веројатно ќе заврши во друг клуб, откако неговиот сегашен Глазгов Ренџерс веќе ангажираше голгетер за следниот шампионат. Затоа Миовски разгледува опции, а една од нив е враќање во Абердин. Сепак, се појавува проблем околу отштетата која Ренџерс би ја побарал. Тимот од Глазгов сака да врати добар дел од вложените 4 милиони фунти ...

Светскиот првак Аргентина доцна вечерва игра пријателски меч со Хондурас, а необична приказна е врзана за селекторот на Хондурас, тоа е Шпанецот Хосе Франциско Молина. Молина е некогашен голман на Атлетико Мадрид, а во април 1996 година на меч во Осло против Норвешка, дебитираше за селекцијата на Шпанија и тоа не како голман, туку како офанзивец. На таа проба пред Европското првенство во Англија, се одигра досаден натпревар, резултатот беше ...

Поранешниот капитен на Црвена Звезда и поранешен селектор на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, повторно се најде во незгодна ситуација на стадионот на Црвена Звезда „Рајко Митиќ“, откако група навивачи го замолија да го напушти стадионскиот комплекс. Според информациите на Спорт Клуб, пред неколку дена група навивачи на Црвена Звезда ја избркале Пикси од кафулето во сопственост на легендарниот голман Стеван Стојановиќ. Пикси дошол да го посети ...

Соединетите Американски Држави одбија да им одобрат визи на дел од тренерскиот и административниот персонал на иранската фудбалска репрезентација пред Светското првенство во 2026 година. Според иранските медиуми, визи им се издадени на сите играчи во составот од 26 члена, но неколку членови на тренерскиот персонал и администрацијата, вклучувајќи го и медицинскиот и аналитичкиот персонал, се одбиени. Меѓу оние на кои им е одбиен влез во САД се ...

Навивачкиот реквизит, популарно наречен вувузела, нема да биде достапен за користење на овогодинешниот Мундијал, во САД, Мексико и Канада. Оваа офлука ја донесе ФИФА, секако организаторот на овој турнир, кој што децидно рече дека овој инструмент кој што предизвикува необично силен звук, не смее да биде користен. Вувузелата како што е добро познато, беше измислена на Мундијалот во Јужна Африка, и многумина тогаш се жалеа дека бучавата која ...

На раб на финансиски колапс е Монако, меѓутоа дополнителната државна помош му овозможи на клубот да ја заврши сезоната без долгови. Клубот обезбеди итен заем од 20 милиони евра, со кој беа покриени сите плати на играчите и на персоналот за мај и за јуни. Сепак, долгорочниот план на клубот зависи од тоа дали клубот ќе биде преземен од американскиот бизнисмен и поранешен НБА играч Џамал Мешбурн, кој предводи група инвеститори подготвени да ...

Ги добивме и првите шампиони на Ролан Гарос. Тоа се „момчињата“ со вкупна возраст од 81 година – Марсел Гранољерс (40) и Орасио Зебаљос (41). Шпанско-аргентинскиот пар ја освои третата заедничка титула во кариерата, а во финалето на парискиот Грен слем го совлада финско-британскиот пар Хари Хелиовара – Хенри Патен со 2-0 (6-4, 6-2). Така го повторија минатогодишниот успех, кога на истото место го кренаа трофејот по триумфот над Џо Салисбери и ...

Во моменти кога помеѓу двете држави и тоа како има големи тензии, воен конфликт, и проблем кој што допрва треба да се решава, репрезентацијата на Иран, мораше да добие и официјална дозвола за да влезе во САД, и да настапи на претстојниот Мундијал кој што оваа земја го организира заедно со Мексико и Канада. Преговорите, процедурите траеа повеќе месеци, иранците лесно можеше и да не отпатуваат за САД, но ете полека нештата се средуваат. ...

Остануваат само уште пет дена до стартот на СП 2026. Јасно е дека се прават “математики“, се прогнзира кој ќе биде светски првак и слично. А има и интересен податок кој го изнесува “Фудбал митс дата“, а тој вели дека сите 16 европски репрезентации ќе ја минат групната фаза и ќе се пласираат во нокаут – фазата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико и тоа врз основа на 495 компјутерски симулации. Тие предвидуваат дека најверојатно ...

Турски Бешикташ официјално објави дека нов тренер им е Винченцо Италијано. Овој стручњак седеше на клупата на Болоња во претходните две сезони, водејќи го тимот и во Лигата на шампионите. „Италијаскиот Клоп“ како што некои го нарекувааат Италијано, во истанбулските Орли ќе зема плата со која ќе биде трети најплатен италијански тренер во светот, по Карло Анчелоти кој е селектор на Бразил и Симоне Инѕаги кој го води саудиски Ал-Хилал. ...

И покрај победата на Панатинаикос над Олимпијакос со 68-58 и израмнувањето на 1-1 во финалната серија од грчкото првенство, вниманието по натпреварот повторно e насочено кон сопственикот на „зелените“, Димитрис Јанакопулос. Контроверзниот прв човек на атинскиот клуб уште еднаш предизвика бура со своите изјави, откако по мечот жестоко го нападна тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас. Јанакопулос смета дека стратегот на ривалот има ...

Тежок удар за Аргентина во пресрет на самиот почеток на Светското првенство. Селекторот Лионел Скалони се соочи со сериозен проблем откако дефанзивецот Леонардо Балерди на петочниот тренинг заработи потешка повреда на ногата, поради која ќе го пропушти целиот турнир. Пред него е најмалку еден месец рехабилитација, што значи дека за него Светското првенство завршува уште пред да започне. Оваа вест дополнително ги комплицира плановите на ...

И тоа го има во фудбалот. Имено репрезентацијата на Норвешка се подготвува за Светското првенство во 2026 година на навистина необичен начин. Додека повеќето тимови се фокусираат главно на тактички и професионални аспекти, тренерот Стале Солбакен и неговиот тим разбираат дека условите во Соединетите Американски Држави би можеле да се покажат како еден од најодлучувачките фактори на турнирот. Непосредно пред почетокот на првенството, ...

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија, попладнево (18 ч.) во Порто против селекцијата на Унгарија ќе го одигра првиот натпревар во новото издание на Европската лига 2026. Под водство на новиот селектор Гавриловиќ, оваа селекција оди по ново искуство на меѓународната сцена. Македонија во Порто ја очекуваат два тешки меча со Унгарија (денеска) и со Португалија (утре), но ваквите натпревари мора да ги искористиме за кревање на ...

Репрезентацијата на Норвешка е една од потенцијалните пријатни изненадувања на претстојното Светско првенство, но овој тим предводен од Халанд, Одегард и Сорлот, ќе има еден сериозен противник, а тоа е времето. Во САД и Мексико летово ќе има високи температури, на какви Норвежаните не се навикнати. Ако успеат да го пребродат тој проблем, може да направат добар резултат. Деновиве на тренинзите пробуваат да се аклиматизираат, фотографирани се ...

Младиот германски напаѓач Саид Ел Мала остана без трансфер во Брајтон. Причината се нереалните барања на семејството на 19-годишниот фудбалер. Играчот на Келн требало да се пресели во Премиерлигата, но пропадна потписот поради неговиот постар брат Малек. Саид веќе ги договорил сите услови, меѓутоа пречка биле барањата на неговото семејство, кои поставиле успеси. Тие инстистирале Брајтон да го ангажира и братот, 21-годишниот Малек, кој е ...

Синоќа пријателски меч одиграа селекциите на Саудиска Арабија и Порторико. Саудиска Арабија победи доста лесно, а конечниот резултат беше 3:0. Сепак, победата на оваа репрезентација не е главната тема на овој натпревар, туку тоа е она што се случи во средината на првото полувреме. The match between Saudi Arabia and Puerto Rico has been halted. Players were removed from the pitch to the changing rooms, and fans were moved to safe areas ...

Англискиот портал GiveMeSport состави хипотетички список од 26 фудбалери од поранешна Југославија кои, според нив, би оделе на Светското првенство во Канада, САД и Мексико. Еве го нивниот избор: Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство, според GiveMeSport: Голмани: Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид), Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија, Торино), Столе Димитриевски (Северна Македонија, Валенсија) Одбранбени ...

Пеп Гвардиола стави крај на својата десетгодишна етапа во Манчестер Сити и го користи слободното време за да ужива во Барселона, но новинарите од Каталонија сега искористија моментот да го „уловат“ трофејниот стручњак и да извлечат некоја изјава за шпекулациите, меѓутоа и успесите кои ги оставри во Англија. Гвардиола освои се што можеше да се освои во Сити, но за него посебно импресивни се историските четири титули во низа во Премиер лигата, ...

Германскиот тенисер Александар Зверев обезбеди место во финалето на Ролан Гарос по триумфот над Чехот Јакуб Меншик, но по мечот во центарот на вниманието се најде поради својата необична изјава. Во разговор по полуфиналниот меч, Зверев беше запрашан како се справува со притисокот и што размислува пред излегувањето на теренот. Неговиот одговор изненади многумина. „Се обидувам целосно да ја испразнам главата и да не размислувам за ништо. ...

Денеска се навршува една недела од денот кога Арне Слот доби отказ од Ливерпул, па ако англискиот великан веќе пронајде негова замена во Андони Ираола, Холанѓанецот очигледно ќе почека за новата работна позиција. Иако неславно ја заврши својата втора сезона на „Енфилд Роуд“, Слот е доста атрактивен и на англискиот трансфер пазар, па во изминативе неколку дена водеше преговори со Фулам. Денешната информација која пристигнува од Англија вели ...

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе има голема желба да игра против Португалија и Бразил на претстојното Светско првенство. Мундијалот ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. – Сонувам да играм против Кристијано и Нејмар на Светското првенство. Тоа ќе биде нивното последно Светско првенство, изјави Мбапе за „Сораре“. Франција ќе игра против Сенегал, Ирак и Норвешка во групната фаза. Дваесет и седумгодишниот Мбапе одигра 44 ...

Сезона за заборав во Ливерпул и шпекулации за негов трансфер. Федерико Киеза во штотуку завршената сезона во Премиерлигата имаше само 726 минути на теренот и три гола. Премалку за да биде задоволен. Сега го чека работен одмор, а потоа веројатно нова авантура. Можеби во Серија „А“, којзнае? Неговата желба е да се врати, и тоа во дресот на Јувентус. „Почнав добро во сезоната, со минутажа и со голови. Бев среќен, но потоа годината заврши поинаку ...

Поминаа 13 години откако Манчестер јунајтед се израдува на последната титула во Премиер лигата. Таков пост за Црвените ѓаволи е најдолг во последните неколку децении. Во сезоната која неодамна измина, гигантот од „Олд Трафорд“ заврши на третото место на табелата и се избори за настап во Лига на шампиони. Извршниот директор на „Црвените ѓаволи“, Омар Берада е оптимист дека екипата е созреана да оди чекор напред и да се стигне до целта, а тоа ...

Капитенот на Аргентина и најдобар стрелец, Лионел Меси, веќе тренира со своите соиграчи и го надмина физичкиот проблем што го мачеше во последните десет дена, откри тренерот на светските шампиони, Лионел Скалони, на својата прес-конференција пред пријателскиот натпревар со Хондурас. 38-годишниот Меси доживеа истегнување на мускулот во победата на неговиот клуб Интер Мајами од 6-4 над Филаделфија Јунион на крајот од минатиот месец. Ова ...

Марк Маркез направи две операции во месец мај и експресно се врати на мото патеките, па откако имаше доста проблеми да ја заврши трката во Италија, се чини дека е во доста подобра физичка состојба во Унгарија. Откако издоминира на вчерашниот тренинзи, актуелниот шампион се прикажа во одлично светло на Балатон парк и ова утро, без оглед на малиот пех кој го имаше во завршната квалификациска сесија. Маркез падна во првиот свиок иако возеше ...

Аргентинската фудбалска репрезентација како актуелен светски првак го очекува стартот на Мундијалот кој започнува за помалку од една недела. Главниот херој од турнирот кој се играше пред четири години во Катар беше Лионел Меси, кој го испони животниот сон да биде на планетарниот трон. Селекторот на Гаучосите, Лионел Скалони, призна дека секогаш се консултира со суперѕвездата Меси за тоа што се случува во тимот. „Никој не е среќен кога е ...

Допатува Аргентина во САД, Мексико и Канада да го одбрани светскиот трон кој го качи на претходниот Мундијал во Катар. Аргентинците ќе немаат лесна задача, затоа што има многу силни слеекции кои го посакуваат пехарот во своите раце. Нивната задача дополнително ја отежнува ужасната вест непосредно пред стартот на Светското првенство. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони нема да може да смета на централниот дефанзивец Леонардо Балерди. ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.7
56%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
1.22
62%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.61
73%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.93
50%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.68
60%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.89
84%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.89
47%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.57
42%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.82
47%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
52%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
61%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
1.46
60%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.3183

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Бакар

13.10

Злато

139690.59

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Платина

57324.78

Сребро

2269.46

Цинк

0.00

Алуминиум

3.46

Паладиум

42535.44