Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР џекпотот е В.А. од Виница, кој освои добивка вредна 7.334.957 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Златна копачка“ во Виница, на 23 мај 2026 година. Среќната игра што му ја донесе милионската добивка е „40 Супер Хот“, а од Видеолотарија Касинос Австрија упатија честитки до добитникот. Во периодот од 1 до 7 јуни 2026 година, Видеолотарија ...
Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Продолжуваме со презентација на учесниците на шампионатот, следна е Групата Ц во која Бразил се истакнува како прв фаворит, а ...
Роберто Манчини е блиску до враќање на клупата на италијанската репрезентација, пишуваат италијанските инсајдери Џанлука Ди Марцио и Николо Скира. Според Скира, Италијанската фудбалска федерација подготвила договор за Манчини до 2030 година, вреден два милиони евра по сезона. Скира наведува дека Манчини е „на чекор“ од враќање на клупата на четирикратниот светски шампион. Според тие информации, планот е Манчини да ја предводи Италија до ...
Ургвајската репрезентација е во паника по повредата на стандарниот дефанзивец Роналд Араухо. Играчот на Барселона го повреди коленото, и веќе се упати кон Барселона на дополнителни прегледи. Медиумите истакнуваат дека не е доведен во прашање настапот на Светското првенство, но можеби ќе мора да паузира на првите натпревари. Прегледите ќе покажат за тежината на повредата, а Уругвајците се во исчекување. Араухо е еден од главните адути на ...
Училишните футсал екипи на Сандо Масев од Струмица, Герас Цунев од Просениково, Јосип Броз Тито од Валандово и Владо Катранџиев од Гевгелија утре ќе разигриваат за трите позиции на Училишната лига Југоисток. Станува збор за проект кој на идеја на УСК Валандово го иницираше градоначалникот на Валандово Ѓоко Камчев пред колегите од Југоисточниот плански регионо се со цел да има соработка другарување и социјализација на децата преку спортот во ...
Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, конечно ја реши мистеријата за завојот што постојано го носи на раката. Тинејџерската сензација, која моментално се подготвува за Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација, откри дека сè започнало со незгода додека играл видеоигри, а продолжило како почит кон легенда на Реал Мадрид, пишува Goal.com. Јамал стана едно од најпрепознатливите лица во светскиот фудбал, но многу фанови се ...
Светското првенство во 1974 година во Западна Германија требало да биде крунисување на една од најталентираните генерации во историјата на југословенскиот фудбал. Сепак, наместо борба за самиот врв, турнирот е запаметен по лошите резултати, атмосферата нарушена од неисплатените бонуси и „војните“ од производителите на спортска опрема, како и урбаната легенда дека Јосип Броз Тито лично го „продал“ натпреварот на Германците за државен заем. ...
Поради раната елиминација од Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ загуби 700 поени и падна за три позиции на најновата АТП-листа. Сега е седми и тоа значително ја комплицира ситуацијата пред Вимблдон (од 29 јуни до 12 јули). Новак ќе биде шести носител на турнирот во Лондон бидејќи Карлос Алкарас нема да игра и на третиот гренд слем во сезоната, иако би можел да падне и понатаму на листата во зависност од резултатите. Новак сè уште не потврдил дали ќе ...
Голема сензација се случи во светот на атлетиката. Прекината е речиси тригодишната победничка серија на Арманд „Мондо“ Дуплантис. Апсолутниот крал на скок со стап беше поразен пред својата домашна публика во Шведска, со што заврши неговата серија од 40 последователни победи. Дуплантис не загубил на официјално натпреварување од Монако на 21 јули 2023 година. Големото изненадување го приреди 29-годишниот Австралиец, Куртис Маршал. Бронзениот ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, најави тужба против Барселона пред УЕФА за случајот „Негреира“, во кој Барселона е обвинета за плаќање на судии помеѓу 2001 и 2018 година. Истрагата откри дека помеѓу 2001 и 2018 година, Барселона платила околу 8,4 милиони евра на компании поврзани со поранешниот потпретседател на Техничкиот комитет на судии, Хозе Негреира. Сепак, немаше докази дека овие плаќања довеле до бенефиции на теренот. ...
Фејнорд ја прекина соработката со Робин ван Перси, иако холандскиот стратег го одведе тимот до второто место во првенството. Ван Перси го предводеше Фејнорд на 58 натпревари, при што забележа 30 победи и 19 порази. Фејнорд во наредниот период ќе започне потрага по нов тренер кој ќе има задача да го врати клубот во борба за трофеи на домашната и европската сцена. Од Уругвај 1930 до Катар 2022: Патот на светските шампиони Фејнорд ја прекина ...
Уште еден повремен македонски репрезентативец се враќа во тимот на Вардар. Бојан Димоски е пред финализација на договорот со црвено-црните и ќе настапува за екипата во новата сезона во која ќе се напаѓа двојната круна и се посакува долго европско лето. 24-годишниот лев бек играше за ТСЦ од Србија на позајмица, но по испаѓањето на клубот во понизок ранг се врати во Русија каде е член на Акрон. Димоски одлучи да се врати во екипата каде ја ...
Новоматик Македонија и во следната фудбалска сезона останува генерален спонзор на фудбалскиот шампион Вардар. Ова беше потврдено денеска на прес-конференција на која учествуваа претставници на Новоматик и фудбалскиот клуб од Скопје. На почетокот од своето обраќање капитенот Закариќ од име на клубот, играчите и стручниот тим упати јавна благодарност до Новоматик Македонија „Дозволете на почетокот во името на менаџментот на клубот, играчите и ...
Експерт објаснува: Што да направите ако по грешка влезете на автопат во спротивна насока? Возењето во спротивна насока на автопат претставува една од најопасните ситуации во сообраќајот. Дамир Окановиќ од Комитетот за безбедност на сообраќајот предупредува дека возачите никако не треба да продолжат да возат до следната клучка, бидејќи ризикот од тешка несреќа е огромен. Како доаѓа до ваква опасна ситуација? Според него, постојат три можни ...
Додека играчите се собраа околу Кристијан Ериксен, данскиот тренер Брајан Ример им пристапи на својот украински колега и на судијата на натпреварот само за неколку моменти. Немаше сомнение дека фудбал повеќе нема да се игра откако данската ѕвезда се сруши на теренот на стадионот во Оденсе, дури и откако брзо стана јасно дека е свесен, пишува ТВ 2 Спорт. „Веднаш разговарав со украинскиот тренер, нивниот менаџмент и судијата за да им кажам ...
Преку велосипедизам кој поврза три града и две држави, детска смеа и музика, мали бизниси, креативни работилници, улични изведувачи и акробати, Струга овој викенд беше домаќин на завршната активност од програмата за Денот на Европа 2026. Настанот ја заокружи серијата настани што во текот на мај и почетокот на јуни се одржаа во повеќе градови низ земјата, под мотото „Наша Европа“ и Посилни заедно“, со порака до граѓаните да ја почувствуваат ...
Бразилскиот репрезентативец Едерсон доживеа необична ситуација откако во последен момент доби повик од бразилската репрезентација за Светското првенство. Играчот од средниот ред на Аталанта потоа беше вклучен во тимот на Карло Анчелоти откако десниот бек Весли беше изоставен во последен миг поради повреда. Повикот го доби додека бил на на свадбата на негов пријател во неговиот роден град Кампо Гранде. Бидејќи не беше меѓу 26-те играчи првично ...
Властите во Њујорк и официјално признаа дека посакуваат брза победа на Њујорк во четири натпревари во овогодишното финале на најсилната кошаркарска лига против Сан Антонио Спарс, со цел да се избегне невиден сообраќаен и безбедносен хаос. Причината е необичното поклопување на распоредот, според кое евентуалниот шести натпревар од големото финале би се одиграл истиот ден кога е закажан и натпреварот од Светското првенство меѓу Франција и ...
Одлуката на една од најжестоките навивачки групи во Европа предизвика вистинска бура во фудбалските кругови откако беше потврдено дека планира целосен бојкот на домашните натпревари во следната сезона. Најверните навивачи на Лацио официјално најавија бојкот на сите домашни натпревари во сезоната 2026/27. Покрај тоа што нема да присуствуваат на натпреварите на домашен терен, ултрасите соопштија дека нема да купуваат ниту сезонски билети за ...
Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ беше желба на голем број екипи од Евролигата ова лето. Сепак, како што стојат работите, тој сака да остане во НБА и да се обиде да ја „продолжи“ својата кариера во најквалитетната кошаркарска лига во светот. Оваа вест беше потврдена за грчката агенција SDNA, а ја објавија и бројни домашни медиуми. Богдановиќ доаѓа по лоша сезона со Лос Анџелес Клиперс, бидејќи тренерот Тајрон Лу практично не сметаше на него ...
Централниот дефанзивец на француската репрезентација, Ибрахимa Конате, веќе потпиша договор со Реал Мадрид. Според „РМЦ Спорт“, 27-годишникот, кој го напушта Ливерпул како слободен играч, потпишал договор со Мадрид до летото 2030 година. Ибрахимa ќе му се приклучи на Реал Мадрид по Светското првенство во 2026 година, по пет години поминати во дресот на „црвените“. Централниот дефанзивец на француската репрезентација, Ибрахимa Конате, веќе ...
Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Роберто Мартинес, изрази уверување дека Бернардо Силва би бил идеално засилување за Барселона. По победата на Португалија со 2:1 над Чиле во пријателски натпревар во саботата, шпанскиот стратег беше запрашан за можниот трансфер на искусниот играч и неговото вклопување во тимот предводен од Ханси Флик. Во својот одговор, Мартинес не штедеше пофалби за 31-годишниот играч од средниот ред. „Мислам ...
Хрватска е една од репрезентациите која во континутет играше на високо ниво на претходните неколку Светски првенства, па очекувањата се зголемија и се бараат подобри и подобри резултати. Меѓутоа навистина е знак прашање што овој состав на „коцкестите“ ќе може да направи на мундијалот во САД, Канада и Мексико, двете подготвителни средби за овој настан против Белгија и Словенија покажаа доста слабости без разлика на тоа што овие вторите беа ...
Во неизвесен финален натпревар до самиот крај, Пробаскет за два поени подобар од екипата на МЗТ Бела вода (43:41). Богојевска заврши со ефект од 15 поени и 8 скока (имаше и две асистенции), Ѓорѓиева дојде до скор од 12 поени (четири скока и три асистенции), додека можеби и најбитен „фактор“ за титулата беше Мицева, која освен седум поени додаде и неверојатни 24.скока, за индекс 29, најголем во финалниот меч. Во екипата на МЗТ Бела вода, ...
Арсенал по добро ќе ја памети сезоната 2025/2026, години во која по повеќе од две децении ја освои Премиер лигата, а играше и во две финалиња-Лигата на шампионите и Лига Купот. Овој Арсенал потврди дека има квалитет, знаење за големи работи, но и покрај споменатите резултати се очекуваат одредени промени на „Емирејтс“ во летниот преоден рок. Се најавуваат неколку освежувања, ќе има и заминувања, а според Пол Мерсон едно од нив може да биде и ...
Хвалинска турнирот го почна на 114 место на ВТА ранг листата, а денеска е 21. тенисерка во светот. Тоа е напредок од дури 93 позиции. Победничката на Ролан Гарос, Мира Андреваа со напредок од две позиции дојде до шестото место. Прва и понатаму е Арина Сабаленка, зад неа се Елена Рибакина, Ига Швјонтек, Џесика Пегула и Аманда Анисимова. Кај мажите прв останува Синер, пред Алкараз, Зверев, Алијасим и Шелтон. Хвалинска турнирот го почна на 114 ...
Вчера беше заокружен вториот грен слем за оваа календарска година и тоа со триумф на Александер Зверев на Ролан Гарос. Зверев конечно дојде до триумф на најважните четири турнири, титула на грен слемовите со што го разби проклетството и останува да видиме дали ова ќе му донесе дополнителна самодоверба и ќе може да нападне, освои нов пехар од ова ниво во наредниов период. Ова славје и понатаму го остава Германецот на третото место на најновата ...
Познатиот спортски новинар од „ТимТок“, Руди Галети, денеска пишува дека македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Деспотовски ова лето ќе замине од Србија и ќе се пресели во некое од посилните европски првенства. Според објавата на Галети, за десниот бек на македонската фудбалска репрезентација се заинтересирани клубови во Белгија, Русија и Турција. Тимови од Полска, Швајцарија и Австрија исто така го следат 23-годишниот репрезентативец ...
Фудбалската федерација на Македонија доделува награди за сите верни поддржувачи на македонската репрезентација и љубители на фудбалот. Како што информираат од ФФМ, се што треба да направите е да ја презмете ФФМ-апликацијата и да освоите официјален дрес или ПУМА фудбалска топка! „Со Fanzeal апликацијата влегуваш директно во играта! Секој 100-ти нов корисник добива официјална топка од ФФМ. Секој 300-ти нов корисник добива дрес потпишан од ...
Кога Александар Зверев вчера „падна“ на црвената глина на „Филип Шатрие“ по исцрпувачкиот четиричасовен маратон против Флавио Коболи, емоциите кои излегоа од него не беа само поради спортскиот успех. Во тие моменти, 29-годишниот Германец не го победи само жилавиот Италијанец со 3-2 во сетови. Тој ја однесе најголемата победа во својот живот – онаа против тип 1 дијабетес, состојба со која се бори уште од својата четиригодишна возраст. Зад ...