Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Групата А ќе го отвори Светското првенство 2026, а според имињата на хартија не спаѓа меѓу најатрактивните групи на турнирот. Првиот натпревар ќе го одиграат Мексико и Јужна Африка, исто како и на Мундијалот во 2010 година. Во групата се наоѓаат уште Јужна Кореја и Чешка. На овој меч легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико сити ќе влезе во историјата како прв на кој се играле три меча од отворањето на Светските првенство – 1970, 1986 и ...
Партизан е пред ангажман на нов центар за следната сезона, откако шпанскиот портал „Енцестандо“ објави дека „црно-белите“ се многу блиску до договор со Кевариус Хејс. Американскиот центар треба да потпише двегодишен договор со белградскиот тим и да го напушти Монако по само една сезона. Во текот на кариерата, 206 сантиметри високиот кошаркар настапуваше за Канту, Асвел, Бурсаспор, Жалгирис, Париз и Монако. Партизан го продолжи договорот со ...
Англиските медиуми денеска пишуваат дека Жозе Мурињо, кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, побарал од Флорентино Перез да го обезбеди потписот на играчот од средниот ред на Вест Хем, Матеус Фернандес. Весникот „Сан“ објави дека Реал Мадрид би се приклучил во трката за Матеус Фернандес, 21-годишниот португалски фудбалер висок 1,78 метри, чиј трансфер од Вест Хем би можел да се процени на повеќе од 92 милиони евра. ПСЖ и Манчестер ...
Светското првенство во 1974 година во Западна Германија требаше да биде круна на една од најталентираните генерации во историјата на југословенскиот фудбал, но наместо борба за самиот врв, турнирот остана запаметен по резултатскиот пад, нарушената атмосфера во репрезентацијата и една урбана легенда која и денес предизвикува дебати, дека Јосип Броз Тито наводно „го продал“ натпреварот против Германците во замена за државен кредит. Десеттото ...
Флорентино Перез сосема очекувано ги доби претседатлските избори во Реал Мадрид и сега сите навивачи на клубот со нетрпение ги очекуваат неговите потези. Перез веќе го обезбеди Жозе Мурињо како тренер, а договорени се Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате, но сега се очекува „бомбата“ која беше најавена и понудата од 150 милиони евра. Флорентино иако не откри за кого се работи, порача дека ќе испрати огромна понуда вредна 150 милиони евра за играч ...
Кога ќе заврши Светското првенство за Франција, ќе заврши и улогата на Дидие Дешан како селектор. Во 1998 година, Дидие Дешан стана светски шампион како капитен на Франција, а потоа во 2018 година стана третиот човек во историјата кој го достигна врвот на светот и како играч и како тренер. Претходно тоа им успеа на Марио Загало (Бразил) и Франц Бејкенбауер (Германија). Кога Франција ќе го одигра последниот натпревар на овогодинешното ...
Јаник Синер и Карлос Алкараз останаа на двете водечки позиции на АТП ранкингот. Италијанецот беше рано елиминиран на Ролан Гарос, а Шпанецот воопшто не настапи поради повреда, но и покрај тоа имаат висока предност пред конкуренцијата. Синер на врвот има 13.500 поени, додека Алкараз е на 9.960. Освојувачот на трофејот во Париз, Александер Зверев остана на третото место, меѓутоа собра 7.305 поени на своето конто. Феликс Оже-Алијасим скокна две ...
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен му честиташе на Александер Зверев за освојувањето на титулата на Ролан Гарос. Во финалето на турнирот, германскиот тенисер го совлада Флавио Коболи со 6:1, 4:6, 6:4, 6:7(5), 6:1 и ја освои својата прва гранслем-титула. „Ти честитаме за првата гранслем-титула, Алекс Зверев!“, објави Баерн Минхен на социјалните мрежи. Зверев е познат како голем навивач на баварскиот гигант и често јавно ја покажува својата ...
Александар Зверев влезе во историјата со освојувањето на својата прва титула на Гренд слем, откако ја победи Флавија Коболи, а на прес-конференцијата по финалето отворено зборуваше за сè низ што поминал за време на натпреварот и целиот турнир. Германскиот тенисер особено се осврна на четвртиот сет, во кој имаше физички проблеми, но и, како што истакнува, многу повеќе ментални блокади. „Да, имав грчеви. Малку се мачев физички, иако не мислам ...
6776 Холандија – Узбекистан (20:45) Мечот во Њујорк ќе биде последна проверка и за Холандија и за Узбекистан. Двете селекции загубија на првите контролни дуели, Холанѓаните од Алжир, додека Узбекистан од Канада. Многумина ги гледаат Лалињата како еден од фаворитите на ова првенство, па сосема јасно е дека од нив се очекува победа над дебитантот на Мундијалите. Предлог тип: 1 & 3-5 (1.93) 6731 Франција – Северна Ирска (21:10) Франција по ...
Нема промени на врвот на ВТА рангирањето, иако Арина Сабаленка беше рано елиминирана од тукушто завршениот Ролан Гарос. Белорусинката испадна во четвртфиналето, меѓутоа со 9.090 поени е на првото место, додека втора е Елена Рибакина со 8.143. Третото место го зазема Ига Швјонтек, а зад неа во топ десет се Пегула, Анисимова, Андреева, Гоф, Свитолина, Мбоко и Мухова. Хитот од Париз, полската тенисерка Маја Хвалинска која играше финале ...
Кошаркарот на Олимпијакос, Донта Хол, е пред трансфер во Макаби Тел Авив, каде се очекува да настапува во следните две сезони. Израелскиот евролигаш активно работи на засилување на ростерот, а центарот е една од главните цели на клубот во летниот преоден рок. Хол, кој е познат по својата атлетска игра, блокади и игра над обрачот, зад себе има солидни настапи во Евролигата. Неговите квалитети го прават интересна опција за Макаби, кој сака да ...
Хари Кејн имаше извонредна клупска сезона со Баерн Минхен и сега желбата е таа форма да ја префрли во репрентацијата со која ќе настапи на Светското првенство. Англија е во група со Хрватска, Гана и Панама што значи има добра почетна позиција да заврши како лидер во групата Л и со тоа најави атак на титулата. Нема да биде лесна таа мисија, ќе биде тешко, незгодно, веќе се поставувата прашања за состојбата на терените, а тука е и жестината, ...
Непријатни вести пристигнуваат од Соединетите Американски Држави, каде што се случи престрелка со огнено оружје во близина на базата на англиската репрезентација пред почетокот на Светското првенство. Според информациите од локалните медиуми, полицијата интервенирала по пријава за истрели на булеварот Траст во Канзас Сити, неколку километри од на хотелот каде што е сместена делегацијата на Англија. По пристигнувањето на местото на настанот, ...
Италијанскиот фудбал има доста проблеми и тоа веќе почнува да го чувствува националниот тим кој трет пат во низа нема да биде дел од најголемиот фудбалски настан-Светското првенство. Меѓутоа Италија е фудбалска земја и сигурно ќе пронајде начин да се врати на вистинските патеки, а дека не е се така црно најдобро докажува Пио Еспозито. „Аѕурите“ во изминативе неколку дена одиграа две пријателски средби против Луксембург и Грција, двете ги ...
ФИФА направи промена во последен момент во својата политика за стадионите на Светското првенство и повеќе нема да им дозволува на навивачите да внесуваат шишиња со вода на северноамериканските стадиони. Одлуката доаѓа само три недели откако официјалните прописи дозволија празни шишиња за повеќекратна употреба. Пред неколку дена, официјалните прописи за однесување на стадионите на ФИФА вклучуваа клаузула која гласеше: „За да се избегне сомнеж, ...
Жозе Мурињо веќе подготвува детален план за летниот преоден рок како подготовка за својот втор мандат како тренер на Реал (М). Португалецот наводно идентификувал четири клучни позиции во тимот кои бараат итно засилување за да се заврши двегодишниот период без трофеј. Според извештаите во Шпанија, тој им кажал на раководството на клубот дека секоја сериозна кандидатура за титулата мора да почне со зајакнување на централната, десната и левата ...
Сан Антонио Спарс не успеа да го одбрани домашниот терен на првите два натпревари од финалната серија со Њујорк Никс и со тоа се стави во исклучително тешка ситуација во обидот да дојде до пехарот во НБА лигата. Сега серијата се сели во „Медисон Сквер Гарден“ каде Њујорк ќе има огромна поддршка, а меѓу нив ќе биде и претседателот на САД, Доналд Трамп кој ќе биде присутен на третиот натпревар. Сепак ова не го допира премногу Виктор Вембањама ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ стигна до 198 настапи за националниот тим, што го става на второто место заедно со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси. Модриќ 198. настап го забележа синоќа во Вараждин на пријателскиот натпревар против Словенија (2:1), каде што беше и стрелец. Португалецот Кристијано Роналдо останува рекордер со 227 настапи. Сите тројца се вклучени во составите на своите репрезентации за претстојното Светското првенство 2026. ...
Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Доминира тенисот со осум од 16-те понудени меча. Шест натпревари се од фудбалот, а два од кошарката. Првиот натпревар започнува веќе во 11 часот, а тоа значи дека треба да побрзате, да го одберете вашиот пар, да ги посетите уплатните места на Sport Life и да ја зголемите добивката на тикетите. Понеделничкиот Супер тип започнува со осумте ...
За неколку дена ќе го имаме официјалниот старт на Светското првенство во фудбал, настан кој ќе се одржи во три земји и ќе трае повеќе од еден месец или поточно од 11 јуни до 19 јули. Тешко е да се каже кој е фаворит за титулата со оглед на изедначеноста на националните тимови, поточно можеби може да се говори за група од неколку селекции кои се во прв план да го подигнат трофејот. Италија не е учесник и на ова СП, па легендарниот Фабио Капело ...
Франција ја очекува соочување со Сенегал, Ирак и Норвешка во групната фаза на Светското првенство, но пред тие предизвици заажани за 16, 22 и 26 јуни популарните „галски петли“ ќе имаат уште еден тест натпревар и тоа со Северна Ирска. Тоа е меч закажан за вечерва од 21 часот, а селекторот Дидие Дешамп ја израдува јавноста со информацијата дека сите играчи се подготвени и спремни за настап, односно дека веќе се е во ред и со дефанзивецот ...
Младиот косовски репрезентативец и играч на албанскиот Елбасан, 22-годишниот Фатјон Буњаку, загина во тешка сообраќајна несреќа. Трагедијата се случи вчера рано наутро на Косово. Според извештаите на албанските медиуми, несреќата се случила во недела, педесет и пет минути по полноќ, на главниот пат меѓу Косовска Митровица и Вучитрн, во близина на селото Ново Село Маџунско. Автомобилот во кој се наоѓал се превртел од силата на ударот, а уште ...
Во разговор во живо пред камерите на ТНТ, германскиот тенисер брутално го касна поранешниот американски тенисер Сем Квери и предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. Александар Зверев почека своите пет минути и не ја пропушти можноста да ги подмири старите сметки. Штом го крена трофејот наменет за шампионот на Ролан Гарос , Александар Зверев реши да се пресмета со еден од своите најголеми критичари. Мета беше поранешниот американски ...
Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. На планетарната смотра прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации, поради што првата фаза ќе трае до 28 јуни. Погледнете го распоредот на натпреварите во групната фаза, со сатницата и местата на одигрување: 11 јуни: Мексико – Јужна Африка (21.00, Мексико Сити) 12 јуни: Јужна Кореја – Чешка (4.00, Гвадалахара) Канада – Босна и ...
Полтиката и овој пат застана на патот на спортот, единственото нешто што обединува. Израел повторно беше мета на напади, откако продолжија воените конфликти помеѓу Иран и САД, а токму поради тоа не се доигра полуфиналниот натпревар во тамошниот шампионат помеѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим. Според информациите од оваа земја мечот беше прекинат поради најновиот ракетен напад на Иран врз Израел. Засега нем други детали… Полтиката и овој ...
Швајцарската репрезентација се најде во необичен проблем откако пристигна во базата во Сан Диего пред СП 2026. Швајцарците размислуваат за промена на кампот откако се најдоа во неочекуван проблем. Тие избраа камп во Сан Диего како место за подготовка за предизвиците што претстојат. Сепак, наидоа на нешто што не го очекуваа – отровни змии веднаш до тренинг-терените. Тимот го вклучи алармот. Поставија мапа со областа означена со црвена боја и ...
До синоќа, Александар Зверев ја имаше етикетата на најдобар тенисер во историјата кој не освоил ниту еден Гренд слем. Имаше три порази во финалните мечеви, исто како и Каспер Руд, но за разлика од Норвежанецот, има и олимписки златен медал и две титули од завршниот Мастерс и повеќе трофеи од Мастерс 1.000. Свесен дека му ја „лепат“ таа етикета, Зверев се пошегува триумфот на Ролан Гарос. „Сега можете да ме наречете најлошиот тенисер во ...
Низ историјата на Светските првенства сме сведочеле на драматични голови во последните секунди, спектакуларни пресврти и погодоци што одлучувале светски првенства. Сепак, ниту еден не бил постигнат толку брзо како голот на Хакан Шукур. За само неколку секунди, пред многу гледачи да имаат време да седнат пред своите телевизори, рекордот веќе бил поставен. И интересно, човекот што го постигнал голот пристигнал на тоа Светско првенство под ...
Италија е нов европски шампион во конкуренција до 17 години, откако во драматичното финале на Европското првенство ја совлада Белгија по изведување пенали со 4-3, по нерешените 1-1 во регуларниот дел. Финалниот натпревар во Талин понуди голема борба и мал број шанси, а изгледаше дека Белгијците ќе стигнат до трофејот по голот на Ноа Охеа во 85. минута. Сепак, кога се чинеше дека победникот е решен, Италија доби пенал во судиското продолжение. ...