Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави денеска дека рехабилитацијата на Ламин Јамал, Нико Вилијамс и Виктор Муњоз напредува според планот и оти тројцата треба да бидат подготвени за првиот натпревар на Светското првенство на 15 јуни против Зеленортските острови. „Закрепнувањето на сите тројца оди според планот и доколку не се појави ништо неочекувано во наредните денови, тие треба да бидат достапни за ...
По нешто повеќе од една година, ерата на Робин ван Перси во Феенорд е завршена. Управата на клубот одлучи да ја прекине соработката со 42-годишниот стручњак, иако имаше договор за уште една година. Во февруари 2025 година, тој го започна својот мандат во Феенорд, оваа сезона успеа да го одведе тимот до Лигата на шампионите, но второто место во првенството не го задоволи раководството на клубот, кое сега бара нов тренер. Досега, Ван Перси го ...
Кристијан Ериксен ја исплаши целокупната светска спортска јавност на пријателскиот меч против Украина кој се одигра вчера во Оденсе, бидејќи неговите соиграчи и навивачите се потсетија на хоророт кој го режираше на „Паркен“ на Европското првенство во 2021-ва година. Пет години по првиот колапс бранејќи ги боите на Данска, Ериксен вчера за момент колабираше и се урна на теренот на средбата против Украина, па повторно беше активиран специјален ...
Македонските надежи Даријан Галевски и Алексеј Тофиловски изминатиов викенд ги бранеа боите на Црвена Звезда и забележаа голем успех на престижниот меѓународен турнир Internazionale Metropolitano Tournament во Торино, Италија. Галевски и Тофиловски, како едни од најталентираните македонски фудбалери родени во 2016 година, веќе извесен период покрај за своите школи ги бранат боите и на српскиот гигант, а од Италија се враќаат со голем успех и ...
На само неколку дена пред почетокот на Светското првенство во фудбал 2026 година, спортската јавност е во шок по бранот одбиени визи и строги визни рестрикции наметнати од американската администрација за странски државјани. Новите правила сериозно го загрозуваат доаѓањето на илјадници фудбалски фанови и логистички претставници од целиот свет. Според неколку светски медиуми, на сомалискиот судија Омар Абдулкадир Артан, кој беше избран од ФИФА ...
Босанската фудбалска репрезентација беше дочекана со големо воодушевување од дијаспората во Канада, откако пристигна во Торонто, каде навивачите им приредија несекојдневен пречек. Група навивачи се собраа на мост над автопатот по кој репрезентативците се движеа од аеродромот кон својот хотел. Со знамиња, навивачки реквизити и песни посветени на Босна и Херцеговина, тие со часови трпеливо го чекале моментот кога ќе помине тимскиот автобус. ...
Македонија повторно има причина за гордост. Најдобриот македонски бодибилдер, Ивица Јанев – Ице, уште еднаш го крена македонското знаме на највисокото место и испиша нова златна страница во историјата на македонскиот бодибилдинг. На престижниот Мр Олимпиа Аматер Шпанија, најголемата и најзначајна аматерска бодибилдинг сцена во светот, Јанев е првиот Македонец кој стана шампион на Олимпиа Аматер и да го освои првото место во категоријата ...
Прволигашот Силекс денес ги „запали моторите“ со првата прозивка на стратегот Александар Васоски беа означени летните подготовки на кратовскиот тим. Со денешниот собир и прв тренинг официјално стартуваат подготовки, а пред Силекс ќе бидат предизвиците во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Кратово, а истата е предвидено да трае до 19 јуни. Клубот дополнително ќе информира за ...
Зад нас е сезоната 2025/2026 во кошаркарската Евролига, сезона во која Олимпијакос беше крунисан за нов крал или поточно ја презема круната од Фенербахче. Доста возбудлива беше изминатава кампања, сезона во која активни беа дури 20 екипи, а по многу битки последниот збор го имаше составот од Пиреја. Сега ќе имаме резиме, Евролигата сигурно ќе излезе со видеа со најдобрите моменти, а една од компилацијата е посветена на победничките шутеви со ...
Најновото издание на фудбалскиот Мундијал, најголемиот фудбалски турнир на планетата, започнува в четврток на 11. јуни. Светот е во искечување на она што следува, а Спортспорт ги прашува дел од нашите репрезентативци кои се нивните фаворити. За кого сметаат дека ќе биде во фокусот на вниманието, кој има најголеми шанси за освојување на планетарниот трофеј. „Мој фаворит е репрезентацијата на Португалија. Кристијано Роналдо и „компанија“. ...
Повеќе од 12 години по трагичната несреќа на Михаел Шумахер, јавноста доби нов увид во една од најтешките ноќи во историјата на Формула 1. Имено, францускиот весник „Л’Екип“ објави интервју со професорот Стефан Шабардес, еден од лекарите кои директно учествувале во лекувањето на седумкратниот светски шампион. Тој опиша како болницата во Гренобл била ставена под огромен притисок уште од првите минути по пристигнувањето на Шумахер. Медицинскиот ...
РК Прилеп продолжува со засилувањата за новата сезона, а нов член на тимот е Андреј Стојановски, македонски ракометар кој настапува на позицијата лев бек и доаѓа од редовите на РК Тинекс Пролет. Роден на 21 август 2004 година, Стојановски е производ на младинската школа на Пролет и важи за еден од најперспективните млади македонски ракометари на својата позиција. Покрај настапите во домашната Суперлига, Андреј има и репрезентативно искуство ...
Роберто Манчини е на добар пат да се врати на големата сцена и одново да работи во Европа и тоа како селектор, пренесуваат медиумите во Италија. Повеќе различни извори излегоа со вести дека Манчини е главен фаворит за биде селектор на италијанската репрезентација, поточно наследник на Џенаро Гатузо кој си замина откако селекцијата не успеа да избори пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Силвио Балдини привремено го водеше ...
Репрезентацијата на Македонија до 20 години претрпе пораз од 2-0 на денешниот пријателски натпревар против соодветната селекција на САД. Натпреварот кој се одигра во бугарскиот град Петрич донесе изедначена борба, но избраниците на селекторот Александар Таневски беа казнети за падот на концентрацијата во последните моменти од двете полувремиња. Противникот успеа да ја затресе македонската мрежа во последните моменти од двете полувремиња, ...
На денешниот пријателски дуел кој што македонската фудбалска репрезентација до 20. години го одигра против соодветната селекција на САД доживеан е пораз од конечни 2:0. Дуелот инаку се одигра во соседна Бугарија поточно во градот Петрич. Избраниците на селекторот Александар Таневски примија голови во последните моменти од двете полувремиња, односно во 45. и 90. Оваа генерација е онаа која што се подготвува да биде дел од У21 квалификациите ...
Уште една клупска легенда ја презема тренерската позиција во белградски Партизан. Се работи за легендарниот Саша Илиќ, кој ќе го замени на клупата Срѓан Благојевиќ. Илиќ веќе се договори со управата на „црно-белите“ и се очекува да потпише двегодишен договор, а официјалната промоција треба да биде одржана утре во 12:00 часот. Во текот на активната играчка кариера, Илиќ мина скоро 20 години во Партизан, најпрво преку младинските категории, а ...
Жозе Мурињо ја споделува својата реакција на победата на Флорентино Перез на претседателските избори на Реал Мадрид „Да, Флорентино Перез победи. Секако“, рече Мурињо во видео објавено на социјалните мрежи. Перез го победи шпанскиот бизнисмен Енрике Рикелме и ќе продолжи да го води клубот до 2030 година. Ова ќе биде негов осми последователен мандат на функцијата, а вчерашното гласање беше прв избор во клубот од 2006 година. Жозе Мурињо беше ...
Пронајдена е замена за Мохамед Салах на „Енфилд“. Станува збор за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде. 19-годишниот крилен напаѓач ги договори условите со „Црвените“, а сега сè е на чекор од целосна реализација. Остануваат малку работи во договорот, кој ќе изнесува 104 милиони евра. Официјално, сè треба да биде завршено многу брзо. Германците се задоволни од сумата, а Диоманде ќе има шанса да се покаже на големата ...
Довчерашниот селектор на Словенија, Матјаж Кек е новиот тренер на хрватска Риека. Најтрофејниот стратег во историјата на клубот се врати на клупата каде што седеше на 274 натпревари. Кек е тренерот кој ја освои првата шампионска титула во историјата на Риека, а имаше и два трофеи во Купот на Хрватска и еден Суперкуп, и оствари најмногу победи на клупата на Риека, 165 во сите натпреварувања. Матјаж Кек се враќа на Рујевица по речиси осум ...
Домаќинот Канада, потоа Швајцарија и Босна и Херцеговина како претставници на Европа, и аутсајдерот Катар, ја сочинуваат групата Б во која можни се секакви изненадувања и може да биде една од најнеизвесните на Светското првенство. Во оваа група нема селекции кои биле светски прваци и ова се тимови за кои и четвртфинале на СП 2026 би било голем успех. Канада има солиден напад со Џонатан Дејвид и Кајл Ларин, но главна ѕвезда им е Алфонсо ...
Големо изненадување се случи на митингот од Дијамантската лига во Стокхолм, каде што Арманд Дуплантис по долго време остана без победа во скокот со стап. Шведскиот ас, кој е актуелен светски рекордер, олимписки, светски и европски шампион, ја прекина неверојатната серија од 40 последователни триумфи, откако мораше да се задоволи со второто место. До сензационалниот успех стигна Австралиецот Кертис Маршал, кој ја прескокна висината од 5,90 ...
Искусниот македонски одбојкарски репрезентативец Владо Милев и следната сезона ќе го носи дресот на унгарскиот тим Казинбарчика. Според информациите, Милев добил понуда за продолжување на соработката ос унгарскиот клуб во чии редови настапуваше во втората половина од минатата сезона. Милев и Казинбарчика завршија како третопласирани во плеј-офот во Унгарија, а следната сезона сигурно ќе имаат и поголеми амбиции. За струмичанецот Унгарија и ...
Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, ги „пецна“ судиите кои се делегирани за третиот натпревар од финалната серија против Олимпијакос во грчкото првенство, истакнувајќи дека „очекува еднаков и фер третман“. Двата гиганти се во егал-ситуација по првите два меча (1-1), а пред третиот дуел, Атаман повторно реши да го прокоментира судењето, за кое имаше критики во повеќе наврати. „Ако имаме фер третман од судиите, мислам дека можеме да ...
Ѕвездата на Пари Сен Жермен и вооедно француски репрезентативец, Усман Дембеле ги издвои фаворитите за пехарот на престојното Светско првенство. Мундијалот во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули и тоа во 16 градови. Франција дефинитивно е во првиот ред за пехарот, но според Дембеле има уште неколку репрезентации кои можат да стигнат до самиот крај на турнирот. -Има многу фаворити, знаеме дека ...
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел на крајот да заврши во Истанбул, откако Галатасарај испрати понуда за негов ангажман. Турскиот гигант сака да го види во своите редови Србинот, со оглед дека станува јасно дека Виктор Осимен ќе ја смени средината ова лето. Нигериецот побарал да замине, а Галата веќе се подготвува да бара замена. Српскиот фудбалер има огромна понуда на маса, нешто што е тешко да се одбие и бројка што би можела да го ...
Светското првенство во фудбал 2026 почнува на 11 јуни во Мексико Сити и ќе биде најголемиот Мундијал во историјата на FIFA. Првпат турнирот ќе се игра во три држави – САД, Мексико и Канада, првпат ќе настапат 48 репрезентации, а наместо досегашните 64 натпревари, ќе се одиграат вкупно 104 меча. Турнирот ќе трае до 19 јули, кога финалето ќе се игра на „Њујорк Њу Џерси стадиум“, односно Метлајф стадионот во Ист Радерфорд. Ова издание носи ...
Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува да го задржува костурот на тимот кој испиша историја минатата сезона, а најновата потврда пристигна со продолжувањето на соработката со капитенот Марио Благојевски. Репрезентативецот на Македонија и најдобар стрелец на Проект ќе продолжи да го носи дресот на клубот и во сезоната 2026/27, во која екипата повторно ќе има високи амбиции на домашната и европската сцена. Минатата сезона беше ...
Португалско засилување во средниот ред доби шампионот Вардар за квалификациите во Лигата на шампионите. Мигуел Пиреш, досегашниот играч на Силекс потпиша за „црвено-црните“. Пиреш доаѓа како слободен агент, со оглед дека му истече договорот со кратовскиот тим. Неговата вредност според Трансфермаркт е 350.000 евра. Тој беше еден од најдобрите играчи на Силекс минатата сезона, и воопшто најдобар во ПМФЛ со 11 гола и седум асистенции во 30 ...
Необичен проблем ја вознемири фудбалската репрезентација на Швајцарија во пресрет на Светското првенство, откако во непосредна близина на нивниот тренинг-камп во Калифорнија беше забележано присуство на отровни змии. Додека националните селекции низ САД, Канада и Мексико ги прават последните подготовки за мундијалот, Швајцарците се соочија со ситуација каква што ретко се гледа на големите спортски натпреварувања. Швајцарската репрезентација ...
Денес, 08.06.2026 година (понеделник), во хотелот „Green Space“ во Охрид, се одржа официјалниот собир на машката сениорска репрезентација на Македонија во ракомет на плажа. Со денешниот собир, репрезентативците, предводени од селекторот г-дин Наум Бабачев, официјално ги започнаа подготовките за претстојниот меѓународен турнир во Полска, на кој ќе настапат против европски репрезентации. По неколкудневните подготовки во Охрид, националниот тим ...