Вистински хаос се случи за време на полуфиналниот натпревар од израелското кошаркарско првенство меѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим. Натпреварот беше прекинат во третата четвртина поради ракетна тревога поврзана со напади од Иран, што предизвика сериозна загриженост за безбедноста на сите присутни во салата. The semifinal game between Hapoel Tel Aviv and Hapoel Jerusalem was stopped in the third quarter due to fire from Iran. ...

Осман Дембеле реши да застане пред Килијан Мбапе и јасно да му каже дека неговите соиграчи го замолуваат да игра повеќе дефанзивно. Ѕвездата на Реал многумина ја сметаат за исклучително арогантен и егоистичен фудбалер. Неговиот став кон соиграчите често го потврдува ова, но во репрезентацијата има човек кој ќе му се спротивстави. Официјално најдобриот фудбалер во светот, Осман Дембеле од ПСЖ, реши да застане пред Мбапе и да му каже што ...

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, по неговиот реизбор објави дека португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе стане нов главен тренер на тимот. – Ќе продолжиме да бидеме горди на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ – најдобриот стадион во светот. Ќе бидеме горди што ги имаме најдобрите играчи во светот и ќе бидеме горди што ќе го пречекаме еден од најдобрите тренери во светот – Мадридистот Жозе Мурињо. И бидете сигурни, откако станав ...

Флорентино Перез го порази Енрике Рикелме и со речиси 70 проценти од гласовите избори победа во претседателските избори во Реал Мадрид, сценарио со кое само се потврди тоа што беше очекувано. Искусниот фудбалски работник ќе претседава во Реал Мадрид најмалку до јуни 2030-та година, а покрај најавените засилувања во играчкиот кадар како Конате и Дамфрис, повеќе од јасно е дека во најскоро можно време ќе биде претставен Жозе Мурињо. Искусниот ...

Манчестер Јунајтед треба да има активно трансфер лето и да донесе неколку играчи со кои ќе се зголеми квалитетот во сите линии во екипата. Ова ќе биде прв посериозен предизвик за менаџерот Мајкл Керик кој ќе може да ги избере фудбалерите кои најдобро би се вклопиле во системот што го практикува, а во исто време на клубот би му донеле резултати. Информациите се дека Јунајтед веќе го договорил Едерсон од Аталанта и дека само прашање е на време ...

Според информациите на повеќе кошаркарски портали, литванскиот Жалгирис го договорил трансферот на досегашниот играч на Виртус Болоња, Карсен Едвардс. Екс-кошаркарот на Бостон, Детроит, Фенербахче и Баерн Минхен ја заврши сезоната како еден од најдобрите стрелци во Евролигата, просечно бележејќи 17,3 поени по натпревар. Во Жалгирис го гледаат како замена за Силвијан Франциско, кој веќе ги договорил личните услови со францускиот Асвел. ...

Ко-домаќинот на Светското првенство, Канада, ќе мора да настапи без централниот дефанзивец Моиз Бомбито (26) на претстојниот Мундијал, кој заеднички го организираат Канада, САД и Мексико. Иако долго време постоеја сомнежи околу неговата подготвеност, надежите се зголемија откако фудбалерот на Ница настапи на пријателскиот натпревар против Узбекистан, каде одигра околу 30 минути. Сепак, и по тој настап, Бомбито повторно почувствувал болка и ...

Искусниот голман Јан Зомер заминува од екипата на Интер и ќе ја продолжи кариерата на друга дестинација, јавија италијанските медиуми. Она што се претпоставуваше, сега добива и потврда, што значи дека актуелниот шампион на Италија сигурно ќе има нов чувар на мрежата за следната сезона. Засега, најавено е дека прв голман ќе биде Хозеп Мартинез, но не е исклучена и можноста за доведување уште еден квалитетен голман. Зомер ги бранеше боите на ...

Швајцарската репрезентација го привлече вниманието на јавноста откако го откри планот и распоредот на својот основен камп за Светското првенство во 2026 година. Иако самите полиња и придружните објекти изгледаат одлично, еден шокантен детаљ на мапата на кампот предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, а станува збор за близината на гнездо на опасни змии. Популарниот фудбалски сајт „Лајвс Фут“ го сподели кампот, истакнувајќи дека ...

Владимир Петковиќ и неговиот тренерски штаб добија нови договори од Алжирската фудбалска федерација. Договорот на Владимир Петковиќ како селектор на репрезентацијата всушност требаше да истече по Светското првенство ова лето, но тој веќе е награден од Алжирската федерација. Денеска беше објавено дека 62-годишниот стратег потпишал нов договор кој ќе важи до 2028 година. Истото важи и за персоналот кој работи со него. Петковиќ е на чело на ...

Барселона, 7 јуни 2026 (МИА0 – Барселона му дозволи на Ламин Јамал да игра за Шпанија на почетокот на Светското првенство во 2026 година, објави „Ас“. Каталонскиот клуб внимателно го следи закрепнувањето на 18-годишниот крилен напаѓач, кој заработи повреда на левиот бутен мускул на 22 април по изведувањето на пенал против Селта Виго на „Камп Ноу“. Јамал пристигна со шпанската репрезентација на 30 мај, сè уште во процес на закрепнување. ...

Првите прелиминарни резултати од изборите во Реал (М) покажуваат дека Флорентино Перез освоил околу две третини од гласовите, и дека на крајот го победил Енрике Рикелме на претседателските избори. За првпат од изборите во 2006 година, навивачите на Реал Мадрид имаа можност да гласаат за двајца кандидати, но Флорентино Перез повторно излезе како победник. Енрике Рикелме имаше некако неискусна бомбастична кампања во која им вети на фановите ...

Стадионот „Езеро“ во Крушево сè повеќе се профилира како одлична дестинација за летни подготовки на фудбалските екипи пред стартот на новата сезона 2026/2027, нудејќи квалитетни услови за тренинг и одигрување пријателски натпревари. Објектот располага со две уредени соблекувални, како и целосно одржуван и валиран терен кој обезбедува рамна и стабилна подлога за работа односно тренинг и натпревари.. Дополнителна предност е тоа што стадионот е ...

Хрватска издвојува победа во последниот тест натпревар пред Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. „Коцкестите“ не се во идеална форма и потврда за тоа беше и вечерашниот меч против Словенија на кој дојдоа до триумф во последните моменти. Се играше 93. минута кога Пашалиќ со прецизен удар, атрактивен гол донесе славје во Вараждин од 2-1. Претходно Модриќ ги доведе домаќините во водство, додека Шпорар одговори на другата ...

Ентони Гордон во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Барселона што за многумина е и изненадување затоа што трансферот се реализираше за многу брзо време. Офанзивецот се поврзуваше со Баерн Минхен, Ливерпул…, ама не и со шпанскиот првак кој се впушти во офанзива и го обезбеди неговиот потпис за наредните пет сезони. Ова можеби значи и крај на приказната на Маркус Рашфорд со каталинците, поточно во моментов изгледа се понерално дека Барса ...

Холандиските „Де Телеграф“ и „Фудбал Интернационал“ објавија дека Робин ван Перси е отпуштен од тренерската позиција во Феенорд. Деви Риго, кој беше претставен како нов технички директор во Феенорд кон крајот на мај, не даде никакви гаранции за иднината на тренерот ван Перси, а објаснувањето за ова сега е откриено. Според неколку големи холандски медиуми, Робин ван Перси е отпуштен. Феенорд сè уште не ја потврдил, ниту ја негирал веста. ...

Екипата на Мец е победник во финалето на Лигата на шампиони во женска конкуренција, откако после голема драма го победи Ѓер со 29-31. Финалето се одигра пред 20.022 гледачи, израмнувајќи го светскиот рекорд за натпревар во женски клубови претходно поставен на „ЕХФ Фајнл-фор 2023“. Најдобра ракометарка кај победниците беше извонредната Сара Буктит со 12 гола, а на спротивната страна, седум погодоци имаше Бразилката Алмеида Де Паула. Екипата ...

Хрватска забележа победа од 2-1 против Словенија на последниот тест пред претстојното Светско првенство 2026. Првиот гол за Хрватска го постигна Лука Модриќ, а Марио Пашалиќ ја обезбеди победата во судиското продолжение. На спротивната страна, прецизен беше Андраж Шпорар. Италија славеше на гостувањето против Грција победувајќи со 0-1, благодарение на голот на Еспозито уште во 18. минута од средбата. Greece 0-1 Italy – Pio Esposito 18′ by ...

Италија минимално со 1:0 славеше на гости кај Грција во контролен меч. За Аѕурите ова е втора победа во последните пет дена, откако претходно со 1:0 славеше и над Луксембург. Интересно е тоа дека како на мечот против Луксембург, така и сега против Грција, стрелец на единствениот гол беше младиот напаѓач на Интер, Франческо Еспозито и тоа во 17 минута. Погодокот со кој Италија славеше над Грција може да го видите ТУКА. Овие две победи на ...

Репрезентацијата на Хрватска со 2:1 славеше над Словенија во пријателски меч одигран вечерва во Вараждин. Ова беше последна средба на Коцкестите пред патувањето во САД, каде ќе бидат дел од Светското првенство. Откако во првото полувреме немаше голови, серијата погодоци ја најави капитенот на Хрватска, Лука Модриќ. Фудбалерот кој во септември ќе наполи 41 година, уште еднаш покажа дека е вистински виртуоз и погоди со шут надвор од ...

Шкотска се откажа од пријателскиот натпревар зад затворени врати против Норвешка, кој требаше да се одржи утре, соопштија првите луѓе на норвешката фудбалска федерација. Екипата на Стив Кларк забележа убедлива победа од 4-0 над Боливија во саботата пред нивниот прв натпревар на Светското првенство против Хаити на 14 јуни. По свирежот за крај на натпреварот во Њу Џерси, Кларк призна дека е воодушевен откако го завршил натпреварот без повреди. ...

Управата на Њујорк Никс воведува посебни безбедносни мерки за третиот натпревар од НБА финалето поради најавеното присуство на американскиот претседател Доналд Трамп во „Медисон Сквер Гарден“. Според информациите од американските медиуми, локалните и федералните безбедносни служби подготвиле засилени протоколи за заштита, што значително ќе ја промени организацијата на натпреварот. Околината на арената ќе биде под засилена контрола, а дел од ...

Бразилската репрезентација направи принудна измена во составот за Светското првенство, откако Едерсон доби дополнителен повик и ќе му се приклучи на националниот тим во САД. Промената доаѓа по повредата на Весли, кој по деталните лекарски прегледи го напушти кампот на репрезентацијата. Магнетната резонанца покажа мускулна повреда на левата натколеница, поради што стручниот штаб мораше да реагира и да повика замена. „По поставената дијагноза, ...

Девет лица се повредени во пукотницата што се случи во раните утрински часови во саботата во близина на базата на англискиот фудбалски тим во Канзас Сити, јавуваат британските медиуми. Инцидентот се случил на авенијата Трост, локација на само неколку минути возење од хотелот и тренинг центарот што Англија ќе ги користи за време на претстојното Светско првенство. Полицијата добила неколку повици од граѓани околу 4 часот наутро откако биле ...

Фудбалерите на Раковица ја освоија титулата во Меѓуопштинската лига Белград – група Б и од следната сезона нема да бидат во најнискиот ранг на нтпреварување. Пресреќни беа фудбалерите и навивачите на овој тим, па веднаш по завршување na последниот меч започна големо славје. Вистински хит беше кога на теренот се појави трактор, кој извозе победнички круг со трофејот освоен за првото место во оваа лига. 🚨🇷🇸Just a regular Saturday in Serbia, ...

Флорентино Перез победи на претседателските избори во Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми, „COPE“, „Marca“ и „As“. Противкандидат на Перез беше Енрике Рикелме. Ова е осма последователна победа на 79-годишникот на претседателските избори во Мадрид. Според „COPE“, Перез доби 64,1 процент од гласовите. Ова значи дека ќе остане на функцијата до 2030 година. Претходно, Перез објави дека доколку биде реизбран, Жозе Мурињо ќе стане нов главен ...

Македонската одбојкарска репрезентација ја обезбеди првата победа во новото издание на Европската лига и тоа на турнирот што се одржа во нашата земја. Популарните „спартанци“ се изборија за славје над Луксембург во салата „Парк“ во Струмица. Имавме проблеми во првиот сет, не успеавме да се наметнеме како што посакувавме и противникот тоа го искористи и со 25:23 дојде до водство од 1-0. Ова беше знак за избраниците на Јошко Миленкоски да се ...

Денеска беше ден за избори во шпанскиот великан Реал Мадрид, односно навивачите, членовите имаа можност да бираат претседател по точно две децении. Две имиња беа во игра, долгогодишниот прв човек Флорентино Перез и амбициозниот Енрике Рикелме кој успеа во својот тим да привлече икони како Икер Касилјас, Фернаро Јеро и Раул Гонзалес. Иако допрва ќе ги дознаеме конечните резултати, шпанските медиуми пренесуваат дека немаа воопшто да има драма, ...

Македонската олимпијка, Милијана Рељиќ, успеа да освои бронзен медал на Европскиот куп во Германија. Таа во првото коло ја победи Натали Тадиќ од Хрватска со 2:0. Во второто коло Мила беше поуспешна од Ингибјорд Греташтодир од Исланд, па во борбата за медал по исцрпувачка борба со олимпијката Чаима Тоуми од Тунис, нашата таеквондистка во последна секунда успеа да изнуди 5 техничка грешка и така со 2:1 во рунди освои бронзен медал. Во ...

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен (34) се струполи на теренот на средина од второто полувреме од пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина. Тоа е истиот фудбалер кој доживеа срцев удар за време на натпреварот на Европското првенство пред пет години. Тогаш, Ериксен беше реанимиран на теренот и веднаш беше пренесен во болница. Потоа од болницата стигнаа добри вести дека брзо се освестил, па нецела година подоцна се врати на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.81
69%
1018
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
1.15
89%
1019
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
0.23
86%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.18
89%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.7
79%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
0.43
94%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
60%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.12
55%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.63
60%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
1.34
73%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
84%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 20ᴼ
0.41
63%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.303

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Паладиум

42535.44

Алуминиум

3.46

Иридиум

253540.09

Бакар

13.10

Родиум

257205.97

Платина

57324.78

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Злато

139690.59

Цинк

0.00

Сребро

2269.46

Рутениум

48965.59