Сега веќе актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Вардар обелодени дека во изминатите десет месеци е водена правна битка со институциите при УЕФА во која што Вардар е обвинет, а потоа и е докажано како точно дека имал двојни фалсификувани договори со своите поранешни играчи Дарко Глишиќ односно Мартин Блажевски. Договорите потпишани од поранешна управа на клубот, се секако нелегални, и нормално дека не смеат да постојат како такви, ...

На брифингот со новинарите, извршниот директор на фудбалскиот клуб Вардар, Миленко Неделковски кажа дека клубот се соочувал со голем, сериозен проблем и исфрлување од Европа поради двојни договори и двојно книговодство. Беше покрената постапка од УЕФА по пријава двајца поранешни играчи Дарко Глишиќ и Мартин Блажевски, за потпишување на двојни договори и целиот процес траеше 10 месеци. Тој процес со УЕФА се однесува за фалсификувани двојни ...