Македонската тениска репрезентација денес го игра вториот дуел од Третата Европска група од Дејвис Купот. По вчерашниот несреќен пораз од Молдавија 1-2, противник сега ни е Косово. Ова е репрезентација која е една од најмладите во ова натпреварување и почна да се натпреварува од 2016 година и првата победа ја постигнаа во 2019 година во четиринаесеттиот меч. Во меѓусебните мечеви Македонија има две победи против Косово во двата дуела во 2021 ...
Македонската тениска репрезентација ја забележа првата победа во Третата Европска група од Дејвис купот. Во второто коло нашите тенисери беа подобри од селекцијата на Косово, поточно работата беше завршена уште по натпреварите во поединечна конкуренција. Калин Ивановски ја потврди улогата на фаворит и го доби Дони Гаши со 2-0 во сетови со 7-5 и 6-4, додека пак Олег Приходко беше убедлив против Јасин Јакупи со 6-1 и 6-1. Македонија утре ќе ...
Македонската тениска репрезентација имаше успешен настап и обезбеди враќање во Втората Светска група на Дејвис Купот. Во групата запишавме две победи против Косово и Грузија и пораз во соочувањето со Молдавија за да потоа во клучната битка со Црна Гора славиме со 2-1. –Мислам дека имавме многу добар тим оваа година. Лани исто така успеавме да имаме „промоција“, но се вративме во Третата Европска група (по поразот од Кипар) и сега повторно ...

