Раководството на Портланд Треил Блејзерс покажува сериозен интерес за тренерот на Париз Баскет, Јулиус Томас, кој сезонава се наметна како едно од најинтересните млади тренерски имиња во европската кошарка. Томас го презеде кормилото на францускиот клуб во март годинава и со само 28 години стана најмладиот главен тренер во историјата на Евролигата. Претходно работеше како помошник во стручниот штаб на Париз и беше дел од проектот кој му ...

Кошаркарите на Њујорк Никс ги победија Сан Антонио Спарс со 107:106 во четвртиот натпревар од финалето на НБА плејофот. Никс водат со 3:1 во серијата и имаат три „меч-топки“ за шампионската титула, први по 53 години. Четвртиот натпревар ќе биде запаметен по фактот дека играчите на Спарс пропуштија предност од 29 поени. Ниту еден тим не успеал да се врати од дефицит од повеќе од 24 поени во финалето на НБА откако Бостон го направи тоа против ...

Еден од најдоминантните ракометари на денешницата, Матијас Гидсел, кој веќе неколку сезони наназад важи за најдобар играч во светот, продолжува да ги поместува границите и на теренот и надвор од него. Данската ѕвезда, која редовно освојува трофеи со клубот и со националниот тим, сега испиша нова страница во спортскиот маркетинг со потпишување на доживотен договор со компанијата за спортска опрема „Пума“. Според информациите, станува збор за ...

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Србинот Никола Јокиќ се подготвува да го потпише најпрофитабилниот договор во историјата на НБА и да стане првиот играч со годишна плата од над 70 милиони долари. Иако неговиот тим Денвер Нагетс разочара сезонава и беше елиминиран уште во првата фаза од НБА плејофот, 31-годишниот центар останува централна фигура околу која се гради иднината на оваа франшиза. Пред Јокиќ се две опции за продолжување ...

Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ е на чекор да потпише нов договор со кој би можел да стане најплатениот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот Пред Јокиќ се две можни опции за продолжување на соработката. Првата е потпишување четиригодишен супермаксимален договор вреден 278 милиони долари, доколку не ја искористи опцијата во актуелниот договор за сезоната 2027/28. Во тој случај, неговата просечна годишна ...

Еден од најдоминантните ракометари на денешницата, Матијас Гидсел, кој веќе неколку сезони наназад важи за најдобар играч во светот, продолжува да ги поместува границите и на теренот и надвор од него. Според информациите, станува збор за највредниот спонзорски договор во историјата на ракометот, кој во основа ќе надмине сума од три милиони евра. Иако деталите не се целосно објавени, се знае дека покрај фиксните годишни исплати, Гидсел ќе има ...