Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Охрид, 12. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод претстојните празници, Дебарско-кичевската епархија го објави распоредот на богослужбите на кои ќе богослужи Митрополитот г. Георгиј. По повод празникот Св. апостоли Петар и Павле – Петровден, утрово ќе се одржи Света архиерејска Литургија со почеток во 08:45 часот, во храмот „Свети Петар и Павле“ во Кичево. Утре, по повод Собор на 12-темина апостоли – Павловден, Света архиерејска Литургија со ...
Добивај вести на Viber Екс премиерот Никола Груевски, на социјалните мрежи демантираше дека становите кои беа запленети во случајот „Плацеви на Водно“ се негови. Вели дека сето тоа е дел од монтиран политички судски процес мотивиран од поранешниот премиер Зоран Заев. По којзнае кој пат истите медиуми, објавуваат наслови и текстови дека наводни мои станови се запленети и се на продажба. И по којзнае кој пат принуден сум да демантирам дека ...
Охрид, 12. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе не е прашање дали ќе се гради автопатот Требеништа-Ќафасан, за кој УНЕСКО имаше резерви дали треба да се гради, туку останува само да се одбере трасата, изјави неодамна вицепремиерот и министер за транспорт во Владата на Република Македонија Александар Николовски. – Веќе не е прашање дали ќе се гради автопатот, тоа беше прашање пред да дојдат, имаше одредени размислувања целосно да се забрани, сега ...
Познатиот скопски угостителски локал Baking Bread се огласи по пожарот што синоќа избувна во нивниот објект на „Рекорд“, информирајќи дека причината за инцидентот било мало невнимание при рутинска промена на маслото во една од фритезите. Од локалот соопштија дека благодарение на брзата реакција на вработените, како и на навремената интервенција на Противпожарната бригада, биле избегнати поголеми последици и никој не е повреден. „Штетата е ...
Охрид, Дојран и Преспа имаат сосема поинакво лице пред да се наполнат плажите, шеталиштата и локалите. Неколку часа порано, езерата се мирни, улиците речиси празни, а летната жештина сè уште не го презела денот. Во јули, повеќето посетители кон езерските места тргнуваат попладне или навечер. Но, оние што ќе станат порано добиваат нешто што вечерната прошетка не може да го понуди – тишина, чисти кадри и чувство дека целото крајбрежје е само ...
Синоќа во Битола по трет пат се одржа “Street food Festival“. Настан по светски терк со интересен концепт, летна шема уживање со добра музика, храна и пијалоци. За прв пат “Street food Festival“ во Битола и поширокиот регион, се огранизира во 2024 година. Тоа е настан со еден поинаков концепт на фестивал со храна, а тоа битолчани го препознаа и повторно беа на платото пред бар кафе “Манаки“, кај поштата во Битола, а организаторите имаа ...
Откако денес СДСМ го обвини поранешниот премиер Никола Груевски дека ги троши милијардите во Будипмешта, додека државата ги продава неговите станови на Водно, тој се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук.“ Со слика од него во бела дуксерка и долг статус под истата, демантира дека становите кои се запленети не се во негова сопственост. „И по којзнае кој пат принуден сум да демантирам дека тие станови никогаш не биле мои станови и дека сето ...
Во пресрет на празникот Петровден, вечерва во храмот „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани се одржи вечерна богослужба посветена на Светиот апостол Петар – еден од најревносните Христови ученици, столб на христијанската вера и небесен заштитник на градот. На богослужбата, свештенството и многубројните православни верници упатуваат молитви за здравје и благосостојба на градот и неговите жители. По богослужбата ќе се одржат традиционалната ...
Во текот на вчерашниот ден и од Европската Унија стигна доказ дека ние не постоиме на европската агенда. По најавата за така наречениот „супер вторник“, тоа е следниот вторник, на 14 јули, кога ќе се одржат повеќе меѓувладини конференции за четири земји, очигледно идните земји-членки, а сега кандидати за членство во Европската Унија, со што ќе се отворат повеќе кластери и ќе се затворат повеќе поглавја. Ќе се отворат кластери за преговори за ...
Последниот настап на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, по средбата со претставници на Советот на Европа, на која прашањето за неизвршените пресуди на Европскиот суд за човекови права во предметите „ОМО Илинден против Бугарија“ беше претставено како дел од „конструктивен дијалог“ и исполнување одредени обврски, говори многу јасно за двојните стандарди што официјална Софија ги применува кон Македонија. Имено, кога станува збор за ...
Пожар вечерва избувна во сендвичарата „Baking Bread“ во центарот на Скопје. На терен интервенира Територијалната противоожарна бригада на град Скопје. Засега не се знае причината за пожарот. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден. The post Пожар во сендвичарата „Baking Bread“ во Центар appeared first on Provereno. Пожар вечерва избувна во сендвичарата „Baking Bread“ во центарот на Скопје. На терен интервенира ...
Љубовта е често движечката сила зад големите животни одлуки, а меѓу членовите на Зодијакот, еден знак особено се издвојува кога станува збор за подготвеноста да се сменат адреси, земји, па дури и континенти за партнер. Иако секоја личност донесува одлуки врз основа на сопствените околности, астрологијата истакнува дека Стрелецот би можел најлесно да каже „да“ за живеење во странство ако таму го чека љубов. Љубов кон нови искуства Стрелецот ...
Заедно со високата делегација на Владата на Република Македонија, предводена од претседателот Христијан Мицкоски, денеска извршивме увид и во градежните активности на улицата „Кленоец“, значаен инфраструктурен проект за граѓаните на Охрид. Со заеднички средства од Владата и Општина Охрид инвестираме над 81 милион денари во целосна реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација, линиската инфраструктура, ...
Експремиерот Никола Груевски, кој во 2018 година избега од Македонија и доби азил во Унгарија, денеска се огласи на социјалните мрежи во однос на повторната продажба на становите во комплексот „Панорама резиденс“, запленети во случајот „Плацови на Водно“, за кои тој повторно тврди дека никогаш не биле негови, потоа го обвини Јордан Камчев дека ја сменил својата изјава за да избегне затвор, по што заклучи дека целиот судски процес бил ...
Почитувани учесници и љубители на моторите и традицијата. Со цел зголемување на безбедноста во патниот сообраќај и промовирање на одговорно и културно учество во сообраќајот, ги известуваме сите учесници на традиционалната мото парада по повод „Петровден“ дека од оваа година носењето заштитна кацига е задолжително за сите возачи. Така што за да се вози, односно да се учествува во мото-дефилето задолжително ќе биде да понесете кацига, тие кои ...
Бизнисменот Трифун Костовски јавно ја нападна обвинителката Катерина Коларевиќ, која покрена обвинение против него во случајот за Еуростандард банка. „Пет и пол години пребарувате, испитувате, анализирате и се обидувате да пронајдете криминал и перење пари – пишува Костовски на Фејсбук. – Но, не најдовте факти за сторен криминал. Не најдовте перење пари. И што направивте на крајот? Најдовте начин да ме гоните за наводна несовесност“. Кога ...
Новиот македонски прволигаш ФК Шкендија Арачиново продолжува активно да го гради тимот за претстојната сезона, откако денеска официјално претстави дури пет нови фудбалери кои ќе го носат црвено-црниот дрес. Од клубот со големо задоволство ја објавија промоцијата на Мартин Тодоров, Хадис Велији, Аритон Мехмеди, Есмин Личина и Сумер Хасан, кои од денеска и официјално стануваат дел од новиот прволигаш. Во својата објава, Шкендија Арачиново им ...
На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, при расправата по амандманите на Левица на ребалансот на Буџетот, пратеникот Борислав Крмов ги образложи амандманите на Левица со кои се бараше обезбедување средства за државни откупни центри во Кочани, Свети Николе, Велес, Струмица, со цел да се обезбеди сигурен пласман и фер откупни цени за земјоделците Осврнувајќи се на улогата на државата, Крмов истакна дека земјоделството не смее ...
На 10.07.2026 на 21:45 часот во СВР Скопје А.А.(40) од скопско пријави дека околу 21:00 часот во кругот на фирма во с.Глумово,скопско, каде бил вработен откако претходно слушнал звук излегол надвор и пронашол две пластични шишиња со течност и парчиња од петарда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.07.2026 на 21:45 часот во СВР Скопје А.А.(40) од скопско пријави дека околу 21:00 часот во кругот на фирма во ...
Дека проблемот е далеку од занемарлив, потврдуваат и бројките на Одделот за внатрешни работи Гостивар, а особено погодени се лицата со попреченост, родителите со детски колички и повозрасните граѓани, кои неретко се принудени да се движат по коловозот бидејќи тротоарите се блокирани од паркирани автомобили. Според статистичките податоци кои Gostivarpress.mk ги доби од СВР Тетово, во текот на 2025 година биле евидентирани дури 2.026 прекршоци ...
Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија. Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата на вето во ...
Пушењето цигари наскоро би можело да биде дозволено само во посебно регистрирани приватни клубови, каде пристап ќе имаат исклучиво членови кои плаќаат членарина. Ова е содржината на амандманот на Законот за заштита од пушењето кој веќе се наоѓа во собраниска процедура. Според предлогот, приватен клуб би се сметал за правно лице регистрирано согласно закон, кое располага со затворен простор со ограничен пристап. Во него би можеле да влегуваат ...
Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, по повод 31-годишнината од геноцидот во Сребреница порача дека геноцидот започнува многу пред самите убиства – со нормализација на омразата, слабеење на институциите и рамнодушноста на светот. Во објава на „X“, Османи потсети дека минатата година Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на ...
Вицепремиерот Беким Сали, денес, за време на церемонијата одржана во паркот Чаир, им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Сребреница во 1995 година. Сали нагласи дека сеќавањето на жртвите од Сребреница не е само чин на чест, туку морална и човечка обврска да се заштити вистината и човечкото достоинство. Од нашата мрежа Маркез го освои спринтот во Германија 19 минути kontra.mk Германската фудбалска федерација објави дека се договорила со ...
На големиот православен празник Петровден, утре (12 јули), во Кочани ќе биде осветен новопоставениот крст на кружниот тек кај хотел „Национал“, кој ќе претставува нов духовен белег на влезот во градот. Свеченоста ќе започне по завршувањето на Светата архиерејска литургија во храмот „Свети великомаченик Георгиј“, со почеток во 8 часот. Со богослужбата ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион. По литургијата, околу 10 часот, ќе се ...
Во расправата по амандманите на Левица за ребалансот на Буџетот, со кои се бара изградба на јавен станбен фонд и социјални станови, пратеникот Амар Мециновиќ отвори дебата за причините поради кои домувањето станува сѐ понедостапно за младите и семејствата. Мециновиќ посочи дека државата веќе го оданочува имотот, но одбива да го искористи истиот механизам за да ги обесхрабри странските фондови и големите сопственици кои купуваат десетици ...
Животот носи и болка која никогаш не поминува. По загубата на својата ќерка, Зоран Инчевски спасот го пронашол во водата. Денес, на 66 години, освојува тешките пливачки маратони, а секој замав е борба со тагата. Како една огромна животна загуба се претворила во сила што инспирира илјадници луѓе – која е пораката што им ја испраќа на сите што мислат дека е доцна за нов почеток. Животот носи и болка која никогаш не поминува. По загубата на ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) најави дека денеска во Тетово ќе се одржи граѓански марш за заштита на Охридскиот рамковен договор, уставниот поредок и правната сигурност во државата. Повод за протестот е одлуката на Уставниот суд за именувањето на улиците во Тетово, но од партијата оценуваат дека незадоволството е пошироко бидејќи постои загриженост од намалување на правата и механизмите што произлегуваат од Охридскиот рамковен ...
На 11.06.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда во Прилеп го лишија од слобода П.Ј.(43) од Р.Словенија бидејќи истиот го извадил знамето на општина Прилеп и го запалил. -По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР. Од нашата мрежа „Ова е четвртфинале и среќата ќе биде на страната на… 17 минути kontra.mk Леао понуден на Тотенхем 26 минути kontra.mk Рома го сака Гарначо на ...
На Водно, над Нерези и во близина на селото Горно Крушопек, била забележана мечка, информира платформата „SkiMacedonia“. Информацијата се проширила и меѓу планинарските друштва, според кои животното се движело по рутата Јасен – Матка – Нерези. Засега нема пријавен напад или друг инцидент, ниту надлежните служби соопштиле дека постои непосредна опасност за граѓаните. Сепак, посетителите на Водно се повикуваат на зголемена внимателност, ...