Експремиерот Никола Груевски, кој во 2018 година избега од Македонија и доби азил во Унгарија, денеска се огласи на социјалните мрежи во однос на повторната продажба на становите во комплексот „Панорама резиденс“, запленети во случајот „Плацови на Водно“, за кои тој повторно тврди дека никогаш не биле негови, потоа го обвини Јордан Камчев дека ја сменил својата изјава за да избегне затвор, по што заклучи дека целиот судски процес бил ...
Поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Будимпешта преку објава на Фејсбук демантира дека становите што денеска беа ставени на продажба се негови. Во подолга објава, Груевски вели дека становите не се негови и дека се било резултат на криминален политички мотивиран судски процес во кој целта и мотивите беа политички и лични. – Секој кој ја следеше судската постапка внимателно и кој памети што се случуваше, памети дека ...

