Македонското сточарство се наоѓа во исклучително тешка состојба. Падот на откупната цена на млекото, зголемените производствени трошоци, доцнењето на субвенциите и нерешените проблеми со откупот на земјоделските производи создаваат сè поголем притисок врз фармерите. Сточарите предупредуваат дека голем број фарми работат со загуби, а дел од производителите веќе размислуваат за намалување на производството или целосно напуштање на дејноста. Во ...

Државниот секретар и предлог кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион, при што беше потврдена најважната вест за сточарите од овој крај. Надминат е проблемот со откупот на млекото и неговиот откуп продолжува, со што завршува периодот на неизвесност за голем број семејни земјоделски стопанства. На средбата, на ...