Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Затворски службеник во КПУ Затвор Идризово вчера бил физички нападнат од осуденик во полуотвореното одделение. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера околу 10:45 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека полуотворено одделение во установата затворски службеник додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од осуденикот Т.П.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Затворски ...
Осми септември 1991 година. Само неколку недели пред овој датум, украинскиот парламент го усвои Законот за прогласување независност на Украина, а во поранешната „втора република“ на Советскиот Сојуз подготовките за референдумот од 1 декември веќе беа во тек. Во меѓувреме, во друга поранешна република – овој пат југословенска – Македонија, референдум се одржува токму на тој 8 септември, иако со малку поинаква формулација од украинската: „Дали ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска предупреди дека поради политиката на Христијан Мицкоски за „изолација и економско пропаѓање“, како што рече, Македонија остана на сстрана, сама и во неизвесност и презадолженост. „Остануваме на страна од сите финансиски и економски текови кои, како поддршка, можат и доаѓаат од Европа за земјите што ги остваруваат реформите и се приклучуваат кон Европската Унија, како, на пример, Црна Гора, за која во ...
Охрид, 11. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 10 јули 2026 година, во 09:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на кружната крстосница помеѓу булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, 62-годишник од Охрид кој управувал мопед „Хуатијан“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. – Тој е пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки ...
Добивај вести на Viber SkiMacedonia објави дека мечка е забележана на Водно. На сторито објавено на социјалните мрежи тие ги известуваат сите планинари за движењето на дивото животно. Мечка била пријавена дека е забележана после Нерези, кај горни Крушопек. Во планинарските друштва веќе е ја пријавиле мечката на рутата Јасен-Матка-Нерези. Добивај вести на Viber SkiMacedonia објави дека мечка е забележана на Водно. На сторито објавено на ...
При посетата на гимназијата, градоначалникот истакна дека станува збор за еден од најзначајните образовни и историски објекти во Охрид, во кој во изминатиот четиригодишен период се реализирани капитални инвестиции во вредност од околу 100 милиони денари. – Во гимназијата извршена е реконструкција на кровот, електричната инсталација, системот за греење и ладење, внатрешните ѕидови, заменета е внатрешната и надворешната столарија, а ...
Пехчево остана без банка, па неговите жители за подигнување плата или пензија, плаќање сметки и други основни банкарски услуги мора да патуваат до Берово или Делчево. Она што во другите градови трае неколку минути, за жителите на Пехчево сега може да значи цел ден патување, дополнителни трошоци и зависност од туѓ превоз. Најблиската банкарска експозитура е во Берово, оддалечено околу 10 километри, додека до Делчево има околу 30 километри. ...
Советничката од редовите на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, денеска ја обвини владејачката коалиција дека во Општина Чаир била донесена одлука за промена на имиња на улици без примена на Бадентеровото мнозинство. Штерјова оцени дека со одлуката, како што рече, се прекршуваат законските процедури и механизмите предвидени со Охридскиот рамковен договор. „Важат ли законите во општина Чаир? Очигледно не! Се уште не се решени ...
Кога ја презедовме одговорноста, затекнавме полициски станици и службени објекти кои со децении не биле реконструирани. Денес, чекор по чекор, го менуваме тоа и создаваме современи услови за работа на македонската полиција. По повеќе од 30 години работа во несоодветен објект, ја пуштивме во употреба новата Полициска станица Бутел. Во завршна фаза е и изградбата на новата Полициска станица Аеродром, а паралелно се реконструира и објектот „11 ...
Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо, порача денеска од Штип, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој одговараше на прашањето дали наскоро ќе се донесе Изборниот законик и кој е ставот на ЗНАМ по ова прашање. Димитриевски посочи дека за нив како партија воопшто не е спорно гласањето на дијаспората. -За нас како ЗНАМ, воопшто не е спорно гласањето на нашите граѓани кои што живеат или работат привремено во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на затворањето на шестиот „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“. Таа оцени дека ваквите иницијативи не само што придонесуваат за стекнување напредни знаења и вештини во областа на роботиката, програмирањето, инженерството и иновациите, туку ги подготвуваат младите да бидат активни актери ...
Наместо хирургот да прави надворешен засек за да стигне до туморот, флексибилните инструменти на роботот се внесуваат преку устата и се движат низ тесните и закривени делови на грлото. Целта е туморот да се отстрани со што е можно помало оштетување на околното ткиво и со поголема можност да се зачуваат говорот, голтањето и дишењето. Системот, познат како ТОРСС (TORSS), го развиваат „Борнс“ и Болницата за очни и ОРЛ-болести при Универзитетот ...
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, денеска извршија работна посета на Охрид, каде извршија увид во повеќе тековни градежни активности. Во рамки на посетата, владината делегација ја посети охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, каде е во тек целосна реконструкција на ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, коментирајќи ги евроинтегративните процеси на Албанија и Црна Гора, како и на Молдавија и Украина во однос на Македонија и нашиот евроинтеграциски процес, ја обвини опозицијата за која вели дека е таа што ја довела Македонија во сегашната состојба, бидејќи прифатила предлог што не успеала да го испорача, но и кој е целосно асиметричен во однос на националните интереси на граѓаните и на ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Македонија е најнапредна земја во спроведување на реформите. Тој кажа дека чувствува одговорност исклучиво пред граѓаните, кои ја даваат поддршката на владините политики и испорачување на она што еветено. „Ние сме најпредната држава во регионот во спроведување на реформи. Промена на Уставот и прифаќање на она што го прифати минатата Влада, според мене, не е реформа. Ставот наш е јасен и прецизен. ...
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.А.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“. Имено, како што информираат од МВР, првото кривично дело го сторил на 12.06.2026 на кеј „Димитар Влахов“, каде заедно со уште две други лица физички нападнале 38-годишен маж и му одзеле велосипед и паричник со пари и документи. Второто кривично дело го извршил ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до опозицијата на одговорност и на зрелост, посочувајќи дека владината коалиција е усогласена за Изборниот законик, додека од опозициските партии очекуваат текст со предлози за кои вели дека бланко ќе бидат прифатени. Коментирајќи го предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче да се формира експертска група за Изборниот законик и за гласањето на дијаспората, Мицкоски вели дека според ...
Со настап на музичка група составена од млади музичари со потекло од Галичник и концерт на групата „Дупер“, вчеравечер почна Галичката свадба 2026. Главните свадбарски обичаи се одржуваат денес (сабота, 11 јули). Денот ќе започне со новововедените „китење на ситото“ и „замесување на сваќата“, а ќе продолжи со пречекот на тапаните, китењето и поставувањето на свадбарскиот бајрак, симболичното „фрлање три пушки“, свекрвиното и невестинското ...
Пет универзитети се под мониторинг, изјави денеска министерката за образование, без да сподели за кои институции точно станува збор Во процес на затворање се и пет-шест институти Министерката за образование Весна Јаневска најави можно затворање на универзитети низ земјата. Изјавата ја даде на новинарски прашања од Охрид, каде е дел од владината делегација која е во посета на општината. Прашана, кој е епилогот од досегашните активности за ...
Осумнаесет нови позиции во Владата се отворени преку огласи за вработување административни службеници, во период кога извршната власт најавува реформа, рационализација и намалување на јавниот сектор. Наместо кратење на преобемната администрација, институциите продолжуваат да бараат нов кадар, со плати од околу 29.000 до над 38.000 денари. Огласите се однесуваат на 18 различни работни позиции, а за дел од нив е предвидено ангажирање на повеќе ...
Владата нема да прифати безусловни уставни измени како што направи претходната и не сме подготвени на „капитулација“, рече меѓу другото премиерот Христијан Мицкоски денеска од Охрид, додавајќи дека „граѓаните се уморни од национални отстапки без гаранции за исполнување на крајната цел и од неисполнети ветувања“. -За мене промена на Устав и прифаќање на тоа што го прифатила претходната влада не е реформа. Нашиот став е јасен и прецизен – ...
100 овци вработени – „Volkswagen“ ангажира овци како замена за косилки за трева Спротивно на сите светски трендови во кои се дигитализира и автоматизира речиси се, Volkswagen направи еден необичен потег во својата фабрика во Познан, Полска. Во оваа фабрика се ангажирани 100 овци, кои во следниот период ќе ги заменат косилките на бензин. Овците се пуштени на слобода во паркот со 31.000 фотоволтаици, кој во сончеви денови е комплетно доволен ...
На 11 јули 1877 година започнал првиот Вимблдон, турнир кој денес се смета за најстариот и најпрестижниот тениски шампионат во светот. Она што започнало како скромен спортски настан во Лондон, денес е еден од четирите Грен слем турнири и симбол на традиција, елеганција и врвен тенис. Првиот турнир бил организиран од „All England Croquet and Lawn Tennis Club“, а целта била прилично необична – клубот сакал да собере средства за купување нов ...
За предлозите во новиот Изборен законик и електронско гласање на дијаспората, лидерот на СДСМ, Венко Филипче прашува дали луѓето стравуваат дека на денот на гласањето, може да направи хакерски напад. -Дали ќе биде лагодно, дали не ставаме терет на дијаспората да ја изложиме на таков ризик, утре некој нив да им префрли дека изборите тука биле нелегитимни? Истото е, како ќе го контролираме тој механизам? (за гласањето по пошта) Каде ќе доаѓаат ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека власта нема никаква стратегија за модернизација на државата, но затоа целосно се фокусира на манипулација со гласовите преку воведување нов модел за гласање на дијаспората. „Многу е интересно тоа што гледате власта како одржува сè да биде вака, без никаков прогрес тука во државата. И нема никаков напредок во ниту еден сектор, во ниту една сфера во државата. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата ќе продолжи со реформите, ќе продолжиме да бидеме први во однос на нивната реализација, а ако некој смета дека земјава, треба да биде дел од Европската Унија, изрази подготвеност да сторат сè што е конструктивно, но не и деструктивно. -Оваа Влада има принципиелен став. Ќе продолжиме со реформите и ќе бидеме први по нивната реализација. Ако некој смета дека оваа држава, која се наоѓа во ...
Денешната прес-конференција на Венко Филипче е доказ за конфузијата и хаосот кој владее во СДС. Веројатно ниту Венко Филипче не знае зошто држеше прес со милион теми а ништо конкретно и суштински. СДС е во паника и хаос поради стравот од избори и нивен пораз затоа го блокираат Изборниот законик обединети со ЛЕВИЦА И ДУИ. Венко Филипче зборува за реформи а не може ниту сопствената партија да ја реформира. Ако Венко сега бара експертска група ...
Три конфискувани луксузни станови на поранешниот премиер, Никола Груевски на Водно се ставени на продажба по вкупна почетна цена од 2.457.000 евра. Становите се наоѓаат во комплексот „Панорама Резиденс“, имаат вкупна површина од 750 квадратни метри, со пространи соби, големи тераси, луксузни содржини, џакузи и панорамски поглед на Скопје. Од нашата мрежа Белгиската „златна генерација“ си замина без бајковито збогување 59 минути kontra.mk ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешаната прес конференција рече дека економската реалност во која живеат граѓаните е најсилниот демант на приказните на Мицкоски за трета економија во Европа. „Единствено нешто што прави премиерот е да раскажува приказни. И тоа е единствено нешто во што е добар, за жал граѓаните веќе не му веруваат. Тоа дека сме биле трета економија во Европа, тоа дека тука тече мед и млеко – граѓаните знаат дека тоа ...
НАТО политички препозна дека безбедносната средина е значително променета и излегува од наративот на кризен менаџмент, прифаќајќи дека се наоѓа во постојана стратешка компетитивност со сериозни актери, истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев во своето гостување во „Тема на денот“ на Сител Телевизија. Анализирајќи ги заклучоците од неодамнешниот самит на Алијансата, тој потенцираше дека фокусот веќе не е на експедициските операции, ...