Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
„На изборите победи т.н. Студентска листа, на која нема студенти, туку професионалци, уметници, па дури и политичари од разни идеолошки провениенции. Мислам дека е ова важно да се разбере: движењето кое почна спонтано по трагедијата во Нови Сад во 2024, користеше некласични методи на политичко дејствување, и тоа во приод од повеќе од 1,5 година. Пленумизацијата е нешто на што би требале и ние да се сеќаваме, а ја имаше како метод на протест и ...
Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на Левица со која се предвидува ослободување на младите брачни парови од плаќање на делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Градот, при изградба на нивната прва семејна куќа. Од Левица информираат дека целта на мерката е да се намали финансискиот товар врз младите семејства и да се олесни пристапот до сопствен дом, во услови на зголемени трошоци за ...
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска присуствуваше на завршниот настан и промоцијата на стрипот „Од збор до збор – чекори кон пријателство“, создаден преку заедничката креативна работа на учениците од ООУ „Александар Македонски“ од Аеродром и ООУ „Живко Брајковски“ од Бутел. Преку овој проект, поддржан од Министерството за образование и наука, учениците испратија силни пораки за почитување, толеранција, прифаќање на ...
Популарниот „Блек фрајдеј“ за попусти во македонските судови дојде порано.Наместо на 27 ноември дојде на на трети. Да, вчера Апелација го ослободи Бојан Јовановски за случајот „Меѓународен сојуз“. Со тоа е преиначена првостепената пресуда на Кривичниот суд кој го осуди Боки 13 на пет години затвор. За да биде вчерашниот ден ден за ослободување од затвор се погрижи и порашниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами, обвинет за злоупотреба на ...
Нерешените судски предмети, од кои некои се влечат и со години, според економистот и извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, проф. Арбен Халили, правната неизвесност делува како скриен данок за целата економија. -Цената е голема, но најголемиот дел од неа не се гледа директно, бидејки секој нерешен предмет значи пари што стојат заробени, односно неисплатени фактури, блокирани сметки, имот што не може да се продаде ...
„Министрите за надворешни работи на Бугарија и Република Северна Македонија, Велислава Петрова и Тимчо Муцунски, ќе имаат можност да одржат средба во рамките на форум во четврток“, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи. Се известува дека на 8 октомври во Софија ќе се одржи меѓународна министерска конференција за Коридорот 8, во организација на министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова. Во рамките на ...
text size Најтешкиот пораз на Републиканската партија во една генерација, на овонеделните избори на средината од претседателскиот мандат, предизвика бран обвинувања насочени главно кон Овалната соба, откривајќи длабоки поделби во партијата и отворајќи им простор на претендентите за 2028 година да ја изострат својата порака. Потпретседателот Џеј Ди Венс, кој се смета за фаворит меѓу републиканците, во средата се дистанцираше и од ...
Засилени инспекциски контроли низ целата држава спроведе Државниот пазарен инспекторат во текот на октомври 2026 година, при што биле извршени вкупно 2.401 инспекциски надзор и издадени 737 прекршочни платни налози. Вкупната вредност на изречените прекршочни платни налози надминува 18,94 милиони денари, информираат од Државниот пазарен инспекторат. Според објавените податоци, најголем дел од контролите биле насочени кон почитувањето на ...
Изборите во Брвеница покажаа дека Влен и ДУИ се двете страни од иста паричка. Прашањето е само кое зло е помало. Дали овие што кога ќе пораснат сакаат да бидат како ДУИ или пак екипата од Мала Речица. На Вреди етничкото им било поважно од коалициското Кога бараа гласови од Македонците во Тетово и Чаир тоа чинам не им беше битно. Локалните избори во Брвеница и тие во Србија се главните теми во новата епизода на ТВ Колумната „5 минути со ...
Повеќе од една деценија откако Велика Британија гласаше за напуштање на Европската Унија на контроверзен референдум, се чини дека земјата го преиспитува својот однос со блокот, во услови на зголемен економски притисок и променлив политички пејзаж. Референдумот од 2016 година откри длабоки поделби во рамките на британскиот политички естаблишмент околу иднината на земјата, додека популистичките движења добиваа на сила низ Европа и САД. Три ...
Сметам дека воопшто не треба да го споменуваме, да го викаме по емисии или пак да го објавуваме – ни за добро, ни за лошо. Едноставно, неговата мисла не треба да постои во јавниот простор. Но, реално, и покрај Алта, и покрај ослободувањата на Перпарим и Боки, тој е личноста на неделата. Не поради работите што ги изнакажа и на самата дебата во Алфа, а после и преку видеообраќање, туку затоа што на едно 17-годишно девојче насилно му беше ...
Победивме во Брвеница, победивме во Србија, во Унгарија, победивме во Бугарија, и во Бразил победивме, Израел е наш. Дубаи го владееме. И во Америка ќе победиме ако треба.Вака би звучеле славните најави на Влатко Ѓорчев за изборите ако се кажани од Венко Филипче, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. Се сеќавате што се кажаа од Вреди за ДУИ, биле вакви такви,криминалци. Сега пу пу не важи. Во Брвеница како попчиња си гласаа ...
Двете јавни претпријатија „Македонски железници транспорт“ и „Mакедонски железници инфраструктура“ ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во ревизорскиот извештај кој е изготвен на барање на актуелните раководства се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки, соопшти Министерството за транспорт. – Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во ...
Премиерот Христијан Мицоски очекува добрососедските односи со Србија да продолжат по поразот на СНС на Александар Вучиќ, партијата што претходно беше на власт. Мицкоски изјави дека меѓу првите му честитал на Илија Срдановиќ, лидерот на победничката партија „Студентски список – Студентите победуваат“. „Очекувам нашите добрососедски односи да продолжат, очекувам дека како добри соседи ќе работиме на раст на нашите економии, во двете земји. Веќе ...
„Кога би бирале меѓу САД и Куба, јасно е која е страната која треба да ја избереме“ – ваков е ставот на шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски откако Македонија повторно се најде меѓу државите што се спротивставија на укинувањето на американското ембарго кон Куба. „Зошто нашата држава би застанала да поддржи режим на брутален диктатор, кој својот народ го оставил без енергенси, храна и медицински производи“, праша Муцунски на ...
Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница.Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека Зоран Заев бил еден од пријателите што му помогнал додека беше во бегство, за ...
Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и професионална работа. На 4 ноември, амбасадорот на Франција ѝ ги врачи инсигниите на Витез од Редот на академските палми (Ordre des Palmes académiques) – едно од најзначајните француски одликувања во областа на образованието и академската дејност. Ова ...
„Победата на кандидатот на ДУИ, односно НАИ, во Брвеница е резултат, пред сè, на погрешниот политички пристап на премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ“, смета политичкиот аналитичар и поранешен пратеник, Зуди Џелили за пресвртот во Општина Брвеница по првиот круг и победата на Аркин Јахији на изборите за градоначалник. Според Џелили, Мицкоски дојде на власт со националистичка реторика и ставови кои често беа перципирани ...
По вчерашното обраќање на евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски е јасно дека Македонија не ги почнува преговорите за членство само поради условот што СДСМ го прифати додека беше на власст-а тоа е ставаање на Бугарите во Уставот. Рокас беше дециден дека Македонија е меѓу најуспешните земји кога станува збор за реформите и Планот за раст. Спорот со Бугарија за жал стана политички критериум. Земјата има добро ниво на подготвеност и е меѓу ...
Кандидатот на Национална алијанса за интеграција Аркин Јахиј на вториот круг од изборите за градоначалник во Брвеница освоил 4.442 гласа, додека кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радичевски освоил 4.177 гласови, објави Државната изборна комисија на прес-конференција. Ова се првичните неофицијални резултати добиени по електронски пат од сите 24 избирачки места во десетте населени места во општина Брвеница. Во вториот ...
Борба за економски раст повисок од 4%, лазечко темпо на примена на нови технологии, долгови и камати за заеми скоро колку вредноста на БДП. По 35 години државна независност, економијата стана зависна од кредити, не успеа значајно да ја подобри конкурентноста и постојано е изложена на надворешни ризици поради големата увозна зависност – велат аналитичарите за „Порталб“. Една од најважните битки беше онаа за одржување на стабилноста на ...
Најмногу деца родени во Скопје, ниту едно во општина Зрновце. Откако и првиот и вториот квартал од годинава донесоа нов демографски “шамар“, со пад на бројот на живородени деца и негативен природен прираст на државата, извесно е дека и на крајот од оваа 2026 та ќе се соочиме со поразителна демографска состојба, пишува Порталб. Тетово и Куманово го изгубија “водството“ на општини со по над 1 000 живородени деца. Се намалува бројот на ...
Музичките традиции на Медитеранот, кои со векови ги поврзуваат Европа, Африка и Блискиот Исток, утревечер ќе се сретнат на сцената на Филхармонијата на Северна Македонија. Марија Костраки и ансамблот „Mosaico Mediterraneo“ ќе настапат во сабота, 7 ноември, во 20 часот, со концертна програма што обединува класична музика, традиционални мелодии и современи грчки композиции. Поради зголемениот интерес на публиката, организаторите соопштија дека ...
„Владата го одби амандманот со кој се бараа над една милијарда денари дополнителна финансиска поддршка за земјоделците и исплата на заостанатите субвенции, потег кој опозицијата го оценува како доказ за целосно запоставување на секторот. Ова одбивање доаѓа во услови на драстично намалување на финансиската поддршка и натрупани долгови од десет милијарди денари кон земјоделците“, порачаа од опозицијата на крајот на месец септември. Официјалните ...
Хирурзите во иднина би можеле со помош на специјални очила со интегрирани камери да ги забележуваат канцерогените промени и лимфните јазли кои не можат да се видат со голо око, што би овозможило попрецизно отстранување на туморското ткиво и помалку инвазивни операции. На оваа технологија работат научници од САД и македонски хирурзи од Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија, а истражувањето опфаќа пациенти со карцином на ...
Со топол чај и новогодишни колачиња со цимет ќе биде пречекан секој посетител во Аџико Хоум Центар, каде празничната атмосфера веќе ја најавува најубавата сезона во годината. Покрај топлиот пречек, заменик-генералната директорка Весна Даневска-Димовска најавува и бројни попусти – до 70 проценти на одредени артикли, како и 20 проценти на целиот преостанат новогодишен асортиман. Од 5 до 8 ноември 2026 година, посетителите ги очекува првиот ...
На 05.11.2026, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција во која е сузбиена петчлена организирана криминална група од Куманово. Лишени од слобода се Д.П.(37), Л.К.(73), М.К.(27), Д.Ж.(43), сите од Куманово, а З.Р.(35) од Куманово е недостапен за органите на прогонот. ...
Денес во просториите на Општината се одржа официјална работна средба помеѓу градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија. Средбата, која помина во исклучително срдечна атмосфера, ја потврди и нивната претходна пријателска релација, што овозможи директен, отворен и високопродуктивен дијалог насочен кон градење на долгорочно стратешко партнерство. На ...
Следната година Попис на земјоделство, прв пат по 20 години од последниот што беше спроведен во 2007 та. Ќе се пребројуваат земјоделските семејства, фирми од секторот земјоделство. земјоделски задруги, претприемачи што се регистрирани со претежна дејност во областа на земјоделското производство, пишува Порталб. Дел од експертите велат дека оваа операција мора да биде спроведена транспарентно за да донесе веродостојни податоци. Дел од ...
Самостојното живеење не смее да биде еднакво на институционална невидливост, вели дипломираниот криминолог Дејана Спасовска, по последниот случај на убиства на повозрасни лица кои живееле во скопската општина Ѓорче Петров. Таа за „Локално“ изјави дека самостојното живеење не е само по себе фактор. -Би го поставила прашањето пошироко, не само во однос на лица кои живеат сами, туку и во однос на нивната социјална изолација и изложеност на ...