„Коњот сè побрзо галопира и носи поголем товар, за убаво, за подобри времиња. Следна недела имаме убава програма, сериозни импровизациски комбинации, од гараж-панк до експериментален ноиз. Ни гостуваат другари од Хрватска, Виетнам и Италија. Стегнете ги врвките“. Вака стои во најавата на независниот издавач и организатор „Мртов коњ“, кој оваа недела организира „Антивикенд програма“, во која утре (вторник, 9 септември) од 21 часот ќе се одржи ...

Основачот и фронтмен на англиската рок група „Супертрамп“, Рик Дејвис, почина на 81 година. Пејачот и клавијатурист, кој ги напиша и отпеа некои од најголемите хитови на групата, како „Појадок во Америка“ (Breakfast In America) и „Збогум странецу“ (Goodbye Stranger), боледувал од миелома, тип на рак на крвта. Роден во 1944, Дејвис членувал во неколку групи кои не постигнале успех, по што на иницијатива на холандски милионер објавил оглас во ...

По подолга пауза од музичката сцена, популарната македонска пејачка Александра Јанева повторно ги изненади своите обожаватели со нов проект – преработка на култната песна „Ми подаваш рака“, која во далечната 1978 година првично ја отпеа Даниела Панчетовиќ на познатиот фестивал „Скопје“. Со овој проект, Јанева уште еднаш докажа дека знае како да ја спои носталгијата со современиот звук. Новиот аранжман, изработен од Лазар Цветковски, му дава ...

Како што веќе беше најавено, скоро над сите континенти, вчера, беше видлив феноменот на “Крвава месечина“. Во Охрид оваа појава беше највпечатлива околу 20,30 часот, а истата ќе може да се види и вечерва. “Крвава месечина” е феномен кога Земјата ќе се најде помеѓу Сонцето и Месечината. Притоа низ атмосферата на Земјата се пропушта само светлина со подолги бранови должини, односно црвениот спектар што го предизвикува овој феномен. Фото: ...

Авторскиот концерт на Енес Беговски ќе ја спои моќта на перкусиите со убавината на поезијата, носејќи медитативни тонови, балкански призвуци и украинска поетска страст. Концертот ја носи идејата за спој на традицијата со современиот звук, на тишината со ритамот и на поезијата со музичката енергија. Енес Беговски е музичар и композитор чија работа опфаќа музика за театарски претстави и кратки филмови. Како мајстор на уникатниот инструмент ...

Денес започнува со работа „Mакедонска држава”, најголемата дигитална библиотека за македонското историско наследство. Платформата стартува со повеќе од 300 поставени примероци на електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат повеќе од 150 години македонска историја, култура и поезија. Зад платформата стои група млади ентузијасти и љубители на македонското културно наследство, кои во изминатиот период вложија многу труд за да ...

По магичните вечери во Охрид, Делчево и Штип, каде што илјадници гласови пееја како еден, музичкиот караван Македонијо, во срце те носиме пристигнува во Струмица! Дружбата со струмичката публика е закажана во среда (10 септември) со почеток во 20:00 часот. Ова не е само концерт – ова е празник на македонската душа, на љубовта кон татковината, на гордоста што сме дел од народ со вековна историја и песна што живее во секој еден од нас – затоа да ...

Во македонскиот КИЦ во Белград по повод 8 Септември, Денот на независноста, ќе биде организиран свечен празничен концерт со еминентни македонски музички уметници и ликовна изложба со десетина современи македонски ликовни уметници. Во 19 часот,денеска ќе настапи Скопскиот дувачки квинтет во состав: Марија Јакимовска, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; Орце Ицковски, фагот и Александар Гошев, хорна. На празничната музичка ...

Лешочкиот камерен музички фестивал и годинава ќе се одржи во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ”, со три фестивалски вечери. По два концерти ќе се одржат на 12 и 18 септември и еден на 14 септември. Свеченото отворање ќе биде на 12 септември кога ќе се одржи и првиот концерт од 18 часот на кој ќе настапат Михаило Арсенски-тенор и Зоран Станишиќ -пијано, а на вториот концерт од 19 часот ќе настапи Арбер Таири-виолина, инаку од Тетово и ...

Директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска денес оствари работна средба со делегацијата од македонската Кинотека предводена од директорот Бошко Грујоски. Ѓоргоска Илиевска изрази огромна благодарност за прифатената иницијатива од страна на Кинотеката за реализација на првиот заеднички проект меѓу двете институции во чест на одбележување на Денот на независнота на Република Македонија. Директорот на македонската Кинотека потенцираше ...

Почитувани граѓани на Македонија, „Да живееш значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот – за совршенство.“ – има запишано Јане Сандански. Откако се оствари неговата идеја и идејата на стотици македонски дејци дека „ние се бориме Македонија да стане автономна, независна, слободна држава, Македонија на Македонците!“, во изминативе 34 години, оваа негова мисла требаше да биде врежана во развојот на современата македонска држава по ...

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград организира свечен празничен концерт со еминентни македонски музички уметници и ликовна изложба со десетина современи македонски ликовни уметници. Настаните се по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. Концертот ќе се реализира вечерва во 19 часот, а ќе настапи Скопскиот дувачки квинтет во состав: Марија Јакимовска, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; Орце ...

Македонскиот КИЦ во Белград за 8 Септември, Денот на независноста, организира свечен празничен концерт со еминентни македонски музички уметници и ликовна изложба со десетина современи македонски ликовни уметници. На 8 септември во 19 часот, ќе настапи Скопскиот дувачки квинтет во состав: Марија Јакимовска, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; Орце Ицковски, фагот и Александар Гошев, хорна. На празничната музичка програма ќе ...

Македонскиот КИЦ во Белград за 8 Септември, Денот на независноста, организира свечен празничен концерт со еминентни македонски музички уметници и ликовна изложба со десетина современи македонски ликовни уметници. На 8 септември во 19 часот, ќе настапи Скопскиот дувачки квинтет во состав: Марија Јакимовска, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; Орце Ицковски, фагот и Александар Гошев, хорна. На празничната музичка програма ќе ...

На 14 март 2026, во салата „Борис Трајковски“ заеднички концерт ќе одржат хрватските пејачи Петар Грашо и Дорис Драговиќ. Грашо е чест гостин во Македонија, а Драговиќ одамна немала концерт во Скопје. Во екот на најголемата популарност, Драговиќ во 1987 одржа седум последователни концерти во Универзална сала во Скопје. Тие следеа по нејзиниот настап на Евровизија во Берген во 1986, кога ја претставуваше Југославија со песната „Желбо моја“ (Жељо ...

Скопје, 7 септември 2025 (МИА) -На интернационалниот фестивал “Кирилица“ во Будва, Република Црна Гора, денеска и утре, ќе бидат одржани портрети на минатогодишниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Жан-Пјер Симеон и на македонскиот писател Јордан Плевнеш. Како што соопштија од Меѓународниот универзитет „Еуропа Прима“, Симеон ќе биде претставен со избор од неговото творештво во интерпретација на црногорски актери, а ...

Наградената мемоарска книга „Слободна“ на албанската писателка Леа Ипи, детално го опишува искуството од растењето во Албанија и пред и по комунистичкото владеење. Нејзината нова книга, „Понижување“, го реконструира животот на нејзината баба, која пристигнала во Тирана од Солун како млада жена и се вклучила тесно во политичкиот живот на земјата. Таа моментално ја држи катедрата за политика и филозофија „Ралф Милибанд“ на Лондонската школа за ...

Скулпторот Озбек Ајваз во Паркот на Франкофонијата во Скопје ја претстави својата втора самостојна изложба со наслов „Гласот на минатото“, а станува збор за скулптурална инсталација поставена во јавен простор. Препорачано Скулптурата „Гласот на минатото“ не само што нè враќа во еден поинаков медиумски контекст, туку и предупредува за ризиците од брзината на современото информирање – полувистини, лажни вести и дезинформации што често се шират ...

Денеска во 19 часот во македонскиот КИЦ во Загреб се отвора изложбата „Македонски филмски плакат 1952-2022“ во пресрет на 8 Септември-Денот на независноста на Република Македонија. Финални подготовки за предвечерието на Денот на независноста на Македонија. Повелете во македонскиот КИЦ во Загреб на отварање на уникатна изложба на Кinoteka.mk, МАКЕДОНСКИ ФИЛМСКИ ПЛАКАТ 1952-2022., напиша на фејсбук директортката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Мими ...

ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА ГРАФИЧКА КНИГА НА МАРИЈА ТРАЈАНОСКА И ЃОРЃИ МИТРЕВСКИ “Влажна симболична меѓуигра” е графичка книга која нуди невообичаен поглед на интимната комуникација помеѓу два карактери. Овие карактери во различни ситуации, кои се исполнети со несвесни емоции и жестоки контрасти, се вплетуваат во бескраен дијалог, создавајќи неизмерни интерпретации на човечките интимни состојби. Секоја сцена е цртана интуитивно, без било каква ...

Сценаристот и режисер Џејмс Ган, кој сега претседава со „Ди-Си студиос“ заедно со продуцентот Питер Сафран, сподели на Инстаграм дека новиот филм за Супермен наречен „Man of Tomorrow“ ќе пристигне во кината на 9 јули 2027. „Супермен“ излезе во јули и имаше уникатен пристап кон популарниот суперхерој, при што е приказна за имигранти. Неговиот Човек од Челик, портретиран од Дејвид Коренсвет, ги избегнуваше клишеата. Коренсвет и британскиот актер ...

Премиерната изведба на магистерската претстава „Драга Јелена Сергеевна“ од Људмила Разумовскаја, во режија на Шенај Мандак, ќе се изведе во вторник со почеток од 20 часот на Мала сцена во Македонски народен театар (МНТ). Станува збор за проект реализиран во рамки на соработката помеѓу МНТ и Факултетот за драмски уметности, согласно потпишаниот меморандум за соработка помеѓу двете институции, соопштија денеска од тимот на Мандак. – „Драга ...

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 297, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (6-8.9.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Препорачано – интервју со Ана-Марија Бранѓолица за нејзиното научно истражување на баењето: Некои басми претставуваат вистински поетски бисери – разговор со скулпторот Озбек Ајваз: Минатото не е само носталгија, туку и вредност – Културниот и ...

Нова постојана поставка ќе биде отворена вечер во Националниот археолошки музеј во Скопје, соопштуваат од оваа установа. На свеченото отворање најавени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. -Нашето културно наследство ќе биде прикажано на уште подостапен, интерактивен и инспиративен начин, посочуваат од Националчниот археолошки музеј. Поставката ќе биде отворена во 19 часот. Од 8 септември ...

Скопје, 6 септември 2025 (МИА) - Од 10 до 13 септември во паркот Аеродром (Авионче) ќе се одржи XII Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ на кој ќе бидат одиграни четири претстави. На првиот фестивалски ден со почеток во 20 часот ќе се одигра претставата „Брачно советување“ од Даниел Глатауер во режија на Жељко Стјепановиќ. Претставата е на Градско позориште Јазавац – Бања Лука, Босна и Херцеговина, во која играат Снежана Мишиќ, ...

Филмот е структуриран како триптих и ги анализира сложените семејни односи помеѓу возрасните деца и нивните емоционално оддалечени родители, сместен низ сценарија во Њу Џерси, Даблин и Париз. Улогите ги толкуваат големи имиња како Адам Драјвер, Кејт Бланшет, Том Вејтс, Вики Крипс, и други, додека на видео-форматот му недостасува експлозивна акција, а се препознатливи тивките, резонантни портрети во стилот на Џармуш. „Father Mother Sister ...

Утре, петок во 20 часот во галеријата „Робевци“ во Охрид ќе биде отворена изложбата АНТОЛОГИЈА. На оваа изложбата ќе бидат преставени дела од доајените на македонското сликарство: Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски,Томо Владимирски, Вангел Коџоман и Василие Поповиќ-Цицо, Изложените дела се дел од збирката на Современа уметност при Завод и Музеј-Охрид. Изложбата ќе трае еден месец до 11 септември. ...

Анита од Берово е криминалист со страст за читање - Има 300 книги, кои пет ѝ се омилени? „Јас сум од генерацијата што немаше телефони, па мојата љубов кон книгите е од почетокот од школувањето. Читав книги од библиотеката на мајка ми и секоја година до четврто одделение си поставував задача да прочитам најмалку 6 книги во текот на распустот“ - Анита Перовска ги сподели своите препораки за книги CRNOBELO.com. Aнита Перовска (31) од Берово ...

„Татко, мајка, сестра, брат“ на култниот режисер Џим Џармуш ја освои најпрестижната награда Златен лав на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал, што се затвори вечерва. Филмот во кој глумат Кејт Бланшет, Том Вејтс, Адам Драјвер и Шарлот Ремплинг е приказна за отуѓени браќа и сестри кои повторно се обединуваат по долги години и се принудени да се соочат со нерешени тензии и да ги преиспитаат своите затегнати односи со емоционално ...

Венеција – Американскиот инди-режисер Џим Џармуш го освои посакуваниот Златен лав на Филмскиот фестивал во Венеција во саботата со „Татко Мајка Сестра Брат“, медитација во три дела за семејствата, стареењето и нелагодните врски меѓу родителите и нивните возрасни деца. Поделен на поглавја сместени во Њу Џерси, Даблин и Париз, филмот прикажува ансамблска екипа, вклучувајќи ги Том Вејтс, Адам Драјвер, Мајим Биалик, Шарлот Ремплинг, Кејт Бланшет, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
89%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
66%
1017
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.14
95%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
89%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
83%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
77%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
100%
1013
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1018
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
100%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.60009

Currency

1.25929