
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Кавадарци, 6 март 2025 (МИА) - ,,Женско писмо" е насловена изложбата на дела, што синоќа беше отворена во галеријата на Домот на културата, ,,Иван Мазов - Климе,, во Кавадарци, во пресрет на денот на жената, 8 Март. Директорката на културниот дом, Јулијана Туриманџова појасни дека на изложбата со свои дела учествуваат 20 жени уметници, академски сликари, жени - уметници аматери, млади девојки, уметници од цела држава, од Прилеп, Кочани, Скопје, ...
Археолошкото одделение на локалната установа Народен музеј Велес годинава аплицираше четири а доби три проекти од национален интерес на јавниот повик за финансирање распишан од Министерството за култура и туризам. Тие чинат вкупно 423 илјади денари. Со само едно стручно вработено лице во ова Одделение, д-р Анита Василкова Мидоска, кустос советник, археолог, ќе се реализираат проектите Археолошко истражување на локалитетот Кале – Згрополци, ...
„Мајка“ е новата песна на Ивана и Јована Николовски, која е посветена на мајките по повод Меѓународниот ден на жената, 8.Март. Музиката, текстот и аранжманот се на Сашо Николовски, а видеоспотот го режираше Глигор Кондовски. Илина и Јована се сестри на возраст од 15 и 13 години. Потекнуваат од музичко семејство и од рана возраст изучуваат музика. Двете се ученички во нижото музичко училиште „Илија Николовски-Луј”, отсек соло пеење. Илина е ...
Ќе се снима серија со наслов „Кралицата Пантер“, кој го истражува извонредниот живот на Оливера Ќирковиќ, жената која ја водеше озлогласената меѓународна криминална група Пинк Пантер. Нејзината неверојатна приказна го следи нејзиното патување од спортска ѕвезда до најбараниот бегалец на листата на Интерпол, за на крајот да најде откуп. Некогаш позната спортистка и репрезентативка на Југославија, Оливера Ќирковиќ имаше успешна кариера во Грција, ...
Книга од Дора Габе – „Непомирливо. Текст за вечноста“ ќе биде претставена на 5 март, на сцената во Централните сали. Ова го соопштија од Сојузот на бугарските писатели и од издавачката куќа „Богијана“. Томот е збогатен со прилог – текст и фотографии од новоотворениот музеј „Дом Дора Габе“, сопственост на СБП, кој е сместен во сопствениот стан на поетот на бул. „Васил Левски“ бр.60. Таму живее од 1957г. до нејзината смрт во 1983 година. ...
Конкурсот составен дел е од активностите на традиционалниот 23 Мегународен стрип салон “ Велес 2025“ којашто е најзначајна стрип манифестација во државата. Според Томе Трајков, програмски координатор преку овој салон , македонскиот стрип центар разви импресивна стрип соработка. -Без лажна скромност на меѓународно ниво се прерасна во организација којашто е ментор и ја помага стрип сцената во други земји но и се стекна со статус на Чадор ...
Нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, концертната 2025 година ја продолжува вечер (6 март) со првиот од двата деби концерта во Сантијаго, Чиле. Придружуван од Филхармонискиот оркестар на Сантијаго во Градскиот театар, Трпчески ќе го изведе Првиот концерт за пијано и оркестар од Чајковски. Диригентската палка ќе биде во рацете на главниот гостин-диригент на оркестарот, чилеанско-италијанскиот маестро Паоло Бортоламеоли. Како што ...
Октетот Прилеп на 11 март, вторник, од 19 часот, во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи Осмомартовски концерт, кој стана веќе традиција и секоја година се одржува во чест на празникот на жената. На програмата се извонредни староградски композиции кои се дел од богатиот репертоар на октетот низ годините: „Душо моја прости ми“, „Марие дилбер бела Марие“, „Кате , Кате лично моме“, „Дигни си Маре очите“, „Никнало цвеќе шарено“, „Добро утро ...
Автор: Ф. М. Достоевски Режија и адаптација: Звездана Ангеловска Сценограф: Мартин Манев Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска Композитор: Марјан Неќак Играат: Ана Јовановска Дамјан Цветановски Извршен продуцент: Симона Угриновска Продуцент: Дамјан Цветановски Инспициент: Вукица Александрова Дизајнер на светло: Игор Митревски Мајстор на тон: Александар Арсиќ Реквизитер: Боби Гелиќ Гардеробери: Валентина Чонкова и Елизабета Стамчевска Шминкери и ...
Вечерва актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски, заедно со Никола Јосифоски на клавијатура и Јане Тодороски на контрабас ќе го изведат урнебесното кабаре шоу „2 Mothers brothers“. „2 Мothers Brothers“ е клупско вариете шоу каде што преку актерска игра, стенд ап, дуо скеч комедија, импровизација, сатира и музика, актерската екипа претставува авторски материјал. Оригинална музика и силна сатира во 90 минутна приредба со кабаре призвук!, ...
Полина Тасева го претстави својот најнов видеозапис за синглот „Сцена“ „Сцена“, новата песна на Полина Тасева, комбинира сила, емоција и врвна продукција, создавајќи уникатно аудиовизуелно искуство. Полина Тасева го претстави својот најнов видеозапис за синглот „Сцена“, кој беше изведен на последното издание на фестивалот Макфест. Песната, која веднаш привлече внимание со својата моќна мелодија и емоционален настап, сега добива и впечатливо ...
6 МАРТ (ЧЕТВРТОК) 18:00 ч. „ВИКТОРИЈА МОРА ДА ЗАМИНЕ “ (Victoria Must Go) Игран филм, Норвешка 2024, 85 мин., колор, ДЦП Режисер: Гунбјорг Гунарсдотир (Gunnbjörg Gunnarsdóttir) Сценарио: : Гунбјорг Гунарсдотир , Ролф Магне Голтен Андерсен, Андерс Томас Јенсен (Gunnbjörg Gunnarsdóttir, Rolf Magne Golten Andersen, Anders Thomas Jensen) Улоги:Ине Мари Вилман, Лео Ајкиќ, Мортен Свартвеит, Агнет Халанд, Миле Софи Рист Далхог, Свер Торнам ( Ine Marie ...
Со насловот „Свесни и бесни“, Илика се фокусира на поддршка на женските авторки, преведувачки, уреднички и лекторки, охрабрувајќи ја јавноста да ги купи нивните дела по полна цена како начин да го препознае нивниот придонес во книжевниот свет. Еден од најважните моменти овој месец е објавувањето на „Тирза“ од холандскиот автор Арнон Грунберг. Објавен како дел од серијата „Современа проза“, Die Presse го опиша романот како „вознемирувачко и ...
Новото туско списание за култура „Traktatus“, деновиве го објави расказот на Томислав Османли насловен „Наредното евангелие“. Расказот од македонски го преведе Мехмед Јонуз, додека како негов уредник се јавува книжевна теоретичарка и писателка Сема Ватансевер. Списанието „Traktatus” ја носи одредницата „Мисла и уметност“. Неговиот прв број се појави во декември минатата година, при што тоа се јавува во две изданија, печатено и електронско. ...
Убавината велат се открива постојано и постојано. Секој еден детал е длабоко осмислен и носи симболика, порака, значење… Во минатото, владетелите се труделе да градат објекти кои со својата величенственост, автентичност и убавина ќе го надмине времето во кое живееле и ќе сведочат за нив и после нивната смрт. Во случајот на нашиот – Офицерски Дом Битола тое е евидентно. Спој на „маварскиот“ стил и европскиот „неокласицизам“ замислен како спој на ...
Преведувачкиот подвиг на „Илијада“ и „Одисеја“, светското прославување на скопскиот Универзитет во светот на микенолошките истражувања, изворот на љубовта кон антиката, значењето на класичната книжевност во македонски рамки се дел од обемното интервју со Михаил Д. Петрушевски кое во 1983 година е објавено во списанието „Разгледи“. Разговорот го водел Тодор Чаловски. Институтот за класични студии на својата Фејсбук-страница го објави интервјуто ...
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) оваа година по четврти пат ќе ја претставува современата македонска книжевност на 75. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се одржи од 16 до 20 октомври. Претставувањето на современата македонска книжевност на најголемиот светски саем во областа на издаваштвото оваа година ќе биде под мотото „Одеци на минатото, гласови на иднината“. Нашата земја оваа година има промотивен штанд со големина ...
Сите (огно)отпорнички, грешници, црвени каранфили, црни птици и ретки ѕверки, ве чекаме на 8 Март од 19 часот, се вели во повикот на кафе-книжарницата „Бејкер стрит“. „Откако ќе измарширате, долетајте, а поетската напивка од бес, бунт и борба ќе ви ја подготват: Марија Ангеловска, Филипа Сара Попова, Ивана Јовановска, Емануела Ковачевска Китановска, Викторија Ангеловска, Милена Сиљаноска. И модераторот: Андреј Ал-Асади“, стои во повикот. На ...
Поради лошата здравствена состојба на актер, откажана е изведбата на претставата „Не се клади на Енглези“, закажана за вечерва. „Средствата од купените билети ќе ви бидат рефундирани. Онлајн купените билети ќе бидат вратени системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12:00 часот. Ви благодариме на разбирањето“, објави МНТ. Се огласи и Сашко Коцев. „Големо извинување до публиката од колегата и ...
Сподели По повод 8-ми Март-Меѓународниот ден на жената, на малата сцена во Центарот за култура ,,Григор Прличев” на 07.03.2025 г. (петок) со почеток во 20:00 часот, Општинa Охрид организира музичо- поетска вечер ,,МЕВЛЕМ” во чии рамки ќе настапат: Марко Виденовиќ – пијано, рецитација; Памела Велкова-виолина; Верица Ајтовска – виола и Енис Аљи- виолончело. Пред музичко – поетскиот перформанс по втор пат биде отворена изложбата „Жени во ...
Во „Лабораториум“ утре (четврток, 6 март) од 21 часот ќе се одржи концерт на „marumaru“ – дуото Ади Имери и Александар Бошков, а исто така ќе настапи и соло-гитаристката и композиторкa Јоана Ристеска. „’marumaru’ носат звучен свет каде гитарата и електрониката стануваат едно, додека Јоана вечерта ја отвора со слоевити, хипнотични гитарски експлорации што се движат низ амбиент, шугејз и експериментален рок“, се вели во најавата за настанот. ...
„Жените и фотографијата“ е насловена изложбата која ќе се отвори на 6 март во 19 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во организација на Фото клубот „Куманово“. Ќе бидат изложени 80 фотографии од авторки од Македонија, а селекцијата е направена од повеќе од 250 пријавени фотографии. „Фотографијата отсекогаш била медиум преку кој жените ги раскажуваат своите приказни, го изразуваат својот глас и ја споделуваат својата ...
Сподели Државниот симфониски оркестар од Солун на 17 мај од 19:30 часот ќе одржи концерт во Филхармонијата. Гостувањето во Скопје доаѓа по заедничкиот настап на Македонската, Солунската и Софиската филхармонија во Софија на 17 февруари со музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“. Како солисти ќе настапат македонскиот пијанист со интернационална кариера, Симон Трпчески, и грчката сопранистка Мирто Папатанасиу. Диригент ќе биде Владимирос ...
Министерството за култура и туризам, преку последното соопштение, се обиде да го оправда своето спорно постапување при изборот на директор на Македонска филхармонија, намеравајќи да ги отстрани обвинувањата од страна на синдикатот на оваа институција како неосновани и произволни. Во нивниот писмен допис, синдикатот на Филхармонија изразува несогласување со ваквите тврдења. Во своето соопштение, Министерството се повикува на Законот за општа ...
Охрид, 5. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Најмладите охриѓанчиња, во вторник, на 11-ти март 2025 година, ќе имаат можност да ја погледнат детската театарска претстава „Џинче“, работена со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет. – Претстава раскажува за искреното другарство и пресрасудите. Ќе се прошетаме низ возбудлива авантура низ градот на сладоледите, ќе запловиме со чудниот капетан и ќе вкусиме мексичко бурито. Работена е по мотиви на книгата ...
Утре , четврток на 6 март 2025 од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се соберат колегите писатели и колегите од библиотеката и преку настанот „Писателите за писателот Тоде“ преку избор од негови песни и свои стихови ќе се потсетат на животот и творештвото на покојниот Тоде Илиевски. Да беше жив на 7 март Тоде ќе го славеше 73 роденден. Илиевски е позна македонски поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, ...
Грчкото учество на Месецот на Франкофонија 2025 кој почнува од 7 март до 8 април, а на 17 април и во Битола, вклучува филм за една млада жена која е во потрага по своето место во променливиот свет, како и три класични ремек-дела на грчката литература. Амбасадорката Филипиду, на прес-конференцијата во Europe House во Скопје, најави дека Грција ќе учествува на натпреварот по читање, кој ќе се одржи во сабота на 15 март 2025 година во 13 часот, во ...
Двочасовно патување низ световите на книжевноста по повод 6-ти март- Денот на книгата во Младински Центар Охрид. На настанот предвидено е инспиративен разговор со авторите Јордан Коцевски и Евгенија Н. Веровска Трајаноска за нивниот креативен процес, креирање кратки приказни во тимови, забавен квиз со интересни категории и награди, како и неформално дружење со љубители на литературата, информираат од Младински Центар. Настанот ќе се одржи утре ...
„Бајка“ е концертот што ќе се одржи в четврток, на 6 март 202 година, со почеток во 20:00 часот, во Македонската Филхармонија, на кој како солистка ќе настапи нашата виолинистка Ана Кондратенко, концертмајстор во Македонската филхармонија. Концерт по повод Денот на жената, иако жените во Македонската филхармонија се движечка сила во оркестарот и секој концерт со нив, за нас е празник. На концертот, Кондратенко освен што ќе настапи како солистка, ...
IN MEMORIAM ПАНЧЕ (ПАНТА) МИЖИМАКОВ (1946-2025) Друштвото на филмски работници на Македонија изразува длабоко жалење по повод смртта на нашиот драг и почитуван колега, истакнатиот македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков. Во својата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија. Студирал на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград. Често работел на копродукциите и странските продукции кои се ...