Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
На 13 септември во 21часот на сцената на театарот „Камплој“ во Верона, Италија, ќе настапи Скопје танцовиот театар со претставата „Д (како Дездемона“ во кореографија на Рисима Рисимкин. Во претставата учествуваат првенците на Скопје танцовиот театар, дел од студентите на Катедрата за современ танц при УГД и ученици на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Балетски оддел – Современа насока. Претставата е дел од трилогијата на кореографката и ...
Играорците на Ансамбл „Керамичар“ од Велес вчера настапија на јубилејното 40-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“, кој традиционално се одржува во Истибања, Виница. Со својата изведба на кореографијата „Прилепски игри“, ансамблот го претстави богатството на македонскиот фолклор, носејќи ја публиката низ ритмите и духот на традицијата. Со впечатливи, автентични македонски носии, прецизна игра и длабока ...
15 – 20 септември 2025 година во Кинотека на Република Македонија ќе се одржи манифестацијата „ДЕНОВИ НА ХРВАТСКИ ФИЛМ“. Проекциите почнуваат во 20 часот во Кинотеката на Република Македонија, а манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска. Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и ...
Во организација на Центарот за современи уметности Скопје вечер во Паркот на франкофонија ќе биде отворена изложба и ќе биде промовирана графичката книга на Марија Трајаноска и Ѓорѓи Митревски насловена „Влажна симболична меѓуигра”. „Влажна симболична меѓуигра” е графичка книга која нуди невообичаен поглед на интимната комуникација помеѓу два карактери. Овие карактери во различни ситуации, кои се исполнети со несвесни емоции и жестоки контрасти, ...
Музичарот, писател, актер и режисер д-р Неле Каралиќ од Сараево ќе гостува сo свое шоу во Скопје, во Филхармонијата на 9 октомври од 20 часот, објави „Авалон“. Шоуто на Неле Карајлиќ, чие вистинско име е Ненад Јанковиќ, е наречено „Надреална вечер“, слично како култната хумористична серија „Топ листа на надреалистите“, која беше хит во поранешна Југославија, а репликите од неа се повторуваат и денес. „Првоборецот на новиот примитивизам, новиот ...
Македонистката Кристина Крамер, професорката која 35 години предава македонски јазик на Катедрата по славистика на Универзитетот во Торонто и преведувачот Роли Гроу се годишните добитници на Меѓународната награда „Драги“ што се доделува за најдобар книжевен превод на дела од македонски автори на странски јазик. Крамер и Грау престижното признание го добиваат за нивниот превод на избрани дела на нашиот поет Ацо Шопов. Наградата на лауреатите ќе ...
Од 11 до 13 септември 2025 година, во централниот општински парк на Ѓорче Петров ќе се одржи првото урбано издание на „Еволуција на сонот“. Фестивалот носи динамична и современа програма наменета за сите генерации, со акцент на урбана култура, меѓународна и локална уметничка сцена, племенита културна продукција со многу музика, перформанси и невообичаена форма на изразување. Фестивалот има корени од 2016 година, кога старата куќа на Рузвелтова ...
Од денеска до 13 септември во Тетово по осми пат ќе се одржува Џез-фест со концерти во Центарот за култура и Јуроп хаус (Europe House), секоја вечер со почеток во 20.00 часот. Фестивалот ќе биде отворен вечер во Јуроп хаус со настап на составот Антисвинг (Antiswing) на тетовските музичари Вулнет Незири на обоа, Шкељзен Бафтиари на пијано, Фатон Стафаи на гитара, Александра Чуруковска на контрабас и Кораб Хајдари на перкусии. Во петок, 12 ...
Фановите на оригиналот од 2006 година, каде Мерил Стрип маестрално го толкуваше ликот на Миранда Присли, главната и немилосрдна уредничка на престижното модно списание Runway, а Ен Хатавеј и Емили Блант беа нејзини преоптоварени асистентки, ќе се израдуваат – сите главни актери ќе се вратат на сетот. Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи ќе ги репризираат своите култни улоги. Снимањето започнува на 1 октомври и ќе трае до 16 ...
На 12 септември 2025/ петок/ од 18.30 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Украс“ од уметницата Марјана Костојчиноска Узунчева. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. За изложбата „Украс“ Најновиот креативен подвиг на ликовната уметница Марјана Костојчиноска Узунчева отелотворен во комплексната и интерпретативно повеќеслојна просторна инсталација насловена „Украс”, отвора низа ...
Здружението Зборци ја организира првата „Зборотворба на годината“, настан посветен на македонскиот јазик, креативноста и уметноста кој ќе се одржи на 13 септември (сабота) со почеток во 19:00 часот, во дворот пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Манифестацијата се одржува токму во годината кога Македонија ја прославува 80-годишнината од официјалната кодификација на македонскиот јазик. Така, „Зборотворба на годината“ претставува и ...
На 12 септември, во 18.30 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Украс“ од уметницата Марјана Костојчиноска Узунчева. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Костојчиноска Узунчева дипломирала на ФЛУ Скопје – отсек графика. Досега реализирала 27 самостојни изложби и повеќе од 50 групни во земјава и во странство. Најновиот креативен подвиг на ликовната ...
Охрид, 11. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во издание на Општина Охрид, деновиве од печат излезе четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“, во кое се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид. Книгата е составена од три дела: во првиот се објавени творби на учениците од основните училишта, во вториот на средношколците, а во третиот дел, со наслов „Светлините на градот“ се поместени творби посветени на Охрид. ...
Денеска, на 11 септември, на 13. Театарски фестивал за деца „Малиот принц“ во Штип, Македонскиот народен театар (МНТ) ќе гостува со претставата „Жива досада“. Гостувањето на МНТ е во организација на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, кој веќе традиционално обединува значајни детски театарски продукции од земјата и регионот. Претставата, наменета за деца над пет години, се занимава со современа, но често игнорирана тема, досадата кај децата, и како може ...
Оваа година мултимедијалниот уметник Киро Урдин е автор на плакатот за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. -Разговаравме со одговорните луѓе од ИФФК „Браќа Манаки“ кои ми посочија дека имаат намера оваа година да му дадат еден уметнички аспект на визуелното решение за најновото издание. Во договор со фестивалските челници, имавме две-три опции, се одлучија за ова дело. Станува збор за слика која половина е апстрактна, а половина е лик на една ...
Во централниот парк во Ѓорче Петров од денеска од сабота ќе се одржува првото урбано издание на фестивалот „Еволуција на сонот“. - Настанот, отворен за публика од сите возрасти, ќе ги обедини музиката, перформансот, визуелната уметност и креативноста, славејќи го културниот дијалог, уметничкото експериментирање и колективното поврзување преку културата. Благодарение на поддршката на Амбасадата на отворањето ќе настапат ,,Паломарт" од Неапол, ...
Верувале или не Фолтин слави 30 години од првиот концерт. На 12 септември, во скопскиот Паблик Рум, публиката ќе има можност повторно да ја доживее магијата на еден од најавтентичните македонски бендови, Фолтин. Настапот доаѓа во пресрет на големиот јубилеј, 30 години од нивниот прв концерт. „Тоа е добар стаж, но за пензија е сè уште рано, така што можноста за нови приказни е секогаш отворена,“ вели Пеце Трајковски – Брада. Фолтин се познати по ...
„Тоа е само ѓубре. Направено е од собирачи за собирачи.“ Со овие зборови режисерот Тод Рохал го опишува својот последен филм насловен – Е*и ми го синот! Иако повеќето холивудски публицисти би се наежиле од ваков вид промоција, ова достигнување не е како повеќето филмови. Врз основа на субверзивниот француски стрип од Џони Рајан, филмот ја следи доминантната мајка (Роберт Лонгстрит) која киднапира жена (Типер Њутн) за да спие со нејзиниот ...
Плодниот мајстор на хоророт, Стивен Кинг, откри кои се неговите 10 омилени филмови на сите времиња – и, очекувано, во листата не вклучи адаптации на сопствените книги. Кинг ја објави листата на X (поранешен Твитер), нагласувајќи дека филмовите не се подредени според важност. Најмногу внимание привлекуваат класиците од 70-тите години – период кога Кинг бил во своите дваесетти. На списокот се: Интересно е што повеќе од половина од овие филмови се ...
Соиноќа во салата на Офицерски дом – Битола, НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвори својата втора концертна сезона со концертот „Музичка поезија“. Настанот беше посветен на силата на музиката да зборува како поезија – тивко и нежно, но со длабока и силна емоција. Публиката имаше ретка можност да ужива во настапот на младиот и исклучително талентиран виолинист Леонардо Димоски, кој во првиот дел ја изведе блескавата и емотивна „Поема за виолина ...
Со богата и разновидна програма, во Шибеник, во организација на Хрватско-македонска тангента, заврши манифестацијата „Денови на македонската култура“, посветена на 8 Септември, Денот на државноста на Република Македонија Настаните, кои во текот на повеќе денови го доближија современото македонско творештво до публиката во Хрватска, беа проследени со голем интерес и со позитивни реакции. Во рамките на културната манифестација, на 8 Септември, во ...
Во Мултимедијалниот центар Мала станица“ на 11 септември, од 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Калиопи Трпчева, насловена „Патување“. – Концептот на „Патување“ (проект – изложба) на Трпчева е прикажување на уметниковите чувства преку ликови – портрети и фигури, а воедно е и експериментирање на спој од материјали, каков што е колажот и во сликите и во илустрациите. Насловот на изложбата сам по себе сугерира симбиоза ...
„Влажна симболична меѓуигра“ се вика графичката книга на Марија Трајаноска и Ѓорѓи Митревски, која утре (11 септември, четврток) од 20 часот ќе биде промовирана во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонијата. Како што соопштуваат организаторите, „Влажна симболична меѓуигра“ нуди невообичаен поглед на интимната комуникација помеѓу два карактери. Овие карактери во различни ситуации, кои се исполнети со несвесни емоции и жестоки контрасти, се ...
Од минт па се до маслинеста, денешната галерија ја посветуваме на зелената боја. Не потсетува на свежина, на разиграност, на природата и сета убавина што таа ни ја носи. Зелената е одлична кога сакаме да си играме со различни тонови. Ја има во толку многу нијанси и токму затоа секој може да си го пронајде тоа што најмногу му одговара. Одлично оди со жолта, црна, бела, беж како и со останатите нијанси, па така можете да вклучите повеќе тонови на ...
Книжевно-мултимедијалниот фестивал „ArtArea“ годинава ќе се одвива од 12 до 14 септември во кафе-книжарница „Буква“, а тема во фокус е македонската алтернативна музика. „Како и секоја година, фестивалот ќе биде точка на пресек на различни културно-уметнички полиња. Традиционално, освен книжевноста, која е постојан елемент на фестивалот, и оваа година ‘ArtArea’ е планирана со богата програма од различни културни зони“, велат од издавачката куќа ...
„Cultivating landscape: A site sensitive approach in architecture” во селекција на 6 најдобри од 200 учесници 10.09.2025 • Информации Проектот на македонското студио архитектура новa “Cultivating landscape: A site sensitive approach in architecture” се најде во селекцијата на “shortlisted project” во рамки на биеналната архитектонска изложба Time Space Existence во Венеција од страна на интернационалното жири. Проектот е издвоен во друштво на 6 ...
Сподели Изложба на слики од Александар Таневски „Предација“, во Изложбен салон Империјал 1, 10 септември, 20 часот „Човекот секогаш убива она што со восхит го гледа — ѕверот во шумата, птицата на небото, светлината во окото…“ Секојдневието ни е тивко преплетено со траги од жртви: крзно на нашите алишта, кожа распната врз нашиот мебел, сочно месо поставено на нашата трпезарија и тоа речиси е толку нормално што никогаш не сме се замислиле на ...
Обезбедени се 2,5 милиони денари (над 30 илјади евра) за интервентна заштита на споменикот „Македониум“ во Крушево, кој со години прокапува, најави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева. Според Митева, реконструкцијата е почната пред повеќе години и требаше да биде завршена во 2017. „Свесни за културната и националната важност на ‘Македониумот’, Владата, преку Министерството за култура и туризам и во соработка со националната установа ...
Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“, во кое се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид. Книгата е составена од три дела: во првиот се објавени творби на учениците од основните училишта, во вториот на средношколците, а во третиот дел, со наслов „Светлините на градот“ се поместени творби посветени на Охрид. Изборот, предговорот и редакцијата на ...
Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ започна со подготовките за нова претстава, која се очекува да биде вистински театарски хит оваа есен. Станува збор за драмата „Смртта на еден човек на Балканот“, чиј автор е српскиот сценарист и режисер Мирослав Момчиловиќ. Како што соопштија од Домот на културата, пробите официјално започнале околу 22 август, и веќе неколку дена се одвиваат во позитивна и креативна атмосфера. Преводот, ...