Најсветското издание на „Златна бубамара на популарноста“ се одржа вчера (26 февруари) во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Цела сала беше на нозе на настапот на легендарната британска соул, фанк и диско група „Делегејшн“ и американската соул ѕвезда Марта Хај, која 34 години му беше придружен вокал на Џејмс Браун. Енергичната Марта Хај (81) го испеа токму најголемиот хит на Џејмс Браун „Се чувствувам добро“ (I Feel Good), а ја придружуваше ...

Од охридските сцени до големите балкански настапи, браќата Бојан и Дарко Здравески, членови на групата „Здраве Мјузик“, сè посигурно го градат својот пат кон регионалната, па и светската музичка сцена. Со исклучителен професионализам, врвна музичка изведба и моќна сценска енергија, тие се наметнуваат како едно од најперспективните македонски имиња кои во моментов активно ја претставуваат земјата надвор од нејзините граници. Во изминатиот ...

Овогодишната награда „Цезар“ за најдобар француски филм синоќа беше доделена на „Приврзаност“ (L’аttachment) од режисерката Карин Тардје. Тоа е приказна за жена која гради уникатен однос со децата на нејзината сосетка вдовица. – Приказната е заснована на сè што нè поврзува во денешното општество, кое крева ѕидови насекаде… Вечерва, сите заедно го носиме трофејот дома!, рече 52-годишната режисерка. Режисерката раскажа и како била „преплавена ...

Култната монодрама „Последниот час на Његош“, во која ликот на Петар II Петровиќ Његош маестрално ја игра актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште, ќе гостува на сцената во Македонскиот народен театар, на 28 февруари, во 20 часот. Претставата е по текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, а досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот. Премиерно е одиграна на 19 мај 1988 ...

На денешната прес-конференција по повод најновата премиера на “Пинокио“ во Народен театар Битола, директорот Васко Мавровски ги потсети присутните на значајните моменти од богатиот вековен живот на театарот. Со особена гордост, Мавровски ја истакна обновената сцена, украсена со оригиналната завеса која пред точно 100 години ја добил театарот како подарок од српската кралица. “После еден век, конечно ја пронајдовме и ја вративме на местото ...

Драмски театар Скопје ја објави годишната програма за работа поддржана од Министерството за култура и туризам. Со Годишната програма за работа на Драмски театар во делот на продукцијата се планираат шест претстави за кои е обезбеден буџет од 6.720.000 денари. Средствата ќе бидат распределени крајно избалансирано и одговорно согласно со неопходните естетски критериуми кои мора да соодветствуваат на нивото и реномето на Драмски театар. ...

– Фактот што беше избран мојот плакат меѓу 33. финалисти од над 1.500 пристигнати дела од целиот свет и доби мотивациска награда, за мене претставува огромна чест и поттик за понатамошна работа. Ова искуство ми покажа дека дизајнот има универзален јазик и дека пораката може да допре многу подалеку од границите на нашата земја – вели Ивана Славковска, студентка на Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет – Скопје, насока графички ...

На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведен романтичниот балет „Жизел“ од Адолф Адам – едно од највлијателните дела во историјата на класичниот балет. Диригент на изведбата е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е поставена по оригиналите на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ од Хрватска. Во насловната улога – Жизел ќе настапи примабалерината Марија ...

Синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа 29. издание на Златна Бубамара на популарноста, настан кој и оваа година ги собра и награди најдобрите музичари, актери, спортисти и уметници од сите области. Програмата ја отвори Владимир Четкар со две свои нумери, тој беше и првиот награден со Златна Бубамара на популарноста за Најдобар џез музичар. По него Награда за најперспективна млада пејачка доби Тина Русева а специјална награда ...

Глумецот Енис Билаловиќ на 23 февруари бил повреден во последната сцена од претставата „Сонцето, колку е блиску сонцето“ во Македонскиот народен театар (МНТ), беше направена интервенција, во добра состојба е и од денес е пуштен на домашно лекување, вели директорот Никола Кимовски за САКАМДАКАЖАМ.МК. „На 24.02.2026 година околу 02,00 часот од Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во СВР Скопје, е пријавено дека кај нив со телесни повреди бил донесен ...

Денеска бев во посета на музејот во Кичево и имав можност одблиску да се запознаам со активностите и проектите кои се реализираат во насока на заштита и промоција на културното наследство. НУ Музеј „Западна Македонија во НОВ“ – Кичево преку своите историски, археолошки и етнолошки збирки го чува и презентира богатото минато на Кичево и кичевскиот регион. Особено значајна е историската збирка со предмети од периодот на Народноослободителната ...

Иван Шопов со Зентрифуга е македонски кандидат за Европската награда за литература за 2026 година. Расказите на Шопов се кратки, прецизни, точни, а истовремено раскошни. Тие се мајсторско практикување на едноставната филозофија на минијатурата – со малку да се каже многу, да се долови сѐ, а тоа секако го може само искусен и зрел автор, љубопитен набљудувач и даровит раскажувач, стои во образложението на комисијата. Наградата ја доделува ...

Во Театарот за деца и младинци се подготвува нова претстава насловена „Садако сака да живее“, во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ. Како што соопштија од ТДМ на својата ФБ-страница, во тек се пробите за новата претстава, која е инспирирана од животот на Садако Сасаки, девојчето од Хирошима родено во 1943 година. – Тоа е мало, а големо, мирно, а смело, нежно, а упорно, кое ја претворало секоја ситница во игра и во живот. Ова е ...

По една од оние ретки музички вечери што остануваат трајно запишани во колективната меморија — концертот Maglota Live во Македонската филхармонија, одржан на 30 јуни 2025 — ова уникатно остварување сега добива своја винилна форма. По тој повод, на 3 март со почеток во 19 часот, во просторот на Аудиокултура, ќе се одржи слушачка промоција на грамофонската плоча, настан посветен на внимателно, заедничко слушање, разговор и споделување. Maglota ...

Кочани, 26 февруари 2026 (МИА) - Библиотека „Искра“ од Кочани денеска организира книжевна работилница насловена „Во светот на бајките“, по повод Светскиот ден на раскажувањето бајки. Работилницата започнува во 10 часот и освен во Кочани, таква активност ќе се одвива и во населбата Оризари. Во просториите на библиотеката во градот учесници ќе бидат учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, а во библиотеката во Оризари, учениците од ООУ „Крсте ...

Реткото момче е во фокусот на новата серија приказни што Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по Чекор“ – Македонија ја најави во пресрет на 28 февруари, Меѓународниот ден на лицата со ретки болести, преку објави што ќе ги претставуваат искуствата на дете кое живее со ретко заболување. Првата избрана приказна е „Реткото момче и зборливото балонче“, напишана од Наташа Анѓелеска и објавена како сликовница на веб-страницата на ...

Вилијам Шатнер, легендарниот капетан Кирк од оригиналната серија „Ѕвездени патеки“, сними хеви метал албум на 94 години. Канадскиот актер кажа дека на албумот има обработки од „Ајрон мејдн“, „Блек сабат“ и „Џудас прист“, како и неколку авторски песни. „Металот отсекогаш бил место каде што имагинацијата станува гласна. Овој проект е, буквално, собирање на силите. Секој уметник ги носи својот оган, својата прецизност, својот хаос“, кажа Шатнер. ...

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Во рамките на културната понуда на Град Скопје како европска престолнина на културата 2028, во галеријата КО-РА во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечерва ќе биде отворена семестрална изложба на студентски проекти „Домување, обликување, движење“. Оваа групна изложба на студентски проекти е во рамките на соработката помеѓу ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје и Факултетот за архитектура - МИТ универзитет - ...

По лудиот, незаборавен и епски настап во Охрид, француската DJ суперѕвезда HUGEL повторно се враќа во Македонија – но овојпат со уште поголема продукција и уште пожесток сет. На 13 март 2026 година, СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на едно од најголемите електронски музички случувања во регионот. По серија настапи на најпрестижните светски сцени и фестивали, меѓу кои Tomorrowland, Ushuaïa Ibiza и Parookaville, HUGEL моментално важи за ...

Долгите наслови можат да звучат амбициозно и креативно, но ретко се практични. Сепак, еден италијански филм од 1978 година влезе во Guinness World Records токму поради тоа што го носи најдолгиот официјален филмски наслов во историјата. Рекордот го постави легендарната италијанска режисерка Лина Вертмилер, чиј филм најчесто се споменува под скратениот наслов „Крвна освета“ или едноставно „Освета“. Но неговото целосно службено име гласи: Un ...

Инспирирана од музиката на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, авторката и музиколог Тина Иванова ја креирала приказната за сликовницата „Магичната флејта на Вулфи“. Станува збор за втор наслов (по „Златната книга на Лудви“) од најновата едиција за деца „Музичка кутија“, во која ќе бидат собрани пет илустрирани волшебни приказни инспирирани од најголемите музички гении на сите времиња. Книгите се во издание на „Либи“, дел од „Арс ...

Риалити ѕвездата Клое Кардашијан открила дека не им дозволува на своите деца пристап до интернет или социјални мрежи и дека не брза да ги вклучи во онлајн светот. За време на најновата епизода од нејзиниот подкаст „Клое во земјата на чудата“, 41-годишната ѕвезда зборувала за одгледувањето на тригодишниот син Тејтум и седумгодишната ќерка Тру, кои ги има со поранешниот сопруг Тристан Томпсон. Таа истакнала дека, иако децата се свесни дека ...

Една од највпечатливите македонски актерки од театарската, филмската и телевизиската сцена, Дубравка Киселички, денес го одбележува својот 61. роденден. Родена на 26 февруари 1965 година во Скопје, Киселички со децении е дел од културниот живот во земјава и важи за едно од најпрепознатливите лица од серијалот „Македонски народни приказни“, кој остави силен белег во домашната телевизиска продукција. Таа дипломирала на Факултетот за драмски ...

Оркестарот на Филхармонијата вечерва со почеток во 20 часот ќе го одржи симфонискиот концерт насловен „Нови хоризонти“, на кој како солист ќе настапи казахстанскиот пијанист Алим Беисембајев – едно од највпечатливите имиња меѓу младите уметници на меѓународната музичка сцена. Со оркестарот ќе диригира маестро Емил Табаков. На програмата се две капитални дела од рускиот музички репертоар: Концертот за пијано и оркестар бр. 1 во Бе-мол, оп. 23 ...

Германскиот државен секретар за култура Волфрам Вајмер свика вонредна седница на Организацијата за културни манифестации – телото кое е надлежно за Берлинскиот филмски фестивал – на која, според најавите на германските медиуми, можно е да се разгледува и иднината на директорката Триша Татл. Повод за состанокот е контроверзното обраќање на сириско-палестинскиот режисер Абдула ел Хатиб, кој на свеченото затворање на фестивалот ја прими ...

„БЕГАЛКА“ Васил Иљоски, денеска, на 26.2.2026 (четврток), во 20.00 часот ќе биде изведена на сцената на театарот “Антон Панов“ во Среумица. Следни изведби: 3.3.2026 (вторник) – 20.00 часот 27.3.2026 (петок) – 20.00 часот Препорачана возраст: 12+ Претстава го истражува вечното прашање на човекот: каква е цената на слободата? „Бегалка“ ги открива комплицираните избори и внатрешните човекови борби наведувајќи ја публиката на размислување за ...

Во академската 1961/1962 година, во Љубљана беше отворен првиот лекторат по македонски јазик во светот, за потоа, во академската 1984/85 година да прерасне во Катедра за македонски јазик и книжевност, којашто и денес успешно функционира во рамките на Одделот за славистика. Во пресрет на јубилејот 65 години од отворањето на првиот лекторат по македонски јазик во светот, оваа донација од „Матица“ и „Алкалоид“ е и првата поддршка во ваков формат ...

Хрватскиот поп-пејач Јаков Јозиновиќ (20) на 9 април ќе го одржи првиот концерт во Скопје, во салата „Јане Сандански“. Јозиновиќ потекнува од спортско семејство од Винковци и студира политички науки во Загреб. Стана популарен во 2018 со учеството на музичкиот натпревар за млади таленти „Ѕвездички“, а подоцна и на „Суперталент“. Најголемо внимание привлекоа неговите настапи на улица и градски плоштади, каде што пееше хитови од Тоше Проески, ...

Париз – Во салата „Олимпија“ вечерва ќе се одржи доделувањето на наградите „Цезар“ за врвни достигнувања во француската кинематографија за изминатата година. Во тој поглед, и покрај 10-те номинации за филмот „Нов бран“ (Nouvelle Vague) на американскиот режисер Ричард Линклејтер, добитниците на „Цезар“, се чини, годинава се непредвидливи – особено поради „нејасниот успех во домашните киносали“ т.е. на благајните, според тамошните критичари и ...

Понекогаш, доволна е една вечер за да се потсетиме колку е важно да застанеме и да ја почувствуваме убавината на моментот. #МартВоМОБ е токму таква можност, покана да потонете во свет каде музиката зборува, сцената дише, а приказните оживуваат пред вашите очи. Во тишината, пред почетокот на претставата, додека светлата се пригушуваат, започнува патување што ве води низ емоции што не можат да се раскажат со зборови. Месецот го започнуваме со ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
31%
1003
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
39%
1002
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
54%
1000
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
22%
1005
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.48
45%
1005
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
95%
1000
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1004
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
52%
1006
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
40%
1005
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.54
41%
1005
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
5.66
30%
1002
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
5.14
57%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Платина

68577.54

Цинк

0.00

Сребро

2812.48

Бакар

13.22

Родиум

320703.70

Злато

151413.64

Паладиум

47550.95

Калај

55.99

Алуминиум

3.64